Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    6C0E6CB0-AE7D-4DAC-B9E0-28295EB162B5.jpeg
    The door to door - Bookstore - Carsten Henn

    Убава, емотивна приказна со добар хумор, драма и уште многу друго. Карл Кофлер е пензиониран продавач на книги, кој се уште работи во книжарницата Грубер, во еден мал град во стариот дел кој се граничи со стариот градски зид, таму Карл ги носи книгите на неговите клиенти. Порано тоа било вообичаено, но откако ќерката на стариот сопственик Сабине, ја превзема книжарницата постојат други “помодерни” можности. Стариот Густав Грубер е болен, не доаѓа во книжарницата а Карл со неговите “ застарени” методи е трн во око кај младата сопственичка. На грбот носи голем излитен ранец полн со книги, а секоја од нив е убаво спакувана во украсна хартија со врвка, како поклон. Сите го знаат како Раздавувачот на книги.
    На една од тие прошетки ќе го запознае деветгодишното девојче со име Саша, кое е доста љубопитно и необично зрело за возраста. На почетокот дури на Карл на му се допаѓа то што постојано виси и оди со него од куќа на куќа, но со развој на приказната тие ќе станат пријатели и сите ќе го очекуваат со радост доаѓањето на стариот и девојчето со жолтото јакниче.
    Едноставна, убаво напишана приказна, која ми го стопли срцето, во која главна тема пред се е љубовта спрема пишаниот збор и судбините на ликовите кои во голем дел се прилично тажни.
     
    На Евроазија и Annath им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Handmaid's Tale – Margaret Atwood

    handmaid.png

    Навистина силна и моќна приказна. Ми се допадна начинот на кој ѝ беше пристапено. Одлично беа прикажани беспомошноста и неверувањето, ама и адаптибилноста. Не беше сè изделкано и изџвакано, туку скриено за внатрешните мисли на главниот лик, кои се обични секојдневни размислувања и ретроспективи.

    Инаку претставен е навистина страшен авторитативен режим, делови од кој поединечно постојат на многу места низ светот, и постоеле историски. Редуцирањето на жената до нејзините репродуктивни органи, продолжувањето на човечкиот род како вредност поставена над секоја слобода и желба, третирањето на жените како нужно зло низ кое мора да поминат идните деца, и секако претставувањето на овој систем како нешто идилично и нешто што е во голема полза за сите инволвирани. Тоа мислам е и најфрустрирачко од целава работа. Опресијата како опресија е едно, ама тоа дупење во здрав мозок дека си во добра позиција, дека имаш среќа, дека си заштитен од секакво зло (освен од злото што ти го нанесуваат тие што те поседуваат)... Тоа е она што е навистина подло и одвратно во ваквите режими.

    Во секој случај, мислам дека е важно да се прочита книгава, особено во тие клими на земјата каде порано се уживале повеќето слободи, а се прават активни напори да се одземат. Ми се допадна како беше опишана таа ескалација. Вакви работи може да ни изгледаат како да паднале од небо, и може многу брзо од кратки фармерки да преминеме на црвени мантии, ама исто така и не паѓаат од небо, предупредувањата се насекаде околу нас. Зголемен број случаи на насилство кон жени и одземањето на правото на абортус треба да ги гледаме како страшни црвени знамиња и никако не смееме да ги игнорираме.
     
    На jb82, FridaKahlo и crimson им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    All that is mine I carry with me - William Landay
    Книгава беше толку разочарувачка што немам зборови.
    Не знам сега веќе зошто толку сакав да ја прочитам.

    Ликовите се никакви, недоработени, неуверливи, не се поврзав со ниту еден.

    Приказната полна со дупки, до крајот само полошо стануваше.
    Толку долго време немал напишано авторов книга, што не морал ни оваа да ја напише.

    Wonder - R.J. Palacio
    Оваа ја почнавме со ќерка ми, ама не сакаше да ја дочитаме, премногу и дојде.
    Не можеше да поднесе како се однесуваа со детето, Август, кое има изобличено лице, таков се родил.
    Јас ја дочитав и и ја раскажав, да знае дека
    среќно заврши и на крајот и покрај неговиот изглед Август успеа да стекне многу пријатели.
    Важна лекција носи приказната од книгава, за изгледот, осудувањето, и колку е важно да бидеме добри едни со други.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Значи јас сум некаде до 30%.Да не ја продолжувам?:D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Зависи како ти се допаѓа, ако се мачиш тогаш не си губи воопшто време.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.196
    Пол:
    Женски
    The Housemaid - Freida McFadden

    [​IMG]

    Не знам кога последен пат сум читала поглупава книга. Прво почнав да ја слушам, ама нарацијата беше толку ужасна; со некој вештачки нагласок вметнат веројатно да направи некоја дистинкција меѓу ликовите, ама како и да е, прелошо беше. Се префрлив на Киндл и не ми направи никаква разлика. Две недели го читав ремек-делово, а не е ни некоја голема книга. И тоа не е cè, има и продолжение со кое не планирам да се мачам уште две недели. :|

    Нина Винчестер ги потврдува сите стереотипи за секоја просечна размазена, новопечена богаташка што ја знаете - секогаш облечена по најнова мода, најчесто во бело. Секогаш со перфектна фризура, со совршен маникир, со распоред полн дружби и активности, што да ти кажувам - све нај.
    Потребна ѝ е куќна помошничка која воедно ќе ѝ помага и на нејзината мала ќерка, па ја најмува Мили.

    Мили Каловеј е практично бездомничка. Бара некоја пристојна работа која ќе ѝ помогне малку од малку да застане на нозе после одлежаната затворска казна. Ќе се воодушеви од домот на Винчестерови и нивниот стил на живот, но нешто чудно се случува во нивната куќа. А од моментот кога градинарот ќе ја предупреди дека во куќава демне некоја опасност, црвот почнува да си работи во потсвеста на Мили.
    Но секако, не може да даде отказ поради причиниве погоре, а тука е и сопругот на Нина кој е просто неодолив... :?:

    Прво во очи ми падна ова:
    An unbelievably twisty read that will have you glued to the pages late into the night. Anyone who loves The Woman in the Window, The Wife Between Us and The Girl on the Train won’t be able to put this down!

    Жената на прозорецот ми беше одлична, другите две не до толку, па ги занемарив. Криминал е тоа што ја пишале Жената на прозорецот на корица од ваква пародија од книга.

    Имаше мала надеж дека ќе се подоправи ситуацијата. Некои работи навистина ми се допаднаа како беа изведени и малку ме збунија во сумирањето впечатоци. Но кога ја гледам како целина, ми претставува само уште една плитка книга во обид да биде психолошки трилер. Повеќе личеше на сапуница.

    Мислам дека ваков тип на книги ми се веќе изгустирани. Веројатно и не би читала други од авторкава, зашто штом ова е нешто најново од перото на Фрида МекФаден, речиси сум сигурна дека претходните би биле можеби и поаматерски од оваа.
     
    На FridaKahlo и Евроазија им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Homo Deus – Yuval Noah Harari

    homodeus.png

    Оваа е еден вид продолжение на Sapiens, и морам да кажам уште повеќе ми се допадна. Ако Sapiens беше за историјата на нашиот вид, оваа е за неговата иднина.

    Навистина впечатлива книга. Авторот има способност целосно да те обземе, да те убеди, да те држи заинтересиран. Идеите како идеи претпоставувам постоеле одамна, ама не мислам дека има некој друг кој толку убаво ги пренесува, со одличен лесен јазик, со перфектни примери, со истенчен осет за атмосферата што ја создаваат речениците. Ретко толку многу да ми легне нечие пишување.

    Во однос на содржината, првпат ми е да читам нешто од овој тип (ако не го броиме Ден Браун :lol:), ама нема да ми биде последен. Додека читав ми текна на ова мислење што го имам напишано тука:
    Епа баш тука најдов делумно одговори на овие прашања. Големата слика за иднината на човештвото сè повеќе станува мејнстрим тема, особено сега со вртоглавите скокови во технологиите зад вештачката интелигенција. Става во перспектива многу работи. Восприемањето на хуманизмот како религија на пример, на почеток ми беше bleh, ама како минуваше книгата сè поприфатлив ми беше новиот контекст што го создаде околу зборот религија и како одлично служи за да се објаснат машинериите зад светот. Особено разбудувачки ми беше што секој од нас како база има хуманистички ставови, без разлика во што друго и да верува. Ние како личности сме само производ на доминантната мисла во нашето време и ништо друго.

    Главните заклучоци од книгава се дека како вид ќе се насочиме прво да ги излечиме сите болести, а тоа со себе повлекува и „подобрување“ на здрави луѓе, па генетски модификации, нанороботчиња што ќе ни патуваат низ крвта, еликсир за младост итн. Потоа следи дека ќе нема потреба од луѓе што ќе ја одржуваат економијата зашто алгоритмите ќе бидат во сè подобри од луѓе. Значи додека роботите работат, ние ќе уживаме. Ама максимално ќе уживаме само ако дозволиме роботите да ни го инфилтрираат секој дел од животот, вклучувајќи го компјутерот, фрижидерот, автомобилот и мозокот. А ако алгоритмот веќе нè знае подобро и од нас самите, зошто да се мачиме со пронаоѓање на себеси и своите чувства, гласање на избори и бирање партнер. И така од лечење болести заради хуманизам се префрливме на давање слобода на алгоритмите да овозможат непречено течење на информации (датаизам).

    Звучи ненормално, да, и книгата е многу страшна на моменти (те тера да си благодарен што нема да си жив тоа да го видиш), ама уште поненормално е да мислиме дека моменталните правци кои сме ги фатиле како вид нема да го преобратат светот до степен на непрепознатливост. Се има случено многу пати, ќе се случи пак.

    Книгава е многу добра, ако ја читате ништо нема повеќе да гледате на ист начин. Едноставно го проширува контекстот на сè што се случува околу нас и те тера да мислиш на работи што никогаш не си ги помислил до сега.
     
    На Billy Idol, zence, RainBow и 4 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Strange Sally Diamond - Liz Nugent
    Конечно стигнав до книгава. И ја проголтав во еден ден.
    Не очекував да биде толку мрачна да бидам искрена.
    Очекував да биде лесна тематика со quirky карактер.
    Имаше таков лик, да, Сали беше таква, ама причината зошто е таква беше болно ужасна.
    Не сакам да раскажувам премногу, воглавно Сали има 43 години, но емоционално и социјално е сосема незрела. Како дете. Живее со татко и, отсечени од светот речиси. Додека татко и не почине, а она веднаш прави катастрофална грешка.
    Понатаму клопчето се одмотува и приказната оди од трагична во потрагична.
    Да, ние луѓето сме одвратни. Заклучок од книгава. И ќе направиме што можеме за да преживееме.
    Одлично е напишана, не се испушта од раце, реална и болна.
    5/5.
     
    На jb82, Annath и crimson им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    I will find you - Harlan Coben
    Ох, Боже. Книгава не можеше да бие побесмислена.
    Одамна немам прочитано толку неимагинативен и едноставно глупав трилер.
    Татково, не се ни сеќавам како се викаше, обвинет е и осуден за убиство на сопствениот син и е во затвор пет години.
    Ама, замислете, замислете само, по пет години во затворот доаѓа на бившата му жена сестрата и има слика од некоја нејзина пријателка во парк и во поздината се гледа некое момче, кое личи на неговиот мртов син, иако сега по пет години пораснат.:o И така тој мора да избега веднаш од затворот и да го најде по секоја цена. Низа смешни, неверојатни, дури и за трилер во кој треба малку (повеќе) да го суспендираш верувањето, ситуации доведуваат до низа уште поневеројатни ситуации. И така. Среќа очите уште ми се во главата.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.196
    Пол:
    Женски
    Before she disappeared - Lisa Gardner

    [​IMG]

    Ова е најновиот серијал на Лиса Гарднер, но овој пат наместо Ди Ди Ворен, како централен лик ја имаме Френки Елкин.

    Искрено, ич не сакам серијали детективски зашто ги влечат во милион делови, а некако сите се исти. Шаблонот станува опиплив по две-три прочитани книги од серијалот. Овој го почнав најмногу поради тоа што има само две книги (барем засега). Немам нерви, ниту време за предолги серии и предолги серијали на книги. :D

    Френки Елкин е најобична жена во средни години, која по редица животни перипетии сака да си даде нова шанса, сама на себе да си ги прости грешките од минатото и да си најде нешто што ќе ја исполнува. Нешто што ќе ѝ даде мотивација да се разбуди повторно и да ја натера да го зграпчи денот. И така решава да се приклучи во тимот волонтери чија што задача е да истражуваат нешто повеќе околу застарените нерешени случаи за исчезнати луѓе. Луѓе кои никогаш не биле најдени, луѓе на кои целосно им се изгубила трагата преку ноќ и нивните фамилии останале засекогаш ожалостени, поразени од фактот дека никој не се погрижил да најде разрешница за нивните најблиски. Ќе ѝ доделат еден случај со исчезната девојка и нејзината мисија ќе почне.

    Меѓутоа, Френки се носи со сериозен проблем со алкохолизмот и иако е трезна веќе одреден период, сепак си има нешта кои ја тиштат и на моменти ептен е на раб да посегне кон чашката, но се труди да си го одржи ветувањето. Баш ми се допадна како беше прикажана емотивната страна на ова, како ликот се соочуваше со своите демони од минатото. Имам читано и други книги кај што конкретно детективката била алкохоличар и буквално беше само наведено како информација и толку. Никако немаше нешто повеќе, да му се даде димензија на ликот со тоа што ќе се разработи порокот малку повеќе и поопширно. Лиса Гарднер завршила одлична работа во портретирањето на Френки.

    Книгава не беше воопшто лоша, би рекла дека ми беше нешто помеѓу просечна и многу добра книга. Но, имав мал милион замерки и морам да признаам дека Френки не ми е најомилениот лик од неколку причини.

    Како прво, клишето над клишеата, употребено и овде, беше ептен лајт-мотив во целата книга: белецот ќе добие задача да оди и да решава случај во црнечко маало и ќе ги спаси сите, ќе им го разреши случајот на кутрите луѓе за кои никој не сакал да мрдне со прст. Ооок. :D
    Исто така, воопшто не можев да преминам преку фактот дека еден обичен лик без трошка искуство со детективска работа (Френки не беше ниту детектив, ниту полицаец, значи ништо од тоа) ќе се снајде така беспрекорно во ваков комплициран случај, макар и како волонтер. Ама тоа е...
    Тројче од мене за книгава. Иако баш си имаше клише моменти, ми се допадна позадинската приказна на Френки и затоа би ја читала и другата книга од серијалов.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1682196761835.jpg

    Оцена 4,5/5 книга за на одмор да ја чита човек. Лесен стил на пишување буквално сами летаат страните.

    Главната хероина е пожарникар максимално посветена на работата. Жена во машки свет соочена со предрасуди, но и со свои внатрешни демони кои се труди максимално да ги прекрие. Еден настан ќе ја помести од вообичаената рутина како професионално така и приватно, но тој пресврт ќе биде најдоброто нешто што и се случило до сега.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Cutting for Stone - Abraham Verghese
    Книгава беше навистина обемна. Ама, ја читав полека и со уживање.
    Во центарот се двајца браќа близнаци. Марион и Шива. Или ШиваМарион, како што они се доживуваа, како да се едно. Имаше тага, бес, болка низ книгава, толку фрустрации...
    Интересно ми беше да читам за Етиопија, земја за која знам многу малку, затоа и ги сакам книгите, зашто ти го доближуваат непознатото. Ако сакате да прочитате приказна која ќе остане со вас топло ви ја препорачувам.
    Некои цитати кои ми беа одлични и ќе ми останат во сеќавање:
    "Want the definition of home? Not where you are from, but where you are wanted?"

    "She walked off. He studied the way the flesh on her buttocks swing this way, and that, about to sail off her hips.
    She'd brought back from India more of herself to love."

    "A rich man's faults are covered with money, but a surgeon's faults are covered with earth."
     
    На zence, Евроазија, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    261
    Ја има и на македонски "Порта на солзите" и навистина е обемна и прекрасна за читање
    [​IMG]
     
    На st-el и RainBow им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    21 Lessons for the 21st Century – Yuval Noah Harari

    upload_2023-5-9_18-40-6.png

    И оваа беше одлична, иако како трета книга веќе се добива чувство како да ги кажува истите работи само во различен пакет. Сепак мора да се признае дека оваа има поинаков вајб. Многу повеќе има акцент на неговите лични ставови и верувања, отколку на некои фактуелни и теоретски работи, ама тоа се одразува само во стилот, не дека си тресе од ракав работи. :D

    Лекциите главно имаат форма „на што треба да обрнеме внимание отсега натаму“, и се состојат од работи како брзиот развој на технологијата, потребата од глобална кооперација за решавање на глобални проблеми (пример зборува за тоа како национализмот веќе комплетно пропаѓа како опција особено за проблеми како климатски промени), справување со автоматизацијата на повеќето професии, одлуката дали и колку ќе се согласиме да ги подаруваме нашите податоци на големи компании, улогата на религиите, нациите и останатите „приказни“ како што ги нарекува, едукацијата на децата во свет кој се менува комплетно од декада во декада, препознавање фејк њуз, пронаоѓање вистина, справување со сè поголемите купишта достапни информации, и за крај наоѓање значење (или откажување од потрагата по значење).

    Интересна книга, со многу силни пораки, посакувам сите како индивидуи повеќе да размислувавме за ова, особено политичарите и лидерите, на кои впрочем тоа им е работа. Овој цитат ми беше многу интересен:
    И си ги замислив нашите политичари ако ги прашаме вакво нешто. :D Ќе гледаат ко телиња во шарена врата. Обично барем кога се работи за климатски промени, главното нешто што сите викаат дека можеш да го направиш како индивидуа е да ја притискаш својата влада да презема мерки за справување со проблемот. И се согласувам, ама за кај нас ми е смешно, бидејќи нашава влада е буквално капка во морето, и сè што може да направи е да одлучи под чиј чадор ќе застане. А под кој и да застане ќе е еднакво небитна. Дополнително, јас сериозно не верувам дека нашите политичари (буквално сите до еден) се способни да формулираат некоја паметна кохерента реченица во нивните глави што не е некоја досадна научена мантра. Као екшли мислам дека ја немаат мозочната способност за тоа. :|

    Како и да е, имаше еден момент кога авторот кажа дека светот станува сè потежок и потежок за разбирање, а за да превенираме катастрофи од критична важност е да го разбереме. Во еден ревју некој беше пишал дека ако има некој кој најмногу го разбира светот, тоа е токму Харари. И се согласувам. Само читајќи го ти се разјаснуваат еден куп врски меѓу многу навидум неповрзани работи, а можам само да замислам како се одвива тоа во неговата глава. 8-| Супер книга е, ама и давам четворка. Прво бидејќи повеќе беше напишана во убедувачки, likable, донекаде и проповеднички тон, и второ бидејќи не сакам и на трите книги да им дадам петки. :lol:
     
    На RainBow и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  15. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Список за душа-Кејси Вест
    [​IMG]

    Типична тинејџерска книга.Преувеличена,премногу раскажуваа без потреба,и по некое време ми стана досадна.Освен на моменти каде што настаните се испревртуваа.

    Се работи за млада девојка-Аби,која што е уметник и бара шанса да се прикачат неколку нејзини слики во музејот каде што работи,но главниот директор ја одбива со изговор дека нејзините слики немале душа.

    Аби разочарана си оди дома,каде што почнува да прави список со работи што би и помогнале да си ја ,најде, душата.Списокот полека го исполнува во друштво со нејзиниот најдобар пријател Купер(во кого е вљубена,но се труди да ги оттргне чувствата за него).

    Прескокнав една цела глава,затоа што сосема не беше потребна,и за џабе ќе читав 10тина страни.

    Од мене има 3/5.
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Brave New World – Aldous Huxley

    Screenshot_20230518_205815_Chrome.jpg

    Интересна книга, поттикнува многу размислување. Во некое идно општество се приоретизира стабилноста над сè, луѓето пијат таблети за среќа, промискуитетот царува, бебињата се ,,произведуваат" и одгледуваат во фабрики, луѓето се поделени во касти, но најважно, сите се среќни. Книгава е за тоа како на еден аутсајдер ќе му влијае вакво општество.

    Лесно е да те полазат морници од дистопични сценарија како 1984, но во вакво општество, навистина е тешко да се одгатне од каде всушност произлегува бизарноста, зашто на крај краева, навистина сите се среќни. Мене не ми беше толку тешко да го сварам тоа дека сите со сите се ,,имаат", колку што ми беше чудно растењето на децата со хипнопедија. Им се полнат главите со правила уште од мали и им стануваат апсолутни вистини. Имаат слободна волја, никој не ги спречува во ништо, можат да прават што сакаат, ама тоа што го сакаат им е предодредено од раѓање. Технички никој не е оштетен и сите се задоволни, но на сметка на тоа нема ништо значајно, зашто значајните работи се поттикнати од непријатни емоции, а непријатни емоции не постојат.

    Книгава е дефинитивно пред своето време, и секако ќе станува сè порелевантна како што минува времето и како што sci-fi деловите ќе почнат да стануваат реалност. Отвора низа прашања како што е всушност среќа, што е вредноста на постоењето, што е убавина, што е задоволство, ама на многу суптилен и морничав начин. Вреди да се прочита. (y)
     
    На Billy Idol, RainBow, renata77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    The-Glass-Castle.jpg
    The glass castle- Jeannette Walls
    Мемоари од детството и дел од тинејџерски години на писателката.
    Живот со татко алкохоличар и нарцисоидна мајка, притоа двајцата несовесни и неподобни за родителство.

    Ми беше "тешка" на моменти, одлуките кок ги носат родителите, последиците кои ги трпат децата, постапките, немаштијата, кршење на соништа на 4 деца, како кршење на верба во единствените луѓе кои би требало да ги заштитат.
     
    На FridaKahlo и joy1 им се допаѓа ова.
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    "Оркански височини" е една книга која толку долго време сакав да ја прочитам, а ете сега за прв пат ми се наоѓа во раце. Единствен роман на Емили Бронте, пишуван за време на готскиот период во Англија. Една преубава приказна за невозвратена љубов. Ми требаше време да ја прочитам, имаше доста тежок стил на пишување, а и на англиски ја читав.

    11100480-L.jpg
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Covenant of Water - Abraham Verghese

    Книгава... Една од омилените досега во годинава. Всушност, во омилените воопшто.
    Подобра ми е од Cutting for Stone.

    Приказната следи три генерации, распослана на 750 страници. Го обожувам стилот на пишување, некои би рекле дека се расфрла со непотребни зборови, ама мене ми е толку описен, толку ме вовлекува во приказната, едноставно ми е совршен.

    Дејството почнува во Индија, 12 годишно девојче се мажи за 40 годишен вдовец. Договорен брак. Она мора да го остави домот и да оди да живее кај мажот, далеку од сè што знаела дотогаш.
    Оди да живее во Парамбил, кај мажот кој има едно синче од претходната жена која за жал починала.
    Девојчето има „среќа“ мажот да е разбран, тој и ја гледа како дете, а и уште е во тага по претходната сопруга. Неговото синче многу се поврзува со новата мајка, ја нарекува Биг Амачи и така останува запаметена во Парамбил. Мајка на сите.
    Во Шкотска го следиме Дигби, кој има сосема поинаква приказна.
    Од Шкотска до Индија. Години и години.

    Омилени ми се вакви книги, со дејствија кои следат генерации, богато напишани, испреплетени приказни со неочекувани исходи. Во толку страници немаше досаден дел.
    Секоја чест за авторот, се гледа зошто со години ја пишувал книгата.
     
    На piglet1, Mishela и Lella им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    81ZKf0rJk5L._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg

    Книгава... ех, од каде да почнам...
    Обично вакви новелчиња-романчиња, посебно од поновите автори и не се баш мој тип, но книгава толку ме заинтересира уште од првите 20-тина страници, што ја прочитав во неполн ден. Содржината е за инфлуенсерка од голем град "случајно" се наоѓа во мало местенце каде што се заљубува во богат рибар. Звучи просто, но книгава не воопшто досадна, 400 страници ги имам прочитано за неколку часа.

    Авторкава има доста "богат" речник, има што да се научи:D Можеби и затоа толку брзо ја прочитав. За деца книгава не е, има еден куп секс сцени и вулгарност до плафон. Кога би и давала оценка 9/10
     
    На MeowMeow и zence им се допаѓа ова.