Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.581
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    71XsspaLBvL._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg

    "Вероника реши да умре" ми е петта книга по ред од Коелјо, и можам да кажам до сега и најомилена. Пауло Коелјо општо го обожавам како писател, на начинот кој ги размислува работите... ме потсеќа многу на мене. Како што читам негови книги, сè повеќе се вљубувам во неговиот стил на пишување.

    Во книгава се работи за девојка на 24 годишна возраст, сфаќа дека и е доста од нејзиниот живот... смачено од сè, се решава да стави крај на својот живот... со таблети, но некој во последен момент ја спасува и ја носат во душевна болница. Во поголемиот дел од книгата таа се наоѓа во болница. Книгава е доста квалитетно парче, може да се анализира и на филозофски и на психолошки начин.

    Пауло Коелјо е доста зрел како човек, во начинот на кој размислува и истото го искажува... Една негова мисла која многу ми се допаѓа е "...мораме да престанеме да бидеме она што мислиме дека сме, за да станеме она што навистина сме..."
    Ова стои на корицата на "Захир" што е исто така една преубава книга...
     
    На Purelove92, 26maki18, FridaKahlo и 3 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    All the sinners bleed - S. A Cosby

    Книгава... Иста како и претходната. Бавен почеток, разрешница во 90та минута. Верувам дека е популарна само зошто темата е расизам, инаку е еден сосема просечен трилер. Па, подпросечен со оглед на тоа што на крајот не ми ни беше гајле кој е убиецот.

    Дејството се одвива во едно мало гратче, ама не можат убиецот да го најдат, а сите знаат сѐ за сите. Пресмешно дури на крајот.
    Не можам, толку од авторов, доста е.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.196
    Пол:
    Женски
    Hush - Anne Fraiser

    [​IMG]

    Книгава ми исплива како предлог за нешто слично на Патриша Корнвел. Ми се читаше трилер и ја зачитав...

    Ајви Дунлап е профајлер и се обидува да ја одгатне психата на сериските убијци. Поминала низ лична траума поради која навлегла во овие води. Имено, пред 16 години, сериски убиец кој убива мајки и бебиња (the Madonna murderer) упаѓа во нејзиниот дом и го убива нејзиното штотуку родено бебе. Таа за влакно се извлекла и преживеала. Оттогаш, пеколот се чини ко да навлегол длабоко во нејзиниот живот и ја прогонуваат многу прашања на кои никој не може да ѝ даде одговор.

    Меѓутоа, се чини дека убиецот се вратил во игра пак, па полицијата посегнува по Ајви и бараат помош од неа за конечно да го разрешат случајот.

    Не знам дали има некој ваков филм, ама самата книга баш е во тој фазон ко сценарио за филм. Постојано се случува нешто, постојано се одмотува по малку клопчето, значи прилично динамична книга.
    Ептен имаше late '90s - early '00s вајб, што е и логично, зашто книгава излегла во 2002 година. Не ми беше нешто посебно, имаше мал милион клише ситуации, но не би рекла и дека е лоша.
    Онака, златна средина.
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Great Gatsby – F. Scott Fitzgerald

    gats.png

    Искрено многу досадна книга. :D Посакувам да имав нешто поубаво да кажам ама немам. Пораката е дека богатите луѓе си остануваат богати, сиромашните си остануваат сиромашни. Може ова поинаку хитнувало пред сто години, мене не ме погоди ептен многу, најверојатно бидејќи не сум била во соодветно расположение за книгава.

    Ликовите беа интересни бидејќи сите си имаа по некоја чудна жичка освен Ник, ама пак не ми беа нешто посебно блиски и доволно разработени за да се поврзам со нив. Можеби ми фалеше појасна слика за естетиката на 20-тите за подобро да ми легне. Инаку навистина имаше моменти кога ме мрзело да ја дочитам страницата и баш ми е жал за тоа бидејќи имав поголеми очекувања. Многу рамнодушна ме остави книгава, без разлика какви „пресврти“ имаше, а искрено и не бев во фазон на разглобување пораки за брак, лојалност, љубов and whatever. 3/5 од мене.
     
    На Евроазија и RainBow им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Yellowface - R.F Kuang
    Книгава... Што ми требаше да ја читам не знам. Не знам ни зошто ја почнав.
    Релевантна е ко што читам во авторски кругови, самава авторка го пренесува своето искуство, или whatever, ама господе колку беше досадна. Главниот лик, Џунипер, една таква мутава особа што немаше смисла нејзиното постоење. Зошто, ооооо зошто ја читав глупава книга не знам.
    Нема ни една ѕвезда, има минус една.
    Знам, бла бла крадење на туѓа култура, раскажување на туѓи приказни, зошто белец да пишува за Кореја, или кај и да е, мнооооогу важен дискурс е тоа, ама очобол и каковсакашпожелбабол.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.196
    Пол:
    Женски
    A Little Ray of Sunshine (Kristan Higgins)

    [​IMG]

    И јас се приклучувам во клубот читатели со утнат избор на книга. :handshake:

    Со Кристан Хигинс ретко се случувало да направам утка, ама книгава ич не ми се допадна. Навидум личи на совршена летна книга, ама ако навлезеш малку подлабоко, некако па и ми нема поента зашто всушност се работи за компилација од актуелни работи склопени во некоја си книга чиј лајт-мотив е посвојувањето и сè околу тоа.

    Харлоу е жена од 30 и некоја, си работи во книжарницата на баба ѝ и дедо ѝ, си лабави со кучето Оли (Оливер Твист), си сурфа и не се замара многу на тема врски, бракови, деца.
    Но, Харлоу има и една тајна за која знае само една личност. На 17 години останала трудна и детето го дала на посвојување. Му одбрала пар со кој кликнала на муабет и го затворила тоа поглавје од животот.
    Меѓутоа, по скоро 18 години, во нејзината книжарница влегува едно младо момче и уште кога за прв пат ќе го види, знае за кого се работи: Метју, нејзиниот син.
    Сфаќа дека минатото тропа на врата, син ѝ сака да ја запознае жената која го родила. И не само тоа, па се чини дека летото пред Метју да тргне на факултет ќе биде доста интересно лето...

    Вака срочено и фино звучи, темата навистина е добра и не дека имав некои очекувања, баш напротив, само мислев бар дека ќе понуди малку повеќе. Имаше теленовела вајб и еден куп непотребни ликови и работи ставени колку да се каже, да пополнат страници. Предолга беше книгава и можеле да ѝ скратат 100-150 страници и буквално да не се примети. А што се однесува до микро-темите и сите останати работи што се излистаа низ страниците од книгава, имам впечаток како да имала листа авторката, па чекирала сè живо и диво од неа и направила Нетфликсовски производ. Салата. :D

    Кучето ми беше најомилен лик од целата книга. Читам низ коментари, дедово од книгата има преголем фандом, а мене ми беше...прилично напорен лик на кој му требаше помош а не awwww овации. Премногу кринџ-моменти имаше и премногу кринџ-дијалози. За ликовите да не почнувам, секој си беше своја приказна. Жал ми е, ама навистина не ми се допадна книгава, тоа е тоа.
    Се надевам дека следната книга ќе ѝ биде подобра, ако не - здравје. :bug:
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Your Brain on Art – Susan Magsamen and Ivy Rose

    art.png

    Главниот впечаток од книгава ми е дека можеше истата поента да ја пренесе во пола од должината на книгата. Требаше да биде демек фокусирана на научни истражувања, и навистина е, од тоа што можев да забележам, ама тонот на книгата воопшто не соодветствуваше на тоа. Многу имаше life coach, wellness, mindfulness, healing вајбови, како да се пронајдеш себе, да постигнеш најдобар квалитет на живот и сето тоа, ама напишано во некој си медитирачки стил. Имаше момент на почеток каде ти кажува да ги затвориш очите, да слушаш звуци и што ти знам, и по 2-3 страници ти вика добро сега отвори ги очите. :D Изгледа заборавиле дека пишуваат книга а не asmr видео.

    Што се однесува до главната работа од книгава, мислам дека вреди да се размисли за ова повеќе, дека уметноста има способност физиолошки да ти влијае на процесите во мозокот, да те смири краткорочно и долгорочно, да ти внесе разиграност во животот, да ти го намали стресот, да ти помогне со ментални болести итн. Придобивките се безбројни и скоро секогаш позитивни. (Би сакала да можев да кажам и некоја негативна работа во врска со уметност, ама книгава е селф хелп според сите практични дефиниции за селф-хелп, а во тој жанр објективност нема ни за лек).

    Можеби ќе ме натера да си го романтизирам животот повеќе, ама само можеби, бидејќи ја завршив книгава пред недела-две а дури сега вторпат помислив на неа, па не знам колку ќе има некое реално влијание на мене. Инаку не ми се допадна што беше многу општа дефиницијата за уметност, бидејќи во ист кош ставија и слики во музеи, и фенг шуи ентериер, и рамни звуци од инструмент.

    Како заклучок, мислам дека книгава е збирка на расфрлани студии за бенефитот на многу различни видови уметности и повеќе служи како медиум за shoutouts и exposure на колегите на авторките што очигледно си ги познаваат приватно. И можеби тоа ќе ми беше многу поприфатливо ако не владееше new-age лингото во книгата, со енергии, вибрации и трансцеденции.
     
    На FridaKahlo и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Атомски Навики - Џејмс Клир

    atomski-naviki.png

    Конечно ја прочитав книгава. Ја имав започнато на англиски, потоа сфатив дека книгава повеќе ми одговара за физичка копија каде што ќе можам да си потцртувам и пишувам забелешки со молив.

    Имав големи очекувања од книгава заради популарноста, сите се колнат дека го менува животот. И иако имам некои критики, горе-доле беше тоа што очекував дека ќе биде. А мислам дека за да знам дали е добра или не, морам да ги применам сите запишани работи и да видам дали функционираат. :D

    Позитивна страна на книгава е што навистина дава практични совети, не е само теорија. А, самата „теорија“ за навики и објаснување зошто би ова функционирало за градење на навики е добро, дури и ми беше интересно. Има многу примери како да се примени за различни цели и примери за успешни луѓе кои изградиле навики на вакви начини. Мислам дека секој би имал некој бенефит да ја прочита книгава.

    Е сега, критиката ми е што кога седнав да ја читам книгава, сакав да прочитам како да бидам подисциплинирана особа, затоа што немам дисциплина за ништо во животот. На мое големо изненадување тој го кажа токму спротивното - самоконтрола е невозможна, затоа отфрлете се што може да ве предизвика да извршите лоша навика. И тука наброја совети како: извадете ги батериите на далинското за да гледате помалку ТВ, имајте само здрава храна во куќата, телефонот нека ви го земе некој пријател итн. Мене ми е цел да стои телефонот до мене, а јас да бидам мирна и да не го земам во раце. Можеби тука грешам, што мислам дека тоа треба да ми е целта, наместо едноставно да го исфрлам од соба, можеби е во право. Отворена сум да ги испробувам советите од книгата, но навистина некои начини кои ги има објаснето мене ми се премногу роботски и не можам да прифатам дека има бенефит така да функционирам освен ако не планирам да бидам олимписки спортист.

    Беше објаснил дека кога он „тренирал“ навика да јаде помалку калории, во ресторан барал од келнерот половина од јадењето да му го спакува за дома, половина да му го донесе во чинија, бидејќи тој самиот не би можел да прекине на половина. Мене ми ова звучи скроз како промашај, прво го одзема уживањето во седење во ресторан со друштво кога мораш да мислиш на такво нешто, второ, мислам дека целта треба да биде да се научиш да изедеш онолку колку ти е доволно, а не да си правиш трикови сам на себе.

    Е тоа е книгава, трикови како да се изманипулираш сам себе да правиш работи. :D И некои трикови дефинитивно не се лоши, но не се сите за мене. Треба да прочитам некои други книги во врска со дисциплина или навики, за да знам дали е ова единствениот или најдобриот начин, дури тогаш ќе кажам океј Џејмс, имаш право, не е лудо да го ставам телевизорот во шифоњер. :D

    Но навистина, книгава вреди да се прочита и да се оформи лично искуство со неа. Ако сте личност што кратко има мотивација или е перфекционист и затоа се брзо откажува или не знае како да почне со нова навика... ова е за вас.

    3.5/5 :*:
     
    На simoncelicius, GirlVolley, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Напротив, ако имаш отворен ум, цел и решителност, самоконтрола и тоа како е можна...Зборувам од мој личен пример..Нема да посочам кој пример ама штом јас сум го постигнал тоа, значи ќе го постигне секој, а притоа да не го доживееш тоа како измачување или ограничување на слободата да речеме... Да пробаш да се воздржиш да го отераш некого у пм ако здраво те изнервирал место да изброиш прво до десет да речеме пред да избувнеш колку и да ти пукнал филмот...Треба да ја разбереш самоконтролата како средство што ќе ти помогне како да дојдеш до посакуваната состојба за да биде во твоја моќ да проконтролираш одредена состојба или ситуација кај која се бара такво однесување...Да контролираме некого, тоа е повеќе болест би рекол ама самоконтрола е нешто сосема друго и поттикнува на неизбрзување при носење одлуки за кои подоцна може да зажалиш и многу други придобивки ама кој да пишува толку..ме мрзи:)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ама пак, заборавив да го спомнам најбитното.Ако сето ова и обидов за самоконтрола ти влијае штетно по здравјето и не можеш да го прифатиш, тогаш ич не се ни обидувај...здравјето пред се само пази здравјето да не го изгубиш и при отсуство на самоконтрола ако му се издереш некому, а тој некој да ти се погоди да е уште поулав од тебе па да си направиш проблем...тенка е границата:)
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    I'm Glad My Mom Died - Jennette McCurdy

    71x3UZ18tmL._AC_UF1000,1000_QL80_.jpg

    Оф, книгава. Јас избегнувам книги со тешки теми особено кога е во прашање малтретирање на деца, но книгава не можев да ја избегнам, ја прочитав на втор обид.

    Аудио книгата е a must, не е тоа тоа ако не слушате како Џенет си ја раскажува приказната на свој автентичен и личен начин, ги осеќаш чувствата. Ја има на спотифај и сигурно на јутуб бесплатно.

    Јас цело време читајќи се осеќав... скоро криво, што сум ги гледала нејзините серии и никогаш не би помислила дека има таков живот. Не дека мислам дека на акторите им е прекрасно, едноставно не би помислила дека некому е толку лошо. Не можеш да приметиш... а реалноста на entertainment industry е дека повеќе од актерите поминуваат низ вакви работи отколку не.

    Многу е добра напишана на почетокот од перспектива на наивно и невино дете кое едноставно се чувствува поврзано со мајка и. И сосема ја оправдуваш кога постанува полна со лутина и не ги третира другите најдобро во дваесетите години.

    И многу ми е мило што ја пренесува пораката дека не секој треба да постане родител, не секој родител заслужува почит и да, океј е за мајка како нејзината да кажеш дека ти е мило што умрела.

    5/5 ѕвездици од мене.
     
    На Novecento, simoncelicius и crimson им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Lamb: The Gospel According to Biff, Christ's Childhood Pal – Christopher Moore

    lamb.png

    Ретко која книга ми била вака забавна за читање. Биф е вратен од мртвите во сегашно време со задача да го пишува евангелието во хотел под надзор на ангелот Разиел. Раскажан е животот на Исус од негов аспект, од околу 12-13 годишна возраст до неговата смрт. Книгата си воведува голем број авантури што не се спомнуваат во постоечките евангелија преку патувања на исток до Кина и Индија.

    Стилот е перфектен, многу хумористичен, интересен за следење, забавен... Многу ме потсетува на Good Omens и The Good Place, бидејќи се слични и во тематика и во хумор. Плус ја читав книгава на плажа и ептен ми се погоди за тоа.

    Биф лесно ми стана еден од омилените ликови општо, а во книгава беше главна ѕвезда. :D Многу ми беа интересни тие наговестувања дека Биф имал револуционерни идеи за тоа време, како тоа дека земјата не е рамна, гравитација и еволуција, па дури и дека го измислил сарказмот. И притоа Џошуа (така се вика Исус) му ги исмева тие идеи. :lol: Инаку и Џошуа е многу поинтересен тука отколку во Библијата. Особено ми се допаднаа некои суптилни референци на рандом работи во евангелијата, имплицирајќи необичен контекст зад нив, како моментот со одење по вода, (не)јадењето свинско, миењето на нозете на апостолите, кучињата на Бартоломеј како инспирација за апостолите итн. Едноставно авторот тргнува од настаните во канонските евангелија или од познати знаења за учењето на Исус и ги прераскажува на многу смешен начин што ги става во поинакво светло, прикажувајќи ги сите ликови како група другари што постојано се глупираат и се закачаат меѓу себе. И ликот на Марија Магдалена беше ептен погоден и внесуваше многу интересни дешавки.

    Книгава е полна со inside jokes во врска со евангелијата, и е одлична за љубители на библиска фикција, со интересна тема, интересна филозофија и уште поинтересен начин на кој сето тоа беше изведено. Петка добива од мене. (y)
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Demon Copperhead - Barbara Kingsolver
    Ја немам читано Дејвид Коперфилд, која е инспирација за оваа приказна на Барбара, па не можам да направам споредба. Од друга страна, и мило ми е што е така, приказната е одлична сама по себе.

    Демон е лик кој не верувам дека ќе го заборавам. Толку мизерија и несреќа еден човек да го снајде, од самото раѓање...
    Предобро е напишана книгава, не ми се верува дека до сега не сум читала ништо од авторкава. Стилот на пишување не и е до толку описен како на Вергезе на пример, ама има некоја острина и отсечност, а сепак мислите и се јасно изразени. Воодушевена сум.
    Само, би сакала крајот да беше малку подобро изведен, нешто како да ми фалеше, и толку обемна книга како да беше одеднаш пресечена. Ама, сепак, не одзема ништо од она што погоре го наведов.
    Дефинитивно ќе ги читам нејзините постари дела.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Saving Noah - Lucinda Berry
    Поdisturbing книга не знам од кога немам прочитано.
    Ја видов негде, не знам зошто мислев ќе е добра.
    Добро, прво, пишувањето беше лошо и полно со клишеа. Ко, го испушти здивот кој не знаеше дека го држи.
    Како и да е, книгава е за тинејџер педофил. Им кажува на неговите родители што направил и од таму тргнува приказната, воглавно раскажана од гледна точка на мајката.

    Не можам да ги опишам емоциите. И на гадење, и на неверување, на тоа колку лудо заслепена може една мајка да биде. И која болка може да ја поднесе за своето дете.
    Имаше и еден пресврт кој беше сосема непотребно употребен како шок фактор. Иако не беше толку шокирачки ако човек има прочитано повеќе од еден психо трилер.

    Не знам ни како би ја оценила книгава искрено. Не знам која оценка да ставам на книга што се каам што ја прочитав, ама ја прочитав на едно седнување (кратка е) и тешко дека ќе ја заборавам.
    Иако би сакала да ја заборавам.
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Eats, Shoots & Leaves: The Zero Tolerance Approach to Punctuation – Lynne Truss

    eats.png

    Ми се допадна. :D Беше многу кратка, лесна, забавна, несериозна. Темата е интерпункциски знаци и сè околу нив, како се користат, какви грешки се прават, какви реакции добиваат тие грешки и слично. Имаше одличен баланс на примери од реалниот свет, измислени илустративни примери, историски факти и дрдорење. Баш онака чил книга, со многу интересен хумор.

    Да бидам искрена, на почеток дремка ме фаќаше додека читав; дури се мислев како ќе ѝ го најдам крајот, иако е само 120 страници. (Да, намерно употребив точка-запирка; не ни знам дали е правилно. :rofl:) Ама стварно, почетокот беше ужасно досаден и се плашев дека цела книга ќе е таква, ама испадна дека тоа било само вовед и натаму си беше топ. Тоа што воведот траеше 23% од книгата е друга приказна. :lol:

    Книгава ме нурна назад во моите grammar-nazi денови, со таа разлика што јас бев многу посериозна - и понаапана - од авторката. (Игнорирајте ги цртите, испробувам работи. :D) Многу ми годеше таа екстра драматичност како коментар на грешките во интерпункција што ги прават луѓето и многу ме засмеваше. Во вакви книги особено ми се допаѓа кога авторите даваат чудни свои примери, или пак го инкорпорираат тоа за што прават поента во сопственото пишување за директно да го покажат ефектот. Имаше многу такви моменти низ книгата. Исто пресмешна ми беше секоја појава на извесната Гертруда што го има исхејтано практично секој интерпункциски знак и тоа ептен ја погодуваше авторката.

    Одлична книга; од мене сепак ќе добие четворка заради почетокот заедно со апостроф-моментот, на кој мислам премногу му беше цела една глава. Мене сега ми останува да користам точки-запирки како идиот и кај што треба и кај што не треба, па ако забележите чудна интерпункција од моја страна на форумов наредниот период, знаете што е работата. :D
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.716
    Пол:
    Женски
    IMG_1511.jpeg
    Ја прочитав за 2 дена.Стилот на авторката е мн лесен и разбирлив за читање.Трилер со некои опсесивни и шизофреничарски особини кај главниот лик.

    Мили е на условна казна .После два месеци живеење во кола конечно наоѓа работа кај Нина и Ендру , како куќна помошничка.Се преселува во таванската соба од нивната раскошна вила.Ни не насетува со каква налудничава особа наскоро ке си има работа.

    Во книгата има неколку језиви сцени,мазохистички ликови и нереален расплет.

    Вчера видов дека има и втор дел,така да можеби и затоа ми делуваше како недовршена.

    Се на се ок е за читање, за оние кои сакаат ваков жанр.Едино на крајот ми фалеа малце повеќе детали,внесеност и напнатост.
     
    На simoncelicius, riba79 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  17. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    IMG_5983.jpeg
    Психолошки трилер за животот ма две жени Clair (која е жртва на домашно насилство) и Ева (девојка на колеџ која поради погрешна животна одлука завршува како дилер на дрога). Случајна средба меѓу нив ќе им овозможи да
    ги заменат авионските билети и да присвојат нов идентитет.

    Поглавјата се пишувани од перспектива на двата главни ликови Клер и Ева на убав начин што му дава увид на читателот да го запознае нивното минато и причините зошто се обидуваат да избегаат.
    Кај авторот ми се допадна тоа што е пишувана со стил лесен за читање и
    на крајот не остануваат неодговорени прашања како кај многу книги што влегуваат во тој жанр на трилее/ мистерија.
    Крајното поглавје заслужува петка а епилогот ми остана долго во памет откако ја завршив книгата.
    На моменти имаше мнугу ситуации, кои се неверојатни и без смисла, можеби за да напредува приказната, што веројатно во тој жанр е очекувано.
    Иако книгата од почеток до крај оди напред и назад во две различни временски линии е лесна за следење и ти го држи вниманието.
    Ја уживав додека ја читав.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.921
    Допаѓања:
    81.196
    Пол:
    Женски
    The Marriage Portrait - Maggie O'Farrell

    [​IMG]


    За оваа книга, на Меги О'Ферел за влакно ѝ избега Women's Prize. Искрено вака, имало и зошто ама ајде. :D

    Се работи за Лукреција Борџија и за нејзиниот прилично краток живот. За нејзиното детство, како била најтивкото дете во семејството и толку надарено, но попусто зашто никој не ѝ посветувал внимание. Никој освен нејзината лична слугинка. За сите други била онаа поглупавата сестра и ќерка, грдата, најнепретставителната од фамилијата. Баш добро е прикажана и дисфункционалноста како средина, како сето тоа влијае врз формирањето на личноста. Потоа продолжува со растењето, договорениот брак со речиси три пати постар маж од неа и самиот брак...кој личи на сè освен на брак.

    Не знам што да кажам за книгава, имаше делови кои ми беа многу интересни и баш допреа до мене, но и делови кои беа тотално како рамна линија и траеја прилично долго. Не беше досадна, туку многу монотона, без некој посебен акцент. Како биографија, баш така би ја опишала. Крајот исто за мене беше незадоволителен, башка што на моменти забегува во retelling и не е историска фикција како што и првично очекував. Потоа видов дека и самата авторка го опишала делово како приказната на Лукреција with a twist, ама некако што знам, нешто фалеше за да ѝ даде малку силина на книгава.

    Интересно ми е да читам за ренесансна Италија, овде ептен беше сликовито и воопшто не е чудно нели за стилот на пишување кој го има Меги - малку кичест, ко да сака да те импресионира. Ама така добро се вклопува во периодот кој го опишува, па овде воопшто не ми сметаше нејзината претенциозност во изразот.

    Би им ја препорачала на оние кои сакаат поинтровертни книги, каде што акцентот паѓа на внатрешните чувства и мисли на ликовите, а дејствието е позадинско. А мене ми останува да ја прочитам Хамнет. :)
     
    На FridaKahlo и RainBow им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Salt: A World History – Mark Kurlansky

    salt.png

    Убедливо нај-niche книга што ја имам прочитано. Осврт е на светската историја ама од перспектива на сол. Кога се почнало со собирање и копање сол, какви биле технологиите, за што ја користеле. Јас лично не знаев дека светот јадел толку многу риби. Како најефективен начин за складирање храна на долг рок во голем дел од човечката историја, солта ѝ е најдобра другарка на рибата и обратно. Па така без да побарам и без да имам желба научив за еден куп видови риби, како се приготвуваат, какви сосови се прават од нив, каде живеат, каде се ловат и многу други детали.

    Не знаев дека имало многу периоди низ историјата каде солта била многу ретка и многу вредна, за разлика од рибите, што не е случај денес. И не знаев дека многу историски случки како позадина ја имаат контролата на производството на сол. Пример, ослободувањето на Индија не знаев дека било централизирано околу сол.

    Во книгава исто така имаше премногу рецепти, што верувам дека се интересни за љубители на историјата на кулинарството, ама јас се осеќав како да читам 500 страни worth of првите неколку пасуси од рецепти на интернет што раскажуваат рандом приказни. :lol:

    Сепак не се каам што ја прочитав книгава, мислам дека е интересно да се знаат вакви работи. И не беше целата досадна, третиот дел беше интересен, каде повеќе се раскажуваше за времето кога научниците почнале да ја разбираат солта, не само кујнската туку и останатите соли што се наоѓаат во природата и се користат илјадници години.

    Ако можев нешто да сменам, тоа ќе беше изобилството на имиња на градови, реки, острови, планини, луѓе, места... Ставаа многу кочници во читањето и го правеа и онака густиот материјал уште потежок за читање. Јас сум ѝ дала четворка, сега би рекла повеќе накај тројка ми влече, ама сепак е добра и информативна книга. :f:
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Guns, Germs, and Steel – Jared Diamond

    guns.png

    Навистина одлична книга. Се централизира околу одговорот на прашањето зошто Европејците се оние кои го колонизирале цел свет, а не обратно. Кои се тие фактори кои влијаеле на тоа (пра)историјата да се одвие онака како што се одвила? Дали разликите меѓу степенот на развој на општествата се должат на внатрешна разлика меѓу интелигенцијата, снаодливоста и креативноста на членовите на тие општества?

    Авторот вели не. Степенот на „цивилизација“ на општествата е последица на природните услови кои ги опкружуваат луѓето онаму каде што се наоѓаат, како и географските предности и недостатоци на тие места. Пример, присутноста на диви растенија и животни погодни за доместицирање, можноста лесно да се распространат тие земјоделски култури низ Евроазија поради нејзината ориентација на исток-запад наместо север-југ, изолацијата меѓу континентите, и разликите во популација и површина во рамките на еден континент.

    Книгава имаше јасно зацртана поента, дека сите што мислат дека Европејците (следствено и Американците и целиот западен свет) се подобри и попаметни од племињата во Африка, „примитивните“ земјоделци во Нова Гвинеја и домородците во Австралија не се во право, дека тие луѓе се подеднакво интелигентни, креативни и приспособени на својата околина како и сите други, со таа разлика што географски биле ограничени од околните услови за први да стигнат до некои клучни изуми што овозможуваат вртоглаво брз развој на општеството.

    Многу убава книга, многу детална, интересна за читање, малку се повторуваше одвреме навреме, ама тоа само придонесе да остави силен печат од тоа што сакаше да го пренесе. (y)
     
    На Briar Rose, do-re-mi, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.