Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    @Lella Само сакав да ти кажам нешто а тоа е дека 1. Сите книги што ќе ги опишеш во темава ги ставам во TBR листа на goodreads, но 2. Имам започнато неколку книги баш заради тебе и ниедна немам никако завршено. :D

    Толку убаво ги опишуваш и ме внесуваш, секогаш ми звучат ко да се најинтересно нешто на свет и после испаѓа дека не се за мене. Можеби не можам нив да ги прочитам, но дефинитивно да напишеш прераскажана верзија на истата книга со исто толку страни, мислам дека би ја прочитала. :D
     
    На simoncelicius, do-re-mi и Lella им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека повеќето се стварно тиња за читање, особено таа за сол :drunk:. Можеби клучниот момент е упорноста да ги „истрпиш“ и да стигнеш до крај. Јас мислам имам кажано, читањето во моментот ич не ми е интересно, ефектот од книга го осеќам дури откако ќе ја завршам. Во просек ми требаат 10-15 дена иначе, последнава две недели ја читав, што ќе му дојде триесетина страници на ден. Повеќе од тоа не можам да испроцесирам, зашто ептен се густи. Пробај по малку читање, колку што ти одговара.

    Ќе те хитнам ап на инста сега за goodreads. :D Многу време очајно си барам другарчиња за таму и ептен тешко ми оди. :lol:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cloi

    Cloi Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Трилогијата: Мечкоград, Ние против вас и Победниците.

    Одамна немам прочитано толку добра трилогија.Впрочем, кога се работи за Бакман, кој читал од него нешто знае дека многу добро ги опишува луѓето, човечките карактери.Едноставно, пишува со душа.

    Мала заедница во мало гратче.Хокејот би се рекло дека е централна тема на оваа трилогија, дека се околу него се одвива, но не.Главна тема е семејството како заедница која треба да се негува и одржува и покрај се.Како што пишува Бакман: Што би направиле и жртвувале за да опстои таа заедница? Се, апсолутно се.

    Во Мечкоград, во тоа мало гратче се случува немил настан со што ќе се промени животот на едно семејство, а покрај нив, пати и целата заедница.Некоја личност ќе пати до крајот на животот, ќе биде осудувана и бранета.Родителите ќе се обидат да ја заштитат, но и родителите покрај нивната љубов не може секогаш да направат се.Иако, тие во секој момент го даваат најдоброто што можат од нив.

    Личноста што ќе пати цел живот, ќе ја преточи својата болка во музички стихови, ќе почне да твори.На нејзината најдобра другарка, ќе и биде одземена љубовта на нејзиниот живот.Некој ќе побегне од гратчето, а некој и кога ќе замине од тоа гратче, пак се враќа назад.

    Многу ликови, многу приказни.Тим против тим, гратче против гратче.Луѓе кои се противници, но кога ќе се случи некоја несреќа сите се сплотуваат заедно во тагата.

    Приказна за семејството, заедницата, општеството, политиката и корупцијата која владее со спортот, младите животи полни со надеж и сила, кои покрај разните искушенија тие се изборуваат да излезат од нив со помош на спортот.
     
    На 54321, riba79, Мравојад и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Power and Prediction: The Disruptive Economics of Artificial Intelligence – Ajay Agrawal, Joshua Gans, Avi Goldfarb

    [​IMG]

    Книгава беше интересна, колку што може книга за економија да биде интересна (околу 50% помалку од обична). :D Во секој случај, темата што ја опфаќа е многу популарна во моментов, дури би рекла дека никогаш порелевантен не бил еден ваков текст. Во вакво непредвидливо и вртоглаво брзо време на развој на технологијата, вреди да се задлабочи човек во тоа какво влијание допрва ќе има вештачката интелигенција.

    Поентата на книгава е дека засега имаме точкести решенија кога се работи за интегрирање на вештачката интелигенција во индустриите и организациите, односно се применува онаму каде што може да се замени само еден поединечен дел со вештачка интелигенција, а тоа е дел за предвидување што помага во носење некоја одлука. Е сега, ова скоро и да не е ништо во споредба со вистинската хаварија што може оваа технологија да ја предизвика. Обидот да замислиме свет каде вештачка интелигенција се користи до својот полн потенцијал е како обидот на некој работник во јаглен рудник од средината на 19-ти век да замисли целосно осветлен град од електрична енергија сто години подоцна.

    За да стигнеме до таа точка потребно е да ја надминеме фазата на имплементирање точкести решенија, и наместо тоа да се имплементираат системски решенија, каде нема само делчиња тук-там да се заменуваат со AI туку целиот систем ќе биде одново осмислен да се потпира на AI како основен столб. И ова нема да дојде без отпор, особено во медицината, банкарството, автомобилите... Замислете болница во која компјутер предвидува дали да те третира за срцев удар базирано на некое предвидување во проценти и некој однапред дефиниран праг на одлука. Звучи бизарно, но се покажало како многу попрецизно од предвидувањата на докторите. Замислете сега болнички систем каде покрај ова, не мора ни да одите до ургентен, туку итната помош доаѓа автоматски кај вас со кадар и алати специјализирани точно за тоа што ви треба врз база на податоци за вас кои претходно сте се согласиле да ги споделувате во секое време. :drunk:

    Да не должам, книгава мене ми беше доста поучна, ми даде задоволителен insight во бизнис-економската страна на AI, која колку и да е грда/капиталистичка/језива, сепак е важна. Јас одбрав да ги игнорирам илонмасковските делови од книгата каде lowkey highkey дава работни листови на ЦЕО-ата со инструкции за како системски да си ја променат компанијата и да ја зграпчат предноста во новата ера на светот. Имајќи го тоа предвид и задвид впечатокот од книгата ми е генерално позитивен. :lol:
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dora-Tea

    Dora-Tea Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    КАНИБАЛОТ-Роберт Бриндза
    (Не можам да поставам слика.)
    Предвидлива,Но во исто време и возбудлива и не се остава.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    These Still Black Waters - Christina McDonald

    [​IMG]

    Неодамна ме држеше трилер mood и изборот падна на книгава. Авторката не е лоша, со некои претходни книги ме потсетуваше на Дајен Чејмберленд и баш ме интересираше како би изгледал класичен детективски трилер напишан од неа.

    Станува збор за Нев Мегваер, која по разводот се враќа со ќерка ѝ во едно мало гратче, во кое како дете ги минувала летните распусти. Таму сè е исто и ништо не е исто, како да застанало времето, но во исто време и како сè да се сменило...

    Полицијата ќе најде женски труп фрлен во езерото во близина на куќата на Нев и случајот ќе ѝ биде доделен на детективката Џес Ламберт. И таа си има свои патешествија - проблеми со алкохол, работното место ѝ виси на конец и што ли уште не. Но тоа нема да ја спречи да се обиде да ги пронајде делчињата кои недостасуваат за да се реши случајот.

    Не знам што да кажам друго за книгава. Генерално беше океј и ми се допадна идејата, некои пресврти беа интересни, ама си ги имаше моментите. Имаше некои баш емотивни работи, но за жал често се движеше на раб на клише. Доста е предвидлива, па ако си барате нешто покомплексно - нема да го најдете во оваа книга. Би рекла дека е лабава мистерија со која пополнив досадно попладне. Добро, ја влечев неколку денови па биднаа повеќе досадни попладниња ама тоа е сега. :D

    Не би продолжила да го читам серијалов, мислам дека ќе биде уште еден генерички детективски серијал, а има далеку подобри ликови од Џес Ламберт. Порадо би го читала Картер или серијалот на Карин Слотер за Вил Трент. Или класика - ДиДи Ворен на Лиса Гарднер.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Small mercies - Dennis Lehane
    Книгава ја прочитав во едно седнување, во еден здив. Брутална. Брутална, свирепа, полна со насилство, ликови кои се толку човечни, ама толку одвратни на моменти, а сепак, до некаде, разбирливи во нивната срж.

    Бостон, 1974. Судот донесува одлука за десегрегација на училиштата, црните ученици одат во училиште само со белци и обратно. Мешање. Ова треба да се случи во целата земја, но пред да се донесе одлуката богатите се повлекуваат и одлуката останува само за сиромашните области, најпогоден е Јужен Бостон. Ова е историски точно. Авторот имал девет години за време на овие случувања.

    Сепак, во центарот на приказната, фикцијата, е Мери Пет. Таа живее во најсиромашните делови, едвај сврзува крај со крај, пуши без престан, пие и насилството и е во крвта. Расизмот исто така. Тоа го знае, така е одгоена. Они се на едната страна, црнците на другата. Зошто сега би се мешале?
    Како што се случува во овие сиромашни области бандите владеат. Дрогата исто. Нејзиниот син, вратен од Виетнам, умира од предозирање. И останува 17 годишната ќерка, Џулс. Која една ноќ не се враќа дома.
    Мери Пет, која веќе го има изгубено едниот син и живее за својата ќерка, полудува. Ја бара насекаде. Истата ноќ, еден 20 годишен црнец е пронајден мртов на железнички пруги.
    Како е ова поврзано? Што може една жена полна со бес, омраза, очајна и без мотив за живот да направи за да ја најде својата ќерка?

    Мери Пет е еден комплексен карактер. Како и повеќето во книгава. Дали сочувстував со неа додека ја бараше ќерка и? Како мајка, да. Но самата таа, како лик, како човек ми беше одвратна, нечовечна, иако можеби да растела во поинакви услови, не би била таква. Тука лежи комплексноста.

    Одлично напишана, интензивна, не можев да трепнам.
    Еве едно интересно интервју со авторот, кој бил во центарот на случувањата во 1974.
    Автор е и на Mystic River, Shutter Island, Gone Baby Gone...
    Топла препорака за книгава.

    Неколку цитати:

    “That’s the worst of it—you wear them down until you scoop all the good out of their hearts and replace it with poison.”

    “Change, for those who don’t have a say in it, feels like a pretty word for death. Death to what you want, death to whatever plans you’d been making, death to the life you’ve always known.”

    “Call them gooks, call them niggers, call them kikes, micks, spics, wops, or frogs, call them whatever you want as long as you call them something—anything—that removes one layer of human being from their bodies when you think of them. That’s the goal. If you can do that, you can get kids to cross oceans to kill other kids, or you can get them to stay right here at home and do the same thing.”
     
    На CameliaMiller, MeowMeow, FridaKahlo и 3 други им се допаѓа ова.
  8. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    IMG_5988.jpeg
    На улицата Хогарт Стрит во Сиднеј - Австралија соседите се вознемирени кога ќе слушнат истрели од оружје од соседната куќа. Во неа живеат Џон и Катрин и нивните две деца - петгодишните близнаци Софи и Џорџ.
    Приказната почнува 7 часа порано кога доставувачот Логан се обидува да достави Пакет на нивна адреса, кој треба да биде приман и потпишан од Катрин, меѓутоа таа одбива да му ја отвори портата и го замолува да го остави пакетот надвор.
    Тој одбива да биде одговорен за Лап топ без потпис, така што и кажува дека ќе го остави во најблиската поштенска филијала. Ѕиркањето преку отворот од вратата и теророт во нејзиниот глас му сигнализираат дека нешто не е во ред. Продолжува со доставата, но куќата и фамилија која живее таму не може да ги тргне од памет.

    Логан е бивш затвореник со проблематично минато кој се обидува да го надмине и да се рехабилитира, неговите чувства се погодени во најголем дел од она што другите го мислат за него. Постојано е гледан со предрасуди поради многуте тетоважи кои му го покриваат телото и како да треба да стравува дека ќе е сметан за криминалец, кога се обидува да и помогне на Катрин. Истовремено дознава и е длабоко загрижен за неговата сестра Меги која што е во болница во Мелбурн, нападната и брутално претепана од млад маж со црвена капа фатен на уличните камери во моментот на бегство.

    Истовремено Гладис, повозрасна жена кој живее со нејзиниот сопруг Лу отспротива на Кетрин забележува дека децата сеуште не се тргнати на школо а ролетните од прозорите се уште спуштени, започнува да има лошо претчуство. За да се осигура дека се е во ред неколку пати оди до вратата на соседите, се обидува да воспостави контакт телефонски и прави се што е во нејзина моќ да дознае повеќе. Но поради честите дојави на полиција од нејзина страна кои воглавно се минорни и неоправдани овој пат не е сигурна што да прави.

    Несигурнуста и неодлучноста на Гладис и Логан е многу добро разбратена. Дали да се инволвираат во фамилијарните проблеми на соседите или да си ја гледаат сопствената работа и дали ќе носат морална одговорност ако не превземат нешто кое фатално може да заврши.
    Што е тоа што ќе ги натера да ја премината таа тенка граница и да се впиштат во херојска мисија?
    Истовремено од внатрешноста на домот се опишува што се одигрува и се открива многу бргу дека Катрин и нејзините две деца се држат во заложништво од маж а гледано
    од перспектива на Катрин и на “ монструмот”со оружје како што одминува денот откриваме се повеќе.
    Катрин се обидува во тие страшни моменти да обезбеди колку толку сигурност на близнаците, на моменти е емотивно исцрпувачки што едвај чекав да заврши агонијата и ја оставав книгата после едно прочитано поглавје.
    Друг нтересен момент е колку минатото на Логан и на човекот со оружјето се слични а нивните сегашни животни толку различни, еден кој се бори од ден за ден за да успее да живее мирен и нормален живот и другиот кој бира да стави крај на се со оружје.

    Се обработуват битни теми актуелни како домашното насислтво со погубни ефекти врз иднината на младите луѓе, предрасудите со кои се соочуваат одредени луѓе.
    Финалето е нешто неочекувано. На почетокот имаш одредена претстава, но не можеш да разбереш во целост за што се работи. Кога се е кажано и направено, има смисла крајот, но те остава тажен и со трошка надеж за подобра иднина.
    Вреди да се прочита.
     
    На do-re-mi, Annath, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Iron Flame - Rebecca Yarros
    Вториот дел од The Empyrean, првиот е The Fourth Wing. Моментално ми се чини оваа е најчитана книга, 142к луѓе ја читаат според гр. :D

    Во споредба со првата книга беше малку поразвлечена, еден едит добро би и дошол да се исфрлат некои непотребни делови. Од 600 и кусур страници има што да се исфрли. Беше некако поконфузна, можела авторката крајот подобро да го среди сигурно.

    Ама... Книгава е таква што постојано нешто се случува, и да не се случува пишувањето е такво што те влече и како секој момент да ќе се случи нешто. Ликовите се поразработени, емоциите подлабоки. Би рекла дека првата книга е подобра, но и оваа е одлична. Крајот беше ко втф се случува и зошто и многу работи останаа да се разјаснат во третата книга. Која, да, едвај веќе ја чекам да излезе. :D
     
    На ane.bella и crimson им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    How to Be Perfect – Michael Schur

    b.png

    Ми се допадна многу. Авторот е продуцент на моите најомилени серии, меѓу кои и The Good Place, која ја има истата тема како книгата. Напишана е по завршувањето на серијата и е на некој начин водич низ неколкуте најпознати идеи во врска со морал. Насловот на секоја глава е некоја етичка дилема од секојдневниот живот, за која авторот се обидува да презентира решение или објаснување преку споредба на пристапите кои би ги имале различни филозофи. И секако тоа го прави на презабавен начин. Се смеев на глас безброј пати, човеков има многу уникатна смисла за хумор која ја обожавам и не можам да ѝ се наситам.

    Покрај тоа што е лесно читлива и ненормално смешна, навистина допира до многу интересни филозофски прашања и те остава задлабочен по читањето. Ми стои на листа за читање историјата на западната филозофија на Расел, која е симпатични 900 страници :inlove:, и не планирам да ја почнам сè додека немам многу поголема количина слободно време. Па така оваа ми ги задоволи филозофските апетити засега, и ми даде одличен вовед во тој чуден и комплициран свет.

    Ја препорачувам на сите на кои им се допаднала серијата, а за останатите би рекла прво да ја гледаат серијата зашто е одлична и би било страшен криминал да се читаат спојлери за неа. :wasntme:
     
    На Viveki, crimson и RainBow им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    GUEST_fface0ac-a4cb-42e8-9d4c-aff160ca8be0.jpg

    None of this is true - Lisa Jewell

    Книгава... Книгава е еден hot mess. Дали беше интригантна? Да. Дали кратките поглавја те тераат да читаш компулсивно? Да. Ама дали на крајот имаш впечаток дека си прочитал добра книга? Апсолутно не.

    Не ми се јасни толкавите фалби за книгата. Ликовите, сите до еден се крајно недопадливи. Има една огромна дупка за која не знам како луѓево само преминуваат преку тоа, ама е, благоречено, одвратно.

    Би сакала да ни беше во клубот, па да ја дискутираме и разглобуваме. Штета.
    Ама, не мислам дека ќе читам нешто од авторкава, ме одби целосно со книгава.
    13 годишно девојче набедено дека е манипулатор и она изманипулирала 43 годишен маж. Кој е женет. Да, девојчето е криво тука, нема што. Какво и да е. 13 има. Ух, бљак.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    IMG_5992.jpeg
    Aлчност за пари

    Што ќе се случи кога темната страна од сонот за брза заработувачка ќе стане реалност.

    Приказна раскажана од перспектива на четири главни ликови од различни земји, секој со различни проблеми и судбини, кои наидуваат на една интернет фирма ЦЦ Холден во која се инвестира во Криптовалути и нуди брза заработувачка од високи каматни стапки на инвестираниот Капитал.
    Сите овие ликови имаат иста цел, да заработат пари на брз начин, но мотивирани од различни причини да влезат во ризик и да си ја пробаат среќата.

    Штефи од Берлин, која поради тешка телесна повреда од пад од коњ ја губи подвижноста во левата рака е принудена предвремено да се пензионира. Минималниот пензиски износ едвај е доволен да се покрие киријата и прехранбените продукти. Без заштеда и подршка запаѓа во депресија и ја губи самодовербата и мотивацијата да оди напред.
    Валерија од Германија убавата плавуша која секојдневно се бори за независност и е растргната помеѓу повеќе споредни работи кои не се доволни да излезе на крај со месечните сметки и ратите за станот.
    Рашид од Пакистан сака да им овозможи на ќерките приватно школување а со тоа и подобра иднина и
    Рони од Трст кој сака да биде важен човек и да си пружи луксузни работи .

    Дали заработувачката не носи ризик и тоа на интернет? Кој стои позади фирмата и зошто почнуваат голем број инвеститори и до нив блиски луѓе да инвестираат пари е тема на оваа книга. Финансиска измама на интернет, пари во чија трага не може да се влезе,фрустрацијата на органите на прогон и непостоење на правна регулација се теми кои површински се допрени и во дел го прават кримироман.

    Го читав со голем интерес и е различен од се друго што имам читано.
    Лесно се чита,до последната страна е напнат, реалистичен и едукативен.
    Го препорачувам за сите што се заинтересирани на темата.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    A Little Life - Hanya Yanagihara

    [​IMG]

    Книгава...:doh::u:
    Не знам што да мислам, уште помалку знам што да напишам и како да ги сумирам впечатоците зашто ментално сум исцрпена од толку тага, јад и чемер. Буквално овие три работи се лајтмотивот на книгава. И колку помалку знаете за самата содржина, толку подобро.

    Отприлика, станува збор за пријателството помеѓу четворица другари кои се запознаваат на факс и го следиме текот на нивните животи во следните три-четириесет години. Централен лик е Џуд и тој е приказна за себе. Дефинитивно лик кој никогаш нема да го заборавам. Eдноставно нема како да избришеш од меморија ваква сурово тажна животна приказна, просеана низ 700 и кусур страници.

    И искрено, воопшто не сум воодушевена. Слободно може да ме осудувате, но не го сфаќам колективниот хајп и воодушевувањето кое владее за книгава и без пардон ќе речам дека истите се тотално неосновани. Овде нема нешто на кое човек би се воодушевил. Тага, тага, тага, кнедли претешки за голтање, одат надолу само доколку ги удавиш во многу меланхолија. Поентата не може да биде појасна, да, но не можам да преминам преку фактот дека ми недостигаа премногу работи, а книгава е далеку од мала. Не знам како е можно во исто време да фалат толку многу работи, а од друга страна пак можело комотно да се тргнат минимум стотина страници и воопшто да не се изгуби од суштината.

    Стилот на пишување е лесен, ни тука нема нешто за паѓање во несвест. Авторката вложила најмногу во самата естетика на ликовите. Не можам да кажам дека станува збор за чист ларпурлатизам, иако безброј пати помислив на тоа додека читав - сепак има многу јасна порака пренесена низ централниот лик. Сепак и покрај сите обиди, едноставно не успеав да го видам прогресот на споредните ликови. Беа многу, многу бледи. А како и да гледам, како и да анализирам, можам да кажам дека книгава тотално ме изгуби во последните 20% и премина во апсолутна мелодрама.

    И нарацијата не ми беше по мерка во целост, но тоа си е веќе моја лична преференца. На мојот читателски сензибилитет дефинитивно не му одговара овој конфузен тип на раскажување кај што треба да читаш, читаш, читаш, па да сфатиш кој всушност ти раскажува. Порано воопшто не би ми сметале вакви работи на пример. Ми се сменил вкусот и тоа е тоа што ме боли повеќе од самото разочарување дека не кликнав со авторкава. :tmi:
     
    На Leanne, sweet-cherry, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The House in the Cerulean Sea - T.J Klune
    Еве книга која е чиста и тотална спротивност на онаа погоре од Мишела. Пука од позитивност. До толку е полна со позитивност, добрина, љубезност, љубов, што главата може да ти експлодира.

    Морам да признаам дека на почетокот ми се допадна книгава, стилот на пишување разигран, ама boy oh boy, it got old fast.
    Прво, ова не е книга за возрасни. Ова слободно може да помине како детска книга и можев да и ја читам на ќерка ми. Нема сексови, пцуење, не знам што. Нема некои несфатливи теми со симболизам. Не, оооо не. На секоја страница е јасно и гласно кажано колку треба да сме добри и да ги прифаќаме разликите.
    Второ, ликовите се сите совршени. Совршенство од луѓе, деца, магични суштества, сѐ е совршено, сите се толку добри и безгрешни. Тоа е тоа што ја прави книгава толку лигава, Од што е лигава да може да се растопи како слајм и да се растече низ прстите.

    Лајнус е социјален работник кој работи со магични деца и е испратен на остров да истражи едно сиропиталиште во кое живеат најлошите и најстрашните магични деца. И, замислете, трн трррррр рррнннн.... Антихристот, синот на самиот Ѓавол. Ууууу, знам, знам, престрашно. Таму живеат и уште неколку деца кои ех, не се антихристот, сепак. И овие деца, кои се сепак нели, деца, се најсовршените кои може да постојат. Полни со тооооолку добрина, толку се сакаат, секогаш го слушаат главниот кој им е како татко, милина. Да ти е милина антихристот да ти биде дете.
    Треба да одам да проверам шеќерот во крвта, мислам ми се качи од презасладенава приказна.

    Нула развој на ликови, нула развој на приказна.

    Прочитав после која му била инспирацијата на авторот, The Sixties Scoop и не знам што да се каже повеќе.
    Морам да прочитам нешто друго одма.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.799
    61BWsc9eGbL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg

    Нема некоја (всушност воопшто) книжевна вредност. Мемоар е. Не сум сигурна колку страници е, проверив 277, што е премалку за еден толку голем, богат и интригантен живот. Бритни има за пишување и пишување, но сфатив дека целта не и' е воопшто да напише толку сеопфатен мемоар или автобиографија, колку што и' е целта да расветли некои настани, важни во нејзиниот живот, каде што го немала правото и можноста, па и свесноста да се изрази, да каже.

    Од вистината за нејзините почетоци, до врската и распадот на врската со Џастин, како и фабрикуваните импликации од негова страна со цел самопромоција, до бракот со Кевин и нејзините очајни обиди да се снајде во толку сурова средина, до конзерваторството каде што е во најбуквална смисла заложник, во еден здив ја кажува сопствената вистина.

    Од денешен аспект (бев дете тогаш и немавме баш толку интернет) не можам ниту да си поверувам што и' прават јавно, дури и како малолетна (16годишна, возрасен, стар маж ја прашува за нејзините гради, во Данска новинарката и' кажува дека како мајка би се срамела од неа поради облеката на еден од најдобрите настапи нејзини, и американската Круела Соер со такви ужасни прашања и директни понижувања и обвинувања... како малечка, на првиот натпревар за пеење, пее ненормално добро - чичко водител единствено ја прашува дали има дечко, кога таа има некои 6 години (facepalm) ) Најфасцинантно ми е што после книгава отворив да ги најдам интервјуата, од 6 годишна возраст, тинејџерка, млада девојка, толку смирено, културно им одговара на сите тие понижувачки прашања и бодежи, неверојатно е. На снимката кај што МТВ ја седнуваат да слуша како ја критикуваат рандом луѓе на улица дека е "лош пример за децата поради облеката", има некои 19 години мислам и пак одговара: "Секој има право на свое мислење, не можам да им судам. Не сум родител на децата, единствено што можам е јас да бидам - јас."

    Повеќе од јасно е дека Бритни има проблеми, но имајќи во предвид што се' помина и како дете, и добар дел како возрасна, очекувано е. Пострашно е што самата има фобија од помош сега, затоа што буквално докторите кои требало да и' помогнат, во секој аспект и' одмагале.

    Препорачувам да ја прочитате, колку пред сечии очи, толку јавно може некој да страда и да бидеме слепи.
     
    На Leanne, riba79, renata77 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Денеска читав збирка поезија од локална неафирмирана авторка, оти инсистираше да добие мислење. На секоја страница се вртеа исти зборови, душа, ветер, љубов... Ќе кажам дека е ок, оти ако кажам што мислам, веројатно страшно ќе се навреди.
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Through the Language Glass – Guy Deutscher

    glass.png

    Претходната книга што ја читав од авторов многу ми се допадна, па решив уште една да читам. Оваа искрено ми почна малку досадно, ама понатаму стана исто толку интересна како првата, па може и повеќе. Книгава пробува да ги открие начините на кои мајчиниот јазик игра улога во тоа како го восприемаме светот, поточно како ги гледаме боите, како ги замислуваме концептите, па дури и какви вештини имаме. И пронајдоците се навистина зачудувачки.

    Скоро цела прва половина од книгата се вртеше околу боите, а и со добра причина. Од пред неколку векови постоело верување дека луѓето во антички времиња анатомски не ги разликувале боите, а како дел од „доказите“ за тоа ги посочувале Хомеровите епови и чудниот начин на кој Хомер ги опишувал работите (wine-dark sea). Имено, оваа контроверзија често била тема во лингвистичките дебати, неколку пати поддржана и побивана на комплетно спротивни начини. На крај испаѓа дека античките луѓе многу добро ги гледале и разликувале боите, но нивните јазици немале доволно зборови за нив бидејќи едноставно не им требале. Па така дури и денес постојат далечни јазици кои имаат ист збор за сина и зелена боја и тоа им е сосема нормално и природно. Дополнително, скоро сите јазици имаат зборови за црна, бела и црвена боја, а како што стануваат условно кажано покомплексни, така ги добиваат зборовите за зелена и жолта, па потоа сина, па кафеава итн.

    Ама не се само боите она на што јазикот има влијание. Во многу абориџински јазици луѓето не се ориентираат со зборови за лево, десно, напред и назад, туку со исток, запад, север и југ. И за секој предмет во секој момент знаат на која страна од светот се наоѓа во однос на друг предмет, или во однос на самите себеси. Постојат јазици во кои зборовите за ориентација се сведуваат на „кон морето“ и „кон планината“, и луѓето што ги зборуваат секогаш знаат што каде е, дури и кога се во темни и затворени простории, или кога воопшто не гледаат, или кога раскажуваат за настани што се случиле пред којзнае колку време. Јазикот има толку силно влијание на нашите когнитивни способности, што може да ги истенчи ориентациските способности на тие што го зборуваат. :drunk:

    И како ова да не е доволно забегано, покажано е дека во јазици со машки и женски род, зборувачите ги восприемаат предметите од женски род како понежни, убави, кревки, слаби наспроти тие од машки. Според Германците мостовите се мали и елегантни, а според Шпанците се големи и груби.

    Сепак, книгата не се состоеше само од нафрлани интересни факти како што најверојатно јас ја опишувам, туку беше навистина темелна и многу многу внимателна да не имплицира некоја чудна ксенофобична врска меѓу јазикот и интелигенцијата на луѓето што го зборуваат, главно бидејќи историјата во врска со ова е полна со такви случаи и со многу амбициозни hot takes. И историјата беше детално раскажана, што всушност ми се допадна, бидејќи внатрешни препирки меѓу академици секогаш се преинтересни, особено за вакви niche теми.

    Главната поента на авторот беше дека начинот на кој јазикот го дели светот на концепти не е целосно природен, но тоа не значи дека е рандом, туку сепак се движи во одредени природни граници за она што би било логично и лесно за учење. Исто така, нема докази дека нашиот јазик нè ограничува во тоа колку можеме да разбереме концепти во други јазици (како поспецифични бои или пак родови). Едноставно сè се врти околу тоа што одреден јазик те форсира да пренесеш (родот на маса на пример), а што не те обврзува да пренесеш (колку е веродостоен изворот од кој си ја добил информацијата (има и таков јазик :wasntme:)). Добива петка од мене. :*:
     
    На do-re-mi, CameliaMiller, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Great Reclamation - Rachel Heng
    1941, Сингапур. Тука почнува приказната за едно мало момче кое го следиме низ годините на промена, во текот на втората светска војна кога доаѓаат Јапонците и го освојуваат Сингапур. Потоа доаѓаат повоените години, кога Сингапур се издигнува до независност. Ah Boon живее во мало рибарско селце со родителите и брат му. Мајка му решава дека он ќе оди на училиште, а таму ја запознава Siok Mei. Се раѓа цврсто детско пријателство кое се менува низ годините. Љубов, војна, спротивставени страни... Дали љубовта може да се случи и преживее доколку имате различни идеали?

    Книгава беше одлична, можела да биде малку пократка, но сепак, приказната е незаборавна.
    Не сум читала досега за Сингапур, не знаев историски што се случувало, колку промени претрпел.
    Одлично беше доловен преминот од традиционалното во современото, луѓето кои своеглаво се држат до традиционалното, или оние кои само туркаат кон осовременување. Што губиме со модернизирањето, што сме изгубиле, колкав дел од природата?

    Сето тоа испреплетено со љубовна приказна која се провлекува низ страниците, многу морални дилеми, човечки ликови со сите нивни несовршености и мани.
    Книгава беше право искуство. Топла препорака доколку сакате да читате нешто историско, културолошко, а и реална љубовна приказна.
     
    На CameliaMiller, Mishela, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Omnivore's Dilemma – Michael Pollan

    omni.png

    Не знам што очекував од книгава искрено. Мислев дека ќе е дебата за етиката околу јадење месо, ама испадна дека не е баш за тоа. Книгава проучува три „вида“ храна, а со тоа и три начини како стигнуваме до неа: индустриска, процесирана храна добиена преку factory farming; grass-fed храна добиена од „етички“ фарми и на крај храна добиена преку ловење и собирање.

    Читав рецензии на гудридс и многу луѓе викаат дека книгава е само оправдување за јадењето месо за луѓе кои не сакаат да се чувствуваат виновно што јадат месо. Не знам што да мислам за тоа. Се согласувам дека е така. Книгава зазеде јасна позиција дека јадењето месо може да биде етичко, да предизвика минимална штета и да биде во согласност со природниот тек на нештата. Со ова сепак не можам да се согласам, иако ми е комплетно јасно од каде доаѓа аргуменов (досега стварно не ми беше).

    Имено авторот потенцира дека треба тенденциозно да ја набавуваме нашата храна од локални произведувачи кои ги користат природните симбиотични врски меѓу животинскиот и растителниот свет, земјоделци што ги оставаат кокошките да бидат кокошки, свињите да бидат свињи, кравите да бидат крави сè додека не им дојде судниот ден, кога на најбезболен начин ќе бидат убиени, односно ќе дочекаат смрт што нема да е полоша од онаа која природно би ја добиле. Не верувам дека некој нема да се согласи дека ова е далеку подобро од factory farming, ама исто така е и многу ретко. Друго нешто што авторот спомна е дека вистинската „органска“ храна зависи од одгледувањето животни, и во вегански свет нема да може да постои, туку ќе мора да се вратиме на индустриско јадење, што во суштина се сведува на пченка и нафта (yeah).

    Сфаќам сè што кажува и има смисла. Ама не можам да поминам преку фактот што убивање друго животно, па дури и на најбезболниот, најбрзиот, најживотнскиот начин е нешто неморално. Може да се согласиме дека светов нема да може да функционира без строчарство, може да се согласиме и дека здравјето на нашите деца ќе страда во таков свет (зашто уште не знаеме целосно како функционира нутритивноста), може да се согласиме и дека квалитетот на живот ќе ни опадне заради вкусот на месото, иако сите овие работи се дискутабилни, ама не можеме да се согласиме дека треба да сме at peace со фактот што консумираме и искористуваме други животни кои живеат и имаат чувства. А мислам дека баш тоа некако беше поентата на книгата, особено деловите кога беше на лов и пробуваше максимално поетски и малце порнографски да ги опише сите емотивни бранувања на тој чин. :| Мислам дека во овој свет најмалку што ни треба е да го романтизираме јадењето животни и да се трудиме од петни жили да го оправдаме. Баш напротив, јадењето животни мора да биде пропратено со чувство на вина, инаку како смееме да се наречеме морални суштества? Ова не можам да го разберам кај луѓето, што редовно се исмева веганството и редовно се прават шали во врска со јадење животни. Без разлика колку промовира книгава респект кон кокошки, во светот владее огромна десензитивност кон оваа тема, што води директно кон factory farming.

    Во секој случај, морам да признаам дека книгава беше одлична, настрана дали се согласувам во целост со неа. Супер беше организирана во три целини, и секоја од нив заврши со глава каде го опишува оброкот што го направил од соодветните продукти и методи. Инаку книгава беше многу информативна со важни insights за индустриски преработената храна што вреди да се знаат. Мене барем ме натера почесто да одам на пазар отколку во супермаркет. Како слабост можам да кажам дека можел да не вклучува толку нумерички податоци зашто од пред 20 години многу работи се сменети, а и фактот што сè беше America-centered ми беше малку eh. Би ѝ дала 4.5/5. И за крај морам да кажам, многу ми беше интересно што баш пред да решам да пишам рецензија се разви дискусија во сдк токму за ова :lol:
     
    На simoncelicius, do-re-mi и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Freakonomics – Stephen J. Dubner, Steven Levitt

    freak.png

    Морам да признаам, и ова го кажувам најискрено и од срце, ова можеби е најглупавата книга што ја имам прочитано со години. :D

    Книгава важи за нонфикшн стејпл, и демек го објаснува позадинскиот економски начин на кој функционира светот. Јас сум тврдокорен хејтер на сè поврзано со економија и баш поради тоа книгава долго време ми стоеше на листа, а се најде таму со надеж дека ќе ми отвори нов прозорец кон светот. :lol: Имајќи го тоа предвид, многу е интересно што книгава ми беше ужасна поради комплетно различна причина што не е поврзана со економија. Баш напротив, да беше книгава стварно за економија сигурно многу повеќе ќе ми се допаднеше.

    Е ако не е за економија за што е? Искрено појма немам, а ни авторите не знаат. Ако добро разбрав напишана е од еден новинар и еден економист, и притоа изгледа новинарот не се разбира од наука, а економистот не се разбира од пишување, а богами и обратно, па производот е чорба каша од рандом хот тејкс во врска со... светот. Пардон, Америка.

    Од тоа што ми остана во сеќавање, кажува дека падот на криминалот во Америка во 90те се должи на дозволата за абортус во 70те (верувам), ама ова го развлекоа во 20+ страници и тоа причината не ја „откриваа“ до самиот крај на главата, а заборавија дека уште во воведот го спојлерисаа тој дел. Whatever. Следни откровенија беа дека постапките на родителите не влијаат на тоа какви ќе испаднат децата, туку дека сè е генетски, а работите што мислиме дека влијаат уствари се само корелирани. Doubt. Истиот муабет го свртеа и во врска со имињата на црнците и белците и искрено цела книга изгледа се вртеше околу тоа како корелација меѓу две работи не значи дека едното е причина за другото. Или во превод, Американците ја открија Америка.

    Многу досадна, бесцелна и површна книга. Посакувам да не си го трошев времето на ова. И редно време е да направам пауза од книги напишани од новинари. Уште кога го видов ривјото од Гладвел тупнато на корица требаше да знам колку е саат. :D
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.