Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Funny Story - Emily Henry

    3.5 / 5 :*:

    [​IMG]

    Веќе со години се одалечив од читање романтични книги... освен Емили Хенри. :D Но, веќе не знам зошто, затоа што секоја наредна што ќе ја прочитам од неа е полоша од претходната. Се заљубив единствено во Beach Read која прва ја прочитав од неа, оваа и Happy Place дефинитивно многу послаби.

    Книгава има интересни tropes како fake dating и roomates to lovers, тоа беше плус во мои очи. Но, не се контектирав со главниот лик. Малце го имаше тој момент на глупичка хероина што мислев дека го нема во книгите на Емили Хенри. :D

    Романтичниот интерес па воопшто не ми се допаѓаше, секогаш кога ќе се сетев дека Мајлс би требал да има скоро 40 години, се шокирав, затоа што не, не би требало да се така однесува. Јас лично не би му опростила за тоа што и го направи на Дафне иако видов дека многу други читачи не се согласуваат со мене. :^)

    Сепак, бев во романтично расположение, па прелетав низ книгава и во голем % уживав читајќи. Верувам дека на некој друг многу може да му се допадне книгава. :)

    Ќе дадам шанса уште на Book Lovers, после тоа завршувам со романси.
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Upstream: Selected Essays - Mary Oliver

    4 / 5 :*:

    [​IMG]

    Wow. :l:

    Книгата е збирка есеи кои се исполнети со описи на природата, нејзиниот однос со животните, сликовит и cosy опис на нејзиниот процес на пишување и мини анализи на нејзините омилени поети (мене лично тој дел ми беше досаден).

    Читајќи, неколку пати ме стегна срцето затоа што се почувствував како да зела дел од мојата душа и го претворила во зборови. Многу се конектирав со нејзиното пишување и нејзиниот поглед кон природата. Да бев автор, ќе пишував точно како она што пишува. :D Прекрасен стил, едвај чекам да прочитам нејзина поезија.

    “In the beginning I was so young and such a stranger to myself I hardly existed. I had to go out into the world and see it and hear it and react to it, before I knew at all who I was, what I was, what I wanted to be.”

    “But dawn - dawn is a gift. Much is revealed about a person by his or her passion, or indifference, to this opening of the door of day. No one who loves dawn, and is abroad to see it, could be a stranger to me.”

    “Butterflies don't write books, neither do lilies or violets. Which doesn't mean they don't know, in their own way, what they are. That they don't know they are alive—that they don't feel, that action upon which all consciousness sits, lightly or heavily. Humility is the prize of the leaf-world.”

    Симнав една ѕвезда заради реченицава... :D
    Once I put my face against the body of our cat as she lay with her kittens, and she did not seem to mind. So I pursed my lips against that full moon, and I tasted the rich river of her body.
     
    На Deus ex mahina, SV1911 и Lella им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    To Kill a Mockingbird – Harper Lee

    mockingbird.png

    Малку чудно што книга за неправедно обвинет црнец на крај се обиде да биде feel-good и да има среќен крај. Плус целото дејство беше фокусирано на белците и на тоа како тие ја искусуваат целата ситуација. Гледам како делово било револуционерно во 60-те во поглед на тоа да даде слика дека не е тешко да се израснат деца на нерасистички начин, но веќе ја има изгубено својата релевантност. Исто така гледам зошто е лектира во американските училишта според тонот, пораката и желбата да е сè розово. Инаку книгата беше океј, доста досадна сè до моментот кога почнува судењето, а потоа се прелетува низ неа.

    Осмица – Румена Бужаровска

    osmica.png

    Одамна ја меркам оваа авторка и морам да кажам дека ми се допадна оваа книга. Расказите се читливи, сурови, јасни и многу многу језиви. Ми се допаѓа што се посветила да пишува само од женска и детска перспектива. Расказите од гледна точка на деца особено ми се допаднаа, а морам да го издвојам Ќофтиња од кал. Многу разочарувачка, одвратна и реална приказна. Авторкава одлично го пренесува типичниот македонски живот во страниците, до толку што додека читаш го добиваш истото гадно чувство како што би го добил да си присутен таму додека се одвиваат настаните, истото чувство што го добиваш додека си сведок на други слични гадни настани во реалноста. Ме интересираат поновите нејзини дела, наскоро ќе ги побарам и нив.

    Emotional Intelligence: Why It Can Matter More Than IQ – Daniel Goleman

    emiq.png

    Книгава беше доста интересна, навистина го покажа она што си кажува дека ќе го покаже: дека во светот многу вреди да се емоционално интелигентен. Е сега дефинитивно фалеше нешто, а гледам и други луѓе се согласуваат. Иако детално ги објаснуваше работите на кои беа посветени поединечните глави: невронаучните објаснувања за емоциите, навигирање семејни односи, птсд, булинг кај деца итн. некако мислам дека големиот план на книгата не му беше добро организиран за да даде најјасна слика за емоционалната интелигенција како концепт. Инаку сметам дека секој би имал добивка од читањето на книгава, бидејќи е од исклучителна важност сите да ги знаеме и да ги контролираме сопствените емоции, како и да умееме да навигираме со туѓите. Пораката на книгата е јасна: EQ има силно влијание врз спречување anger issues, анксиозност и депресија и многу е важно од најмала возраст да ги тренираме децата во тоа.

    A Clockwork Orange – Anthony Burgess

    clockwork.png

    Да си кажам уште сега, скоро ја завршив книгата и уште не сум ја процесирала. Ама ми остави голем впечаток и ми се допадна многу, навистина нешто поразлично од тоа што сум читала. Отвара интересни прашања во врска со тоа што значи да си добар, nature vs nurture, морал основан на намери vs основан на последици, слободна волја, улогата на владата во справување со криминал... Дали може на ваков начин да натераш некој да биде добар? Дали е воопшто добар ако е вака натеран? Дали е битно што е натеран ако на крај сепак не прави зло? Многу интересни теми. Наскоро ќе го гледам и филмот и се надевам нема да ме разочара.

    Инаку книгава добива огромен плус за сленгот што авторот го вметнува во говорот на младите ликови. Многу интересна, забавна и паметна лингвистичка игра што му дава страшно уникатен печат на делово. По првата прочитана страница не можејќи да се снајдам низ купиштата руски зборови се залетав да барам киндл речник од сленгот и се соочив со прекорите на сите онлајн да не се користи речник бидејќи така е многу поинтересно. :D И беа во право. Книгава од мене добива чиста петка.
     
    На Букерко, SV1911, deasmamas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    God of the Woods - Liz Moore

    5 / 5 :*:

    [​IMG]

    За книгава, бев спремна да одвојам околу 3 недели читање, со оглед на тоа што има скоро 500 страни. Ја проголтав за 3 дена. :D

    Не знам кога по патот сум заборавила дека читање фикција знае да биде вистинско задоволство, но книгава ми беше поврат кон тоа.

    Се работи за мистерија во 1975 година која се одвива за време на летен камп. Исчезнува ќерката на фамилијата која е сопственик на кампот и имотот околу. Но, 14 години пред тоа, на многу сличен начин исчезнал и нивниот син, кој никогаш не е најден.

    И така дејството се одвива од многу различни povs, ама секој од нив потребен и интересен. Секоја перспектива откриваше и истовремено додаваше нов слој на приказната и многу повеќе ме емотивно инвестираше отколку да ја немаше перспективата на некој лик. Ликовите се комплексни, често морално сиви, just how I like them. Исто има скокање минато - сегашност и во секоја доба, со секој лик, во секоја сцена, авторката одлично го креира амбиентот. Многу добро пишување. Баш секоја реченица, без исклучок, си имаше своја причина да биде ставена во книгата.

    Крајот беше сосема коректен и задоволителен, мене лично многу ми се допаѓаше, но не би ја читала книгава очекувајќи го најголемиот плот твист што постои. Сепак, навистина вреди да се прочита. Вистинско уживање ми беше и оправдано има висок рејтинг на goodreads.
     
    На Mishela и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Piranesi - Susanna Carke

    4 / 5 :*:

    [​IMG]

    Оф, пак јас во темава, ама морам да пишам за книгава. :D

    Ова е најуникатно и најчудно нешто што имам прочитано. Не знам како да ве натерам да ја прочитате книгава без да откривам ништо за неа, затоа што така е најдобро.

    Но, на кратко: Се наоѓаме во куќа со бесконечно многу бесконечни ходници. Во куќата е затворен океан кој слободно се распространува низ ходниците. Освен главниот лик, во куќата има само уште една личност, The Other.

    На почетокот бев многу збунета, тешко беше да се внесам, морав да препрочитувам параграфи. Среќа што е кратка книгата инаку мислам никогаш не би ја прочитала.

    Многу е добро напишана, се чувствував како да сум з̶а̶г̶л̶а̶в̶е̶н̶а̶ влезена во надреалистична слика. Текстот беше исполнет со зборови што не ги разбирам и работи што многу тешко се визуализираат, ама сепак имав многу јасна слика во главата. Баш беше чудна атмосферата, не знаеш дали тоа што ликот го искусува е вистина или не, на моменти баш конфузно, ама во исто време конфузијата не трае долго.

    Добива 4/5 ѕвезди од мене едноставно поради тоа што јас всушност не сакам чудни книги, лична преференца. :D Сепак, концептот е многу интересен, пишувањето добро, има убави цитати. Читав оцени на goodreads и приметив дека другите многу поемотивно и длабоко ја доживеале книгава, јас лично не, па и затоа намалувам :*:.
     
    На RainBow, Deus ex mahina, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    187
    Pen Pal -J.T. Geissinger
    Wow.. цел ден сум под импресии од книгава, не можам да споделам многу бидејќи не е тоа тоа, ама 5/5.
    Имам уште 3-4 книги од овој автор прочитано па кога почнав да ја читам имав страшно различни очекувања. Малце е збунувачки описот на Goodreads ама нека не ве обесхрабрува.
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Man Who Mistook His Wife for a Hat – Oliver Sacks

    hat.png

    Во книгава невролог опишува голем број уникатни клинички случаи на кои работел во текот на годините. Меѓу нив се луѓе со проблеми со меморија, проприоцепција, сфаќање и формирање јазик, луѓе што поради seizures имаат аудио или визуелни халуцинации, луѓе-саванти со аутизам, како и човек кој не може да перципира разлика меѓу човек и предмет, според кој е насловена книгата.

    Ми се допадна што авторот наговести дека целта му е да им даде душа на луѓето за кои зборува, да не биде книгава само како документација на различни невролошки случаи. Беше доста интересна иако на моменти почнуваше да зборува во стриктно медицински јазик без потреба, кога јасно има кажано дека книгава не би била посебно фасцинантна за стручни лица од таа област.

    Најсилен впечаток ми оставија браќата близнаци со аутизам кои имаат изворедно апстрактно разбирање на броевите и на математиката, што дури на моменти си „разговарале“ разменувајќи прости броеви. Никој никогаш нема да дознае што всушност знаат и гледаат бидејќи нема како да го споделат тоа. Коинцидентно меѓу наредните книги што ми беа за читање имав книга точно за прости броеви и ова ме натера да ја почнам.

    The Music of the Primes – Marcus du Sautoy

    primes.png

    Уште во воведот на оваа книга беа спомнати близнаците од претходната. :D Не преувеличувам кога го кажувам ова, книгава можеби е најдоброто нешто што сум го читала.

    Ја раскажува приказната за откривањето на мистериите што се кријат зад простите броеви, поточно за поставувањето на Римановата хипотеза и обидите на бројни математичари, меѓу кои најголемите експерти од теорија на броеви, конечно да ја докажат.

    Кога ја завршив книгата добив некое чудно празно чувство знаејќи дека веќе ја немам таа привилегија секој ден да исчекувам одново да се внесам во тој свет: апстрактен, непостоечки, поизмислен и од најизмислените работи што може да ги замислиме, а сепак со неповторлива убавина во него. Математиката од теорија на броеви, а особено сè поврзано со простите броеви, е многу хаотична, затоа кога некој ќе успее да најде некаков ред во сето тоа триумфот е уште толку поголем.

    Темата воопшто не е едноставна, ниту пак лесна за варење, ни на интелектуално, ни на психолошко ниво. Ама мило ми е што постојат вакви книги што ни дозволуваат на нас обичните луѓе да добиеме дел од тоа задоволство на сфаќање на суштината на постоењето. Како спротивност на тешката тема, толку убаво беше напишана книгава, што математичарите ги доживеав баш како ликови од фикција, блиски, реални, карактеристични, како да ги познавам лично. :D

    Хипотезата на Риман до ден-денес останува недокажана. Дали некогаш ќе биде, останува да видиме. Математичарите пробувале да им пријдат на простите броеви од многу страни, и иако досега не ја докажале прочуената хипотеза, откриле многу нови фасцинантни работи, нашле вртоглави поврзаности со други навидум неповрзани полиња, ја создале модерната криптографија, па дури и откриле нови математички полиња како алгебарска геометрија (најапстрактното нешто што го имам сретнато во животов).

    Велам откриле, а не создале, бидејќи според мене математиката се открива, како единственото ултимативно објаснување на природата. А математиката зад простите броеви е навистина посебна, зашто чекор по чекор, само преку чиста математичка дедукција се стигнува од обично броење до откривање буквална музика во броевите.:inlove:
     
    Последна измена: 1 септември 2024
    На Leanne, Deus ex mahina и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Dark Matter – Blake Crouch

    dark-matter2.png

    Професор по физика кој има жена и дете се прашува каков би му бил животот ако се посветел на кариерата наместо на семејството. Набрзо добива шанса да „отпатува“ во паралелен свет и да се соочи со тоа.

    Јас се борев со демони да не ја завршам книгава за помалку од 24 часа. :D Приказната, иако да речеме малку предвидлива, беше доволно интересна за постојано да те копка што ќе се случи и да те натера да прелеташ низ страниците. Ми се допадна како беа објаснети научно-фантастичните делови, а и парадоксите кои се јавуваа по пат евентуално беа решени.

    Цела книга мислев на фактот што постојат бесконечно верзии од него што би се вратиле во неговиот свет и за среќа тоа беше клучен plot point во вториот дел од книгата. Ама воопшто не се спомна тоа што не е само еден научник Џејсон што ја измислил машината, туку бесконечно Џејсони, што влегле во бесконечно многу „семејни“ светови и технички кога лутаа низ ходниците тие требаше да се полни со Џејсони, не само тој еден што го сретнаа. :?:

    Како и да е, имаше интересни моменти во книгата, ама имаше и слабости. На пример целата дихотомија во врска со кариера/семејство ми е ептен застарен муабет. Ликовите исто така беа малку стереотипни. Впрочем, авторов е истиот што го напишал Wayward Pines серијалот, и кога ќе размислам подобро главниот лик таму и тука е скоро па идентичен. И како последно, стилот на пишување беше мноогу cheesy, многу некако холивудски, и фактот што сите ликови цело време беа испошокирани од секое најмало нешто што ќе се случи ми беше ептен нападно.

    Како и да е, книгава е топ за оние што сакаат нешто брзо и лесно за читање, и поврзано со мултиверзуми, животни одлуки, ефекти на пеперутка итн. Јас иако не ја сметам книгава за нешто многу импресивно, сепак уште се сеќавам на неа иако ја читав пред околу еден месец, а тоа е добар знак. :lol:
     
    На Thor и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Afrodita*

    Afrodita* Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Untitled.jpg
    -Мојата мрачна Ванеса


    Јас сум тотално под импресии од книгава.
    Темата е како девојче од 15 години се вљубува во нејзиниот професор од 42. Потенцирано е вљубувањето. Значи овде не станува збор за насилство,принуда, туку овде е опишан цел спектар на емоции што и се случуваат на девојката-дете. Толку длабоко, толку силно,што дури и почнувате да верувате дека она стварно била вљубена... Браво за авторкатка, за целиот детален опис што не ме остави да спијам два дена и само да мислам на неа.

    Оцена - 5/5
     
    На st-el, blackpanter, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    The Body Keeps the Score – Bessel van der Kolk

    bkts.png

    Книгава е напишана од психијатар и е во врска со тоа како траумите ѝ влијаат на животот на една личност. Кога ја почнав не мислев дека ќе е за ептен хардкор трауми, да знаев веројатно немаше да ја читам, ама еве. Мислам дека имаше некои интересни моменти, имаше што да се извлече, иако беше painfully долга и монотона и многу пати се повторуваше. Ама дознав некои работи за кои немав слушнато досега, како на пример лечење трауми преку емоционални изливи при следење на движење на прст, преку наменски театар, преку јога итн. Откако ја прочитав видов дека имало некои контроверзии околу авторов и неговото клиничко упориште, ама искрено не ме интересираше толку многу за повеќе да истражам.

    Lingo: A Language Spotter's Guide to Europe – Gaston Dorren

    lingo.png

    Секоја глава од книгава се однесува на некој европски јазик и тоа беше стварно интересно. Главите беа многу кратки, па на моменти се осеќаше површно бидејќи само што си се заинтересирал гледаш завршила главата. Ми се допадна што книгава не беше нешто посебно сериозно, туку баш беше во забавен стил напишана. Убаво беше што на крај на секоја глава имаше англиски збор кој е позајмица од тој јазик и збор од јазикот со уникатно значење што би бил интересен. Ако ве интересира, македонската глава се однесуваше целосно на фактот дека Кирил не бил Македонец. :D Доста разочарувачко ама не ни можев нешто друго да очекувам. Јас на книгава ѝ дадов четворка. Беше интересна многу ама ѝ одземав една ѕвезда бидејќи е прекратка и секако од инат бидејќи немаше ништо лингвистичко во нашата глава. :lol:

    Invisible Women – Caroline Criado-Perez

    iw.png

    Оваа книга мислам дека полека си го обезбедува местото меѓу задолжителната феминистичка литература. Го истакнува недостигот од податоци во врска со жените и резултатот од таа дупка кој се одразува во отежнување на животот на жените, и сето тоа поминува незабележано во конфузниот вртлог од информации во кој секојдневно се наоѓаме. Особено ми остави впечаток проблемот со јавниот превоз, моментално актуелен кај нас, кој е најчесто го користат жени, а на никој на памет не му паѓа да спомне дека овој проблем непропорционално ги афектира жените (освен Медуза). Дури самиот дизајн на линиите на јавен превоз е направен за да ги служи потребите на мажите. Се покажало дека жените имаат различни шаблони на транспорт, главно поради неплатената работа која им паѓа на грб, ама превозот работи против нив.

    Неплатената работа (домаќинлукот) е причина за уште многу многу негативни последици врз животите на жените. А кога работата не е платена, таа е невидлива, не влегува во БДП, не се зема предвид при доделување работни часови и сево ова придонесува на магичниот круг каде жените работат повеќе од мажите, помалку се платени, и како капак на сè не се ни земаат предвид кога се тестира безбедност на кола, бидејќи постои само еден вид „човек“, а тоа е човек со патлак меѓу нозе.

    И секако најфрустрирачко од сè е што освен ако не ја прочиташ книгава, нема да знаеш ништо во врска со ова, и ќе си мислиш дека феминизмот победил во моментот кога стана општествено неприфатливо маж ти да ти удри шамар ако го погледеш накриво. Книгава е многу депримирачка од таа страна, кога ќе сфатиш дека мизогинијата е зацементирана во секоја клетка од општеството и единствен начин да се промени тоа е кога жени се наоѓаат во позиција да носат одлуки за дизајн на продукти, примероци во студии, меритократски одлуки во компании, во медицина, во законодавство. Дополнително е депимирачки фактот што секој обид тука да се збори за вакво нешто е задушен со приказни за choice feminism. Единствениот избор во ваков систем е да дозволиш да те одвее вртлогот или со сите сили и напори да одиш против него.

    Книгава треба да ја прочита секој што мисли дека „ги имаме сите права“ и од мене добива 5 ѕвезди иако го имав најнегативното, gut-wrenching искуство читајќи ја.
     
    На RainBow, Briar Rose, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    493
    Дали некој ја има прочитано книгата внимавај кој волк го храниш да ми даде искрено ревју, за поклон ми е