Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    NADIJA-HASIMI-BISEROT-STO-JA-SKRSI-SKOLKATA-TOPER.jpg

    :*::*::*::*::*:

    Книгата ги следи животните приказни на две жени од различни генерации во Авганистан – Нехма и Шекиба – чии судбини се преплетуваат преку традицијата бача пош. Овој обичај им овозможува на девојчињата да се претставуваат како момчиња, добивајќи привремена слобода во општество каде што жените имаат малку избори и уште помалку права.

    Приказната на Нехма се одвива во современиот Авганистан. Како најстара ќерка во семејство со пет ќерки, таа станува бача пош за да ги ублажи притисоците на нејзиниот татко, кој е зависник од опиум. Нејзиниот живот како „момче“ ѝ носи привилегии – може да оди во училиште и да се движи слободно – но истовремено ја соочува со неизбежната реалност дека оваа слобода е привремена. Од друга страна, приказната на Шекиба, која се одвива еден век порано, ја прикажува нејзината борба како сираче во руралниот Авганистан. Поради општествената стигма и загубата на семејството, таа на крајот станува чуварка во харемот на кралот, каде што нејзината способност да преживее зависи од нејзината умешност и приспособливост.

    Книгата детално и реалистично го прикажува секојдневието на жените во патријархално општество – ограничувањата со кои се соочуваат, компромисите што мораат да ги направат и малиот простор за личен избор. Некои сцени се подолги и на прв поглед можат да изгледаат како да не придонесуваат директно за главната приказна, но токму тие моменти даваат подлабок увид во културните норми, рутините и динамиката на семејниот живот во Авганистан.

    Книгата мајсторски ја прикажува суровата реалност, но и силата на женскиот дух. Иако некои сцени се подолги, сметам дека токму тие длабоко ја доловуваат авганистанската култура и секојдневниот живот.

    Книга за издржливост и надеж. Книга за подлабоко разбирање на животот на жените во општества каде што слободата е привилегија, а не право.
     
    На eliesaab, DragonFly22, Puellapulchra и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    71bhjJHmpQL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg

    Со книгава мислам дека се вљубив во читањето... повторно. Иако главите беа долги, ги читав со нетрпение да се разлиста приказната.

    Навидум приказна за тинејџерска љубов, не многу поразлична од останатите љубовни новели, но во себе крие тежина. Еден претажен и неочекуван пресврт во приказната, книга која не ме остави рамнодушна. Последните глави ги читав со солзи во очите.

    Ландон Картер, главниот лик, ја раскажува приказната во прво лице еднина. Тој всушност, прави една ретроспектива на настаните кои му се случиле на 17 години, настани кои му го промениле животот засекогаш.

    Ландон се вљубува силно во Џејми Саливан, едно прекрасно тивко повлечено девојче, кое е дефиниција на бубалица. Взаемна љубов е, и таа него го засакува исто колку што и тој неа. Приказната на почетокот оди тивко и полека, самата мисла на авторот ветува, додека некаде пред крајот се случува пресвртот кој не го остава читателот ладнокрвен.

    Книгава има од мене чиста 10-ка.
     
    На Eunoia, st-el и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    29.181
    Пол:
    Женски
    The Three-Body Problem
    The Dark Forest
    Death's End

    – Cixin Liu

    Remembrance_of_Earth's_Past_trilogy_book_covers.png

    Долго време ги среќавав книгиве ама бегав од нив како ѓавол од темјан бидејќи серијали ич не ми прават ќеф. :lol: Ама еден другар ги испофали на стори и морав да ги прежалам.

    Не се покајав воопшто. Книгиве се пребогати, интересни и многу immersive (нема соодветен македонски збор, не ме тепајте). Сите сај-фај концепти беа поткрепени со одлични аналогии.

    Најдобра ми беше првата книга, зашто почнува на едноставен начин и во текот на целата книга лебди мистерија која полека се разоткрива. Втората книга исто така имаше свои генијални моменти за сметка на што изобилуваше со воено линго што беше малце тиња за читање. Третата тематски комплетно навлегува во космички хорор и успеа да ми предизвика real life кошмари. ^_^

    Е сега, книгиве си имаат свои проблеми, како на пример тоа што ликовите постојат само како носители на приказната и ретко кој од нив е интересен, likable или пак успева да остане во наредната книга. :D За женските ликови не правиме муабет зашто до утре ќе треба да пишувам.

    Вреди да се напомене дека книгиве се агресивно кинески. :D Ама тој дел баш ми се допадна, особено во првата книга кога голем дел од дејството се врти околу Културната револуција. Не сакам да откријам ништо од приказната зашто ако некој сака да ги чита, најубаво е да им пристапи на слепо.

    За оние што се заинтересирани, ама рaзбирливо не сакаат да читаат 2000 страници, има серија на Нетфликс со истото име и мора да признаам дека е навистина добра. Особено визуелните делови што во книгата се досадни, во серијата се феноменални. Е сега, во интерес на едноставноста, ликовите се чорба каша направени, од 100% Кинези станаа 90% Британци, а и еден куп детали се изоставени. Дечко ми ќе ме фрлеше низ прозор од што на секои две минути се изјаснував како е сè поразлично во книгата.

    All in all, ги препорачувам книгите за секој што сака научна фантастика. Не се кратки и едноставни, ама изобилството од концепти, филозофии, политики, стратегии и пресврти се токму она што ги прави уникатни и вредни за читање. (y)
     
  4. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    Mokap_SAMO_OVA_LETO_Abi_Himenez.png
    Ретки се книгите што оставаат толку силен впечаток, што по нив сè друго изгледа бледо. Just for the Summer од Abby Jimenez е токму таква – романса што не само што плени со својата приказна, туку остава неизбришлива трага.
    Ова е една од оние книги што те обземаат целосно, што прават да се смееш, да плачеш, да чувствуваш сè подлабоко. Ликовите се толку живописни и реални, што имаш чувство дека навистина ги познаваш. Љубовната приказна е нежна, интензивна и полна со емоции што те тераат да ја преживуваш заедно со нив.
    Ова е прва книга што ја читам од Аби Химеез, и ако ова е репер за нејзиниот стил, тогаш дефинитивно ќе барам уште. Не знам како ќе продолжам да читам други книги по ова, без да ги споредувам и да се разочарам. Оваа приказна постави многу висок стандард за она што очекувам од романтична литература.
    Ако барате романса што ќе ве освои, што ќе ве натера да ја проживеете секоја страница и што ќе ве остави воодушевени долго по последната реченица – Само ова лето е токму таа книга.
    :*::*::*::*::*:
     
    На CameliaMiller, GirlVolley, Eunoia и 4 други им се допаѓа ова.
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Изгубеното писмо 50/10 :*::*::*::*:

    Вака убава книга немам читано одамна.
    Едно писмо води до разрешување на судбините на едно семејство и сираче што станува чирак кај истото еврејско семејство во пред - воена Германија. Моќта на споменот , луѓето борбата за живот , и искрената љубов.
     

    Прикачени фајлови:

    На st-el, Milobebence, *Ench@nted* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.210
    Допаѓања:
    67.685
    Пол:
    Женски
    All better now - Neal Shusterman
    Книгава имаше навистина интересна замисла, ама...
    Нова варијанта на ковид го зафаќа светот, но по оздравувањето од вирусот луѓето имаат и промена на личноста, односно го гледаат светот со поинакви очи и се обземени од некоја среќа каква што не почувствувале до тогаш.
    Но, што се случи? Како можеше Шустерман таквата интересна замисла толку досадно да ја обработи? Тотално разочарување книгава, башка ја завлеков од што ми беше досадна, крајните страници така ги пролетав да се откачам само.
    Жалосно.
    Иако би му дала шанса пак, ама уште едно ваква книга и толку ќе е.
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    459.DNK_-1352x2048.png
    Прва книга од серијата „Детската куќа“! Мрачен психолошки трилер што ја следи истрагата за серија брутални убиства во Исланд. Првата жртва е жена убиена на монструозен начин додека нејзиното дете сведочи на настанот. Истрагата ја води детективот Хулдар, а во случајот е вклучена и психологот Фреја, која работи со детето сведок.
    Ова е прв роман од Ирса Сигурдардотир што го прочитав, и морам да признаам дека не бев подготвена за ваква мрачна атмосфера. ДНК е вистински хорор-трилер што на моменти навистина ми беше тежок, но авторката знае како да ја одржи тензијата и да те натера да вртиш страница по страница. Она што најмногу ме воодушеви беше крајот – твист што целосно ме изненади и направи сè да добие ново значење. Иако жанровски можеби не е мојот прв избор, приказната е толку добро изградена што заслужува 4/5.
     
    На CameliaMiller, Leanne, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.709
    Пол:
    Женски
    Ако не си ја читала, на истава тема Емоционална интелигенција ама на Клод Стајнер, многу ми се допадна мене. Кај нас мислам дека е во издание на Магор.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.502
    Допаѓања:
    272.134
    Не знам баш да рецензирам книги, ќе се обидам.
    Последни две што ги прочитав се од Алена Морнштајнова, Хана и Тивки години:
    52772046.jpg tihe96.jpg

    Хана е постара книга, Тивки години е понова; затоа и можеби очекував повеќе.

    Книгите се сместени - и двете - во три различни периоди - денес Чешка - предвоена Чехословачка и периодот на СССР.

    Писателката и во двете книги оди напред и назад во времето, различни ликови го раскажуваат дејствието преку свои очи.

    Хана ја оценив со 4 ѕвездички затоа што писателката иако раскажува многу убаво и живописно, испушта прекрасна можност да го продлабочи ликот на Хана, која е очигледната протагонистка. Само површно допира преку искуствата кои се најзначајни детерминанти зошто Хана е таква каква што е. Сепак, целокупно, солидна 4ка.

    Од Тивки години имав поголеми очекувања баш затоа што е напишана после Хана, се надевав дека ќе има подобра разработка на ликовите. Алена е одлична во опишување на општеството, бизарностите, спротивностите во него, но повторно потфрла во допирањето на сржта и суштината на своите протагонисти.

    Посебно во Тивки години, нашата протагонистка Богдана, речиси цела книга не знаеме зошто поточно е "чудна". А и кога ќе дознаеме, повеќе прашања, отколку одговори имаме.

    Повторно целата поента дека ниту една идеологија не е поголема од "своето" е напишана, но чувствата на оние кои се наоѓаат во центарот на таа жижа ги нема. Дури и "пресвртниот" момент ми беше клише. Крајот, освен ако нема намера да напише и втор дел, нема смисла. Можеби сака да остави "отворен крај", но мене не ми личи така - повеќе како недовршена книга за барем уште 10 страни за да има смисла.

    Како и да е, самиот стил на пишување, опис на места, време, карактери на споредни ликови, општество во даден период е многу добро, оттаму 3ка.

    Се надевам ќе прочитам пак нешто од неа, навистина писателка со голем потенцијал која свесно и умешно го опишува периодот на Чешка во состав на СССР, но и' недостасува "запознавање" со ликовите.
     
    На MeowMeow и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.502
    Допаѓања:
    272.134
    45454195.jpg
    4/5

    Книга која истовремено нè тера да сочувствуваме со 13 годишно девојче и нејзината наивност и чистота; и да чувствуваме бес кон возрасните во нејзиниот живот.
    Да се сетиме дека сепак познаваме некоја како Адалгиса - која предизвикува чувство на жал и презир истовремено.

    4 од 5 само затоа што би сакала да е книгата подолга, а и да дознаам како всушност се вика вратеното девојче. :)

    @Abel ја прочита ли?
     
    На MeowMeow, allaround, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.709
    Пол:
    Женски
    Уф ти си брза, јас сум болна :D:D не сум уште, ќе пратам абер.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.210
    Допаѓања:
    67.685
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Famous last word - Gillian McAllister
    Се измачив со книгава. Не знам ни зошто воопшто ја дочитав, да бидам искрена. До крајот не ми ни беше гајле кој е, зошто е и што направил.
    70посто од книгава ништо не се случуваше, ама баш ништо.
    Мажот на женава, не знам ни како се викаа, зеде двајца за заложници во некој магацин и ги уби. И женава поим нема како, зашто, кој, што, и така 70 посто од книгава се прашуваше све истото.:sweat::smirk:
    Уште една авторка која ќе ја прескокнувам и заобиколувам во иднина, за жал.
    [​IMG]
    The answer is no - Fredrik Backman
    Го прочита кратково книгиче од Бакман, додека ја чекам новата книга да му излезе во мај.
    Не беше лошо, топла емотивна приказна со порака, како и другите негови книги и книгички. Навистина знае човеков како да ги посложи зборовите.
     
    На zence му/ѝ се допаѓа ова.