Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,876
    Likes Received:
    12,063
    Gender:
    Female
    IMG_0553.jpeg

    Каква книга, уште не можам да се присоберам.

    Плачев уште од самиот почеток. Филмот го имав гледано пред многу време, но додека ја читав книгата сфатив дека речиси ништо не паметам од него.

    Морам да признаам дека книгата ми остави многу посилен впечаток од филмот. Додека читав, си го замислував соседството, Уве, семејствата, снегот пред тремот… и така си плачев.

    Не знам дали плачев затоа што Уве неизмерно ме потсети на дедо ми, кој почина и премногу наликуваше на Уве или затоа што ова е приказна со толку силна порака и една од најубавите љубовни приказни што сум ги прочитала.

    Го обожавам Уве. Начинот на кој е прикажана неговата љубов кон Соња е прекрасен, а уште повеќе ме трогна тоа што, без воопшто да биде свесен, тој им ги промени животите на луѓето околу себе. Им помогна на сите, а не забележа дека, во меѓувреме, токму тие му помагаа нему.

    Му помогнаа повторно да ги почувствува и покаже своите емоции. Му помогнаа да не се откаже од животот, иако единственото што го посакуваше беше повторно да биде покрај Соња. И така, чекор по чекор, сите си станаа спас едни на други.

    Мислам дека долго ќе размислувам за книгава… и дека ќе заплачам секојпат кога ќе ми текне на неа.
     
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,876
    Likes Received:
    12,063
    Gender:
    Female
    IMG_1348.jpeg

    Дефинитивно можам да кажам дека цела “врева” околу романов, навистина беше оправдана, бар за мене.

    Пред да ја земам в раце, никогаш претходно не бев слушнала за поимот tradwife, а уште помалку ја разбирав културата што стои зад истиот. Повеќе од сè, некако книгава ме врати во реалноста и ме потсети на една вистина што сите ја знаеме, но премногу лесно ја забораваме: Инстаграм и социјални мрежи не е вистинскиот живот.

    Отсекогаш сум била свесна дека социјалните мрежи ни прикажуваат внимателно уредени и селектирани верзии на реалноста, но сепак, како и многумина верувам, понекогаш се фаќам себеси како го споредувам сопствениот живот со тие навидум совршени светови.

    „Yesteryear“ ме натера да погледнам подалеку од естетиката. Ми покажа како зад една идилична слика на социјални мрежи можат да се кријат осаменост, контрола и губење на сопствениот идентитет.

    Не можам да кажам дека навистина ми се допадна некој од ликовите и баш сите ми беа иритантни. Единствен исклучок беше Абигејл, нејзиниот развој низ приказната беше некако убаво изграден, суптилен и стварно имаше character development. Од друга страна, Натали ме нервираше од сам почеток до крај, иако верувам дека токму тоа била намерата на авторката, така што very good job. :*:

    Она што најмногу ме вознемири беше сознанието колку убедливо можат да изгледаат тие внимателно создадени слики. Однадвор гледаш само прекрасни фарми, домашно печен леб, долги фустани и насмеани семејства, прашувајќи се како сите тие луѓе успеале да го пронајдат совршениот живот, а всушност е тоталната спротивност.

    Оваа книга ме потсети дека зад секоја совршено кадрирана фотографија постои реалност што ретко имаме можност да ја видиме и дека токму најживописните животи понекогаш ги кријат најголемите ограничувања.

    За мене, книгава е многу повеќе од приказна за tradwife movement. Некако ќе ми остане вмрежана дека е потсетник критички да ги преиспитуваме приказните што секојдневно ни ги сервираат социјалните мрежи и никогаш да не заборавиме дека естетиката не е исто што и вистинската среќа.
     
    Arja, MeowMeow, Nausicaa and 3 others like this.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,876
    Likes Received:
    12,063
    Gender:
    Female
    IMG_1549.png

    Искрено, не се сеќавам кога последен пат се почувствував толку емотивно поврзана со една приказна. Можеби затоа што и јас имам сестра. Колку и да се различни две сестри, меѓу нив секогаш постои врска што тешко може да се опише со зборови. Додека читав за Марина и Анна, често се фаќав себеси како размислувам за мојата сестра и за тоа дека семејните односи никогаш не се толку едноставни како што изгледаат однадвор.

    Кога двете сестри повторно се среќаваат во 2010 година за да ја продадат пекарницата што неочекувано ја наследуваат, всушност ги отвораат вратите кон години исполнети со спомени, неодговорени прашања, болка, љубов и сè што останало неизговорено. Приказната полека се расплетува, а пред да сфатиш, веќе си целосно вовлечен во неа, а ако сте плачки како мене, ќе си плачете на секоја страна :x

    Една од работите што најмногу ми се допаднаа беше самиот стил на пишување. Описите никогаш не се чувствуваа како да се таму само за да ги пополнат страниците. Секоја просторија, секој леб, секое катче од пекарницата изгледаа толку живописно што лесно можев да ги замислам. Во еден момент дури си помислив колку би било прекрасно да имам мала пекарница (a girl can only dream and romanticize:inlove:)

    Особено ми се допадна тоа што ова не е книга која се обидува да понуди едноставни одговори. Наместо тоа, јасно те потсетува дека секое семејство крие нешто за што никогаш не зборува, дека секој човек носи спомени кои никој друг не може да ги види и дека љубовта меѓу сестрите не мора да биде совршена за да биде исклучително силна.

    Со сигурност можам да кажам дека книгата ја доживеав преку призма на сестринската топлина и љубов како и за созревањето, за товарот што го носиме од нашите семејства, за учењето да простуваме и за сознанието дека луѓето најчесто умеат да сакаат онолку колку што знаат и можат, дури и кога таа љубов не изгледа секогаш како љубов.

    Знам дека ова е една од оние книги на кои ќе им се навраќам во мислите и по многу месеци. А веројатно тоа е и најголемиот комплимент што можам да ѝ го дадам.
     
    allaround, grungy, MeowMeow and 9 others like this.
  4. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Joined:
    Feb 8, 2015
    Messages:
    284
    Likes Received:
    456
    Gender:
    Female
    Преубава рецензија. Наредна на листа за од библиотека :sun:
     
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,876
    Likes Received:
    12,063
    Gender:
    Female
    Многу ми е мило што ти се допаѓа, да ја читаш обавезно и да споделиш впечатоци :hug:
     
    dromka and Amellie like this.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,876
    Likes Received:
    12,063
    Gender:
    Female
    IMG_3090.jpeg

    Ве молам некој да ми објасни КАКО Slanting Towards the Sea е првиот роман на Лидија. Сериозно, како?

    Ја обожавав книгава. Ама навистина, навистина многу.

    Ова беше една од оние книги за кои размислував и кога не ја читав и едвај чекав повторно да ѝ се вратам. Без никакво двоумење влегува во моите топ 5 книги за 2026 година и искрено, не морам ни двапати да размислам за тоа.

    Една од омилените работи ми беше начинот на кој Lidija ја опишува Хрватска. Немаш чувство дека читаш за некој што е таму; по некое време, имаш чувство дека и ти си таму. Шеташ низ малите улички, пливаш во тоа неверојатно сино море, пиеш добро кафе некаде покрај вода и едноставно уживаш во тој бавен, обичен, убав живот. Сè можев толку јасно да си замислам што понекогаш затворањето на книгата ми беше како да морам да си заминам оттаму.

    А потоа ја имаме Ивона.

    Многу ми се допадна колку длабоко можевме да ја запознаеме. Нејзиниот однос со мајка ѝ, неплодноста, сè што се случува во нејзиното семејство и начинот на кој сите тие нешта ја обликувале во личноста што е денес. А нејзината одлука да го пушти единствениот човек кој вистински го сакала? Сè уште не знам што да правам со тоа. Ја разбирав, ама во исто време сакав да ја фатам за раменици и да ја прашам: ШТО ПРАВИШ?!

    Семејните односи веројатно ми беа омилениот дел од целиот роман, токму затоа што ништо во нив не делуваше претерано или измислено. Беа комплицирани на еден многу познат начин. Мајка ѝ, која никогаш вистински не слушаше што Ивона се обидува да ѝ каже. Татко ѝ, кој секогаш некако наоѓаше начин вината да ја префрли врз неа. И брат ѝ, човек со кого го дели истото семејство и истото минато, а кој сепак ѝ изгледа како да стои на другата страна од некоја огромна далечина.

    И тогаш Lidija го пишува ова:

    “It seems to me we have always been and always will be, two islands bathing in the same sea with our backs to each other - him facing the sun, me facing the moon, both of us resenting the light the other got. But one of those lights has gone out already and now the other one is fading too. I guess where it leaves us, then, is in the dark.”

    Мислам… ајде.

    Двајца луѓе кои доаѓаат од истото место, кои ја делат истата семејна историја, а сепак ја доживуваат толку различно што на крајот си замеруваат еден на друг за она што веруваат дека другиот го добил. Мислам дека токму овој пасус беше еден од моментите кога сфатив колку многу ми се допаѓа начинот на кој Лидија пишува.

    И искрено, воопшто не го очекував крајот. Во текот на речиси целата книга замислував дека приказната ќе заврши сосема поинаку, можеби и на начин што јас би го сметала за поубав. Кога ја завршив, еден дел од мене сè уште посакуваше работите да тргнеа во друга насока.

    Но, од друга страна, што воопшто значи убав крај?

    Можеби мојот едноставно не беше и крајот на Ивона.

    За прв роман, ова е искрено ненормално добро.

    Пет ѕвездички. И дефинитивно една од моите омилени книги годинава. ⭐️
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,619
    Likes Received:
    281,050
    Kopija-Korica_Првиот-универзитетски-3-изд-v4-X8-Copy-compressed-page-002.jpg

    Првиот универзитетски ден на мојата ќерка - Игор Станојоски

    Ова е мојата прва "средба" со прозата на Станојоски, досега имам прочитано речиси сè од Муза и сметам дека е фантастичен преведувач. Од него ја имам и Диссомнии и ќе му дадам шанса, но, оваа книга, речиси тотално разочарување.

    Самата книга е читлива и се чита за најмногу 1-2 часа, се однесува на баш важна тема за која и треба да се пишува, меѓутоа неговиот пристап, филозофија, ми беа искрено - одвратни.

    Се работи за универзитетски професор Иван, кој живее удобен живот со сопругата во Лавов, сè додека не најде фалсификуван потпис на една студентка и го пријавува истото. Оттука, животот му се превртува за 180 степени.

    Останатото во спојлер затоа што има - спојлери.

    Најголемиот дел од книгата се врти околу тоа како невин професор е обвинет од студентка дека имале афера и како тој пробува да излезе на крај со обвинувањата.

    Самата тема е ПРЕВАЖНА, што мислам дека авторот е сосема свесен и добро ги осликува карактерите и реакциите на инволвираните, вклучитело и неговата сопруга.

    Проблемот е таму каде што, откако очигледно не само што имал афера со *малолетна!* студентка, истата таа е од Припјат и е озрачена од експлозијата (за ова тој не знае) но истата таа ете "знае" дека носи здрав плод и евентуално го раѓа.
    Уште поголем проблем е што не е адресирано колку е погрешно да постои афера професор-студентка, не заради угледот на професорот (тоа и те како е адресирано) туку има доста каде што професоров има епифанија како уживал додека неговата сакана се измачувала. Иако Игор признава дека се тоа патолошки чувства и однесувања, едноставно, во денешниот ден, тој е "добар татко" на Вики, целата премиса на книгата е дека тој е одличен татко. Вики е талентирана, успешна, трудољубива, тој и' е посветен.

    Е ама, си ја среќава бившата сопруга во ресторан и тука има монолог сам со себе како му е жал што е "лажно среќна" со сопствениот живот (како знаеш кога 10+ години не сте прозбореле?), се исмева со нејзината (па и на сите самодоволни жени) самосталност, низ повеќе наврати ја прикажува како припроста, површна дури (а ја познава од факултет, инаку, колешка му била кога студирале).

    Од друга страна, љубовницата, Олесја, прво е свесен дека му е забава и решава дека сака да и' раскине, освен кога конечно сфаќа дека е татко и ја доживува таа епифанија, па сега Олесја е магична, посебна, вљубен е (facepalm)
    Со неа и со ќерката живее 2 месеци пред Олесја да умре од радијацијата, ама Олесја на свои 18 години ја има цела мудрост и стабилност на светот, не се плаши - не, сосема свесно пишува писмо до својата во иднина 18 годишна ќерка. Кое е глу-па-во. Писмото е, демек, стамено, сталожено. Дури проникливо. Не е. Глупаво е.

    И не сум сигурна колку ќерката знае што се случило (бидејќи ја знае бившата жена негова) меѓутоа дури и сопствената ќерка ја разводнува на крај. Нели талентирано, паметно дете?

    Епа од сè што можеше да посака, Вики посака фустанче. Да, фустанче. Оти не можеше ни сопствената ќерка да ја извади од стереотипот.

    Толку важна тема, толку добра тема, толку високи оцени на GR (аман што ви е?) и толкаво разочарување.

    Книгава ме налути. Не знам какви се личните сфаќања на авторот, ама како жена, апсолутно книгава промаши сè каде што можеше да поентира колку е трагично тоа што им се случи на сите, освен на Иван.

    Ова е кратка книга, некои 150 страници. Што не се малку за толку тешка тема, ако земам во предвид дека Модар Накит на Катарина Винклер постои. Со уште помалку зборови носи неспоредливо поголема тежина, а темите суштински не се толку различни.
     
    Last edited: Oct 15, 2026
    RainBow, bookslover, riba79 and 3 others like this.
  8. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Joined:
    Jan 19, 2022
    Messages:
    220
    Likes Received:
    1,340
    Gender:
    Male
    IMG_1696.jpeg

    Книгата ме натера да размислам колку често во секојдневниот живот се среќаваме со луѓе кои ни ја одземаат енергијата, ни ја рушат самодовербата и се обидуваат да манипулираат со нашите чувства. Авторот објаснува како да ги препознаеме таквите личности и, уште поважно, како да поставиме граници без да чувствуваме вина.

    Најмногу ми се допадна пораката дека не можеме да ги промениме сите луѓе, но можеме да одлучиме кому ќе му дозволиме да влијае врз нашиот живот. Понекогаш дистанцата не е себичност, туку начин да го зачуваме сопствениот мир.

    Мислам дека ова е книга што вреди да се прочита, особено ако некогаш сме се нашле во однос во кој постојано се оправдуваме, се чувствуваме виновни или се сомневаме во себе. Едноставна, практична и поттикнува на размислување.
     
    Thor, Elf and MeowMeow like this.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,619
    Likes Received:
    281,050
    Korica_Agnes20v3-page-003.jpg

    Агнес - Викторие Ханишова 5/5

    Викторие Ханишова има неверојатна дарба во речиси 300 страници да напише (а притоа да е читливо, длабоко, содржајно и значајно) нешто што други автори не можат ниту во 1500.

    Оваа книга не е за сечиј стомак.
    Во 300 страни е растргнатоста на модерната жена (мајчинство-кариера), село наспроти град, поимање на самата себе, лични и наследени вредности, посвојување, живот со посвоено бебе (па и било какво - бебе), живот на самохрана мајка, живот со нетипично дете, (не)комуникација, меѓугенерациски трауми и обрасци на однесување.
    Има сè.

    Викторие во ниту една своја книга не ни' нуди решение. Не ни' нуди крај. Не ни' кажува кој е добар, а кој е лош. Не ни' дава лесно да си заминеме од нејзиното дело.

    Успева толку суштински да допре до проблемите за кои пишува, доживувањата, сфаќањата на своите ликови, што никогаш не знаеме дали се протагонисти или антагонисти - затоа што такви се и вистинските луѓе.

    Од мене секоја препорака за книгава, книга што нема брзо да ја заборавам.
     
    MeowMeow, boo3, Thor and 1 other person like this.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,619
    Likes Received:
    281,050
    Korica_Оваа-соба-v3-page-002.jpg

    Оваа соба не може да се изеде - Никол Хохолцерова 4/5

    Многу слична (и потрагична) тематика со Првиот универзитетски ден на мојата ќерка - Игор Станојоски, со таа разлика што оваа книга е многу повеќе емоционално набиена, искрена, реална, болна.

    Никол не ни' кажува што да мислиме, не ни' зборува за чувства, туку ни дава сиров материјал од зборови кои опишуваат ужасно, а сепак реално дејствие, реални мисли, реални доживувања, реални внатрешни борби и реален страшен исход кој сами треба да го откриеме и сфатиме.

    Ниту во еден момент не се воздржува, можеби собата не може да се изеде, ама книгава "се јаде" и се памти долго.

    4/5 само поради тоа што не сакам книги кои имаат 1 реченица на страница (иако сфаќам зошто е тоа така) - стилот на пишување не е моја шолја чај. Сеедно, независно од мојата лична преференца за подлабоко филозофирање или што би рекла, филигран проза, наспроти ова директно изразување кое е како удирање шлаканица по шлаканица, секоја чест на авторката.
     
    MeowMeow, joy1, Zhukov and 1 other person like this.
  11. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Joined:
    Sep 18, 2019
    Messages:
    1,135
    Likes Received:
    3,269
    Gender:
    Female
    Ми стои на листа на читање веќе некое време, ја земав од саемот за книга, мислев друга книга да почнам да читам, но ме замисли твојата препорака, ќе ја почнам Агнес.

    Да не бидам off topic, за љубителите на хорор книги ви ја препорачувам The Buffalo Hunter Hunter од Stephen Graham Jones. На Инстаграм често го препорачуваат овој автор кога се работи за хорор жанрот и не грешат. Одличен стил на пишување, добро истражени теми, а овде темата е интервју со вампирот доколку вампирот би бил Индијанец во почетокот на 20 век. Главниот лик е харизматичен, приказната има ново дејство во секое поглавје, она што е интересно е дека воопшто не се спомнува зборот вампир, но јасно е за што се работи, а низ приказната е прикажана и културата и неправдата што им е нанесена на Индијанците. Јас ја имам paperback верзијата, таа што е со илустрации.е уште подобра.