1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.711
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Мене Нора Робертс како авторка не ми се свиѓа некако. Ни една книга од неа не ми се допаднала.
    А Црнила е класика. Мене ми е must read :)
     
    На Trendafilka и blueeparadise им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Диво месо дефинитивно убава книга а и не е голема,лесно читлива е :)
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Последна прочитана книга

    Проклетството на Баскервилови-Конан Дојл..

    Ме бендиса книгата од проста причина што сакам вакви приказни.
    Во никој случај Холмс не смее да потфрли :!:
    Топло ја препорачувам книгата на тие што ги уживаат авантурите на феноменалните агенти од типот на Поаро и Холмс.
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Последна прочитана книга

    Притаено Зло - Ен Кесиди. Книгава е преубава. Мислам дека ги засакав мистериите со оваа книга. Книгава е нешто како крими мистерија и во почетокот е онака океј. И понатака почнува да биде досадна.. Ама негде од пола книга па до крајот неможеш да ја оставиш ако не откриеш кој стои позади убиството. И ме држеше до крајот во неизвесност, и се си мислев дека еден човек е убиецот, кога испадна еден сосем друг, што не верував дека можеше да биде. Интересна тинејџерска книга.. И мислам дека ќе земам уште книги од оваа авторка. ;) Вреди да се прочита.

    Едит: Додуше, преводот ме изнервира. Можеле да најдат некој што знае да преведува ко што треба англиски. Мислам дека може да ја земам истава книга, ама на англиски :!:. Англиската верзија се вика Talking to strangers. :)
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Последна прочитана книга

    Надарени
    далеку од очи
    далеку од срце (прв дел)
    -Мерилин Кеј
    ..книгата почнав да ја читам од 17 и 30ч. а дури сега ја завршив.. не те остава ни пауза да направиш.. супер книга, би ги прочитала и другите делови :)
     
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Последна прочитана книга

    Дар на ѕвездата Акабар - Ог Мандино; Бади Кеј
    ..ама книгата ептен ми се допадна.. од 8 до 13ч. ја читав.. ептен беше убава :inlove:
     
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Победникот е сам - Пауло Коелјо :)
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.935
    Допаѓања:
    111.462
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Последна прочитана книга

    Последна ја прочитав Марта од Горјан Петревски.
    Човекот има неверојатен талент, и дефинитивно следната книга што ќе ја купам ќе биде од него.
    Книгава ми беше лектира за седмо, колку што памтам и уште тогаш ја прочитав два пати во тек на еден месец.

    Беше касно навечер и незнаев што да прочитам, погледнав во креветот (ми се отвара) и ја најдов збутана во еден кош, во ќеса Марта. Си реков, убава е, ајде пак да ја прочитам. Ја читав до 4 часот наутро! Неможев да ја оставам, едноставно ме зема тоа специфично чувство додека ја читав..
    Пред тоа читав една друга детска книга, од српски автор и се проѕевав од досада. Ми требаше да прочитам нешто од вистински квалитетен автор и си ветив на себе дека следната книга сигурно ќе ми биде од Горјан, и дека сигурно ќе биде Снеговите на Климентина Евин.

    Прочитав извадок од неа во учебникот по Македонски и не можам да одолеам а да не ја купам. А и се поврзувам со нејзе.. Се наоѓам во некако, слична ситуација.. Да не постоеше литературата и музиката, како ќе побегневме од суровата реалност..?
     
  10. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    последна ја прочитав Пајаковата мрежа од Агата Кристи
    а сеа ќе почнам ја читам Отворени карти од Агата Кристи исто.
    Почнувам од неа да ги читам книгите сакам сите да ги прочитам бидејќи ми се допаѓа нејзиниот стил. :D
     
  11. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    `Aнгелот чувар`-Пауло Коелјо, преубава книга, мн ми се допадна
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.711
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Девојката што си играше со оган. просто ја проголтав книгава, морав да дознаам што всушност се случува, инаку немаше да можам да спијам :) Нема еден досаден момент, дури и како математиката се вклопува во целата приказна ме фасцинира, иако мразам математика.
    Е сега, проблемот е што го немам третиот дел :worried:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Јади,моли се,уживај - Елизабет Гилберт :)

    Не сум ништо посебно воодушевена од книгава :)
    Ми се допадна само патувањето во Индонезија и малку од делот за Италија :)
    Тоа за Индија спред мене - тотална утка :)

    Ќе го гледам филмот - баш да видам,што направиле :D
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Срам ми е да кажам, ама дури сега ја завршив Дува од Божин Павловски. :tmi:
    Факултетот е крив....
    А за книгата можам пофалба една да дадам, што се однесува до мене мислам дека е солиден македонски роман со интересна тематика.
     
  15. Koa

    Koa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Последна прочитана книга

    Бескраен ум од Ана Костовска. Збирка на мисли што ја одразуваат реалноста а воедно и ја поттикнуваат фантазијата. Кратка, едноставна и лесна за читање. Книгата е навистина прекрасна.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Последна прочитана книга

    Срце - Едмондо де Амичис. Навистина убава книга, дури сега заклучив..
     
    На BeYourself, Springy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Последна прочитана книга

    "Вероника реши да умре"
    Прекрасна книга според мене, навистина можеме да извлечеме поуки. :)
     
  18. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    '' Сенка на ветрот '' - Карлос Руис Сафон :)

    Вчера оставив коментар во '' Моментално читам '' - можеби некој ќе си помисли дека лажам т.е дека не сум ја прочитала :D

    Но,не - едноставно таква е книгата,не ја испуштив од раце цел ден :)

    Толку заплеткано што некој ќе си помисли дека е добра за да се направи шпанска серија :)
    Јас лично,уживав читајќи за нечиј туѓ живот - и како на крај вистината излегува на виделина :)
    Книгата секако ме натера да плачам - посебно последните страници :)

    Топло ви ја препорачувам :)
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Последна прочитана книга

    Пеколни Планови - Сидни Шелдон.... ВРВ !
     
  20. Beckyy322

    Beckyy322 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Последна прочитана книга

    На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн
    Прекрасна книга, ја прочитав во еден здив и на сите ви ја препорачувам.