1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    А потоа ... - Гијом Мисо.

    Книга која нема да ве остави рамнодушни ... како и секое негово дело. И ќе заврши баш како што не очекувате ... Поготово ако сте како мене и не ве држи газот па предвреме ги ѕиркате последните два реда да знаете дали ке има книгата среќен крај ... Ама трт некогаш грешен заклучок се донесува базирајќи се на тие два реда.

    Книгата е претежно за смртта, испреплетено со вистинската љубов и губитокот на најмилото(сопственото дете). Болката после тоа. Соочувањето со се што следува ... Преку главниот лик Нејтан кој како мал доживува клиничка смрт па добива втора шанса, има тешко детство, немал татко, како и секој човек правел грешки но сепак успева и станува познат адвокат книгата ни покажува и колку човек може да се смени ако мисли дека од животот му останува уште малку ... Колку можеме заради кариерата да загубиме ... Колку секој човек на различен начин се сноси со болката ... Колку психата на луѓето може да биде слаба...

    и како што си е пишано во самата книга ... Ќе не можете да ја оставите но ќе ја читате со голема кнедла во грлото ... Тоа што не очекувате да се случи - Е токму тоа ќе се случи.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Пиреј - Петре М. Андреевски
     
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    "Писмата на Саманта за Џенифер"-Џејмс Патерсон.
     
    На SpoiledBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Последна прочитана книга ми е Јамајка Ин
     
  5. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Последна прочитана книга

    Ќерките на принцезата Султана - Џин Сасон :)
    Многу убава книга. Втор дел од триологијата ПРИНЦЕЗА.

    Планирам да го земам и третиот дел, но малце подоцна.Сега почнавме со школо и морам да седнам да го загреам столчето. |(
     
  6. stronggirl636

    stronggirl636 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Последна прочитана книга

    Последна прочитана ми е Кога лисјата паѓаат, хехех вчера ја прочитав денес ја читам Љубовта на Стефани Плам :)
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    Без збогување.

    Книгава ... Не можам сеуште да ги средам импресиите ама ми го помачи мозочево.
    6 саати ја читам и ја дочитав ... Пресврт до пресврт ... Иако малку развлекувано па може предвреме да се сфати што ке се случи. Барем кој гледа цси и слично ке може да претпостави но да не е многу сигурен.
    Не знам зошто се одлучив баш оваа книга прва да ја читам ама ете ... Бидна. Се на се не е лоша книгата и има
    среќен крај.
    :)
     
  8. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Последна прочитана книга

    Последната книга што ја прочитав се вика „Приказни од самракот“ од Цветка Бевц, словенечка авторка која е многу добра, ама кај нас слабо позната. Книгата можете да ја читате онлајн:
    http://www.kuckamen.com/2011/01/13/%D1% ... %BE%D1%82/
     
  9. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Последна прочитана книга

    Пааа..последна прочитана книга ми ее... :?: најверојатно Алхемичарот - Пауло Коелјо,читана по не знам кој пат :!: ..така убава ми е...ми дава некоја мотивација :)
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    Сега ја читам, ми остана уште малку, ама морам да искоментирам....мене многу ми се допаѓа....дозата на апстракност во приказните е совршено умерена....толку колку што е потрбно за целосно да те окупира и да те натера да ја читаш со внимание....и иако во неколку наврати ќе застанеш да се прашаш, што по ѓаволите читам...брзо сфаќаш дека тоа всушност и поентата и продолжуваш со апетит да читаш...барем јас.... ;) бтв...фала за линкот
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Последна прочитана книга

    Снеговите на Климентина Евин - Горјан Петревски. Штотуку ја прочитав. Прекрасна и посебна книга, на еден својствен начин. Жалам што побарав да ми ја раскажат книгата, сакав да останам во неизвесност.. да видам што ќе се случи. Иако знаев што ќе се случи, сепак до крајот останав во неизвесност. Толку е убаво напишана - нормално, во стилот на Петревски. Веќе прашав во СДП, би сакала да ја најдам неговата контакт адреса, зашто видов на почетокот на книгата имаше писма од негови читатели. Таков прекрасен човек..


    А, сега да се навратам на содржината на книгата. Ах, професорот Ковачки. Јас го доживеав, покрај се, како добар човек во длабочината на неговото срце но осаменик.. И верувам дека и тој на свој начин ја засакал Евин. Но сепак таа љубов ја побарал од неа на погрешен начин.. А, таа го сакаше. Толку многу го сакаше што ова најмногу ја повреди. Не очекуваше такво нешто. А се прашувам и јас, што ќе се случи и со мене? Дали и мојата, исто безнадежна љубов ќе има ваков крај, толку несреќен? Дали треба да се случи такво нешто или нешто слично за да сватам дека ова е погрешно...


    Уште еднаш, прекрасна книга. Се соживував со неа, и воопшто со нејзиниот главен лик, возвишената Евин и знам, мене истото ми се случува.. За жал.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.706
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Каде ја најде Блу? Конечно :clap: Мило ми е што ти се допаднала и мене ми е една од омилените од него. А и сите девојчиња помалку или повеќе поминуваат низ таква фаза ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Последна прочитана книга

    Незнам Виножитке, мајка ми вчера ми ја донесе, препотставувам од Просветно како што ти и ми кажа. :) Вчера којзнае колку часа сум ја читала, скоро цела ја прочитав ама оставив уште малку, колку да ме држи во неизвесност. Ја прочитав.. и малку и ми е жал што така завршува, со заминувањето на Ковачки ама.. така требало да биде, нели. :) А инаку, и јас претпоставувам дека ова е само една фаза, низ која често поминуваме во овој период и брзо ќе помине. ;)


    А инаку следната книга, дефинитивно ќе биде пак од Петревски. Поседува прекрасен талент што така умешно го излева во своите исто предобри книги. :)
    :*

    *Се извинувам на оф топик. :$
     
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Последна прочитана книга

    Синоќа ја дочитав Пајакова мрежа од Агата Кристи и можам слободно да кажам дека женава нема утки во своите дела. Ме држеше во неизвесност до самиот крај!
     
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    Дваесеттата сопруга....одлично... ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.398
    Допаѓања:
    91.251
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Мораш тогаш и Празникот на розите да ја прочиташ. :)
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    ^^^
    едвај чекам да ја купаааам....сега лиги ми направи :lol: ;)
     
  18. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Последна прочитана книга

    Девојки, доста е со шунд литература, бре. Земете читајте нешто квалитетно. Ова што го прочитав сè е за никаде.
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    ^^
    Како на пример?????????
     
  20. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Последна прочитана книга

    За вкусовите не се расправа. На пример најчесто сакам да читам книги со кои можам да се опуштам, да ме релаксираат, нешто од нашето секојдневие, лесен и убав стил на пишување, не сакам само трупање на случки и настани,сакам убава приказна, но не значи дека не читам и некои потешки или "поуметнички" книги. Но ги преферирам првите и тоа не значи дека се без везе. Последна прочитана книга ми е Заедно од Џоди Пико. Мене ми беше супер и би ја препорачала и на вас.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.