1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    Еве виножитце и јас сум на добар пат да ја прочитам, синоќа ја земав од библиотека, ама нешто гужва денес па немам време...а инаку е прекрасна, барем до сега...
    п.с. ја земав водејќи се од твојот од твојов коментар ;) :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.698
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Враќање дома од Даниела Стил. Значи на почетокот книгава ми беше ужасно глупава, се мислев да ја оставам, ама тоа не го можам. И како течеше дејството се повеќе се вплеткував во мрежата на главниот лик, на нејзината неразумна љубов, се обидував да се ставам на нејзино место и да видам дали и јас така би реагирала... Ама не, никако не можев да ја разберам и тоа уште повеќе ме туркаше понатаму, додека не се случи нешто што воопшто не го ни очекував, па приказната доби сосем поинаков тек...
    За заклучок можам да кажам дека приказната ме освои, и се уште се обидувам да ја разберам таквата безусловна љубов...
     
    На Neytiri, Maat, DivljaISlobodna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Последна прочитана книга

    Многу добра книга ја добив на подарок за Св.Валентин, (значи вчера :) ) и само што ја завршив последната страна. Значи одамна немам прочитано нешто вакво. Неделава имам роденден на една колешка и на една блиска пријателка и дефинитивно оваа книга ми ги скрати маките во потрага на поклон. Подобро и од гледање на некоја ултра добра комедија. Немам што да кажам повеќе за дејствието зошто многу убаво е кажано овде, но мора да ја прочитате нема да зажалите, девојки мои! :*
     
  4. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Последна прочитана книга

    П.С. Те сакам од Сесилија Ахерн.

    Прекрасна книга која навистина ми остави впечаток. Сакав да ја прочитам во еден здив, но намерно ја оставив за читање малку подолго - за да можам повеќе да уживам во неа.
    Еден момент се смеев, а веќе наредниот плачев како бебе.

    Ме погоди приказната, навистина.
    Холи во своите дваесетти останува вдовица и секој први во месецот отвара по едно писмо напишано од мажот и пред неговата смрт. Во писмата има одредени наредби што таа мора да ги изврши. Всушност, нејзиниот сопруг преку писмата и помага да ја преболи неговата смрт.
    Тажна е и тоа многу, но ја препорачувам со цело срце. Според мене, книга која вреди да се прочита. :)
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    Тукушто ја завршив "Писмата на Саманта за Џенифер" од Џејмс Патерсон, одличен роман...
     
  6. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    Исто како и филмот...не те остава рамнодушен ;) Ја немам книгата прочитано, се надевам дека ќе имам можност..
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Последна прочитана книга

    Штом ти се допаднал филмот,верувај дека повеќе вреди да се прочита книгата оти филмот е вистинско разочарување во однос на неа.
    Моја последна прочитана книга-Угурсуз од Сашо Тасевски.
     
  8. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    А дали е добра Угурсуз? Ја видов во библиотека кога бев, дали вреди да се прочита (бидејќи искрено, малку сум скептична кога се во прашање македонските писатели)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.698
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Нова книга му е Угурсуз? Јас прв пат ја слушам, а претходните книги му беа феноменални :)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    Питач пред вратата - Таласа Али.

    Ја прочитав за рекордно време ... Книгата е убава и убаво е доловен секој момент ... едино малку недефинираниот крај ме разочара ... Мразам така кога штедат бре .. подобро уште една страна напиши ама дефинирај што ке се случи а не вака во мисла ме остави за дали ќе си останат во брак или не. А можеби и јас бев преморена ноќеска па крајот не го разбрав.

    Свеедно. Убава книга. :)
     
  11. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Последна прочитана книга

    Да,нова му е.И јас сум скептична во врска со нашиве писатели,но за Тасевски знам дека е феноменален.
    Книгава е за едно момче,невино и постојано си бара женска за една ноќ,најчесто преку Фејбук.Поминува низ се и сешто-ги бомбардира кулите во Њујорк,го вози министерот,се дружи со принц,но сепак си останува невин и на крајот се убива.
    Јазикот е,ненормално вулгарен,својствен за Тасевски и се на се,книгава е баш забавна,онака за опуштање и добро смеење.
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.698
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Па јас сега веќе нема да ја читам. Фала ти што го кажа крајот и сега веќе нема поента да ја читам книгава |(
     
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Лозје-Блаже Конески..збирка раскази 8)
     
  14. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    ''Четворицата тенкисти и кучето'' - Јануш Пшимановски

    Книга во која се зборува за Втората светска војна и за пријателство на четворицата тенкисти и нивното верно куче :)
    Ме остваи без збор! :)
     
  15. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Последна прочитана книга

    Афера - Аманда Квик
    Пред да ја почнам прочитав и позитивни и негативни критики. На некои им била крајно досадна, на некои пак ептен им се допаднала. Се ставам во втората група иако имам прочитано и поинтересни дела. Оценка - 4 :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.698
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Го прочитав и последниот дел од Милениум и сега можам раат да седам. Прекрасна завршница на трилогијата,
    иако би сакала Лизбет и Микаел да си останеа некако заедно...
    Ама шта чеш, битно
    се добро се заврши
    :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Последна прочитана книга

    Кога лисјата паѓаат- Решат Нури Ѓунтекин
     
  18. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Последна прочитана книга

    А потоа...од француски писател Гијом Мисо
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    Ах виножитке сега јас ќе те карам ;) :D ...јас се се надевав дека заедно ќе завршаат :lol:
    :*
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.698
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Аеродромци од Сашо Тасевски :bow:
    Ја прочитав во еден здив. Книгата се состои од 5 драми, која од која помрдната, пореална, посурова...
    Толку добро е претставено секојдневието во Мк, тукашниот живот, неперспективноста. Има направено таква алузија на состојбата во МК што само можам да кажам :clap: Книгава мора да се прочита, не смее да се пропушти хуморот претставен преку цинизам толку маестрално направено, што ќе ве натера и да се смеете и да плачете...
    Еве една алузија на Македноска крвава свадба во 5тата драма, која ми остави и најголем впечаток
    Цвета: Умирам дадилке! Ако не умрам ќе се натерам да умрам! Ќе умрам... Ама со робот не живеам! :D
    Сашо Тасевски дефинитивно, со ниту едно дело не ме разочарал :clap: