1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Последна прочитана книга

    И јас ја читам книгава моментално и можам да кажам дека е интересна.Не ми се допаѓа само тоа што сите книги на Аманда Квик се слични.Дури помислив дека порано сум ја прочитала книгава само затоа што е речиси иста со една друга нејзина-Лажна свршеница,чинам.Приказната е секогаш иста во нејзините книги и ако прочиташ неколку,ќе ти бидам досадни...
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Шпански народни приказни.
     
  3. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Последна прочитана книга

    Откако ја прочитав Афера, одма посакав да прочитам и некоја друга нејзина книга... И прочитав можеби 3-4 книги плус. Не се согласувам дека приказната е секогаш иста. Нејзиниот стил - да, но приказната е различна.
    За интересна - интересна е! Мене лично ми се допаѓаат сите нејзини книги :D :D

    Едит: Последно ја прочитав Враќање дома од Даниела Стил. И сега сакам да читам уште книги од неа :)
     
  4. bella01

    bella01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    18
    Последна прочитана книга

    Жени и Љубовници.
     
  5. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    ВИТЕЛ од Кетрин Коултер, возбудлив крими-роман што многу ми се допадна.
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    Вечерва и засекогаш - Нора Робертс

    Убава книга ... во еден здив ја прочитав ... љубовна е ... се поистоветував со главниот лик и признавам дека во мене пробуди некои силни емоции и размислувања. Воглавно лесна а убава книга.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Тринаесет часа-Дион Мајер. Немам пофални зборови за книгава. Демек акција, развлечена на 525 страни, а целото дејство се решава во последните 100 страни. Развлечено до немајкаде. И не ја препорачувам, губење на време само |(
     
  8. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Последна прочитана книга

    Последното предавање од Ренди Пош и можам да кажам дека иако ја потценив книгата,се покажа како многу лесна ,поучна и импресионирачка (барем за мене)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Белата кралица од Филипа Грегори. Прекрасна историска приказна за Војната на Розите во Британија. Љубовна, динамична, интригантна, ликовите се толку добро изградени... Топло ја препорачувам за љубители на историски книги :)
     
    На Neytiri, LivingGlam и teddybear им се допаѓа ова.
  10. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Ангус,танги и страстно бакнување-Луиз Ренисон.Интересна книга.Се зборува за животот на една 14 девојка.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    ХаниБан ја имам читано лани летото таа книга само се викаше Ангус, танги и бакнување со стискање (ама содржината е иста изгледа) интересна, кратка и лесна книгичка во еден здив се чита ;)
    Последно ја прочитав Чичко Горио
    сирот човек никако да ја добие љубовта на ќерките, се им купи освен нивната љубов, ама тој е крив ептен ги разгалил
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
     
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Последна прочитана книга

    Lovely Bones има и таков филм многу е добра
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Пауло Коелјо - Победникот е сам.

    Го обожавам Пауло Коелјо, се што сум прочитала од него ми се допаѓа, има извонреден стил на пишување.
    Во книгата се обработени повеќе личности, сите дел од шоу-бизнисот кои се стремат по секоја цена да успеат што повеќе и да дојдат до главна улога или до нов милионски договор.
    Главните личности се Игор, руски милијардер кого го напуштила жената и сега тој смета дека е праведно да убива невини луѓе со цел така да ја врати љубовта на својата жена.
    Хамид е најдобриот моден дизајнер на светот, кој сега е оженет со бившата жена на Игор.
    Габриела е актерка која е дојдена во Кан за да ја добие својата прва главна улога.
    Џасмин е манекенка која е на чекор до успешна кариера и треба да одбере помеѓу славата и љубовта.

     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Верувате во духови? Обожаватели сте на Стивен Кинг? Си сакате хорор книги? Е па тогаш да ја прочитате Кутија во облик на срце од Џо Хил. Книгава е луда, те остава со подоворена уста. јас денес во еден здив ја прочитав.
     
  16. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Последна прочитана книга

    Јас ја почнав книгава, ама не ги споив ликовите. Текстот беше преубав и вистинит но не ми идеше читањето :lol:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Последна прочитана книга

    Ја прочитав конечно Ловец на змејови, ми капна некое солзиче на крајот ;( ,
    така реална, силна, сурова книга, а истовремено нежна и сосем блага...
    Стилот на Хосеини е прекрасен, доказ дека не ти треба литературен курс или факултет врзан со пишаниот збор, за да откриеш дека пишуваш совршено прекрасно.
    На почетокот очекував дека ќе биде подобра од Илјада неверојатни сонца, но сепак не.
    Тука се, Ловец на змејови како роман-првенче е само половина скалило под Сонцата. Барем за мене. :)

    Изгубената роза - Сердар Оскан.
    На корицата позади пишува доколку ја сакате Алхемичарот (ја сакам) и Малиот принц (ја сакам и неа), ќе ја сакате и оваа книга.
    Морам да кажам дека не е ремек-дело, некаде пред средината веќе ја сконтав финтата и го предвидев крајот, почетокот ќе ве заинтересира, понатаму стилот на раскажување станува се' потап и посувопарен, но подоцна ќе заземе некоја филозофска форма и облик на нарација и ве освојува полека.
    Има делови на кои ќе се прозевнете и делови кои ќе сакате да ги препрочитате два пати.
    Во секој случај, за љубителите на вакви теми, не се остава од рака, а и малечка е некои 216 страници, па да кажеме дека ја препорачувам.
    6 / 10 ;)
     
    На Divinebutterfly, LivingGlam, Buttterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Агата Кристи-Трета девојка :) За Агата Кристи се е излишно да се коментира, се е веќе кажано.
    Инаку, ги прочитав книгите што ги земав, а денес ме нанесе патот накај библиотека, ама не ги носев книгиве да ги вратам, па ги молев уште едно книгиче само да ми дадат да имам што да читам утре :lol:
    И нормално за редовен читач како мене нема проблем. Хух.
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Пауло Коелјо - Единаесет минути

    Значи, човекот дефинитивно добро го познава женското тело :) Книга за љубовта, страста, еротиката, сексот.. сигурно книгава ќе им се допадне на сите жени.

    Приказна за млада девојка која заминува во туѓа земја со надеж дека ќе зааботи доволно пари за да ја обезбеди својата иднина и дека ќе ги оствари своите соништа. Но наместо ветената работа како танчерка, таа завршува како проститутка во ноќен клуб. Сепак, секојдневните искуства и доживувања, на крај ја водат до откривање на самата себеси и спознавање на искрена и вистинска љубов. Таа го наоѓа нејзиниот маж од соништата.. :) :l:

     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Последна прочитана книга

    Дефинитивно „Ловец на змејови„ е една од книгите кои ми оставиле најголем впечаток,иако има најмалку 2 год. откако ја прочитав,јасно се сеќавам на оваа извонредна книга,која навистина не верувам дека некого би оставила рамнодушен-за мене е тоа сага за позртвуваноста и несебичноста,која ја имаат ретки примероци од човечкиот род.
    Прекрасното во пишаниот збор не го поврзувам и јас никогаш со соодветно образование „во позадина„ дури автори кои совршено опишувале историски настани,ентериери или што знам-најпластичен опис на некој пејзаз,ако не е поткрепено со емотивна нишка,ама онаа искрена,која не трогнува од длабочините на нашите срца-за мене е некако безбојно,нецелосно,нешто што брзо ќе падне во заборав.
     
    На Annath и FridaKahlo им се допаѓа ова.