1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Последна прочитана книга

    „Норвешка шума„ од Мураками ме плени со искреноста на емоционалните и мисловни текови.Цело дејство е сместено во 60-тите год. на минатиот век,па е проткаено со музиката на Битлси и др.изведувачи од тој период,уште еден плус за ова,сакам кога низ некое дело и се дава акцент и на музиката.Колешка ми која ја прочита ми рече дека и е „само самоубиства и секс„-не би се согласила.Не дека ги нема овие нешта,туку има и многу повеќе-како несреќата која е заедничка ги обединува луѓето,присутноста на смртта како што ќе рече и Мураками „не како спротивен,туку составен дел од зивотот„ потрагата по сексуалноста и минливоста на сексуалните авантури,за да над нив кулминира потребата за љубов и припаѓање.Една од ликовите ќе рече како на крајот таа е сепак само обична девојка,која сака да заспива во прегратката на сопругот и да му раѓа деца,па кога сите ќе ги исфилтрираме од себе сите професионални амбиции,наметнати потреби за самоактуелизација,вечен нагон за нови знаења-останува само ова-како елементарна потреба-типична за секоја единка од нашиот пол-независна од сите др.карактеристики кои ги поседува.Исто воочливо е дека сите ликови во делото се помалку асоцијални,имаат многу стеснет круг на луѓе со кои се блиски.И Мураками нема да е типичен Јапонец ако малку не не шокира со некои дешаванки на сексуален план :lol: ,ама книгата е за мене прекрасна,да не ја китам со многу епитети,тоа што е само по себе многу убаво,не бара многу зборови и секогаш го имам она чувство дека нема зборови со кои би се доловила најсоодветно.
     
    На shiningstar и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Кралска крв од Харолд Робинс. Книгава имаше потенцијал, добра приказна, ама крајот како што го краси делото, така може и да го уништи. Сосема нелогичен, разочарувачки... А кога крајот е таков, колку и да е добар другиот дел од книгата, на крај се расипува целиот впечаток.
     
  3. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    Чекори за сеќавање од Николас Спаркс (A Walk To Remember)

    Филмот е одличен, но книгава ќе ве остави без здив, топло ја препорачувам :)
     
  4. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Последна прочитана книга

    Последните две книги што ги прочитав се ДЕБЕЛА,ЧИПС,БИСКВИТИ И ЉУБОВНА БОЛКА книгата е многу убава, треба помладите да ја прочитаат и да не држаат многу диети бидејќи не е здраво, а се пишува во книгата и ДЕВОЈКИ ПОД ПРИТИСОК исто интересна книга за диетите за здравјето на девојките во денешницата.
     
    На LifeLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Последна прочитана книга

    Кога доцни принцот Велко Неделковски-краток убав љубовен роман


    Таа се повеќе тонеше во стапицата на својата безнадежна љубов. Да прво беше блесок и допаѓање, сега е болно чувство на невозвратена љубов

    Мижеше, со еден прекрасен машки лик под клепките. Што и бега кога го довикува, а доаѓа кога најмалку му се надева.Како воздишка го шепна неговото име, па уште еднаш , како драг рефрен од приспивна песна
     
  6. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Фактор Бифши многу убава книга, незнам зошто не ја имав прочитано до сега а лани што вика цело време се сопнував на нејзе :lol: (буквално) цимерката ја читаше
     
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Евгенија Гранде - Оноре де Балзак :)

    Па, што да кажам ?
    Просечно .. :)

    На почетокот многу досадно, премногу обрнување на најситните детали, подоцна живна малку, повторно пак беше |( , и сосема очекуван крај :)

    Впечаток ми остави ликот на господин Гранде :)

    И да, иако веќе го претпоставував крајот, сепак се надевав дека ќе биде како од бајките .. Но не!
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Книгата е преубава ме направи да се радувам и да плачам, а филмот не ми се допадна дури ме и разочара многу е различен книгата
     
  9. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Последна прочитана книга

    Вистински Верник-Николас Спаркс
    Аеродромци-Сашко Тасевски-ептен реална драма за денешницата :D
     
  10. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Последна прочитана книга

    Притаено Зло од Ен Кесиди.Преубав тинејџерски роман,на почетокот делува досадно.Потоа почнува една мистерија што те привлекува.Крајот е непредвилдив,ваква останав :o .Книга што се чита во еден здив :)
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Николас Спаркс - Чекори за сеќавање ( A walk to remember )

    Еднаш некаде имав прочитано дека машките ликови во делата на Николас Спаркс се мажи какви што скеоја жена би посакала. И навистина е така. Секогаш на толку магичен начин успева да раскаже приказна за голема и искрена љубов. Уште една прекрасна, извонредна, феноменална книга од овој автор.

    [​IMG]
     
    На LifeLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Питач пред вратата - Таласа Али.
    Не сум импресионирана. Ја прочитав пред некој ден а веќе ја заборавив |(

    А за Матица и нивните преводи...
    [​IMG]
     
    На teddybear, Annath и LadyMillion им се допаѓа ова.
  13. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Последна прочитана книга

    Јас сум смотаница и не го пишав името на книгата? :^) или имав линк некој тука па ми го избришале? :D

    :!: Книгата за која зборам во постов инаку е Рајот може да почека :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Да? А јас баш и се токмев на книгава, ама не ја земав од причина што има и други делови. Ова било вториот дел.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Втор дел е, да. Јас не сум го читала првиот дел, ама не е проблем, може да се земе како приказна и овој вториов дел.
    Реинбоу за купување немој, мислам дека не вреди, ама од библиотека можеш да ја земеш ќе отепаш еден ден, брзо се чита. Тебе можеби ќе ти се допадне, сепак секој има различен вкус, ама за преводот веќе се изјаснив :|
     
  16. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Последна прочитана книга

    И мене таа ми е последна прочитана книга-вчера ја завршив.Прекрасна е,дури и се расплакав на крајот.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.052
    Допаѓања:
    66.697
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Прекрасна, топла приказна за животот, за испреплетувањето на судбините... Ликовите се толку добро изградени што може да се ставите во нивната кожа, да го чувствувате тоа што го чувствувале...
     
    На teddybear и Springy им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Аеродромци-Сашко Тасевски прекрасна книга со неколку драми од кои најмногу впечаток ми оставија "Аеродоромци" и "Кец у кец"
     
  19. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Последна прочитана книга

    Ревизор :)
     
  20. PrettyWoman

    PrettyWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Последна прочитана книга

    "Убиство во Меопотамија" - Агата Кристи влегов во шема со овие трилериве :D