1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Насловот е Подарок, ух изумив од кого,нешто психолошка, меѓутоа е толку дебилна книгава ужас, се чита за 1 час. Стилот на пишување и поуките се крај, не знам не би ја препорачала на никој..
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Даниела Стил - Дебитантка во овој случај Даниела ме разочара очекував повеќе книгата не е ништо апсолутно ништо посебно
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Никаде без ќерка ми

    Вчера ја завршив.
    Не сакам да се повторувам со Вери, убаво си напишала се.
    Јас не можев да ја оставам, а верувам дека и вие доколку ја читате.
    Ви ја препорачувам од срце.
     
    На LadyLidija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Последна прочитана книга

    Последна ја читав Печалбари :D
    Инаку книгата Подарок ја имам прочитано,убава е да и јас би ја препорачала,мене ми се допадна те тера да го сакаш онаа што го правиш во моментот ;)
     
  5. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Јас искрено се расплакав кога мажот и ја натепа, заклучи и и ја зема ќерката!! Сакав во тој момент да сум таму и да го убијам!!!
     
  6. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Последна прочитана книга

    Јас последна книга што ја прочитав е „Седум дена за вечност“ од еден француски писател Марк Леви.
    Не беше некоја комплицирана книга, ама беше и интересна.
    Мене не ме воодушеви многу, ама имаше така некои убави мисли.

    Се работеше за Господ и Сатаната во денешно време. Тие ги праќаат своите најдобри агенти во седумдневна мисија. Тие треба да се борат меѓу себе и да видат дали ќе победи злото или доброто. Но, Лукас (агентот на Сатаната) и Зофија (агентот на Господ) ќе се сретнат, ќе започнат да излегуваат заедно и ќе се заљубат.
     
  7. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Последна прочитана книга

    Последно ја прочитав Шминкерка од Андреа Семпл, преубава книга, со многу интересни ситуации и пресврти. Се чита во еден здив. За сите љубители на Чик литературата им препорачувам да ја прочитаат. :) :D
     
  8. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Последна прочитана книга

    Аманда Квик-Зелениот кристал
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Питач пред вратата ја прочитав денес, преубава е, повеќе ми се допадна и од првиот дел :) Уф, сега за третиот мака ќе мачам.
     
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Последна прочитана книга

    Од кој е книгата? И може ли лесно да се најде во библиотека?
     
  11. LadyLidija

    LadyLidija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Последна прочитана книга

    "Последната кашмирска роза"
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Книгата е од Таласа Али, втор дел е, првиот дел се вика необичен заложник. Првите два дела ги земав од библиотека, ама за третиот мислам дека го нема...
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyLidija

    LadyLidija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Последна прочитана книга

    http://baneprevoz.com/ Овде може да си ја симнете вашата омилена книга :)
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон

    Се работи за девојка која има три личности во себе, без да биде свесна за другите две „јас“.
    Едната од нив е најдоминанта и на ужасен начин ги кастрира и убива мажите кои ќе пробаат да имат секс со неа.
    Причината поради која настанале другите две личности во неа, е злоставувањето од страна на нејзиниот татко кога била мала, па не можејќи да се соочи и да ја преброди болката, кај неа се јавува психичко растројство, синдром на повеќе кратна личност.

    Јас имам гледано емисија на Опра, каде што гостинка и беше една жена со вакво пореметување и имаше дури 92 различни личности во неа. Беше страшно.

    Е сега крајот на книгата не го сфатив убаво, нели докторот ја излекува, ги отстрани другите две од неа и ја пушти од болница.
    Но на крај таа фаќа воз за Хемптон, а таму живее татко и, и плус ја пее песната што ја пееше Тони ( личноста убиец ), што значи она не е излечена туку Тони останала во неа, и ќе оди во Хамптон за да го убие таткото, нели? :^)
    Така го сфатив јас, па ако има некој што ја читал, нека даде негово мислење, да го откриеме мистериозниот крај :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Последна прочитана книга

    И јас ја имам прочитано оваа книга и плачев на крајот :$ :$ иако е доста обемна се чита во еден здив :)
     
  16. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    Недоразбирање - Албер Ками
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.051
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Вери според мене не е излечена, за ова дискутиравме и во темата за Сидни Шелдон, затоа си ја пееше истата песничка, имаше злокобен крај :)

    Бегство од Харемот ја прочитав, интересна беше, ама да бидам искрена не можев да ја читам open-minded.
    Цело време имав некоја доза на цинизам, очекував да се случи најлошто, бидејќи двајцата беа од различни вери, а јас не сум за таквите врски. И сакав да си отиде од него и да се врати дома. Мислам дека оваа е една од ретките книги каде не сакав да победи љубовта. Не можев неа да ја оправдам некако, да ја затвореа и да ја мачеа во харемот, ќе си мислев ако и е, сама си го бараше. Ама нормално, љубовта, барем во романите, секогаш победува :)

    Со Дебитантка сум при крајот. Уф, колку плитка книга, ликовите се толку неизградени, далечни, не можеш ни да се поврзеш ни да сочувствуваш со нив. Целата приказна е толку банална, што не знам дали да плачам или да се смеам |( Оваа и е една од најлошите книги на Даниела Стил, која инаку ми е мајстор за градење на ликовите.
     
    На veri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Фала за објаснувањето Виножитке, баш тебе те чекав да пишеш мислење, како најстручна :)
    Значи таа лошата личност успеа да преовладеа во неа, па дури и психијатарот го измами и овој поверува дека е излечена ц ц ц

    Еве ова е линк од емисијата на Опра каде што гостинката имаше вакво растројство, ама не можам да го најдам целото, ова е многу кратко.

    http://www.youtube.com/watch?v=Uhg_KTV7wK0

    Инаку, денес од библиотека ја зедов Доба на страст од Даниела Стил, според кратката содржина што ја прочитав на задната страна, ми се виде убава книгата, љубовна, а и многу тажна, па ќе ја почнам вечер.
     
  19. Macbetha

    Macbetha Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Последна прочитана книга

    Самошто ја завршив ‘‘ Угурсуз‘‘ на Сашо Тасевски. Книгата е крајно забегана - не заради тоа што е експлицитна до границите на невозможното, туку бидејќи сета таа експлицитност е онаа страна што луѓето никогаш не ја покажуваат и се срамат од неа, а постои. Во неколку зборови, се говори за Туше Тинкачот, момче од село кое далеку дотерува и покрај сите несреќни околности околу него. Ако сте го гледале Форест Гамп, Туше е македонскиот Форест Гамп. Хуморот во книгата е необјасниво богат, страшно е што некои ужасни работи во некои ситуации можат да не изнасмеат. Ја препорачувам на луѓе со отворени умови, со широки сфаќања, на луѓе кои е тешко да се згрозат и на оние кои не се замараат многу со моралните вредности.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG] Прекрасна книга
    приказна за поинаквите и за една забранета љубов помеѓу девојка од 17 години и вампир
    Сега продолжувам на другите делови :)