1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Последна прочитана книга

    Конечно со задоволство и гордост 8) можам да кажам дека ја прочитав [​IMG] и ме изненади крајот, во позитивна смисла :)
    Поради други “обврски“ имав прочитано околу 100 страни и ја “тегнев“ долго време ама ме фати инат и останатите 450 страни ги прочитав буквално во еден здив бидејќи ме интересираше крајот и навистина се изненадив, очекував крај како неговите други книги, но не беше така :).

    Сега според Енца треба да ја земам Титан, а ^_^ ? :)
     
    На enca.69, Lilit и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Последна прочитана книга

    Конечно ја дочитав! :tmi: Се да се немало време...бреј!

    [​IMG]

    Многу убав стил на пишување. Убава книга, лесна, би рекла, на еден начин бидејќи нема тешки филозофии во неа но од друга страна екстремно тешка за читање за една жена.
    Се ежев многу пати и со стегнато грло немав сили да продолжам да ја читам мислејќи се - што следи?! :(
    Ценам што Калед направил толку добра реклама за Авганистан. Ценам што ме натера да прочитам нешто повеќе за историјата на земјата бидејќи досега ја познавав само маргинално, само неколку факти.

    Малку филмски ја дотерал прикаската за Лајла, ама ај. Простено му е - сепак е бестселер романов и веројатно после големиот успех на The Kite Runner склон е кон комерцијализирање на своите романи.

    Убава, реална и токму поради тоа тешка на моменти. И англиското издание е екстремно читко. Навистина убав стил на пишување, да се повторам.
    Като алвиче :)
     
    На Buttterfly, AnoreXic и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
  4. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Последна прочитана книга

    "Мојот господин совршен" - Александра Потер
    Убава книга, ми остави впечаток :)
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Последна прочитана книга

    Улица - Славко Јаневски
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Последна прочитана книга

    венецијанското предавство - стив бери само што ја завршив
    Во изгубената гробница на Александар се наоѓа спасот на човештвото. Чиста мистерија, чиста забава
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Последна прочитана книга

    За книгите погоре..

    Се плашиш ли од темница за мене претставуваше чудо од книга, во еден здив ја прочитав.

    Стив Бери? -По мене многу, многу подобар од добро познатиот Ден Браун. На поинтересен начин ги доловува фактите и прави да бидат малку пореални и ненаместени за разлика од Браун.

    Крпен живот - Стале Попов
    Две Марии - Славко Јаневски
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    Вероника реши да умре, конечно на македонски ја прочитав. Коментари се тотално непотребни и сувишни. :)
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    41.517
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Надежна сопруга-Роберт Гулрик

    Книгата е нешто слично на приказната за Анџелина и Антонио во Оригинален грев, уште кога ја прочитав критиката знаев дека книгата ќе ми се допадне затоа шо фимот ми е еден од омилените.И не ме разочара.Книгата не е од оние книги кои можат да те остават без зборови, ама не е ни лоша книга, има добра приказна и оригинални ликови.
    Се зборува за пари, моќ, загубена љубов, уништено детство, одмазда...книгата изобилува со емоции и те тера да се соживееш со ликовите и да се ставиш на нивно место и да размислуваш како ти би постапил.Јас се фатив себеси дека додека читав, некои лоши работи кои тие ги правеа ги оправдував, како ликовите да манипулираа со мене преку нивните постапки од типот, целта ги оправдува средствата. Приказната е тажна,но има на некој начин среќен крај, потресна е и моќна. Се врти околу три ликови од кои мене омилен ми беше најстариот,неговата трпеливост, мака и живот кој го живеел, борбата и начинот на кој се казнувал себеси за постапките од минатото.Мене ми се допадна книгата и мислам дека вреди да се прочита.
     

    Прикачени фајлови:

    На martty06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.706
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Онака интересна, ама ништо посебно. Има многу подобри чик лит книги.
     
  11. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Последна прочитана книга

    Shopaholic Abroad од Sophie Kinsella. Првата книга прочитана на англиски и дефинитивно најубава од сите. Сега ги барам и другите продолженија :)
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Последна прочитана книга

    Уличниот Адвокат од Џон Гришам...
    Бидејќи и јас сум правник (донекаде :lol: ) со завршено средно екомско правен смер во кој доминираше правото, оваа книга ме воодушеви, а најмногу со тоа што ме наведе да ги сменат моите гледишта во областа на правото и човековите права...Џон Гришам е неверојатен!
     
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Последна прочитана книга

    Исповед од харемот- Бранко Миленковиќ
    Во книгава се работи за една млада девојка која е прелажана од двајца странци и однесена во Дубаи во еден харем каде што треба да го задоволува господарот . Но тоа не е ништо во споредба со она што ја очекува подоцна во Истамбул.Многу добра книга.
     
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Последна прочитана книга

    Последната книга која ја дочитав пред некој ден е Крик во ноќта-Мери Хигинс Кларк
     
  15. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Последна прочитана книга

    и јас сум во вашиот клу :rofl: б
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    За тебе љубов моја - Жак Превер.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Тајниот свет на една купохоличарка.Од Софи Кинсела.
    Книгата е лесна и забавна.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.935
    Допаѓања:
    111.458
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Враќање дома - Даниела Стил. И пријатно ме изненади.
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Последна прочитана книга

    Крив Правец
     
  20. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Последна прочитана книга

    „Затоа што те љубам“ - Гијом Мисо

    И ја препорачувам на оние кои ја немаат прочитано. Одлична книга.