1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Ќерката на мојата најдобра пријателка, извонреден роман во кој Дороти Кумсон зборува за моќта на простувањето, смртта, предавството од најблиските личности, љубовта..
     
    На Neytiri и 1209 им се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Гневот на ангелите - Синди Шелдон и како што кажа RainBow ( не се ни сомневав ) прекрасна книга.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    11 минути - Пауло Коелјо
    Страници за нашата љубов - Николас Спаркс
    Прекрасни се и двете книги :) .
     
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Последна прочитана книга

    Крпен живот :)
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Последна прочитана книга

    Илијада.

    Незнам зашто ми текна. :wasntme:
     
  6. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Прва љубов во Розевата улица - Натали Спасова. Ја купив книгата пред 3-4 години, но никогаш ја немав прочитано бидејќи ми изгледаше премногу детска (дури имаше и моменти кога се прашував зошто воопшто ја купив). Со еден збор ја заборавив.

    Синоќа ја видов и решив да видам за што се работи низ тие стотина страници. Без разлика што периодот за кој станува збор во книгата прилично одамна е поминат кај мене, одлучив да и' дадам можност. Почнав да ја читам и ми се допадна. Како што пишува и Горјан Петрески дека има одредени слабости во книгата, тоа треба да се занемари со оглед на тоа дека авторката кога ја пишувала била само 7-мо одделение.

    Мене лично ми се допадна. Мала, симпатична и барем едно попладне може да те оддалечи од реалноста и врати во оние почетоци на тинејџерството. Неочекуваниот крај ми се допадна уште повеќе, со еден збор ме растрепери и развесели што и покрај се' Сандра сепак успеа да и' даде нов почеток на својата љубов, почеток на една нова приказна (која барем за сега секој читател индивидуално мора да си го создаде во своите мисли, а да се потруди да го оствари во своето срце). :)

    [​IMG]

    'Среќата е секаде околу нас. Грешиме кога секогаш велиме: "Не можам да најдам среќа". Нема зошто да ја бараме среќата. Само треба да ги отвориме очите и да ги испружиме дланките. Таа сама ќе дојде кај нас.'
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Внимавај што посакуваш
    преубава е книгата, се чита во еден здив. Симпатична и шеговита, но сепак реалистична :lol:
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Писмата на Саманта за Џенифер - Џејмс Патерсон
    Добра книгичка, лесна за читање. :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Две Марии - Славко Јаневски
    Тешка и неразбирлива книга :whew:
     
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Последна прочитана книга

    Исповед од харемот - Бранко Миленковиќ

    Преубава книга која се чита во еден здив.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Последна прочитана книга

    „Папата Јована“
     
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    6.675
    Последна прочитана книга

    Моќта на потсвеста..
    Незнам за вас ама мене оваа книга в психа ме мава.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Последна прочитана книга

    Прирачник за анти антиалкохоличари од Игор Џамбазов.

    Добра книга, баш како што очекував. :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Последна прочитана книга

    прирачник за анти антиалкохоличари од игор џамбазов
    книгата стварно е топ лесна и едноставно интересна за читање
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Пауло Коелјо - Захир.
     
    На Abeja и karak им се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Само што ја прочитав Хари Потер и Реликвиите на смртта.
    Се чувствувам така празно, зашто знам дека веќе нема да има други книги, готово.
    Колку пати и да ги препрочитам, нема да биде истото она чувство како кога си во исчекување што ќе се случи. Епа ете, дојде крајот... :(
    А јас сакам уште! :worried:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Рингишпил...
    Уште ги средувам впечатоците, морам да признаам дека ме потресе книгава.
    На почетокот ме нервираше некако, се е претставено хиперболично, претерано, чувства, емоции...
    Некако те става во неверица и ја читав со скептицизам... Потоа како во вител ме вовлекоа несреќите на глваната хероина Ана Балинт, на прекрасната примабалерина, па плачев со неа, да, се утепав плачејќи. Срцето ми се кршеше на илјада парчиња секој пат неверувајќи како може да се случуваат такви работи. Нејзината љубов кон Сергеј ќе ми остане засекогаш врежана во срцето.

    Се на се, книгава е прекрасан, трогателна, разоружувачка и долго ќе си ја носам во срцето.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Последна прочитана книга

    Виножитке од кого е ? упати ме да ти кажам успеа да ме заинтересираш :?:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Од Јелена Бачиќ Алимпиќ е :)
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.457
    Последна прочитана книга

    Вечниот ветар од Горјан Петревски. Незнам зашто, ама воопшто не ми се допадна книгава. Додуше, имаше и интересни моменти ама некако ретки ми беа. Не го препознавам стилот на писателот во оваа книга, ми се чини како да е од некој друг пишувана. Некако, како што изминуваат годиниве и човеков старее, пишува се понесвојствени книги за него, во оваа книга како да нема употребено креативност, како да немал инспирација кога ја пишувал.. Книгава е напишана во 2001 и за разлика од Марта која е напишана некаде во 1984-1985 , воопшто не ми се допаѓа. Од сите книги што ги имам прочитано од авторот, на прво место ја ставам Марта а потоа Снеговите на Климентина Евин. :)