1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Леле „Клетници“ ја про4итав последна оти за лектира ни е наредната година, ама книгата ми остави многу голем впе4аток, стварно е многу добра... :)
     
  2. Aku

    Aku Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Последна прочитана книга

    Eldest. Вториот дел на серијата Inheritance, можеби имате слушнато за првиот дел-Eragon.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Последна прочитана книга

    "Моќта на потсвеста" и еве пак ке ја почнам :wasntme:
     
  4. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    А потоа.... Од Гијом Мисо, мн убава книга.......
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Последна прочитана книга

    Вчера ја дочитав Демонот и госпоѓицата Прим.
    Книгата навистина ми се допадна ,посебно онаа неизвесност дали ќе се случи убиство на крајот или не.
    Многу ми се нажали кога решија да ја жртвуваат бабичката ,сирота таа ,беспомошна,немаше кој да застане на нејзина страна ;(
    Интересна филозофска нота испреплетена низ навидум обичните животи и секојдневија .
    Вечната борба за превласт на злото над доброто која е прикажана на толку сликовит начин со самото споменување на постоењето на Демонот и Ангелот ме врати во раното детство,кога немаше друг начин да се сфати суштината на постоењето на тие две витални енергии.
    Најмногу ме заинтригира приказната за Тајната Вечера на Да Винчи - оној кој бил портретиран како Исус за три години бил побаран да го претставува Јуда ,дотолку судбината може да го промени човека...
    Јин - Јанг ,во секоја наша клетка,во секој здив....
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.609
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Aко го дочекам утрото-Сидни Шелдон.Ептен добра книга, мислам скоро сите книги се добри но оваа посебно ми остави впечаток.Главната хероина е инзворедна личности и иако неговите книги секогаш(или барем мене така ми се чини)имаат исти темели на приказната оваа книга е многу поразлична.Ја препорачувам.
     
  7. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Леонида Великата кнегиња на Русија- Секое утро е благодат
    фантастична автобиографија на грузиската принцеза, прогонета од Грузија која си ја наоѓа среќата со наследник на Романови. Интересни и необични ситуации во текот на нивниот живот далеку од родниот крај и враќањето во Русија после десетици години ^^
     
  8. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Последна прочитана книга

    Златното лале - Розалинд Лејкер
    Не сакав да ја читам, штознам по прв пат дали се исплашив од големината на книгата или едноставно така предвреме донесов заклучок дека не чини. Во последно време нешто се мрчам околу изборот на книгите. Но ја прочитав, па јас така лесно не се откажувам. Сума сумарум и давам оцена 6/10. Книгава на некој начин ме плени, но на некој и не ми се допадна. Ме пленеше описот на тогашниот живот ( дејствието е сместено во 17 век,во Холандија),описот на сликите на Вермер и другите уметнички дела, начинот на кој младите љубовници се трудат да ја зачуват својата љубов. Но сметам дека е можело и подобро, да се вметнат некои детали а да се исфрлат други. Но тоа е што е, во секој случај добро се релаксирав на горештиниве.
     
  9. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Последна прочитана книга

    Пет дена во Париз - Даниела Стил
    просечна, лесна за читање... но зошто да не се прочита, има добра поента
     
  10. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    Последна прочитана книга

    remember me ? Sophie Kinsella доколку го владеете англискиот ви ја препорачувам незнам дали ја има на македонски. :?: прекрасна книга можеби една од најубавите според мене :)
     
  11. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Последна прочитана книга

    Најголемит трговец на светот-Ог Мандино
    Вреди да се прочита..
     
  12. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    34
    Последна прочитана книга

    следна ми е за читање. ако може некој коментар за неа :)
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Добра книга онака лесна за релаксација на мозокот :) како и сите други книги на Мир - Јам

    Станува збор за една убава млада деовојка Неда која што останува без двајцата родители. Бојан по аманет на вујко му ја грабнува Неда и ја пресилува да се венчаат како казна за гревот на нејзината мајка. Поминува време Неда добива само писма и пари од Бојан и решава по секоја цена да го најде и за ја дознае причината за нивната венчавка. Крајот го оставам на вас :)
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    26.025
    Последна прочитана книга

    Оркански височини! Прекрасна е!
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Последна прочитана книга

    Жената на Маестрото од Гиљермо Мартинез
    Преубава книга за на плажа, те опушта и не ,,тежи,,
     
  16. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Последна прочитана книга

    Сестри - Даниела Стил .
    Преубава книга во која 4 карактери ги спојуваат 2 несреќи . Четирите сестри треба да живеат заедно во изнајмен стан една година дури Ени не застане на нозе . Прочитајте ја , секоја страница е приказна за себе ...
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Сите членови од семејството на Касандра умираат на својот 27-ми роденден, а нејзиниот се наближува. Таа се запознава со викиншки војник, кој никој не го помни после 5 минути. За некои бакнежи вреди да се живее, а за некои вреди да се умре.. Дали Касандра ќе го преживее својот 27- ми роденден, оставам на вас да прочитате. Сите ликови во книгава се извадени од грчката митологија, божици, богови кои живееат во Њујорк во 21 век. Книгава е фантазија, но е прекрасно дело.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Последна прочитана книга

    Игрите на гладните. За еден ден ја свалкав. :D Интересен трилер, ти го задржува вниманието, дефинитивно. ;)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]


    Преку приказните кои ги раскажува овде, всушност Дон Мигел Руис нѝ ја претставува едноставната вистина која ќе ве натера да погледнете длабоко во себе за тоа како гледате на љубовта кон другиот, а пред сѐ, како гледате на љубовта кон самите себе. Односот започнува прво од вас самите и тоа како се чувствувате кога станува збор за вас самите.

    Вистинската љубов започнува прво со љубовта кон самиот себеси - прво вие да се сакате и почитувате па потоа доаѓа вистинската љубов кон другите. Но за жал кај повеќето од нас често недостасува таа љубов кон самиот себе, па затоа не можеме ни да очекуваме и другите да не сакаат - и како ќе можат да нѐ сакаат?

    Луѓето се во постојана потрага по љубовта затоа што ја немаат ни кон себе ни кон другите. Во потрага сме по љубовта од другите луѓе, а потоа сме вознемирени дека не ја добиваме љубовта што ја сакаме од нив. Но како ќе ја добиеме или дадеме кога ни тие самите не се сакаат.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Последна прочитана книга

    Морето и змијата од Паола Бомбара
    Кога таткото на едно тригодишно девојче исчезна , тоа најнапред беше уверено дека тој се загубил со велосипедот и долго , долго го чекаше да се врати.Потоа дозна дека умрел и дека го гледа од небото(ја лажеа дека ја гледал ;) ).
    За жал , набргу лошите луѓе ја одведоа и мајка му.Поинаку кажано,ова е приказна за едно загубено детство,односно за сето она што ниту едно дете не треба да го доживее....
    Интересна е , а мала
    65 страни
     

    Прикачени фајлови: