1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Последна прочитана книга

    Враќање дома - Даниела Стил.

    Добра е книгава. Али книгава е ко некој преубав тип кој го среќавате случајно на улица. Може само за секунда,две да ви го задржи погледот и вашиот коментар од типот мајко,каков е,но ништо друго. Сепак,книгава е полна со добри мисли. Би ја препорачала за на плажа. Онака,фини некои 300 и нешто страни кои не ви го замараат мозочето. ;)
     
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    7.849
    Последна прочитана книга

    Третата тајна од Стив Бери страшно добра книга вреди да се прочита, фасинантен и возбудлив роман кој ја опишува историската случка за една од најзагадочните мистерии која никогаш во целост не е расветлена тајната на Фатима.Книга која ќе ве натера да рамислувате за религијата и валканите игри кои се одвиваат во високите кругови на Ватикан :tmi:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Добра е книгата лесна е за читање брзо се чита
     
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Последна прочитана книга

    Ангели и демони...дури сега ми падна в раце :D
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Последна прочитана книга

    Пајаковата мрежа - Агата Кристи..
     
  6. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Последна прочитана книга

    Карен Есекс - Клеопатра

    Се зборува за животот на Клеопатра, од нејзиното детство па до моментот кога станува кралица,
    кога се запознава со Цезар.
    Опишани се сите сплетки во семејството, трката за доаѓање до титулата крал, предавствата од најблиските, животот и обичаите во тоа време. Интересна. :)
     
  7. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.131
    Допаѓања:
    33.873
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие :up:
     
  8. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Последна прочитана книга

    Жена во црвено - Ејлин Гоуџ
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Бадем-Неџма
    Книга напишана од муслиманка во која ја опишува својата интимност за која ретко кој зборува отворено.
    На почетокот книгата ме потресе, а потоа ми потврди дека никој не може да се врати на почетокот и да почне поинаку, но секој може да почне сега и да направи поинаков крај!
    Животот кој го живее Бадра не е ни одблизу совршен. Ја мажат за човек кој е 30години постар од неа, а таа нему му е четврта жена. Тој од жените сака само машко дете. Ја зема бездушно и ја одзема невиноста без милост. Бадра не е среќна со Хмед и решава да избега. Оди кај својата стрина Селма. Оттогаш животот за Бадра се сменува за 360 степени.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Тестамент-Дејвид Морел. Успеав некако да ја дочитам книгава, човек да си ги толкува речениците како знае и умее. Да се вратиш пет пати на почеток за да сфатиш на кој му се обраќа. Нема имиња, само тој, таа, тоа, па снајди се ако знаеш. И леле многу често беше преведувано на пр. На коњите му се јадеше, такви некои глупости |(
    Инаку книгава е трилер, ама не ме фасцинираше нешто посебно, можеби и поради лошиот превод ја доживеав поинаку.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Последна прочитана книга

    ^^ Сигурно преведувачот бил од Прилеп или Битола па место им преведувал му за множина. Мене тоа ептен ме иритира кога го читам и право земам молив и преправам :tmi:


    Инаку на темата, ја дочитав “Титан“, ама дали дека повеќе очекував не бев толку фасцинирана- дефинитивно “Американска Трагедија“ и “Сестрата Кери“ ми беа поубави, оваа ми беше, онака :wasntme: :tmi: .
    Ќе ја земам и “Џени Герхарт“, (уште таа ми остана недочитана од колекцијата) па тогаш ќе знам дали сум се заситила од Драјзер, или пак нешто друго е во прашање. :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Пиреј П.М. Андреевски (од кога ја почнав и дури завчера ми текна да и се посветам целосно и да ја дочитам до крај)
    Дефинитивно лесно и брзо се чита, само не ми се свиѓа што некако ми е монотоно пишувано , се раскажува во минато време и само два ликови прераскажуваат и на крај завршува како што се почна во сегашно време. Сите деца на Јон и Велика умираат, Јон ко ќе се врати од војна ќе биде многу суров и кога ќе се роди последното дете кое што тоа ќе им биде последно и единствен негов наследник мислам дека е Роден Мегленоски со кој всушност и започнува приказнава, на погребот на неговата мајка, Јон умира и пак ја остава Велика сама
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Прибежиште - Николас Спаркс
    Добра книга типочна за Николас!
    Станува збор за 27 годишна девојка - Кејти која се доселува во малото градче. Овде го запознава Алекс, вдовец, татко на две прекрасни деца. Се зближуваат и се заљубуваат и тогаш Кејти му го раскажува целото нејзино мрачно минато и раскажува дека всушност ова тоа и е лажен, украден идентитет и дека таа е мажана за суров маж, психопат кој постојано ја малтеретирал. Остатокот го оставам на вас :)
     
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Многу интересна книга,ја прпорачувам на сите што сакаат да читаат трилери
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Последна прочитана книга

    Сидни Шелдон Странец во огледало
     
    На thelittle17 и Hipica им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Се извинувам за офф топикот, но ќе може ли во иднина секој што ќе објави последна прочитана книга да напише коментар за книгата макар и во споилер. Вака е глупаво исто се објавува во моментално читам и потоа истото и овде, без впечатоци и коментари за книгата.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    8.038
    Последна прочитана книга

    На прв поглед- Николас Спаркс, книгава е продолжение на Вистински верник.
    Фина книга, ништо поразлично од претходните романтики на Спаркс.
     
  18. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Последна прочитана книга

    Оркански височини
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.947
    Допаѓања:
    111.599
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Лето и Градот - Кендис Бушнел. За летото кога Кери Бредшо доаѓа во Њујорк и го запознава Саманта, Миранда и Шарлот.
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Последна прочитана книга

    И јас не бев нешто многу задоволна од „Титан„ искрено очекував може повеќе и од самото дејствие и од ликовите дури и од крајот ама што е - тоа е, јас да можам добри 70% од краевите би ги променила по мое иако е неблагодарно знам :lol: , па го делам мислењето дека неспоредливо ми е ова дело со „Американска трагедија„.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.