1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    На прв поглед-Николас Спаркс
    Уште едно дело типично за него. Дело чиј крај ми ги насолзи очите...
    Лекси и Џереми се запознаваат под малку чудни околности. Една ноќ полна со страст засекогаш ќе ги смени нивните животи. Џереми, кој има големо семејство, распаднат брак зад себе, работа и мисли дека никогаш нема да го напушти Њујорк, се вљубува во Лекси додека извршува истражување за неговата рубрика. Минуваат една ноќ заедно и после некое време тој дознава дека Лекси е бремена. Но, причина за неговиот распаднат брак е токму неговата стерилност...
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Последна прочитана книга

    Мачнина - Ж.П.Сартр, ја прочитав на српски, и неблагодарно еве јас да го оценувам Сартр :) ,но делото е повеќе од добро, од ли чно .
    Офф топик - Сеси значи по твој вкус Титан не ја надмина трагедијата ?
    Значи, на крајот се се сведува на тоа, вкусови се во прашање...мене Финансиер и Титан ми се неприкосновени од Драјзер и во топ 10 листата :)
    Тогаш, Џени Герхарт би требало повеќе да ти се допадне, поблиска е до трагедиите отколку до овие две ;) :)
     
    На sesilija, LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Албер Ками - Странецот
     
    На anneyy и Hipica им се допаѓа ова.
  4. a.n.e

    a.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Последна прочитана книга

    Го Сакам Париз - Линдзи Келк, супер лесна чик литература од актуелната трилогија I Heart ... Ги препорачувам сите три книги на сите кои сакаат да го пуштат мозокот на пасење во летните денови!
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]



    За книгата само пофални зборови а за писателот браво човеку, знаеш да одушевуваш и да оставиш човек без зборови ....душо напатена.
     
    На WhiteAngel, Springy и karak им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Ја прочитав Заробени сништа, прееска што почнав да ја читам.
    Не можев да ја оставам книгава. Авторката ме плени со искреноста, со целосното разоткривање на чувствата, со ужасите што морала да ги преживее со своите 16 години. Жалосно...
     
  7. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Последна прочитана книга

    Скакулци -на П.М.Андреевски, за селските задруги и пропратни случувања на селаните
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    Прстен-Даниела Стил.
    Книга која многупати ми ги насолзи очите и ме остави без зборови.
    Секогаш и секаде, Евреите биле претставени како жртви, Германците како нацисти и одвратни луѓе, без чувства, без милост, без грижа на совест, пред себе или пред Бога. Оваа книга многу јасно ми ја покажа и другата страна од монетата. Во тоа време, не само Евреите биле оние кои пателе, кои трпеле, кои биле измачувани и газени. Германците, исто така, во својата земја, од својата земја биле третирани како ѓубре кое не заслужува да живее. Не сите секако, туку оние од нив кои имале некаква врска со Евреите... и оние од нив кои биле против сето она што се случува, кои сепак сочувствувале, биле сметани за предавници и третирани како такви.Токму во оваа книга е прикажана една чистокрвна Германка и целата тортура врз неа за време на Втората Светска Војна.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Прекрасна книга, многу ми се допадна!
    Станува збор за три преубави девојки Ешли, Тони и Алет кои работат во иста компанија и трите се осомничени за убиства. Следува едно од најбизарните судења на векот со најинтерсна пресвртица. Нема многу да зборувам, нема многу да ви откривам ве оставам вие сами да се изненадите. Заснована е на вистински настан!
     
    На fallenangel, anneyy и Magnolija им се допаѓа ова.
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт
    По тежок и долг развод Лиз заминува четири месеци во Италија во потрага по задоволството. Потоа четири месеци ги поминува во Индија во потрага по посветувањето и на крај четири прекрасни месеци поминати во Бали, Индонезија во потрага по рамнотежа. Прекрасна приказна, никој нема да остави рамнодушен..
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Последна прочитана книга

    Мистеријата на синиот воз - Агата Кристи
    Уште еден прекрасен роман од Агата Кристи кој, како што пишува, го остава читателот во неизвесност се до самиот крај.
    Кој би рекол дека убиецот е оној на кој сите најмалку се надевале.
     
    На LuisRoyo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Последна прочитана книга

    Ингрид Хоулцхазен - Светската мудрост
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Последна прочитана книга

    Атентат - Јасмина Кадра, ме трогна. Суштински и вистински.

    Лесно се чита а крие длабоки мисли. Дава поинаков поглед на вечната војна во Израел.
    Сите ме предупредуваа за Хосеини дека ќе плачам, јок - овде надокнадив и се истурив од липање.

    Тажно е бре :(
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Последна прочитана книга

    Девојката на командантот - Пам Џеноф. Преубава.
    Полска за време на втората светска војна. Ема е еврејка, која ќе мора да присвои друг идентитет доколку сака да преживее. Нејзиниот маж Јаков, набрзо исчезнува приклучувајќи се во политичките активности, во отпорот. Згрижена е од страна на Крисја, вујната на Јаков, која патем е католик кој е спремен да го жртвува животот за еврејка. Ема почнува да работи како секретарка на командантот Рихвалдер, нацист кој ги спроведува сите активности врз евреите. Воодушевувачка е нејзината борба за да преживее, нејзината храброст, нејзината љубов кон Јаков - која поминува низ турбуленции, пријателството, грижата за нејзините родители, за Лукаш. Поминува низ пекол, соочувајќи се секојдневно лице во лице со својот страв.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Ти ја препорачувам Сопругата на дипломатот - Пам Џеноф продолжение на Девојката на командантот. Првата приказна не е целосна без неочекуваниот пресврт во втората книга!
     
    На Bloom му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Последна прочитана книга

    „Јужно од границата, западно од сонцето„ - Харуки Мураками.
    Премногу моќна книга, ја прочитав во еден здив за помалку од деноноќие - книга за човечките интеракции љубовни и пријателски и кобните грешки кои се провлекуваат од минатото во сегашноста и иднината, книга за пропуштената можност и обидот за нејзино изживување после долг временски период кој е веќе друго, со тоа веќе погрешно време, за осаменоста во која ти фали една личност покрај толку други и покрај цел професионален и семеен успех, сето тоа доловено низ приказната за Шимамото и Хајиме.
    Некои делови од оваа приказна останаа мистерија, но тука може да стапи во игра фантазијата на секој читател кој може да создава свои претпоставки за животот на Шимамото, таа толку необична жена, со која јас лично делам дел особини - го сакаме дождот и не ја сакаме средината туку преферираме крајности и друго што нема да го откријам :) .
     
    На L-enna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Последна прочитана книга

    Збогум, Колумбо - Филип Рот
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Последна прочитана книга

    Железната петица.
    Интересна е, ама премногу информации и поими во неа. На неколку пати се изнервирав и ја трескав, ама за инает ја дочитав. Смислата е убава, ми се допаѓаат таков тип на книги ама многу ја отупува на некои места.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Ништо поразлична од предходните два дела!
    Продолжува тешката борба на принцезата Султана со режимот на Саудска Арабија. На многу сликовит начин е прикажан тешкиот живот во тоа опшество
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    Бадем-Неџма
    Кога ја читав, мислев дека книгава е всушност нечиј дневник, а јас сум го украла и без срам и перде си читам :$