1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    22.985
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Непобедиво срце___Мирјам ;) Неможев да ја оставам, преубава приказна :up:
     
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Последна прочитана книга

    Парада на марионетките-Евгениј Хоуп :)
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Последна прочитана книга ми е Мег Кебот-Права американска девојка, чиста чик литература,добра за на плажа и тепање време :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Последна прочитана книга

    Долг пат до дното од Ник Хорнби.

    Ми се допадна, не премногу, меѓутоа сосем солидна книга.
    На почетокот ликовите делуваат малку неразработено, но како што се внесувате во дејствието така се развиваат се повеќе и повеќе.
    На моменти ми беше многу смешна, на моменти тажна, интересна замисла.
    Сметам дека во реализацијата можел да вложи повеќе, посебно последните 30-тина странички.
    Како да му снемало веќе сила за пишување, нема толку ентузијазам, стилот спласнува.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Последна прочитана книга

    Мистеријата на синиот воз од Агата Кристи.
    Не ми се допадна.
    За прв пат успеав уште на почетокот да се посомневам во злосторниците и - погодив кој е виновникот.
    Но, не само тоа.
    Книгата е слаба, некои ликови и настани се сосем непотребни, внесени колку само да се пополнат страниците.
    Моето лично мислење е дека Агата Кристи нема воопшто добар стил на пишување, единствено има перфектен ум за замрсени крими-детективски приказни, но стилски - лоша реализација на истите.
    Нарацијата и е сувопарна и без душа.
    Оваа книга можам слободно да кажам - е една од нејзините најлоши.
    Не ја препорачувам.
     
  6. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Последна прочитана книга

    Ловец на змејови - Халед Хосеини. Прекрасна книга, премногу реално доловени емоции и страдања. На последните 100 страни добро се изнаплакав и не ме терајте да ја опишам со зборови, тоа нешто мора да се прочита. Следна во план ми е Илјада неверојатно сонца, од истиот писател и очекувам да е исто толку добра колку и оваа :)
     
    На starbucks, LivingGlam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    8.447
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    затоа што те љубам гијом мисо, најубавата книга што досега воопшто е напишана, дефинитивно морам пак да ја прочитам ( иако никогаш една книга не ја читам два пати оваа книга заслужува да се прочита безброј пати )
     
  8. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Последна прочитана книга

    Пурпурен хибискус-Чимаманда Н. Адичи
    Книгава ме трогна до најситниот атом од моето тело,преубава!
    Секогаш ќе ми останат врежани моментите кога двајцата преслатки Јаја и Камбили за прв пат после многу години го слушнаа звукот на својата насмевка во куќата на нивната тетка,кога сестричето ги здогледа дупчињата во образите на нејзиниот брат кои се составен дел на неговата преубава насмевка,кога Камбили почна слободно да зборува без да го чувствува меурчето во грлото секој пат кога ќе сакаше да го стори тоа претходно..А сето тоа им го ускрати нивниот богат,авторитативен татко за кого децата беа само предмети на изживување на неговиот непокорлив и закоравен дух
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Печалбари - Антон Панов (дека ми е за во школо )
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    11.455
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Читачот- Бернхард Шлинк.
    Доста морално потресна книга
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    А потоа.. Гијом Мисо
    Ми се допадна приказната, каков пресврт на настаните, сеуште сум под импресии.
    Ама сакав да има среќен крај :( .
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Последна прочитана книга

    Во последно време не читам многу, зафатена сум со факултетот, па читам само кога морам :$ .

    Последна прочитана, на страна оние факултетските, е мојата омилена „Злосторство и Казна“ - Ф.М. Достоевски, втор пат ја читав и пак ме воодушеви...
    Омилен цитат : ,, Tајната на човечкиот живот не е во тоа само да живее, туку и зошто живее" :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.053
    Допаѓања:
    257.812
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Џон Гришам-Повик
    Ја земав за на одмор, си викам добар е Гришам за на плажа ама овој пат се излажав. Книгава почнува, трае и завршува без да остави некој голем белег и печат. Апсолутно ти е сеисто дали си ја прочитал или не :^)
     
  14. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Последна прочитана книга

    Невеста во борџии - Џин Калогридис многу е добра,сега гледам HBO ја даваат и серијата..Но сепак книгата е далеку подобра :)
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Да ги споделам импресиите од последните прочитани книги:

    Џин Сасон: Принцезата Султана - Единствена, божанствена. Уште повеќе ми се раскинува срцето кога знам дека сето тоа што го читам знам дека е вистина, дека сето тоа им се случува на стотици, илјадници девојки во светов. :worried: Едвај чекам да ги прочитам останатите делови.

    Мари Луис Фишер: Љубовта на мојот живот - Уште една вистинска приказна. Интересни настани, едноставно но интересно прикажани. Се соживеав со настаните.

    Винка Саздова: Последниот чај - Убедливо најдобра. Единствена. Многу поучна и инспиративна. Прекрасни чувства преточени низ преубави реченици, уживав додека ја читав. Преубави описи, а и стилот на пишување многу ме потсеќа на моето пишување, затоа и толку многу ми се допаѓа. МОРА да се прочита. :inlove:
     
  16. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Последна прочитана книга

    Последната песна-Николас Спаркс,многу ми беше тажна,едвај ја дочитав,изгледа премногу се внесов,ама не верувам дека некој би можел да остане рамнодушен на книгава.
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Последна прочитана книга

    На полковникот нема кој да му пишува - Габриел Гарсија Маркес :)
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Кралска крв-Харолд Робинс
    Ме остави без здив. Прекрасен трилер.
    Принцезата од Велс е обична млада девојка, која потекнува од богато и ситуирано семејство, се до денот кога принцот ја бара за жена. Нејзината венчавка е вистинска медиумска сензација. Таа ги освојува срцата на милијардите гледачи и читатели на таблоидите во кои постојано е нејзиното лице на страниците. Но нејзиниот живот ни малку не наликува на принцеза од бајките. Насетува дека и коваат заговор, па одлучува да го убие својот сопруг, принцот од Велс, идниот крал...
    Единствено што не ми се допадна е тоа што има премногу описи на личности. На моменти ми изгледаше како да се пишувани само за да се пополнат страниците. Сите тие личности се вмешани во целата приказна, па можело на поинаков начин да се обработат... Сепак, тоа не ми го менува впечатокот кој ми го остави воглавно книгата, а посебно крајот. Топло ја препорачувам.
     
  19. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Последна прочитана книга

    Ангели и Демони-Ден Браун
     
  20. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Последна прочитана книга

    Ќерката на мојата најдобра пријателка -Дороти Кумсон.

    Трогателна и преубава, тажна и среќна, со крај баш каков што јас сакам. Ја довршив сабајлево во 7 саат, пошто неможев да заспијам а да незнам како ќе заврши.