1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Последна прочитана книга

    Љубовта трае три години.
    Според мене ништо посебно ...

    Ама јас сум па и таква, кога некоја книга ќе ми ја утепаат од фалење очекувам нешто вау ... и после испаѓа не толку вау.

    Сепак, се извлекува некој корисен заклучок од книгичево ако поднавлезеш дубоко. :)
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    22.984
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Доба страсти (на хрватски ја читав) - Даниела Стил и премногу ми се допадна книгата. :inlove:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Никогаш повеќе од Катажина Грохола.
    Книгава е мала, 200 стр., но успеа да ме насмее до солзи.

    Јудита е 37 годишна жена, која има вишок килограми, ќерка во тинејџерски години, проблеми од емоционална природа и други проблеми и непријатности во животот. А, да, мажот и ја оставил за друга жена која е бремена. По ова, смета дека мажите се сите исти и дека секоја што мисли поинаку е ненормална. работи во женско списание како советник за проблеми. И покрај се, не ја изгубила смислата за хумор. Решава да гради куќа на село и со својата ќерка да живеат таму. Но сепак, можеби љубовта ќе затропа повторно на нејзината врата, иако се обидува да се скрие од неа.
    Раскажувана е во прво лице, мислите на Јудита се ројат без престан, забавата за читателот е загарантирана.
    И еве една нејзина мисла:
    "Господе, чувај ме од мажот за кого ќе помислам дека е поинаков."
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Последна прочитана книга

    Молитвата на мојата мајка од Нафиса Хаџи.

    Трогателен и поетичен роман за значењето на семејството, традицијата и врските кои не поврзуваат. Молитвата на мојата мајка претставува приказна за мајките и ќерките, приказна за млада жена која се нашла на животниот крстопат и која- водена од своето семејно наследство, од верата, потеклото, културата и од сопствената режителност- ќе трге по патот на длабокото самопознавање.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Последна прочитана книга

    последна прочитана книга ми е како вода за чоколада-нешто прекрасно навистина се воодусевив додека ја читав а за додека читам прв пат се случи да заплакам и се случи за оваа книга ;(
    нешто прекрасно немам зборови со кои би моела да опишам кои емоции беа тоа
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Сто потези со четка Мелиса.П.
    - конечно .
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Последна прочитана книга

    Магионичарот од Лублин од Исак Сингер.
    Преубава книга, полна емоции, ве остава зачудени, изненадени од крајот.
    Главниот лик е толку добро изграден, многу сложен, интригантен, ја води приказната беспрекорно.
    Секоја наредна страничка е уживање.

    Ја препорачувам, Сингер е врвен мајстор на пишаниот збор.
    :)
     
    На LivingGlam и Theodora им се допаѓа ова.
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Последна прочитана книга

    Дамата со камелии-Александар Дима :)
    Прекрасен роман :)
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Рингишпил Јелена Бачиќ-Алимпи конечно најдов време за да ја довршам. Инаку супер книгичка
    На многу сликовит начин е раскажана тажната судбина на примабалерината Ана која е на смртна постела
     
  10. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Последна прочитана книга

    Дванаесетиот ангел од Ог Мандино
    една од најтрогателните книги било кога напишана.Многу посебна приказна за живото , љубовта и храброста.Оваа книга ми пушти солзи на моите образи ;(
     
  11. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Последна прочитана книга

    Крпен Живот- Стале Попов :) :)
     
    На Acerola, Mayyya и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Последна прочитана книга

    Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Мерсие.
    Искрено долго не сум прочитала книга која има толкава длабочина во обелоденувањето на меѓучовечките односи во семејството, пријателството и љубовта. Невидено проникнување во човечката природа и душа и тоа на необичен и ненаметлив начин и со толку добро дефинирани ликови. И сите тие португалски имиња како Жуаум ми будеа искрени насмевки и чиниш патував заедно со Грегориус со кој делиме и иста страст - книжни црви.
    Раимунд Грегориус професор по класични јазици од Берн тргнува во Лисабон ненадејно напуштајќи го работното место и својот дотогашен живот за да го истражува животот на Амадеу Д Прадо - златарот на зборовите и безбожниот свештеник, инспириран од неговата книга на која ќе налета случајно.
    Единствена забелешка е недоволно разјаснетиот крај, јас преферирам крај кој е дефиниран јасно без простор за било какви претпоставки, што овде изостанува.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Последна прочитана книга

    The Memory Game - Nicci French
     
  14. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Последна прочитана книга

    Хари Потер и редот на фениксот(5 дел) - J.K. Rawlings, сега го барам шестиот дел :)
     
  15. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Еве ме повторно, спремна за критики. ;)

    * Хари Потер и Каменот на мудроста - Џ. К. Роулинг
    - Колку само долго време чекав за книгата. И секако - воопшто не се разочарав. Се си е на место и едвај чекам да го најдам вториот дел.

    * Сопругата на дипломатот - Пам Џеноф
    - Книгата е продолжение на книга која јас ја немам читано. Прашање е дали воопшто ќе го најдам првиот дел. Инаку, ми се допадна оваа книга. Интересна приказна, преврти, измами, среќен крај и така. :)

    * Грех њене маме - Мир - Јам
    - Малку романтика малку патетика. Преувеличување на карактерните особини на главните ликови. Просечно.

    * Затоа што те љубам - Гијом Мисо
    - Се двоумам. Гијом има необичен стил на пишување. На некој начин ми се допаѓа заради тоа што пишува различно од другите, а сепак мислам дека неговите дела ја преминуваат реалноста.

    * Остани крај мене - Гијом Мисо
    - Истото мислење и за оваа негова книга. Само би додала дека во оваа книга тотално се изгубив.
    Што е премногу - премногу е.

    * Крал Едип - Софокле
    - Бре, колку само досадна книга. На моменти пеев делови од книгата или пак ги изговарав со некој глас од хорор филм од толку што ми беше досадно. Кога го прочитав првиот дел, ми требаше време да најдам сила да го почнам вториот. А, пак она што се раскажува во неа. Гадно, богами.

    * Кодот на Да Винчи - Ден Браун
    - Очите црвени ми станаа од читање. Изненадувања, шифрирани пораки, сликите на Да Винчи..
    :bow: :bow: :bow:
     
  16. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    "Марина" - Карлос Руиз Зафон
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Кој ќе го фати бранот - Агата Кристи
    - (Дејствието најверојатно го претпоставувате, сигурно не се работи за љубовна приказна. :lol: )
    Книгата не е лоша - те држи во неизвесност се до крајот. :)
     
  18. magi.megi

    magi.megi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Последна прочитана книга

    Крив правец е првата и последната книга што ќе ја прочитам од овој автор....Многу слушав за таа книга уште како помала и пред некое време кога ја најдов пукнав од среќа но не и откога почнав да ја читам,се разочарав. Отчекував повисок стил на пишување а ова ми беше како да ми раскажува некоја 15 годишна девојка...
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    22.393
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Бакнеж во ноќта - Шерилин Кенион. Книгава е фантазија, ама со добра приказна и уште подобра порака на крајот. Ми се допадна.
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Последна прочитана книга

    Чистач или крив правец 2 - Димко Тасевски

    Значи сиромаштијата и бедата во една држава како што е Македонија на што се може да те натера да направиш во животот. Така и Роберт не сакајќи да гледа како неговите се истерани од работа, и сестра му матурантка која треба да се запише на факултет, тој се впушта во многу матни води. Се знае на крај како ќе заврши тој. Ми се допадна книгата. Лесна за читање, и реална.

    Гледајќи од страна на човека му се чинат овие дејанија многу мистериозни, нестварни.
    А се е толку едноставно. Се се врти околу парите и сексот. Тие ги формираат владите и политиките. - Извадок