1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Последна прочитана книга

    Љубов во ранетата земја-Џин Сасон
    Вистинска животна приказна од времето кога Садам Хусеин газеше се’ живо со курдиско потекло во Ирак! Курдите и нивниот обесправен живот ;( !
    Трогателно и потресно! Живото на Џоана е претсавен како едно големо измачување кое за среќа ќе заврши со слобода! Крајот е слободата, но дотаму се безбројните пречки меѓу кои губењето на видот, хемиското оружје, бегството низ планините, загубата на блиските, бомбардирањето...
    Интересна, вреди да се прочита!
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Последна прочитана книга

    Пред два дена завршив со читањето на книгата ''Помеѓу нијанси на сиво'' од Рута Шепетис..прекрасна е ви ја препорачувам да си ја најдете и да ја прочитате.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Фишер-Љубовен лавиринт.
    Ликовите се неизградени, површни, ниту се пронаоѓаш во нив, ниту сочувствуваш...
    Приказната е тапа, шпанска серија, па и шпанската серија е подобро направена, со подобар заплет и барем имаш некој омилен лик.
    Тапа, не препорачувам.
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Последна прочитана книга

    Во Моментално читам имав напишано дека ја читам Ион...
    Па би сакала да ви ги кажам импресиите од книгава. Мене ми се допадна, убав стил на пишување со доста богат речник. Можеш да се пронајдеш во сечиј лик, има од најголеми голтари до најдобродушни суштества...

    Се работи за Ион кој е сиромашно момче но заслепено од амбициите ќе направи се за да ја освои ќерката на кметот, поради нејзинито енормно богатство...Таа е мила и наивна и ќе поверува во неговата „љубов“ и ќе се омажи за него...Настаните ќе дојдат до крајна граница се додека нејзиниот татко после толку обиди на крај и ги отвара очите...

    „...Живееше како куче и умре како куче!“
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    22.983
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Самац у браку-----Мир Јам ;) ми се допадна книгата како и сите други од Мир Јам. Ја сакам неа и кога ги читам книгите живеам во тоа време во 1920- 1930- 1940.... и му заблазнувам на животот во тоа време, (освен војната) многу биле луѓето поисполнети тогаш, ако немале интернет, мобилен.... сепак знаеле да си го живеат животот многу поубаво отколку сега. :|
     
    На LUNA.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    11.452
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Jane Eyre- Шарлот Бронте
    Предвидлива, на моменти досадна. Џабе ја исфали толку една професорка по англиски
     
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Последна прочитана книга

    Розата на Севастопол - Катерина МекМехон :up:

    Изминативе 5 дена уживав во друштво на една прекрасна книга, интересни ликови, убаво објаснети ситуации, беспрекорно доловени локации каде се случуваат дејствата... Додека преминував од страница во страница постојано бев во неизвесност што ќе се случи... Буквално книгата ме предизвикуваше да не ја затворам и да читам уште!
    Но крајот од книгата ми е помалце впечатлив од целата содржина на овој роман! Очекував расплет, но добив впечаток како книгата да е незавршена, и се чини дека е оставен простор сами да го замислиме крајот од овој прекрасен роман кој го прочитав со големо уживање!
    Ја препорачувам книгата, добра е!
     
  8. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    Последна книга што ја прочитав е Ако го дочекам утрото /Сидни Шелдон.преубава книга,многу возбудлива и љубовна.Исто така има и сериски филм за оваа книга само што го даваа одамна.Топло ја препорачувам на сите сентиментални душички :$ :$ :$ :l: :l: :l:
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Последна прочитана книга

    Гол човек од Игор Џамбазов :)

    [​IMG]
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Бел Ами од Гиј Де Мопасант
    Книгата ја прочитав во еден здив, кога почнав неможев да ја испуштам додека не ја завршив.
    Дејствието е сместено во крајот на 19 век, и приказната е за издигнувањето на главниот лик од сиромашен војник во еден од главните фаци во Париз во тоа време, сплетки, интриги, секс, политика се тоа фино сплотено, ништо не и недостасува на приказната.
    Мене ептен ми се допадна книгата :up:
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    22.983
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    У словеначким горама---Мир Јам :rofl:
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Стрипче- прва подарена на љубово..кратко и слатко осмех!
    "Момче и Девојче" - Роберт Грос и Роберт Гирс

    http://okno.mk/node/10182
     
    На Black.Beauty и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Луиз Ренисон - АНГУС, ТАНГИ И БАКНУВАЊЕ СО ФАЌАЊЕ

    [​IMG]

    Релаксирачка, смешна, тинејџерска книга за 15годишни девојчиња, ама кога ти е досадно и такви книги добро може да ти се најдат.. :lol:
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Последна прочитана книга

    Сексуалниот живот на луѓето-Сигмунд Фројд,малку пренапорна за мој вкус али во глобала е ОК,ја сваќам поентата :)
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    Мојот дедо Луј Витон - Исадора Бјелица
    Класична чик литература, напишана од еден страсен обожавател на Витон кој градовите ги класифицира на има или нема Витон продавница. За тепање време е супер, лесно и брзо се чита. Всушност е приказна за едно патување на едно семејство на кое се случуваат згоди и незгоди. Ај да не ви откривам многу, проценете сами, мене ми се допадна :)

    Патувањата се освојување на среќата... да имате идеална ташна за на пат значи да го дофатите секое делче од среќата и да го чувате само за себе.

    Луј Витон
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Александар Македонски-Жан Расин
    Лектира, малку што разбрав. Ми се допаднаа дијалозите бидејки сакам пиеси...
    Нотинг спешл... :|
     
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Одлука - Николас Спаркс
    Ништо посебно. Не сум љубител на Николас Спаркс, па не ме изненади и со оваа книга.
     
  18. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Последна прочитана книга

    Клетници-Виктор Иго...преубавааа :)
     
    На esperanca, Hipica, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.567
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Последниот воз за Истанбул.

    Книга за забранета љубов, војната и истрајноста. Прекрасна книга на сите ја препорачувам!!!!

     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Последна прочитана книга

    Илјада неверојатни сонца!
    Добра беше,во еден ден ја прочитав :)