Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Последна прочитана книга

    Девствено сино од Трејси Шевалие и се воодушевив навистна прекрасен роман .Од истата автока го прочитав и романот Девојката со бисерна обетка но Девствено сино е подобар во секој случај ви го препорачувам
     
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Последна прочитана книга

    Tell me something , Adele Parks
    Интересна книга , добра за релаксација. Се работи за англичанка која е заљубена во Италија и е решена да се омажи за италијанец. Меѓутоа, после 6 год брак со италијанец,таа не може да затрудни иако е се во ред и со двајцата. Се селат во Италија , каде нејзиниот зивот ке се промени за 360 степени. Почнуваат проблемите, неверства , се појавува згодниот американец.... А крајот е сосена непредвидлив. Препорачувам. :)
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Последна прочитана книга

    Небото паѓа - Сидни Шелдон....Катастрофа беше книгата еј неможев да издржам до крај да ја дочитам. |(
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Смрт во венеција- Томас Ман ... мене лично не ми се допаѓа книгава.
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма

    Ви ја препорачувам на сите. Книга која секој мора да ја има прочитано барем еднаш.
    Се раскажува за угледен и ценет адвокат милионер, кој има достигнато огромно материјално богатство, но се соочува со внатрешна празнина и духовна сиромашност.
    Одлучува да се откаже од својот навидум совршен живот и тргнува во потрага по вечна среќа и духовно богатство..

    Книгава е 5та најпродавана книга во историјата на Израел.
    2 години по ред била најпродавана книга во Индија.
    Најбрзо продавана книга на сите времиња во Турција.
    Бест селер во Јапонија, Шпанија, Англија, Дубаи, Мексико, Сингапур, Пуерто Рико и Америка.

    Сето она што е зад тебе и она што е пред тебе, не е ништо во споредба со она што е во тебе.

    Не постои хаос во универзумот. Се што ти се случило некогаш, има некоја смисла, исто како што има смисла и сето она што допрва ќе се случи.

    Ружата е како животот - долж патот ќќе наидуваш на трње, но ако веруваш во своите сништа, на крајот ќе преминеш преку трњата и ќе стигнеш до блескавиот цвет.
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Леле дааа дефинитивно многу јака книги ме импресионираше онака нај ептенски :)
    Јас ја препорачувам Are You Afraid of the Dark? - Sidney Sheldon Исто така врв книга . Ја има и на македонски мене ми беше поинтересна на англиски кој како сака :)
     
  7. Downy

    Downy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    43
    Последна прочитана книга

    "Заедно" од Џоди Пико
    Возбудлива љубовна приказна за опсесијата,загубата и болното чувство на вина.Трогателна приказна во која се мешаат елементите на мистеријата со чувствителното истражување на ненамерното убиство.Толку добра, што е невозможно човек да се одвои од неа .. се чита во еден здив :)
     
  8. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Последна прочитана книга

    шминкерка :)
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Последна прочитана книга

    Сега и засекогаш-Даниела Стил
    Една од полошите книги на Даниела Стил. Искрено ме разочара. Толку бавно дејствие, воопшто не интересна.
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    Сосем едноставно - Питер Џејмс.
    Предобра.
     
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Последна прочитана книга

    само што ја дочитав "А потоа" од Гијом Мисо.... кој ја нема прочитано нека ја земе, ја има во книжарница ТРИ
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Јас вчера ја дочитав Крила од Даниела Стил и ептен ми се допадна книгата :inlove:
     
  13. Rocker

    Rocker Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    19
    Последна прочитана книга

    Ангели и Демони од Ден Браун.....премногу има информации во книгата :tmi: сепак е една од најдобрите што досега ги имам читано :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Последна прочитана книга

    Црвената смрт - Едгар Алан По
    Најубавата збирка раскази што сум ја прочитала во животов ,просто ме воодушевува овој човек! :bow:
     
  15. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Последна прочитана книга

    Зависна од мода, но не ја дочитав затоа што беше многу грда. :)
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Последна прочитана книга

    Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
    Прекрасна книга. Значи не жалам што почнав да одвојувам време и за Јапонската литература.

    Додека ја читав мислам дека се соживив со нараторот. Толку прекрасно напишано. Толку детално. Неизбежно е чувството читајќи да почнеш тоа како да го чувствуваш на себе.
    Значи минатото колку може да влијае на сегашноста. И колку детската љубов може да трае, а и колку може да повреди. Пријателите уште од раното детство што ги имаме никогаш неможе да ги заборавиме.
    Во еден момент мислев дека психата на Хајме ќе попушти, и ќе отиде. Ќе заврши.
    Но не. Истрпе. Издржа. Со големи маки се откажа од се што има само за да биде со жената која ја сакал уште од раното детство, но пак остана без неа.
    Преубава книга. Мора да се прочита.

    Наидов и случајно на неколку песни кои се споменуваат таму. Еве една:
    http://www.youtube.com/watch?v=NdAfkgCjW-c
    Слушнете ја. Опушта.
     
    На L-enna, MySkin, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Последна прочитана книга

    Ги прелистувам последните страни од
    Гол човек - Игор Џамбазов
     
  18. MySkin

    MySkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Последна прочитана книга

    Подарок-Даниела Стил..мора да ја прочитате,преубава е..
     
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Пролет - Џон Голсворди.

    Делумно интересна и привлечна..
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Последна прочитана книга

    Евгенија Гранде - Оноре Де Балзак

    коментар: Ах мил, мој Балзак зошто ние не сме се сретнале никогаш, па да можеш и ти да уживаш додека ми ги читаш твоите дела и јас додек ти го правиш тоа??
     
    На Buttterfly и Magnolija им се допаѓа ова.