1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Странецот-Томас Ман ништо посебно, ќе заглави в затвор, брзо се чита.
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Последна прочитана книга

    ^Томас Ман? :?: Да не е Албер Ками -Странецот?

    Онтопик: Мене последно прочитана ми е: Демијан-Херман Хесе :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Последна прочитана книга

    а да не е Смрт во Венеција од Томас Ман? :D

    Јас сега таа ја читам, за лектира е.
    Делото има најмн. сто страни али ти треба подолго време да го прочиташ. Брзо бега концентрацијата ама вреди, значи делото многу вреди!
    Некои дела со право се наместени за лектира. И веќе немам предрасуди за тенките романи со малку страни :D
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Морам да се самоцитирам за грешкава, намерно се најавував за да ја поправам.
    Од Алберт Ками е Странецот, а Смрт во Венеција(ја имам читано со Таѓо е од Томас Ман), утка, дека пред неа оваа ја читав. Ту како не ми текна порано, да редактирав, вака мораше да ме поправате :)
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Последна прочитана книга

    Книга за жената - Ошо станува збор за суштината на жената според машки аспект :)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Добра е. Нешто слично на Смарак само овде не станува збор за вампир туку за паднат ангел, прогонат од рајот кој се заљубува во смртничка.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    Блаже Конески - Везилка.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Последна прочитана книга

    Oливија Џулс и премногу бујната фантазија-Xелен Филдинг

    Kога го видов насловот мислев дека ке е некоја глупава книга,но одлична е :)
    Oливија е паметна,атрактивна новинарка во еден престижен магазин.Tаа сака да донесе некоја вистинска вест,некоја сензација во магазинот за кој работи,бидејки темите стануваат веке еднолични.
    Oливија го посетува Mајами и е сведок на експлозија на еден брод-хотел,дознава дека човекот кого претходно го запозна тука во Mајами Пјер Ферамо е вплеткан во сето тоа и се сомнева дек е вплеткан во Aл Kаеда,таа поминува доста опасни шпионски авантури кои ке бидат проследени со многу патување :lol:

    Исто и оваа последно ја читав

    Aко го дочекам утрото- Cидни Шелдон

    Mи се допадна,баш во негов стил :)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Последна прочитана книга

    Процес - Франц Кафка

    Уште еднаш, што точно беше проблемот со книгава? :^)
    Мене ми се допадна. Ниту малку не ми беше тешка, несфатлива или досадна. Не знам зошто толку одвраќање и негативни коментари...
     
  10. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Последна прочитана книга

    Загубениот симбол-Ден Браун,и многу ми се допадна
     
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Последна прочитана книга

    Исто. Преубава. Јас ја барам и на Македонски ама слабо.
    А Странецот, Процес и Смрт во Венеција не знам како може некој да ги смести во лоши книги, несфатливо.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Светецот, Сурферот и Директорот - Робин Шарма

    Одлична книга за самоуспех и личен развој.
    Три книги имам прочитано од овој автор и ви го препорачувам на сите кои читаат книги за самопомош.
    Еве само неколку извадоци од книгата :

    Најбогатиот човек на светот не е оној што има најмногу, туку оној на кого му треба најмалку.

    Нашите животи се низа на мигови - ако ги испуштитш миговите, си го испуштил животот.

    Животот е школо за равој и се што ти се случува е прекрасно. Не постојат добри, ниту лоши настани. Се што ти се случува е шанса да напреднеш и да го закрепнеш оној дел од себе што треба да закрепне.
    Секој што влегува во твојот живот, се појавува во точното време, кога најмногу си требал да ја научиш лекцијата што тој дошол да ти ја одржи
    .
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Подарок-Спенсер Џонсон (преубава книга, малку странички ама вредни) Тоа е најубавиот подарок, сите го имаме, само треба да научиме да си го поклониме на самите себе. Тој не е ниту Минато ниту Иднина, тој е Сегашниот момент. Многу поучна приказна која му ја раскажал старецот на едно момче. Многу помага книгава, на многу прашања кои сме ги поставувале има одговор и многу убави реченици и совети.
    Вреди да се прочита.
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Прекрасна книга! Ми се допадна лесна е за читање.
     
    На principesa и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Последна прочитана книга

    мислам дека српско-хрватските преводи се мн. подобри.
    А на македонски не верувам дека ја има, нити па ќе ја преведуваат пошо класици поретко се читат :|

    Норвешна шума и Јужно од границата, западно од сонцето на Мураками
    и Љубов во време на колера. Веќе напишав шо мислам за Маркес и неговото ткаење на приказни :)
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    6.675
    Последна прочитана книга

    Странецот-Албер Ками
    Во книгава се зборува за рамнодушноста за настаните кои го опкружуваат едно младо момче чија мајка умира.
    Некој ја смести книгава во лоши книги ама јас не се сложувам со ова. Од една страна ме нервираше таа негова рамнодушност ама па и сакав да видам што ќе се случи на крајот и затоа ја прочитав . :)
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Моментално читам...

    Тукушто ја завршив Другата страна на ноќта - Сидни Шелдон.

    Во стилот на Сидни, провидност во откривање на особините кај еден лик, веќе однапред се стекнува сознание за одреден настан, но морам да кажам дека не превртував очи на секоја страница од книгата, пак ми остана некоја енигма за тоа што ќе се случи на самиот крај.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Последна прочитана книга

    "Авантурите на Гордон Пим" - Едгар Алан По
    Темата е интересна и возбудлива, ама имаше страни со информации кои со задоволство само ги прелистував.
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    Длабоко во ноќта - Харуки Мураками.
    Многу чудна книга. Интересен и поинаков стил на пишување од тоа што имам прочитано досега, ама некако ми изгледа како недовршена и некои теми необработени.
    Сума сумарум, ми се допадна.
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Последна прочитана книга

    Портата на кафезот-Kејти Xикмен
    Mногу ми се допадна книгава,многу многу поразлична од се што до сега имам читано :)
    Kога ја читав толку многу бев занесена,за 2-3 дена ја прочитав :|