Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    [​IMG]
    Incidents in the life of a slave girl
    Harriet Jacobs


    Потресна вистинска приказна за животот на едно девојче кое било роб во Америка, односот на сопствениците на робови, нивната суровост, садизмот со кој се однесувале со робовите.
    Додека ја читав ја чувствував болката, понижувањето, стравот на писателката, многу јака книга.
     
  2. yellowflower

    yellowflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Последна прочитана книга

    *Оркански височини-преубава
    *Марина-многу интересна со мистерија и малце морничава
    *Четири љубовни писма
    *Страдањата на младиот Вертер-на оваа книга колку имам плачено :wasntme: ме разнежни :)
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Папокот на светот - Венко Андоновски
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Последна прочитана книга

    Може ли кога пишувате која последна книга сте ја прочитале, да напишете и краток опис или мислење, не мора да биде долго, може само неколку реченици отприлика да знаеме што се зборува во неа, па ако сакаме и да ја прочитаме.
     
    На Buba-Mara му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Последна прочитана книга

    А потоа- Гијам Мисо
    Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот тунел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт... А потоа, повторно, живот.
    Преубава книга :inlove:
     
  6. stef.acevska

    stef.acevska Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Последна прочитана книга

    Драги Џон, Девојката со бисерна обетка, Оркански височини...
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Последна прочитана книга

    Утре,Пладне и Hок-Cидни Шелдон

    Kнигава е слична како сите други,баш во стилот на Cидни,но ова не ми се допадна и баш,дали дека беше помала и пократко беше пораскажаноо- не знам :^)

    Eден богаташ,т.е од најбогатите луге умира и им остава наследство на своите 3 деца,но на врата се појавува наводната полусестра Џулија која бара дел,е сега останува да видете дали таа постои,дали е вистинската итн :?:
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
    Лара Камерон прекрасна млада дама која посакува нејзиното име да го знае цела Америка. Таа успева по тешкиот но и одлучен пат и успева во бизнисот, претпиемач, територија која била резервирана само за мажи. На крајот љубовта се покаѓува како посилна од амбицијата.
    Прекрасна книга која се чита во еден здив и со вистинско задоволство.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Љубовта трае три години - Фредерик Бегбеде

    Ова ли е бестселер?
    Не се ни чувствував дека читам книга од познат автор, туку како некој пијан дечко да чкртал мисли на лист :^)

    На крај остана заедно со Алис и ја поминаа границата од три години, но сепак речникот и стилот на авторот ни малку не ми се допаднаа.

    Пред некој ден ја прочитав Папокот на светот, излишни се сите пофални зборови што можат да се кажат за таа книга, едноставно совршено четиво..
    Си мислам, колку е неправедно што македонскиот автор најмногу што може е да се прослави на Балканот, а странскиве автори ( во случајов француски ) и кога немаат голема дарба и талент, пак успеваат да продаваат милионски тираж и да прават бестселери, колку само им е полесно да станат славни..
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Последна прочитана книга

    Невидливиот човек -Херберт Џорџ Велс
    Станува збор за научник,таинствен странец обвиткан од глава до петици,така што ниеден дел од телото не му е видлив.Кога тој започнува да прави излети надвор од крчмата,луѓето од селото и околината се засегнати од појавата и однесувањето на невидливиот човек и го поврзуваат неговото присуство со грабежите и чудните настани кои се случуваат во нивната околина.
    Откријте ја и самите неговата мистерија.
     
  11. PinkPanterka

    PinkPanterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    155
    Последна прочитана книга

    Ексклузивна приказна - Ферн Мајклс
    Интересна книга која ќе ве насмее,според мене вреди да се прочита,возбудлива е и се чита во еден здив. :inlove:
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Читачот - Бернхард Шлинк

    Се чита во еден здив, прекрасна книга, тажен крај..

    -Читај ми мене!
    -Читај си сама, ке ти ја донесам книгата.
    -Но ти имаш толку убав глас и помило ми е да те слушам тебе, отколку да читам сама.
    -Ах, не знам.
    Но кога дојдов следниот ден и посакав да ја бакнам, таа се тргна.
    -Прво мораш да ми читаш.
    Беше сериозна. Морав да и читам половина час од Емилиа Галоти пред да ме земе со себе во бањата или креветот.
    Така и јас почнав да му се радувам на туширањето.
    Желбата со која доаѓав, се губеше после читањето. да се чита некој извадок, со тоа што различните актери во одредена мера ќе се распознаваат и ќе оживеат, изискува концентрација.
    Под тушот, желбата повторно растеше.
    И читав, се туширавме, се сакаваме и потоа лежевме уште некое време еден покрај друг - таков беше ритуалот на нашите средби.


    Книгата е добитник на наградата Hans Falada , италијанската награда Grinzane Cavour, француската награда Prix Laure Bataillon, прва награда од списанието Die Welt, а исто така има и филмска адаптација, за која Кејт Винслет доби Оскар за најдобра женска улога.
     
    На SOVRSENSTVO и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    3 метри над небото...подобра е од филмот
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон.
    Прееска почнав да ја читам, пред некој саат, ама тотално ме обзеде книгава, па морав да ја дочитам.
    Интересно изградени ликови и нормално, неочекуван пресврт на крајот. :)
    Препорачувам, како и се друго од Сидни.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Последна прочитана книга

    Конечно, ^_^
    Сенка на ветрот.

    Ја вбројувам во моите топ 5 книги. :)
    Приказната, стилот на пишување, ликовите, пресвртот... немам ниту една замерка.
    Книгата е просто магична.
    Скоро совршена.

    Зафон е мајстор на убаво пишување.
    Воодушевена сум.
     
    На enca.69, Neytiri и Buttterfly им се допаѓа ова.
  16. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Последна прочитана книга

    Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино
    Ја препорачувам
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Убиство во Ориент-експрес - Агата Кристи :up: :up: :up:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Последна прочитана книга

    Засекогаш во срцето - Весна Дедиќ Милојевиќ.

    Ништо посебно, една приказна за жена која е подготвена на се за своето дете, жена на која и се враќаат спомените и сфаќа дека погрешно постапила што кариерата ја ставила пред љубовта.
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Последна прочитана книга

    Конечно си ја најдов ем на македонски, ем поевтино. Од саем секако.

    Страв од летање - Ерика Јонг.
    Ја засакав писателката! Прекрасно пишува и преубаво се изразува.

    Пишува толку слободно без трошка срам, а зборува за еротското задоволство и психолошкото живеење.
    Психолошки добро разработена.
    Фасцинирана сум од нејзината искреност.
    Досега ниеден писател кој сум го прочитала не се отворил толку пред читателот.
    Патешевствија на нејзиниот живот..
    Не, не! Немам коментар. Морате да го прочитате ако не сте. Препорачувам.

    Е сега знам дека ќе ми остане длабоко врежана во меморијата.
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Последна прочитана книга

    Свила од Алесандро Барико... Ја џапнав од кај дедо ми и ми се допаѓа.