1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Оди каде срцето те води - Сузана Тамаро

    Книгата е напишана како дневник на една баба која го пишува за својата внука, неколку дена пред смртта, и во него раскажува за нејзиниот живот, за односот меѓу трите генерации на жени ( бабата, ќерката и внуката ) и открива една тајна што ја чувала цел живот..

    Сакам да споделам еден цитат што ми се допадна :

    '' Знаеш ли која е грешката што се прави секогаш?
    Се верува дека животот е неменлив, и дека кога еднаш ќе се заземе една насока, мора да се изоди до крај.
    Меѓутоа, судбината има многу поголема фантазија од нас.
    Токму кога мислиш дека се наоѓаш во безизлезна ситуација, и кога очајувањето достигнува врвна точка, со брзина на ненадеен удар на ветрот, се се менува, се пресвртува, и веднаш сфаќаш дека живееш еден нов живот
    . ''
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Подарок - Спенсер Џонсон
     
  3. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Последна прочитана книга

    Моќта на потсвеста..по втор пат оти не ми е баш сватлива :)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Последна прочитана книга

    Загубениот симбол - Ден Браун.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Последна прочитана книга

    Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер


    [​IMG]


    само што ја завршив и не можам да кажам дека сум воодушевена, ама ми се допадна.
    имаше моменти кога си помислував Што го тупи оваа? и стварно 500 страни што е многу, многу е.
    утре ми е во план да го изгледам и филмот според книгава, па ќе имам една целосна слика за приказнава.
    не ми е во омилени книги, ама сепак ја препорачувам, лесно допадлива е.
    вистинска приказна.


    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=59
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Последна прочитана книга

    Нов почеток-Тони Парсонс.

    Многу добра книга.Препорачувам за сите кои сакаат да се опуштат и влезат во светот на тинејџерите и животот воопшто :)
    Книгава случајно ја најдов во библиотека и ја зедов.Многу ми се допаѓа.
    Повеќе во спојлер:

    Џорџ Бејли, примерен и грижлив татко кој секој би го „посакал’’, добива подарок за кој сите сонуваме - повторна можност за живот. После тежок срцев удар, на Џорџ му е пресадено срце од деветнаесетгодишник, кој загинал во тешка сообраќајна несреќа.
    Сепак неговото срце беше сосем здраво и можеше да послужи за спасување на некој друг живот. Џорџ ја имаше таа голема среќа одново да го продолжи или да го започне својот живот.
    Но тој не ни сонува дека работите полека ќе излезат од контрола и тој ќе започне да се однесува како деветнаесетгодишник. Наместо строгиот полициски министер, кој во секој чекор ги следеше своите малолетни деца, сега тој е нивни „најдобар другар’’. Секоја вечер ги посетува ноќните клубови и дискотеки и иако многумина тинејџери чудно го гледаат, сепак тој не обрнува внимание. Сега наместо од полноќ до дванаесет и пет, Џорџ со својата жена води љубов цела ноќ, како неуморен тинејџер.
    Но Џорџ Бејли набрзо открива дека ваквиот живот не е баш забавен и тој очајнички ќе сака да се врати на својот стар живот. Но дали ќе успее? И што сè треба да направи за да ја оствари својата цел и дали неговото семејство ќе го поддржи или не? - дознајте откако ќе го прочитате ова извонредно дело на Парсонс.
     

    Прикачени фајлови:

  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Последна прочитана книга

    Полноќни спомени - Сидни Шелдон


    Туууу многу расплети, ми се допаѓа. Додуша во речиси секој негов роман има многу заплети па расплети, многу ликови, меѓусебно поврзани иако мислиш дека немаат никаква врска. Инаку ова е продолжение од „Другата страна на ноќта“, ма да книгата може да се чита и без првиот дел зошто побитните работи од првиот дел се спомнати и овде. Во спојлер има нешто повеќе за книгата:

    Романот започнува со Кетрин Александар (Даглас), која претрпува мала амнезија и не се сеќава на важни настани од нејзиниот живот.
    Сите мислат дека таа е убиена од страна на нејзиниот сопруг Лари Даглас и неговата љубовница Ноел Пејџ, освен грчкиот бизнисмен и милјардер Константин Демирис.
    Неговата цел пак, е да ја доврши својата одмазда со уништувањето на Кетрин, откако веќе ги уништи нејзиниот сопруг и Ноел Пејџ, која претходно била љубовница на Константин.
    Во сенките на трагедијата и оптоварена со амнезија, убавата Кетрин очајнички се обидува да се врати во реалноста. Сега, во блескавите метрополи и на безгрижните игралишта од повоена Европа, Демирис својот нишан го вперува во Кетрин - како и кон една единствена предавничка тајна чија поразителна вистина ја знае само Кетрин.
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Последна прочитана книга

    Длабоко во ноќта – Харуки Мураками

    Мураками ме хипнотизира. Уште еден краток роман кој плени. Всушност како еден вид сценарио е ова, а Мураками режисер. Се работи за 2 сестри Мари и Ери, кои живеат сосема различни животи, животи кои немаат ни една заедничка допирна точка. Сплет од реалноста и соништата, времето и просторот. На места смешен, на места неразбирлив, се’ на се роман кој мора да се прочита.

     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Ќе се разочараш од филмот, книгата е далеку подобра, во филмот ги нема тие емоции како во книгата, некако се е површно опфатено во филмот.
     
  10. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Последна прочитана книга

    Гневот на ангелите- С.Ш
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Копилето од Истанбул - Елиф Шафак
    Многу добра книга, многу ме се допадна. Каков крај, каков неочекуван заплет :) Ви ја препорачувам :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Сенка на ветрот-Карлос Руиз Зафон
    Барселона 1945. Градот полека ги завлекува раните од војната, а Даниел, син на трговец со антикварни книги, дете што тагува по својата изгубена мајка, си наоѓа утеха во мистериозната книга Сенка на Ветрот, што ја напишал извесен Хулијан Караш. Но, кога почнува да бара и други наслови од истиот автор, доаѓа до шокантно откритие: некој систематски го уништува секој примерок од книгите што ги напишал Караш! Даниел можеби го има последниот примерок. Наскоро неговата привидно безизлезна потрега ја отвора вратата на една од најмрачните тајни на Барселона – епска приказна за убиства, лудило и проколната љубов.
    Која ја купував книгата продавачот ми рече дека купувам еден од најдобрите трилери некогаш напишани. Долго време ми стоеше на полицата бидејки ми изгледаше голема се додека решив да видам на што потрошив пари. Почнав и не можев да запрам.
    Навистина прекрасен трилерЧ убава приказна, убаво опишана, секој миг и секој детаљ е доловен толку добро што те внесува целосно во приказната. Имав чувство дека сум набљудувач на местото на настанот.
    Секој лик е убаво разработен, сечија приказна важна. Дури и најобичниот цвеќар или келнер се така убаво внесени што добив впечаток дека ако не биле тие тука и тогаш, приказната немала да биде таква...
    Не зажалив и ни еден момент што останував до доцна навечер само за уште една страница повеќе.
    Посебно ми се допадна што Зафон знаел кога е доста од заплети и е време за расплет. Можел уште многу да ја пролонгира приказната, но сепак на време е ставен крај.
    Ја прочитав два пати едно по друго што е нетипично за мене. Но, на моменти скокав цели пасуси ни сама не знам зошто, па повторното читање ми ја долови уште подобро.
    Горе во спојлер е кратката содржина, но ви предлагам да ја прочитате. Нема да зажалите.
     
    На 1209, Magnolija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Царица - Шан Са

    Родена е во династијата Танг, татко и бил крал, но по неговата смрт, семејството е протерано од кралството и живеат во беда.
    После неколку години, таа влегува во царскиот гинецеум како една од многуте конкубини.
    Гледа убиства и завери, преживува војна, глад, епидемија.
    Поминува тежок период во манастир како калуѓерка.

    Потоа, нејзиниот другар од детството, станува цар, а таа - негова сопруга.
    Ги води државните работи, преку својот сопруг ја води политиката на кралството.
    По неговата смрт, го зазема неговото место и станува првата жена цар во кинеската историја.
    Ја воздигнува кинеската култура до совршенство.
    Од најубавата палата во светот владее со најголемото светско царство.

    Но, ја предаваат најблиските, нејзините деца и внуци нестрпливо ја чекаат нејзината смрт и се натпреваруваат кој ќе го преземе кралскиот престол.
    По нејзината смрт, ја превртуваат вистинската приказна за нејзиното владеење, ја искривуваат историјата, и ги бришат спомените.
    Мажите и се одмаздуваат на жената која се дрзнала да биде цар.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Папата Јована -многу,многу ,многу добра книга :up:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн
    Прекрасна книга, книга во која ги има многу убаво напишано последиците од авантурата за една ноќ, и како може една ноќ да го промени животот во целост. Но сепак тука е вистинското другарство, дека најдобриот пријател е секогаш до нас и тогаш кога не ги одобрува нашите избори, и дека вистинската љубов никогаш не умира.
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Една минута за себе - Спенсер Џонсон

    Прирачник за самоподобрување и самоусовршување.

    Еве еден извадок од книгата :

    Еден човек при поплава, останал на својот покрив.
    Многумина му нуделе помош, но тој одбил да ја напушти куќата велејќи :
    - Јас сум добар човек, Бог ќе ме спаси.
    За жал, се удавил. Кога отишол во Рајот, се пожалил :
    Боже зошто не ме спаси?
    Бог рекол : Ти пратив дрво, два брода и хеликоптер.
    Потоа си ги собрал рамената и рекол : На некои луѓе никогаш не им е доволно.

    Заклучок : Кога не водиме сметка за себе, другите никогаш не можат да направат доволно за да не усреќат.
     
  17. gargamela

    gargamela Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Последна прочитана книга

    Вљубени девојки...јака е :)
    Чекори за сеќавање и game over најубави книги :)
     
  18. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Последна прочитана книга

    последна книга со ја имам прочитано самара џастин бибер
     
  19. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Полноќна палата - Карлос Руиз Зафон
    И овој пат Зафон успеа да ме инпресионира. Иако овој роман содржи нереални елементи, чудно е како до самиот крај успева да го задржи вниманието на читателот.
    Дејството е сместено во Калкута во 1930-те години. Полноќна палата започнува една темна ноќ кога еден Англичанец ќе се бори да го спаси животот на две мали близначиња, Бен и Шер од неопислива закана. Покрај монсунот, постојаниот дожд по улиците, Англичанецот се обидува да ги заштити бебињата, но по цена на неговиот живот.
    Многу години подоцна на ноќта кога Бен и Шер полнат 16 години мистериозната закана се враќа во нивните животи.
    Овојпат можеби ќе биде невозможно да се избегне. Но со помошта на своите храбри пријатели, близнаците ќе се спротистават на теророт којшто ги набљудува од сенката во ноќта и ќе се соочат со најстрашното суштество во историјата на градот на палатите.
    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K и 1209 им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    "Силата на кажаниот збор"
    -Флоренс Сковел Шин