Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Норвешка шума - Харуки Мураками

    Книга со многу длабоки емоции, за животот на еден млад човек кој на 17 год се соочува со смртта на најдобриот другар, а подоцна на 20 год и неговата прва љубов ( девојката на починатиот другар ) се самоубива..

    Еден извадок од книгата :

    Смртта постои, не како спротивност на животот, туку како негов составен дел.
    Ниедна вистина не може да ја излекува тагата што ја чувствуваме кога ќе загубиме сакан човек.
    Никаква вистина, никаква искреност, никаква сила, никаква љубезност не можат да ја излекуваат таа тага.
    Можеме само да ја издржиме до крај, и да научиме нешто од неа, но она што ќе го научиме нема да ни помогне да се соочиме со следната тага што ќе не снајде без предупредување.
     
    На 1209 и anneyy им се допаѓа ова.
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Македонска крвава свадба-Чернодрински
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Последна прочитана книга

    Братството на розата - Дејвид Морел
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Кој ќе го фати бранот-Агата Кристи
    Фамилијата на Гордон Клоуд никогаш не се грижела премногу за финансиите. А и зошто би внимавале како постапуваат со парите кога тука е внимателниот брат, вујко и стрико, мултимилионерот, вдовец Гордон Клоуд. Тој никогаш не би ги оставил на цедило...
    Но, Гордон умира во бомбардирањето на Лондон... Во случај на неговата смрт, целото негово богатство се дели на еднакви делови на членовите на потесното семејство. Тоа не е само е сè... само две недели пред неговата смрт, во еден брод кој плови во Америка, Гордон ја запознава младата фатална Розалин и се венчава со нејзе.
    Гордон не стига да напише нов тестамент. И со него засекогаш умира чувството на сигурност на сите оние кои се надевале дека Гордон ќе биде тука секогаш за нив.
    Во случај на смрт на Розалин, сè би се вратило на свое место... Ова е мислата која постојано се врти во мислите на секој Клоуд.
    Како и секоја друга и оваа е крими-роман, само што Кристи имала и подобри.
    Докази кои алудираат на некој друг, па на крај не е тој, туку некој сосема трет. Веќе очекувано...
    Не ме воодушеви воопшто.
    + лош превод.
     
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Последна прочитана книга

    "Странецот"
    од
    Албер Ками
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Последна прочитана книга

    Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками. :clap:
     
    На starbucks и anneyy им се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Последна прочитана книга

    Крилја - Априлин Пајк.
    Приказна за едно девојче кое е уствари самовила. Нереално, фантастично, но на лесен и добар начин донесено до читателот.
    Добра книга, како за тинејџери. Не е некоја тешка книга, онака, за тепање време.
    Што се однесува до мене, ми се допадна на некој начин.
    Ама, како што реков - ја препорачувам само на тинејџерки или евентуално оние кои се деца во срцата, желни за светот на фантазијата. :)
     
  8. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Последна прочитана книга

    Чорбаџи Теодос.
     
  9. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Последна прочитана книга

    Странецот - Албер Ками
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последна прочитана книга

    Мојот дедо Луј Витон-Исидора Бјелица
    Исидора не поведува на едно од своите патувања на кое оди со сопругот и децата. Таа, жена зависник од Луј Витон, градовите во светот ги дели на има/нема продавница Витон. На ова патување запознава една девојка, која исто како неа е опседната со Луј Витон. Сосем случајно, Исидора открива една тајна на Жана, која пак тврди дека е внука на Луј Витон.
    Лесна чик литература. Имав голема желба да ја прочитам и морам да кажам дека моите очекувања без надминати. Очекував книга во која ќе се зборува за дедото Витон, за тоа како испаднал дедо итн.
    Но, всушност е опишано цело едно патување. Индирекно е опишана и опсесијата со Луј Витон, не само на Исидора тука и на многу други ликови и што таа опсесија може да предизвика.
    Во главно, ми се допадна.
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    Последна прочитана книга

    Единаесет минути-Пауло Коелјо
     
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Пеперутка - Сашо Тасевски
    Кога почнав да ја читам си викам уф каква грда книга за курва си некоја ќе читам но после некое време сфатив дека всушност тоа сме ние тоа е Скопје тоа е секојдневието тоа се луѓето кои се прикажуваат весели , среќни во врската , бракот , хумани , добри но всушност кога им паѓа маската се грди луѓе полни со омраза, огорченост и мрдаат со гзот лево десно ми дојде да повратам кога читав какви луѓе имало кај нас во Македонија . Оваа приказна е и со вистински факти која ми ја препорача еден другар и не зажалив што ја прочитав .
    Thumbs up за еден прекрасен глумец но добро му оди и оваа работа - пишувањето :)
    Прочитајте ја нема да зажалите ;)
     
  13. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Последна прочитана книга

    Улица-Славко Јаневски :)
     
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Последна прочитана книга

    Љубов на југ - Хелена Фрит Пауел
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.825
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    ^И јас ја дочитав истата конечно.
    Мене некако ми беше празна книгава, што знам... Немаше ништо да те заинтригира во книгава, па и за чик лит. Онака, средно жалосно.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  17. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    ,,Дебела, бисквити чипс и љубовна болка,,-Силвија Ш. Степанќич.

    Интересна книга. Книга која дека докажува дека ако си дебела не значи дека си грда.има некој и за тебе. :)
     
  18. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Последна прочитана книга

    Редот на каменот - Дејвид Морел
     
  19. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Смрт во Венеција - Томас Ман
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Шминкерка-Андреа Семпл

    Ми се допадна. Интересна, задржува внимание, а и одличен превод. И си има порака - шминкерка е добра метафора.
     
    На aquamoja му/ѝ се допаѓа ова.