Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. aquamoja

    aquamoja Истакнат член

    Joined:
    Jan 1, 2012
    Messages:
    56
    Likes Received:
    4
    Последна прочитана книга

    Јас последна ја прочитав Вистински жени -погрешни избори, со вистински случки од животот.
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    2,679
    Likes Received:
    10,370
    Последна прочитана книга

    100 потези со четка пред спиење ...

    Сеуште не сум ги средила впечатоците, али дефинитивно не очекував таков крај ...
     
    TheCandy880 likes this.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Joined:
    Oct 29, 2010
    Messages:
    1,268
    Likes Received:
    2,588
    Последна прочитана книга

    Кујна - Лили Прајор.

    Ви ја препорачувам! Особено ако сте манијак по готвењето.
    Испреплетена е страста со готвењето, односно љубовта и кујната совршено се надополнуваат. Готвењето и даваше душевен мир.
    Премногу убаво и интересно напишано. Нема да ја оставите во ниеден момент.

    Girl meets a boy, girl cooks for the boy, извадок од кратката содржина за книгата.
     
    Trendafilka and teddybear like this.
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    3,099
    Likes Received:
    4,465
    Gender:
    Female
    Последна прочитана книга

    Дванаесеттиот ангел - Ог Мандино

    На почетокот интересна, потоа дејството се развива низ безбол натпревари, а јас баш и не го разбирам тој спорт. На крајот сепак пуштив некоја солза, а немам плачено од Пајажината на Клементина :)
    Убава книга. Трета прочитана од Ог Мандино
     
    Jordanovska-K likes this.
  5. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    94
    Likes Received:
    154
    Gender:
    Female
    Последна прочитана книга

    Вечниот Ветер
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,234
    Likes Received:
    8,435
    Последна прочитана книга

    П.С. ТЕ САКАМ - Сесилија Ахерн

    Прекрасна книга, ме остави без зборови.
    Ја препорачувам. :)
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,411
    Likes Received:
    28,439
    Последна прочитана книга

    Јужно од границата, западно од сонцето - Мураками...
    Ја завршив во еден здив... Го обожавам Мураками!
     
    L-enna and LivingGlam like this.
  8. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2011
    Messages:
    83
    Likes Received:
    25
    Последна прочитана книга

    Злосторство и казна одлична книга само што многу детали се опишани..кој не ја прочитал да си ја прочита.. :D ви ја препорачувам
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2010
    Messages:
    3,061
    Likes Received:
    1,481
    Последна прочитана книга

    Будење - Антони Де Мело

    Авторот е психолог и индиски свештеник, книга за самопомош и подобрување на својот живот.
    Еве неколку цитати од книгата :

    " Никогаш не сте биле вљубени во некого. Заљубени сте само во идејата за одредена личност, однапред создадена идеја диктирана од надежта. Така и се одљубувате - само се менува вашата идеја. "

    " Ако очите не се врзани, резултат е видот.
    Ако ушите не се затнати, резултат е слухот.
    Ако носот не е затнат, резултат е мирисот.
    Ако устата не е затворена, резултат е вкусот.
    Ако срцето не е блокирано, резултат е љубовта.
    Ако умот не е затворен, резултат е мудроста
    ."
     
  10. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Joined:
    Dec 5, 2011
    Messages:
    74
    Likes Received:
    11
    Последна прочитана книга

    Шминкерка од Андреа Семпл.. Прекрасна книга :) ја препорачувам на сите девојки
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,557
    Likes Received:
    69,463
    Gender:
    Female
    Темата е преименувана на предлог на феминките, ве замолуваме во постовите да не ги пишувате само имињата на книгите, туку да дадете и ваше мислење.
    Постовите само со името на книгата ќе се сметаат за оф топик и како такви ќе бидат избришани. :)
     
  12. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Joined:
    May 25, 2010
    Messages:
    433
    Likes Received:
    362
    „Заборавете дека сте имале ќерка“ од Сандра Грегори. Буквално не ја оставив од рака од што ме интересираше што понатаму, како завршува. Всушност тоа е автобиографија на писателката за времето поминато во затвор поради обид за криумчарење на хероин во Тајланд. Го опишува затворскиот живот и нејзиното искуство „зад решетките“. На моменти ми беше и морбидна, но во секој случај ви ја препорачувам, вреди да се прочита.
     
  13. Lovely

    Lovely Популарен член

    Joined:
    Nov 30, 2009
    Messages:
    1,262
    Likes Received:
    1,059
    Gender:
    Female
    Азбучните убиства - Агата Кристи
    Се работи за претходно најавени азбучни убиства т.е. најпрво убиство на Алис Ашер во Андовер и се така додека Поаро не го фати убиецот. Книгата е многу лесна и брза за читање и накрај памет не си помислив дека ке дојде до таков пресврат и дека не е тоа тоа што за време на целото читање мислев дека е. Да не откривам детали да ви биде интересна.
    Ја препорачувам на сите што сакаат крими романчиња.
     
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Joined:
    Jul 3, 2010
    Messages:
    2,373
    Likes Received:
    3,244
    Храна на љубовта-Ентони Капела

    I highly recommend!
    Фантастична приказна,речиси можете да ја вкусите прекрасната италјанска храна.
    Химна за долче вита и радоста од храната...


    Текст што,на секоја страница,зрачи со посебноста и привлечноста на сокаците во Рим.Многу ми се допадна.

    Приказна за заведување и невозвратена љубов во стилот на Спирано де Бержерак.

    И лепам етикета,за една од моите омилени книги.Очигледно,бидејќи сум љубител на италјанска храна и патување,а ова фантастична книга го има спакувано ова во едно фино издание.
    И да,секоја страница-полна со страст.
    Ќе им се допадне на сите гурмани и романтичари.

    Now, can I get my ticket to Italy please?!? :*
     
  15. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Joined:
    Jan 4, 2011
    Messages:
    603
    Likes Received:
    763
    Портата од кафезот - Кејти Хикман.

    Дејството се случува паралелно во сегашно време и при крајот на 16ти век во Константинопол, за време на Отоманците. Елизабет ја истражува приказната за Силија Лампри, девојка на англиски трговец во Константинопол, која ќе преживее бродолом и заедно со нејзината другарка ќе бидат заробени и ќе станат робинки на султанот.
    Преполна со ликови, описи, заплети, и две љубовни приказни, книгава е жива зараза, ја оставав само кога морав, едвај чекав да дознаам што следно и се случувало на Силија :D

    Само како да и фалеше нешто, ми се чинеше како да е многу без љубов напишана, како да не и е обрнато доволно внимание, и си има некои фалинки и пропусти.
    Идејата е феноменална, ама кога би била напишана од Џин Сасон или Џон Шорц би била многу поубава.
    Сепак вреди да се прочита, препорачувам.
     
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2011
    Messages:
    565
    Likes Received:
    655
    Gender:
    Female
    Добиваат сите што играат-Д.Р Гилберт психолошка книга - треба да бидеш упорен за да постигнеш нешто да не се откажуваш и да играш до крај (општо за тоа е).
    Им ја препорачувам на тие што сакаат психолошки книги .
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Ана имала среќно детство на чифликот на нејзиниот татко Стеван и баба ѝ Дара, таа уживала во селскиот живот, во дружбата со својот најдобар другар Ѓорѓе и во нивните игри на рингишпилот на баба Дара. Но нејзината мајка Ленка во своето преубаво девојче го препознава несекојдневниот талент за балет кој Ана го носи во себе. За тоа разговара со својот сопруг, но тој не се согласува со неа Ана да оди на часови за балет. Па поради тоа во една мугра на седми август 1938 год. Ленка заедно со Ана скришно од сите го напушта чифликот и ја носи Ана во Белград во балетското училиштето на Клара Сич која на времето била позната балерина во „Бољшој театар” во Москва.
    Ана и Ленка започнуваат нов живот во големата престолнина и Ана напорно вежба подготвувајќи се за својата светска кариера во Русија. Но Ана никогаш ниту за момент не ги заборава спомените од своето среќно детство покрај рингишпилот. Конечно на осумнаесет годишна возраст Ана заминува во Русија и ја започнува својата кариера во „Бољшој театар”. Сите се маѓепсани од нејзината несекојдневна убавина и огромниот талент на Ана Балинт но дури тогаш започнуваат нејзините страдања и пресврти во нејзиниот живот.
    Нема да лажам и да речам дека ја прочитав во еден здив и дека ме фасцинира. Напротив, на моменти читав ради реда, колку да се прочита поглавјето. Според мене, Јелена имала бујна фантазија за да го создаде делово. Зарем постои навистина толку совршен лик како Ана? Талент, добрина, убавина, сите несреќи нејзе и се случуваат, доживува вонсериска љубов и таа за единствениот грев во животот кој го сторила заврши на такви маки... Препатетично. Книгата доживеа преголем маркетинг и јас очекував навистина поинаква приказна. Можеби и е првенче, ама во оние 400 страници навистина можела да вметне и нешто подобро. Ретко жалам за пари дадени за книга, ама тие 8 евра можев да ги инвестирам во друго дело.
     
    The.Crab likes this.
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    371
    Likes Received:
    1,045
    Точка на кулминација - Памела Клер

    Книгата ги засени сите мои досега прочитани книги.
    Книга која не е можно, а да не ја прочитате во еден здив и да барате уште.
    Книга во која се измешани повеќе жанрови, акција, романса, авантура...
    Совршено изградени ликови.

    Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.
    Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.
    Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд. Но потребно е многу повеќе од електрични шокови, неколку скорпии и тарантули за да се скрши човекот кој има преживеано вистински пекол.
    Тој е маршал, тој е бивши војник, синоним за храброст, добитник на орден за воени заслуги. За Натали - тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа... и нејзина последна надеж за да остане жива.
    Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел...
    Топло ја препорачувам, верувам дека нема да зажалите !
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,681
    Likes Received:
    147,421
    Паѓањето - Албер Ками.

    Филозофски роман напишан во препознатливиот стил на Ками, карактеристичен по монологот на главниот лик, кој во случајов е поранешен успешен адвокат(Жан Батист Кламенс) кој го напушта Париз, ја остава и својата професија и заминува за Холандија. Тој го раскажува својот живот на еден познаник - преку приказните за своите успеси, кризи, и падот, допира до вечно актуелните теми како апсурдноста на човековото постоење, со сите подеми и падови. Кламенс копнее да биде среќен, а за него среќа причинува да се издигне над другите, но реалноста е дека тоа се труди да го постигне само привидно и сосема површно. Сака да биде обожуван од луѓето, па така и ги бира случаите кои ги брани, на ист начин влегува и во љубовни врски.

    Верувам дека романот би им се допаднал на оние кои го сакаат стилот на Ками, и идеите за апсурдот и за револтот нагласувајќи ги и човековите духовни вредности кои ги обработува во повеќето свои дела.
     
    LivingGlam and Mayyya like this.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    2,679
    Likes Received:
    10,370
    Врати ми се - Гијом Мисо.

    Јас си го сакам човеков во повеќе наврати сум спомнала.
    Романот е чуден, и на чуден начин и ми се допаѓа. Не ми се допаѓа што цело време очекував поинаков крај, а како и секогаш останав изненадена, ама сепак ова беше книга што ме тераше да ја читам.

    Се работи за еден млад човек кој напушта се и започмува нов живот. И се посветува на психијатарската кариера, добива углед, пари, моќ ... и смета дека тоа е она најважното додека не му стигне една покана за свадбата на неговата сакана, со друг. Тој ден го преживува еднаш, и уште еднаш, и уште еднаш ... борејќи се со кармата и судбината се обидува да ги исправи грешките што ги правел во текот на животот за само еден ден... па видете дали и колку ќе успее.

    Топло ја препорачувам на оние кои го сакаат авторот :)