Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Се плашиш ли од темница? - Сидни Шелдон

    Сите зборуваме за времето, а никој ништо не прави со него. Ова и на статус си го напишав :D
    Но како што вели Шелдон и подобро да не прави. Оваа книга не ме разочара, но не бев ни многу воодушевена како што бев од претходните прочитани книги од него. Премногу убиства, малку научнафантастика тие две работи баш и не ми се допаѓаат но како и да е, ја почнав бавно а потоа наеднаш прочитав можеби 150-200 страни тоа значи дека сепак е интересна и вреди да се прочита. Се разочарав кога помислив дека
    Кели и Дајана се убиени (при крајот)
    и мислев дека толку труд за ништо, но потоа се израдував на крајот кој беше баш како што сакав.
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Азбучните убиства-Агата Кристи
    Oва е приказна за познатиот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да открие сериски убиец, кој испраќајќи му писма на Поаро му го најавува секое следно убиство.
    Убиецот пред секое следно убиство му испраќа писмо на Херкул Поаро, кажувајќи му каде и кога секое убиство ќе биде извршено. Но, Поаро и полицијата секогаш пристигнуваат доцна. Убиецот покрај секоја следна жртва остава и Еј-Би-Си железнички водич до телото ова всушност е и единствената работа што ги поврзува убиствата. Поаро истражувајќи открива уште еден важен детал... сите убиства се извршени по азбучен ред, почнувајќи од Ашер од местото Андовер, потоа Бети Бернард од Бексли, па (C) Кармак (C) Кларк од (C) Чарстон...
    Херкул Поаро продолжува со истрагата доаѓајќи до некои важни докази и успева да го пронајде убиецот. По некое време доаѓа до Каст кој врз основа на доказите против него е присилен да признае дека ги извршил убиствата, иако не се сеќава на ништо.
    Ми се допадна, една од подобрите, според мене. Крими роман исполнет со мистерија. На моменти се прашував што ум има Кристи за да создава такви убијци, но и за да создаде лик како Поаро?!
    Секогаш ме воодушевувале писателите на мистерии и криминални романи. Туку, да се вратам на книгата. Веќе се претпоставува дека се алудира на сосем невина личност, за на крај да испадне оној кој изгледа како невино јагненце. Овој пат, јас се зачудив. Одличен расплет, добро склопени настани...
    Им ја препорачувам на сите љубители на романите на Кристи.
     
  3. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Го сакам Њу Јорк - Линдзи Келк
    Мноогу добра,лесна книга. Со многу смеење,го поминав забавното доживување на Анџела Кларк. Ми остави многу добар впечаток и сега ќе почнам со читање на 2 дел Го сакам Холивуд.

    И да додадам оцена : 9/10 :D
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    К: Умешноста на љубовта од Хонг Јинг.

    Главен лик во книгата е Џулијан Бел, внук на Вирџинија Вулф, пораснат во англиското друштво на уметници - Блумсбери. Книгата започнува со неговата смрт во граѓанската војна во Шпанија, но дејството набрзо се префрла во Кина, каде тој две години пред смртта добил работа. Таму ја запознава Лин, која со тек на време му станува се попривлечна.

    Низ книгата се преплетуваат многу теми - страста, љубовта, револуцијата, едиповиот комплекс, себичноста и отуѓеноста како карактеристики на современиот човек, разликите во источната и западната култура, вредностите кои ги негуваат овие цивилизации, и проблемите кои се јавуваат во нив.

    Почнав да ја читам само затоа што ја имав дома, а ми беше непрочитана, без никакви очекувања, зошто според извадоците на последната страна ми личеше како обично љубовно романче, а не сакам такви. За многу кратко време се навлеков, ми стана интересна поради вистинските ликови кои секако ме интересираат, и поради споредбата на различните култури - нешто што отсекогаш ме привелкувало.
     
  5. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    А дали ја можам да ја најдам содржината на книгата на интернет бидејки ја нема во библиотека?
     
  6. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    ‘Големата вода‘ - Живко Чинго. И ќе издвојам само 2 реченици од книгата бидејќи мислам дека повеќето ја прочитале, а оние кои ја немаат нека побрзаат бидејќи оваа книга сепак е дел од макеоднската литература која е неизбежна. ‘‘Замислете си еден човек без сон колку може да го почитува сонот на другите. И замислете еден таков човек да ви биде чувар на вашиот сон, каков ќе биде тој сон? ‘‘
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.524
    Пол:
    Женски
    Вечно сегашно време - Владимир Јанковски

    Не ми се допадна, предвидлива е иако треба да е полна со игри и авантури. Почетокот ми беше интересен, мислев дека е поинаква љубовна приказна, но сепак на крајот се разочарав. Очекував нешто повеќе од Јанковски.

    Се раскажува за пар кој се запознава на аеродром, Виктор и Ангела. Таа е дива, сака игри и авантури, а тој е малку посмирен, но ја следи. Низ цела книга главно таа го прави целото дејствие, постојано смислува некоја нова игра, некоја будалаштина. Секој состанок им е поинаков, но во секој има игра. На крај тој се обидува да ја изненади со игра, но како завршува, прочитајте.
     
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    Азбучните убиства-Агата Кристи
    Убиецот пред секое следно убиство му испраќа писмо на Херкул Поаро, кажувајќи му каде и кога секое убиство ќе биде извршено. Но, Поаро и полицијата секогаш пристигнуваат доцна. Убиецот покрај секоја следна жртва остава и Еј-Би-Си железнички водич до телото ова всушност е и единствената работа што ги поврзува убиствата. Поаро истражувајќи открива уште еден важен детал... сите убиства се извршени по азбучен ред, почнувајќи од Ашер од местото Андовер, потоа Бети Бернард од Бексли, па (C) Кармак (C) Кларк од (C) Чарстон...
    Херкул Поаро продолжува со истрагата доаѓајќи до некои важни докази и успева да го пронајде убиецот. По некое време доаѓа до Каст кој врз основа на доказите против него е присилен да признае дека ги извршил убиствата, иако не се сеќава на ништо.
    Кој е тој ?...и кои се мотивите за азбучните убиства?
    очекував повекје од книгата...ама воопшто не ми се допадна
     
  9. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ја има во библиотека, јас од таму ја имам земено. :)
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Чекајќи го Годо драма од Семјуел Бекет, дело за нашколо .
    Морам да кажам дефинитивно дека поапсурдна книга/драма немам читано, иако е нејасна и со неповрзани работи/разговори сепак носи порака.Ликови Естроген и Владимир (Диди и Гого) и другите двајца Пецо и Среќко, се одвива на исто место, а апсурдноста и пораката што ја носи не ги откривам, треба секој да ги открие читајќи ја
    П.С - Nothing to be done. ;)
     
  11. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Хроники - на Боб Дилан,еден вид автобиографски роман за музичката кариера на овој голем музичар и поет. Книгата нема некоја фабула, туку е поделена на три поглавја за годината на неговото пристигање во Њу Јорк Сити во 1961 година и снимањето на неговиот прв албум. Иако Дилан не е писател, јас сум пријатно изненадена од неговиот висок стил на изразување. Доста поетски се изразува, нема сомнеж. Ова е првиот дел од книгата, се очекува да излезе во печат и второто. Се спомнуваат многу блузерски и џез имиња но Дилан не открива премногу од неговиот личен живот. Повеќе е сконцентриран на кариерата, и ја опишува од самите почетоци на неговото откривање како естраден уметник. Инаку книгата е во издание на издавачката куќа Три.
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Единаесет минути - Пауло Коелјо
    Марија е Бразилка која во потрага по среќата станува проститутка, Таа не е измамена ниту излажана, туку по свој споствен избор станува проститутка. Таа запознава многу мажи, белци, црнци, азијзи, муслимани, будисти, но само еден ќе ја виде нејзината светлина и ќе доживаат љубов како никогаш пред тоа. Девојката не се препушта на судбината, туку го прифаќа секој ризик..
    Интересна книга, вреди да се прочита.
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Марина-Карлос Руиз Зафон
    Дејството се случува во Барселона во 1979 година. Оскар Драј ги минува попладнињата шетајќи се низ улиците на Барселона во близина на интернатот во кој оди на училиште.
    Во едно од тие попладниња влегува во куќата на Марина од каде во момент на паника зема еден саат. Сакајќи да го врати саатот се запознава со Марина.
    Се запознаваат и заедно се впуштаат во авантура за откривање на загатката скриена во минатото на овој град за таинствениот Михаил Колвеник, кој несакајќи да ја прифати смртта тргнал на поход против неа за да го поправи непоравливото. Со текот на времето, цената ја плаќаат сите негови пријатели и оние луѓе чии животи се вкрстуваат со неговиот.
    Уште едно исклучително дело на Зафон кое те влече да го прочиташ до крај. Уште една книга за мистериите кои ги крие Барселона, а кои спојуваат неколку различни приказни.
    Можеби беше малку повеќе морничава за мој вкус, но ако не беше таа морничавост „Марина“ немаше да биде тоа што е.
    Расуѕвањето е толку исклучително што описите те пренесуваат таму, на местото на настанот. Те носат во Барселона во '80тите. Зафон внимателно ги бирал зборовите кои ќе ги употреби, па книгата изобилува со прекрасни мисли.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Кодот на Да Винчи - Ден Браун.
    Морам да признаам, писателов има исклучителна креативност. Прекрасно дело, мистерија која го одзема здивот, непредвидлива до самиот крај, иако можеше да заврши и подобро, според мене.
    Се работи за тајната католичка организација Опус Деи и нивните настрани учења и толкувања на животот, нивниот обид да дојдат до документот кој ја дава локацијата на Светиот Грал. За таа цел, еден од членовите на Опус Деи убива многу луѓе, меѓу кои и еден од најдобрите симболози во Париз, вработен во Лувр. Непосредно пред својата смрт, на внука си и остава шифрирани симболи и зборови поврзани со делата на Леонардо Да Винчи. Откривањето на тие шифри би значело конечно пронаоѓање на Светиот Грал и документите кои со векови биле барани, документите кои ги откриваат сите мрачни тајни на христијанството...
     
  15. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Ми припаѓаш мене - Карен Роуз
    Првото тело од серијата сурови убиства наменето за да го пронајде Луси ги спојува детективот и патологот. Помеѓу нив се чувствува силна привлечност и се раѓа љубов испреплетена меѓу серијата убиства.
    Ниту самата Луси не може да открие зошто го привлекува убиецот и зошто телата кои се видно осакатени се оставени со цел таа да ги пронајде. И додека се обидуваат да откријат кој стои зад овие убиства и да ги идентификуваат жртвите, убиецот продолжува да убива и бројот на мртвите тела се зголемува, а следната жртва во низата убиства може да биде токму Луси.
    Преубава книга, вреди да се прочита
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ја најдов случајно на нет, а бидејќи ја немам читано досега, ниту пак ја имам гледано претставата со Бејби која упорно ја слушам како гордо најавува дека наредната изведба ќе и биде 4543256 по ред, па си реков срамота е да не знам за што се работи...Воедно ми е и прва книга читана онлајн и среќа што е малечка инаку :geek: :drunk:
    Госпоѓа Министерка-Бранислав Нушиќ
    Фина, лесна и комична книгичка за читање, идеална ако сакате да се насмеете на човековата глупавост...
    Откако сопругот на Госпоѓа Живка ќе стане министер, таа решава да го смени од корен својот начин на живот и не и пречат и најрадикални промени како нов маж за својата ќерка, или љубовник за себе како дел од отменоста на својата нова позиција...Сама се заплеткува во своите игри и на крај ја загрозува министерската позиција на својот маж и ја срамоти својата фамилија...
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Гревот на нејзината мајка-Mир Jам
    ]
    Hеда е млада девојка,која го губи својот татко,па по нејзнинот грабнување и насилно венчавање со момчето што не го знае,ја губи својата мајка,но дознава дека мајка и направила некаков грев и се обидува да дознае

    E сега една критика,ја прочитав Pанетиот Oрел,Bо Cловенечките гори,и сите се некако слични,во сите има девојка која е многу убава и сите ја сакаат,нема мајка или татко,има една роднина што е распуштеница,има еден старец што се залубува во неа,има многу убава шума некаде и некаква бистра река,мислам ајде,па напиши нешто различно сите имаат скоро иста приказна |( :worried:
     
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку пати пишував за мојата воодушевеност од Зафон.

    Ги прочитав Сенка на ветрот, Играта на ангелот и Марина и уживав во секој збор, во секој ред...Но,
    Веќе еднаш пишав дека Играта на ангелот ми остави неколку прашалници во главата и затоа одлучив да ја прочитам по вторпат.
    Главен лик во романот е Давид Мартин, новинар и писател, кој заработува пишувајќи рото-роман за весникот за кој работи. Во моменти на очај поради неговата нереализирана љубов и повторното отфлање од страна на мајка му, тој добива една необична понуда. Таинствениот издавач Корели воодушевен од талентот на младиот Мартин, бара од него да напише "книгата над книгите", книгата која ќе претставува нова религија, а за возврат богато ќе го награди. Мартин прифаќа....

    Е сега, имаме перфектен стил на раскажување, интересна приказна, дејство, тензија..
    И навистина не знам што му требало на Зафон да си поигрува со реалноста и да внесува фантастични и надреални елементи. Најверојатно имал за цел да игра на картата на магија и мистицизам, но според мене на овој начин логиката на романот е сериозно доведена во прашање.
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Патека за сеќавање од Николас Спаркс.
    Книгава ми се допадна, само едно ми беше криво што прво го гледав филмов, а дури отпосле ја прочитав книгата. Знаев што ќе се случи на крајот и затоа решив од сега прво книгата после филмот. Инаку заплакав на крајот, едноставно жал ми е зошто така завршува али тоа е. Сепак книгата е каде каде подобра од самиот филм...
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ко че сузе да брише кад те не буде више? - Роберт Шарм.
    Од книгава очекував многу повеќе т.е. од авторот, а уствари воопшто не ми се допадна, на пати сакав да ја оставам, зошто се чуствував како некој да ми држи лекции за животот кои веќе ги знам.
    Од инат ја дочитав, ама ни малку не ја препорачувам, што знам, можда пред неколку години ќе ми се допаднеше ама сега не. Можеби и ја препорачувам на помалите форумџики, оние кои се во пубертет и се чуствуваат изгубени, и незнаат како понатака.
    101 лекција за животот, од вкупно 200 страни, мене впечаток ми оставија само 2 цитати.