Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    2,971
    Likes Received:
    9,983
    Gender:
    Female
    Инфекциозни болести :D

    Не се сеќавам нормално кога сум прочитала книга настрана од медицинскиве и многу ми е криво!Кога ќе немам за читање од овие,ќе читам и други.Ја почнав Победникот е сам-Пауло Коељо,пошто сум читала други книги од него,ама оваа е малку тешка,почнува со убиство,со интриги,пак и љубовта е вмешана,одмазда...Само што стигнав до кај 100та страница и сега ми е дома недочитана :(
    Читав една на мобилен,интересна ми беше,макар што е малце попроста A breath of magic-Tracy Madison ,тоа е 3тата книга од поредицата,сум ја читала и првата A taste of magic,малце се со магија што се предава во семејството,ама има и доста поучни работи и ситуации. Чекам и четвртата да излези.Тоа е засега. :)
     
  2. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Joined:
    Dec 13, 2010
    Messages:
    426
    Likes Received:
    321
    Авантурите на Артур Гордон Пим- По
    Школска книга...како сите останати сакале или не ќе се чита.Очекував да е многу досадна и глупава ама ме тешеа 174те странички .Ама на крај излезе и не толку досадна за мене , далеку од многу убава книга ама и далеку од досадна книга :) .... се на се добра беше :)
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2011
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    3,266
    Однесувајте се како дама, размислувајте како маж - Стив Харви


    [​IMG]


    наместо филм вечерва решив да ја читам книгава. и се заборавив, дојде 5 саат и ја прочитав цела. :)
    нема некоја Бог знае колку голема интелектуална содржина, но е интересна, а може да биде и поучна.
    се на се, сигурно не е нешто што мора да се прочита по секоја цена, но за опуштање во слободно време :up: .


    http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=70
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,360
    Gender:
    Female
    Проклета авлија
    Книга за деновите поминати во робија, состојбата на затворениците во ќелиите и нивните случувања и раскажувања.Ептен во кракти црти тоа е критиката
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,827
    Левијатан - Борис Акунин
    [​IMG]
    Ја добив лани за роденден и мислам дека редно беше да ја прочитам. Кога почнав да ја читам некако досадна ми беше и ја имав дома некаде оставено, ама кога повторно ја зедов в раце ми беше така интересна што не ја испуштав ни за миг. Ја читав на македонски, издавачка куќа мислам дека беше Мисла (не ми е тука книгата) и ја препорачувам од срце ако сте расположени за една не така современа авантура.
    Детективска приказна. Класична Агата Кристи-тип на убиство мистерија. Се тепаат да го најдат оној кој украл златна статуа (а потоа истата ја фрлил в река) и кој го убил нејзиниот сопственик и уште број други луѓе. Се претпоставува дека убиецот се наоѓа на бродот Левијатан. Херојот е Ераст Фандорин, млад генијалец кој ја разоткрива шемата. Измешани се различни култури (и се истакнати предрасудите за нив). Приказната носи многу пресврти, па нема да ви биде досадно.
    Авторов е патем руски. Вистинското име му е Григори Чкартишвили. Бил наставник по книжевност и преведувач од јапонски.
     
    Mayyya likes this.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Играта на Ангелот-Карлос Руиз Зафон
    Барселона – дваесеттите години на минатиот век. Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен, младиот писател Давид Мартин, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана, во замена за богатство и можеби нешто повеќе... Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна приказна што била почната пред многу години.
    Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа, толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.
    Одлично дело на Зафон. Но, не е тоа што го очекував. Многумина ја сметаат за продолжение на Сенка на ветрот, но мене ми звучеше како нејзин претходник. Сите дејствија овде се дејствија кои им претходеле на оние од Сенката. Но добро, не можам да кажам дека книгата е лоша или дека не е достојано продолжение.
    Тоа е Зафон, неговите романи се маестрални. Настаните, иако се чиста фантазија, се толку добро доловени, толку добро опишани што звучат како реалност. И пак ќе речам, те носат на местото на настанот.
    Најдоброто нешто од книгава беше крајот. Авторот уште еднаш ја потврди поговорката дека крајот го краси делото. Ако не беше таков крајот, мојот коментар за делово ќе беше доста негативен.
    Крај кој те држи во неизвесност до последната страница. Крај кој никој не го очекувал. Феноменален пресврт. Со секое следно зборче се открива следна мистерија, следна тајна.
    И прво нешто што ми дојде на памет кога ја прочитав последната страница беше она што неговата омилена Марина го кажуваше: Се сеќаваме само на она што никогаш не се случило.
    Низ целово дело имав чувство дека Зафон е предводен токму од таа реченица.
     
    Buttterfly and Trendafilka like this.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,009
    Gender:
    Female
    Азбучните убиства - Агата Кристи
    [​IMG]
    Ако сте ја читале Агата Кристи, тогаш ќе знаете што да очекувате.
    Интересна, заплеткана приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Агата има мошне лесен и едноставен начин на пишување, па нејзините книги се читаат во еден здив.
    Се работи за сериски убиец кој испраќајќи му писма на познатиот детектив Херкул Поаро, му го најавува секое следно злосторство. Убиецот се потпишува како Еј-Би-Си, а убиствата ги врши според азбучен ред, почнувајќи од местото Андовер и жртвата - госпоѓа Ашер.
    Единствената работа што ги поврзува убиствата е железничкиот водич Еј-Би-Си, кој серискиот убиец го остава покрај секоја жртва.
     
    La.Reina.Del.Sur likes this.
  8. booba

    booba Истакнат член

    Joined:
    Dec 27, 2011
    Messages:
    348
    Likes Received:
    227
    Гревот на нејзината мајка.

    По смрта на нејзините татко и мајка, Неда е оставена сама на себе.Принудена да го напушти родителскиот дом, кад што беше опкружена со љубовта и богатството на своите родители, доаѓа времето кога мора да се соочи со реалниот свет каде важат правилата на мажите.
    По серија настани, заветот од мајка и се исполнува таа се запознава со човекот кој е нејзина судбина.

    Многу интересна книга :)
     
  9. laryla

    laryla Истакнат член

    Joined:
    Feb 9, 2012
    Messages:
    231
    Likes Received:
    230
    Го сакам Париз.
    Штотуку направив и тема за книгава.Супер книга,немам зборови.Баш мој тип.Смешна и лесна,едноставна книга која ќе ве релаксира и опушти со авантурите на Анџела. :)
    Посетете ја темата за повеќе да се информирате.Имам напишано и цена,места кај што може да се купи по градовите. :)
     
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    656
    Likes Received:
    403
    Големата четворка-Агата Кристи
    Кратка, лесна за читање.. како што кажа една форумџика претходно во стилот на Агата Кристи, никако да погодиш кој може да биде дел од таа голема четворка :)
     
  11. Unica

    Unica Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2010
    Messages:
    536
    Likes Received:
    606
    Ќе си дозволам да кажам дека е најдобрата книга која ја имам прочитано до сега, ми го надмина Коелјо :lol:
    Ана е руска грофица, која во текок на војната го губи татко и и заминува со брат и и мајка и во Англија за да си ги спасат животите, останати се без ништо.
    Во англија е приморана да работи како куќна помошничка на имотот на еден англиски гроф, каде што патем крие дека е грофица.
    На забавата во чест на свршеницата на грофот на која Ана ќе биде една од келнерките, доаѓа брат и кој не знае дека таа работи таму и ја претставува како Руската Грофица, момент од книгата во кој плачев како мало дете.
    Од тука почнува расплетот :)
    ПРекрасна, прекрасна книга, топло ви ја препорачувам.
    :inlove:
     

    Attached Files:

  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2010
    Messages:
    1,280
    Likes Received:
    1,422
    Ја завршив Еден ден- Дејвид Николс.
    На почетокот интересна, но како повеќе ги листав странците книгата ми стана мачење. Премногу настани без причина. Во секоја наредна глава се појавува лик, кој веќе во следната го нема. Откако ја дочитав не ми се веруваше дека зад мене сум оставила скоро четиристотини страници. Исто како ништо да не сум прочитала.
    Инаку книгата е љубовна приказна за Ем и Декс, Декс и Ем. Два различни карактери. Започнува на 15 јули 1988... Што се случува со нив двајцата по една година...? По две години...? По дваесет години...?
    И еве го фамозниот цитат:
    „Преубава си, баба- рого една, и кога би можел да ти дадам само едно нешто до крајот на животот, би ти го дал ова- САМОДОВЕРБА. Би ти дал самодоверба. Или тоа или мирислива свеќа.“
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2010
    Messages:
    2,586
    Likes Received:
    14,166
    Gender:
    Female
    Полноќен клуб- Џејмс Патерсон

    Дејствието започнува во 1986. Полноќниот клуб е организација која ја сочинуваат влијателни луѓе ширум светот кои работат нелегално. Џон Стефанович е детектив кој го гони главниот шеф на оранизиранот криминал во светот- Александар Сен-Жермен. Во текот на една заседа Александар ќе го застрела Џон (поради што останува инвалид) и ја убива неговата жена Ана.
    По 2 години Џон е повторно на трагата на криминалецот. Овој пат има помош од друг детектив чиј брат го убила мафијата и писателката Сара која пишува за Клубот.
    Тука почнуваат сплетките.

    Напната книга, брзо дејствие, ама Патерсон бил и подобар. Далеку подобар.
    8/10
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Joined:
    Apr 7, 2010
    Messages:
    2,925
    Likes Received:
    11,066
    La Chamade- Francoise Sagan

    Пред се приказна за тоа како се раѓа и умира една страст.
    Лусил и Антоан се запознаваат, се разделуваат со дотогашните партнери и започнуваат да живеат заедно.
    Но љубовта е колку сладост, толку и жртвување, компромис, повредување, понекогаш и откажување од радоста.
    Сликовит приказ на општеството и неговите чудни прифатени спреги, животот на високиот и зависноста на нискиот сталеж во 70` во Париз.
    Сталежите се всушност метафора за љубовта која и ја нудат двајцата мажи, внатрешната нејзина битка за да гo одбере оној кој ја сака каква што е и не бара да се менува себе и својот начин на живот.

    "Јас ве сакам заради вас, а тој заради тоа кое што сте заедно. Тој сака да е среќен со вас...А јас сакам вие да сте среќни независно од мене."

    Прекрасна книга која топло ја препорачувам.
     
    Trendafilka and Mayyya like this.
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    763
    Likes Received:
    653
    Улавите Години - Б. Копиќ
    Лесна книга за мои години. Баш ми фалеа простите изрази, обичниот, топол збор кој знае длабоко да допре.
    Се работи баш за улавите години. Млад војник кој се бори со партизаните полека се сеќава и ги прераскажува своите прекрасни детски денови во интернатот/ гимназијата каде што учел. Сите згоди, незгоди, љубови.. Се е прикажано така едноставно, кога завршив со читањето ми се стопли срцето од спомените кои тој толку добро ги прераскажува. До најситните детаљи, автентично.
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Зависна од мода-Ребека Кемпбел
    Модниот универзитет ја научил Кејти се што треба да знае: како да пуши цигари и да пие, како да флертува со геј мажи и стрејт жени, како да влегува во клубови без да плати карта... Надарена со остро око и со уште поостар јазик, Кејти со својата убедлива приказна добива работа од соништата. Вработена кај шик-креаторката Пени Мос, Кејти добива куќа во елитното лондоско предградие и симпатичен свршеник, син на Пени. По една страшна епизода со возачот од фирмата, останува без работа, без момче, без стан и без пријатели. Пред неа е изборот – ќе се врати ли кај родителите или ќе се обиде да се избори за враќање во модата...
    Сакам чик литература, сакам да се опуштам со неа и да уживам додека читам, но, луѓе, оваа за ништо не ја бива. Досадна, банална... Книгава е моето најголемо литературно промашување.
    Цели 180 страници од можни 306 ги прескоквав. Минував со поглед низ нив и преминував на следната. Ништо интересно, ништо што ќе ме приблече. Во целава книга дали има три интересни настани.
    Дури ни пресвртот не е нешто што веќе не било...
    Жалам што пред да ја земам в раце не пребарав на форумов да видам што вие мислите за неа, а после сфатив дека ни овде не е пофалена.
    Не ја препорачувам.
     
  17. Saraa

    Saraa Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2010
    Messages:
    2,482
    Likes Received:
    7,540
    Gender:
    Female
    Последна прочитана книга е „Неочекуваниот гостин“ од Агата Кристи... Можам слободно да кажам дека секој оној кој сака напнатост и неизвесност до крајот нека го чита ова дело....кое успева да го задрже вашето внимание. се работи за убиство што е и нормално за Агата Кристи.... Во еденмомент мислиш дека е овој, во другиот тој а веќе во сосем трет момент имате некој сосем трет осомничен за убиството...прекрасна книга од околу 140 - 150 страници брзо за читање а премногу интересно.
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,214
    Likes Received:
    8,436
    Втора шанса - Даниела Стил

    Прекрасна книга, топло ја препорачувам. :)


    Фиона Монаган е најдобра од најдобрите во светот на списанијата! Таа е уредник на њујоршко модно списание!
    Го среќава Џон Андерсон, њујоршки бизнисмен преку списанието!
    Џон веднаш чувствува привлечност кон Фиона, но Фиона се двоуми кога станува збор за романса помеѓу нив двајцата: тие припаѓаат на два сосема различни света.Таа бара секаков бизарен изговор за да не се зближи со Џон, ниту со било кој друг маж.
    Но како што секогаш се случува "спротивностите се привлекуваат" па наскоро двајцата се вљубуваат еден во друг!
    Ова е прекрасен роман во кој овие д вајца треба да се потрудат да ги тргнат настрана нивните разлики и да се справат со нивниот различен животен стил додека се заедно.
     
  19. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    718
    Likes Received:
    391
    Дневникот на Ана Франк
    Дневник на една млада девојка (Ана Франк) за време на Втората светска војна. Нејзиното семејство се Евреи па се прогонувани. Поради тоа се кријат во една зграда која е наречена „Тајната скривница“. Цело семејство Франк заедно со семејството Ван Дан и заболекарот Дусл се во Тајната скривница за време на војната. Ана го пишува дневникот кој ете дочекал и да биде објавен и да стаса до моите раце :) ;)
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    13,217
    Gender:
    Female
    Девојката што си играше со оган - Ларсон

    Многу покомплексен и поквалитетен од првиот дел. Ликот на Лизбет е изграден до перфекција.

    И :bow: за демистификацијата на темната страна на едно општество кое нас ни се претставува како идеално, општество во кое нели се почитуваат максимално човековите права.

    Од утре го почнувам третиот дел.
     
    Buttterfly, RainBow and Trendafilka like this.