Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2011
    Messages:
    434
    Likes Received:
    1,038
    Gender:
    Female
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо

    Книга што не ме остави да спијам, се чита во еден здив, полна е со изненадувања. Книга која носи преубава порака. Ми стана една од омилените. Топло ја препорачувам.
     
    Beauchamp, Saraa and Chupe like this.
  2. Chupe

    Chupe Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2011
    Messages:
    656
    Likes Received:
    422
    Во потполност се согласувам и мене ми е таа последна прочитана и просто не можев да се одделам од неа. Секој слободен момент го користев и не поминаа два дена и заврши.
    И од мене имате препорака да ја прочитате :*
     
    Saraa and Masnickaaa like this.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,320
    Likes Received:
    68,108
    Gender:
    Female
    Судбоносна одлука-Даниела Стил.
    Како речиси и секоја нејзина книга и оваа на почетокот е напумпана до максимум. Преубав живот, бла, бла, се е совршено, па потоа следи страшна трагедија, се е најтажно, ужасно, шокантно, па потоа пак следи пресврт, кој е и повеќе од очигледен. Цела книга е страшно предвидлива, среќа беше кратка, а не да се одолговлечува на 500 страни. Онака, за тепање време.

    Инаку ја почнав и Засекогаш твоја, продолжението на Јади, моли се и уживај, ама изгледа нема да ја дочитам. Книгата е повеќе како истражување за бракот. И не ми се допаѓа воопшто.
     
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,214
    Likes Received:
    8,436
    Пеперутка - Сашо Тасевски

    Ништо посебно. ;)

    Постојат одредени државни служби и агенции, кои што ептен си ја вршат работата. Неколку курви што ги познавав, а што се продаваа за чесни, многу неславно завршија затоа што никогаш не ја научија првата лекција по предметот курвологија и етика. Долгиот јазик го скратува животот на пола, а понекогаш и на третина или што би рекла баба ми: Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си! Ама после наплати си и пак ќути си! Ќути си во секој случај...“
    Ова не е дел од обичните животни приказни на некоја си дама, ова е животната приказна на една скопска проститутка која стигнала до највисоките ешалони на власта, во бизнисот. Тие луѓе во романот се опишани со прекари, но сите се реални, вистински луѓе.
    Исповедта на проститутката е испишана на „чист“ скопски сленг, без пардон кон јазичната норма, од што на многумина може да им се крене косата на главата.
    Се разбира, и тоа е во полза на кодот на веродостојноста и убедливоста со кое сака да нѝ каже „ова навистина се случува“. Неприродно би било скопска проститутка да зборува со речник на академик на МАНУ, па да изговори да речеме ваква реплика: „Впрочем, ќе му пружам задоволство на вашиот ценет полов орган“. Оваа жена преку својата животна сторија, ќе ви посочи директно и ќе ве насочи да размислувате што всушност е способна жената да направи и да добие преку сексот како основен адут кој таа го има (да не речам што сè мажите би направиле за само една вечер со убава жена). Пеперутката како симбол на нежност и грациозност - што впрочем оваа жена и е (или била) длабоко во себе, пред да се одлучи да стане проститутка.
    „Тие што треба да те чуваат од криминалците, на криминалците им седат во скут! Мафија или полиција, искрено не гледам некоја разлика кога меѓу нив гордо стои знакот за равенство! До вчера деведесет посто од џандарите што ги знам беа маалски деликвенти и рекетари, а сега, нешто спроведуваат закон...“
     
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2010
    Messages:
    2,482
    Likes Received:
    7,540
    Gender:
    Female

    Земав да ја читам и ај чао заминав и сеа малку да читнам иако утре ме чека напорен ден а навистина книгата те влече кон себе и не дозволува да ја оставиш :lol:
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    "Пасија по Матеj" - Христо Крстевски.
    Македонец кој пораснал во Амарика доаѓа во својата татковина за да ја исполни татковата последна желба. Но неговата мисија нема да остане само на тоа.
    Како ќе се снајде и што се ќе биде потребно да стори главниот протагонист низ ова патешествие низ Балканот за време на најголемата Граѓанска војна на просториите од бивша Југославија .
    Неговите познавања од Македонскиот јазик се речиси никакви а неговите познаници од детството сега се туѓинци чија помош е неопходна.
    Во средината на сето тоа една девојка, една невина и чиста љубов. Една жртва или повеќе. Еден сон и едно големо разочарување...
    Како што пишав погоре книгава е посветена на сите убиени и преживеани воини од Македонија во последната Граѓанска војна на бившите ЈУ простори кои заедни се некои бегалци од БиХ, Хрватска и Косово допринеле со сведоштва за дополнување на целата приказна.
    Потресни поменти, морничави ситуации и напнати сцени. Ќе успее ли Мат Џордан. Ќе продолжи ли после се да го исполни ветеното. Дали сето тоа ќе биде залудно? И на крај ќе ја има ли храброста да се ослободи, да продолжи, па на крај и да го заврши своето големо дело "Пасија по Матеј"?
    Книгата не е многу голема околу 200 стр. таков жанр читам во последно време, писателот си го направил своето заедно со приложените факти, но баш и не ми се допаднаа некои "виртуелни" размислувања на авторот а некои сцени на моменти беа сосем отидени во друг правец или се одолговлекуваа.
     
  7. Victorian

    Victorian Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    1,053
    Likes Received:
    6,100
    Gender:
    Female
    Човек на кралот-Бенедикт
    Лесна за читање, времето многу брзо лета со оваа книга. Интересна е и непредвидлива...
    Се работи за Максимилијан Рекс/Максим Студенски, син на убиениот карпатски кнез. Тој се враќа за да се одмазди на убиецот на татко му(кнезот Богумил) и да изврши државен удар. Но неговото пријателство со Лутовид,(синот на Богумил-новиот кнез на Карпатија) ќе му ги смени плановите...
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Joined:
    Mar 7, 2010
    Messages:
    983
    Likes Received:
    782
    Девојката со портокали - Јустејн Гордер
    - Книга која ќе ве натера да размислите за себе, за своето постоење, за светот околу нас како и за смислата на животот. Приказна за потрагата по љубовта, за животот, за храброста, за соочувањето со смртта.
    Содржински се работи за 15-годишно момче кое го добива писмото што неговиот татко го напишал за него пред својата смрт. Писмото всушност е љубовна приказна што тој ја доживеел со девојката со портокалите...
    -Ми се допадна :)
     
  9. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,214
    Likes Received:
    8,436
    На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    688
    Likes Received:
    192
    Gender:
    Female
    Алиби- Сандра Браун
    Хамонд Крос е заменик јавен обвинител а таа улога на обвинител во убиството на Лут Петиџон е важна за неговата кариера. Стефи Мандел, Рори Смилоу, Дејви Петиџон(вдовицата на Лут) и целиот град имаат причина за да го убијат Лут. Тежок случај, а беспрекорно извршено убиство без ниту една трага.. Д-р. Алекс Лад е видена на местото на убиството малку пред утврденото време кога настапила смртта и сите докази упатуваат кон неа, но таа има одлично алиби - Хамонд Крос.
    Вистински возбудлива приказна, испреплетени настани, ти го одзема здивот и не можеш да ја оставиш, страниците самите се вртат.
    Топло ја препорачувам на сите оние кои се љубители на крими-романи.
     
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    Оstani kraj mene- Gijom Muso. Книгата ја пронајдов на српски јазик и е прва книга која ја читам од овој автор. Книга која ме натера да размислам, да се замислам, да почнам да го ценам она што го имам моментално во животот. Се зборува за тоа како животот може да се промени во само една секунда и како може да се измени само со една изговорена реченица. А исто така и пред секоја глава има многу интересни мудри пораки за животот. Едноставно, вреди да се прочита.

    :inlove:
     

    Attached Files:

  12. esperanca

    esperanca Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,321
    Likes Received:
    3,166
    "Зора зад аголот" од Димитар Солев и "Игра во р'жта" од Џ.Д.Селинџер - Две прекрасни дела, кои што многу ми се допаднаа и ги читав со големо задоволство.
    "Пиреј" од Петре М. Андреевски - слободно можам да кажам дека е најдобриот македонски роман. Тоа е роман во кој ни е прикажана трагичната судбина на Велика и Јон и нивните пет деца.
    Петре М. Андреевски преку овој роман сака да ни прикаже дека ние Македонците сме непокорен народ, колку и да сакаат да не уништат, ние секогаш ќе постоиме.
     
    Magnolija and Mayyya like this.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,320
    Likes Received:
    68,108
    Gender:
    Female
    Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен.

    Книгава денес ја земав и ја прочитав за неколку саати. По првата прочитана книга од авторкава не очекував ништо помалку. Полна со емоции, интриги, тага, книгава не е можно да се испушти од раце. Ликовите се прекрасно изградени, низ секоја страна се повеќе и повеќе се соживував со нив. Навистина прекрасна книга и топло ја препорачувам. :)
     
    SOVRSENSTVO likes this.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Атентат - Јасмина Кадра
    Интересен трилер ми се допадна книгата баш како што и очекував :)
    Интересна содржина станува збор за угледен доктор, женет и добро статуиран. Неговата сопруга е на госи кај нејзината баба и тој ден треба да се врати. Додека е на работа настанува огромна гужва од повредени и разбира дека станува збор за бомбаш самоубиец, што и не е баш чудно за во тој крај.
    Преморен си оди дома и гледа дека сопругата не се вратила, но на тоа не му придава голема важност. Совладан од уморот заспива, но не за долго, го буди повик кој му соопштува ужасна вест дека бомбашот-самоубиец е всушност неговата сопруга...
    Еве како завршува книгата и нешто што ептен ми се допадна:
    Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го урнале.
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Joined:
    May 15, 2010
    Messages:
    2,096
    Likes Received:
    5,018
    Gender:
    Female
    ''Врати ми се'' од Гијом Мисо [​IMG]
    Јас ја дочитав вчера.Можам само да кажам дека е прекрасна книга која што дефинитивно ја препорачувам.Вреди да се прочита,книга која што ќе ве замисли,книга што нема да ве остави рамнодушни.
     
    teddybear likes this.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    4,907
    Likes Received:
    25,484
    Gender:
    Female
    Патеката на сетилата од Неџма. Книгава ја прочитав за неколку саати. Ме остави без здив, и ме натера да ја прочитам наеднаш. Исто како и претходната книга што ја прочитав од оваа писателка - Бадем.
    Се работи за животот на една арапска девојка која при првата брачна ноќ сопругот не може да ја скине. Зошто е тоа така и што се случува понатаму не ви откривам. Само ќе кажам дека и оваа книга, исто како и претходната, изобилува со еротски моменти, детално опишани. ;)
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    48,074
    Gender:
    Female
    На балканот и дождот мирис поинаку-Гордана Кујиќ.
    Преубава приказна за едно еврејско семејство.За среќата,тагата,љубовта,војната,страдањата.
    Топло ја препорачувам.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,884
    Likes Received:
    102,069
    Gender:
    Female
    Дневникот на Сузана за Николас-Џејмс Патерсон
    Ако ви требаат емоции,ова е книга за вас.Ја прочитав за еден ден.За тоа дека и големита љубов е можна ако се наиде на вистинската личност.Особено ми се допадна споредбата за петте најважни работи во животот со стаклени топки.Работата (која патем само таа е гумена )љубовта,здравјето,пријателството и чесноста(кои се стаклени).Книга за уживање :)
     
    butterfly33 likes this.
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен
    Мене многу ми се допадна, како и што очекував. Многу ми се допадна тоа што книгата воопшто не е предвидлива и од почетокот па до самиот крај ве држи во неизвесност. Лесно се чита :)
     
  20. chipo

    chipo Истакнат член

    Joined:
    Jun 5, 2011
    Messages:
    13
    Likes Received:
    1
    Смртта е непроверена гласина
    Книгата претставува автобиографија на Кустурица, свет во кој една личност живее два животи.Еден семеен и сосем обичен, а другиот паралелен на овој целосно различен, полн со политика и слава. Ми се допадна тоа што Кустурица така отворено и визуелно ја претставува ситуацијата на Балканот и дава многу реални мислења за оној наш посебен менталитет.