1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Накит -Даниела Стил
    Мислам дека почетокот повеќе ми се допаѓаше.Потоа цело време Сара раѓаше деца и се обидуваше да ги советува децата како да размислуваат повеќе за своите одлуки. Како и да е ми се допадна љубовта меѓу неа и Вилијам :)
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Септемвриски светлини од Карлос Руиз Зафрон.
    Добра книга, лесно четиво а сепак интересна и може да ти задржи внимание иако првите два дела од трилогијата на маглата повеќе ми се допаднаа. Сепак, оваа трилогија топло му ја препорачувам на секој што сака мистерија, малку напнато па малку романса. :)
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Втора шанса - Даниела Стил
    Преубава книга со тоа што не ми се допадна како трчаше на почетокот Џон по Фиона. Во реален живот ретко кога би го поднела ама ок,се на се фина приказна :)
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Читачот - Бернхард Шлинк
    Интересна книга, по малку чудна, но сепак ми се допадна
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Сенка на ветрот, Зафон :clap:

    Одлична книга, и предвидувам иднина како задолжителна лектира некој ден. :D

    Длабоко обработени ликови, секој си влече своја тежина, секој лик има нешто во кое барем еднаш ќе се пронајдеш. Приказна, покрај тоа што е дадено на корицата, би рекла дека е и приказна за тоа како луѓето реагираат на разни мрачни настани во нивниот живот, борбата да преживеат и да си го спасат и тоа мало достоинство што го имаат.

    На Зафон мислам дека тек допрва ќе се чуе за него, уште повеќе. Сега ми е мака што не ги купив книгите, една трилогија имаше во Матица од него, за 500 денари или така нешто. Мнооогу солиден автор, го има тој шмек на Виктор Иго, како да читав стара, добра книга, а не стандардни модерни филозофии.

    Да не ја тупам многу, само ќе кажам дека баба ми за една вечер помина 70 страници од книгава, така да, фаќајте ја и не ја испуштајте од раце. :)
     
    На Strumfeta93, Neytiri, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Теодора-последната римска царица - Стела Дафи.
    Интересна книга за животот на Теодора од детството, за преминот од актерка и курва до царица.
    Ќе им се допадне на љубителите на историски книги.
    Книгава завршува со
    среќен крај,Јустинијан и Теодора се среќни, царството цвета. Но, ме интересираше како се завршува приказната и Теодора умрела на 48 години, од некоја форма на рак. Не очекував дека толку млада умрела.
    Сепак, добра книга. :)
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Последни две прочитани ми се Вистински верник и На прв поглед (продолжение на првата) од Николас Спаркс .
    Прочитав овде критики како нема многу емоции во книгите и се сложувам, особено во Вистински верник.Во првата се работи за тоа како се запознаваат а во вториот дел за нивниот заеднички живот(штотуку започнат).Се разочарав од тоа како завршува нивната приказна ама тоа е.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Игрите на гладните, ја довршив денес.
    Што да се каже за книгава, не ја оставив, морав да ја прочитам и да дознаам што ќе се случи на крајот.
    Ликовите се толку добро изградени, не е можно човек да не се соживее со нив. Целата приказна е така исткаена што едно време посакував да влезам таму и да ги исправам неправдите. Иако веројатно би завршила во арената. :wasntme:
    Предобар трилер, кој не го прочитал обавезно да го стори тоа во најбрзо време.

    Јас утре преминувам на вториот дел Мокингџеј, морам да видам што се друго ги снаоѓа измачениве души.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^ Мокингџеј е третиот воедно и последен дел.
    Иначе Раѓањето на огнот е вториот дел. Верувај нема да се разочараш ни од другите две книги. Неверојатна трилогија.
     
    На Springy и RainBow им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Да? Еј грешно ќе почнев да ги читам, ццц. Нема врска, ги имам сите делови.
    Добро тогаш, утре почнувам да ја читам Раѓањето на огнот. :D
    Фала ептен на исправката. :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Добро е, олабавив малку со лесна лимонатка, иако морам да кажам дека беше тотално предвидлива.
    Remember me?
    Лекси доживува сообраќајна несреќа, по која не се сеќава на ништо од последните три години. Последно на што се сеќава е дека е во клуб со другарките, има 25 години, криви заби, шворц е и има некој килограм повеќе. Но се буди во свет каде што животот и е совршен, има совршена коса, совршен маж, соврешна работа, совршени заби... Премногу совршено за да биде вистинито нели? :) Понатаму се одмотува клопчето низ низа интересни, смешни, чудни ситуации.
    Ама ми требаше такво нешто. Софи Кинсела се докажува како една од најдобрите авторки во чик лит.

    И така, сега продолжувам со Раѓањето на огнот. :)
     
    На Divinebutterfly и teddybear им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Раѓање на огнот од Сузан Колинс.
    Книгава на некое ниво ме разочара,
    почетокот беше бавен, ништо посебно не се случуваше, а и не очекував пак да има игри, пак истото да се случува.
    Ајде да видам третава како ќе испадне, сепак крајот ќе ја заокружи трилогијата и мојот впечаток за неа. :)
     
  13. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Играта на ангелот од Зафон-дејството на книгата не ми беше нешто посебно...ама крајот ме остави без зборови
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав и Мокингџеј денес. Дефинитивно ми беше подобра од вториот дел.
    Се разочарав на некои делови од приказната, кога Кетнис не го уби Сноу во мисијата, а толку луѓе испозагинаа, ама сепак, изгледа мораше да остане жив за да и ја каже вистината за Коин. Мило ми е што неа ја уби, инаку работите ќе беа исти, се покажа тоа со тоа што ги тераше да гласаат за пак да се одржат Игрите.
    Криво ми беше и што толку цврстото пријателство со Гејл се прекина, ама и мило ми беше што остана со Пита, што сепак се најдоа повторно. :)
    Се на се, добра трилогија. :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Eптен забавно книгиче, сум се изнасмеала за сите пари. :) Се работи за Лорен која е организатор на венчавки, а веќе има еден распаднат брак зад себе. Запаѓа во многу смешни ситуации, многу недоразбирања, но сепак нели ја наоѓа љубовта на својот живот. Или сепак не?
    Многу ми се допадна како е изграден ликот на Лорен, како сите работи се претставени од нејзина перспектива. :)
     
  16. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Сидни Шелдон- Пеколни планови
    Лесна книга, ја прочитав за неколку часови. :D Се работи за Лесли, убава и амбициозна директорка и Оливер, гувернер на мала држава. Тој сакаше моќ...Таа сакаше одмазда.
    Ова е воедно и првата книга што ја имам прочитано од Сидни Шелдон, интересна беше со тотално неочекуван крај. Ми се допадна, иако не сум импресионирана.
     
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Rainbow-ce, каде можам да ја најдам оваа книга на англиски? На англиски ти е читана, нели?
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Многу ми се допадна, ептен интересен трилер и веднаш се фрлив на вториот дел :lol:
     
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Негирање - Кит Аблоу


    [​IMG]


    Не е лоша. Нешто поразлично од се она што сум читала досега. Интересна е цело време, не е досадна за читање воопшто, ама на крај уништија се. Мразам неправда а токму тоа и ќе се случи. Невин човек да извлече подебел крај, на сметка на спасување на виновникот. Јасно ми е дека не може секогаш да има happy end, ама ова е премногу за мене. Плус ниеден лик, ниеден карактер не ти создава чувство да се поврзеш со него, да сочувствуваш, да го сожалуваш, или да се радуваш за неговите успеси. Онака индиферентно ги посматраш од страна сите дејствиа. Ова е барем мој впечаток, сведок сум на други кои ја прочитале како воодушевувано споделуваат импресии.
    Инаку лесна е за читање, 300 страни јас ги прочитав за помалку од една недела.


    http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... Itemid=104
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Јас и Ти - Николо Аманити
    Ja начекав денес во библиотека, не знаев дека ја превеле. :)
    Книгава има негде околу 100 страници, се чита за помалку од саат.
    Се работи за Лоренцо, момче кое не припаѓа никаде, не чувствува поврзаност со никој, освен со неговата мајка. Се додека не е приморан да помине неколку дена во подрум со неговата полусестра Оливија и да сфати дека не е само тој отфрлен и сам во светот.
    Хмм, книгава е толку мала, а сепак некако ми е тешко да дадам осврт. Ептен ми се допадна како се разработени карактерите, дури и во толку малку страници. Напишана е во препознатливиот стил на Аманити, атмосферата е напати мрачна и само се наговестува дека нешто лошо ќе се случи.
    Прочитајте ја ако имате шанса, нема да погрешите. :)