Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
    Книгава буквално се чита во еден здив. Ја започнав вчера, а со читањето завршив денес. Не е многу голема- околку 180 страни. Коелјо ме воодушеви. Иако е мрачна и се одвива во лудница, книгата има поента и остава позитивно чувство.
    Препорачувам! :up:

    Според оваа книга неодамна беше направен и филм, 21 август 2009. Со нетрпение го чекав филмот бидејќи бев полна со импресии од книгата. Имаше критики во стилот дека е депресивен филм... целото дејство се одвива во лудница, а главен лик е девојка која сакала да се самоубие. Да, можеби на прв поглед депресивен, но за жал денес такви се многу млади луѓе, кои не го ценат животот, сè додека не се соочат со смртта. Така и оваа девојка, Вероника, го отфрла најубавиот дар, животот, не е во состојба да ја сфати својата среќа. Исполнета е со горчина, вечен страв дека греши, дека не го прави она што го очекуваат од неа. Сака да ја напушти онаа рутина на која свикнала, но не е доволно силна, па својот излез го гледа во најлесниот пат, во самоубиството.
    Тој чин ја носи во еден поразличен свет, во светот на лудите, кои можеби се само различни од останатите, различни од она што поголемата маса го прифатила како нормално.
    Што ќе ѝ ја врати смислата на животот овде? Жедта за да живее, да се радува на сонцето и сите убавини што ги носи животот, ќе откриете сами. Во секој случај книга што вреди да се прочита и Ве тера да размислите за скапоценоста на животот и поставување на цел која треба да ја постигнете и која ќе Ве исполни и направи среќни. Кога сте задоволни од самите себеси, тогаш му се радувате на животот, затоа што: Вистинското "Јас" е тоа што си ти, а не она што другите го направиле од тебе.
    преземено од сакам книги http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=61
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Книгава, иако прилично обемна, негде над 700 страни, секој момент го задржува вниманието.
    Приказната е фокусирана на сестрите Мери и Ана Болејн, нивното ривалство, а сепак и нивната толку длабока сестринска љубов. Книгава толку историски не е точна, ама сепак ликовите се страшно добро претставени, кралот Хенри VIII е прикажан од друга перспектива, како предмет пожелен во очите на секоја девојка, вреден за секакви интриги, па и ризикување на сопствениот живот. Сепак еден е Кралот.

    Мери како карактер ми беше фасцинантна, на моменти не можев да ја разберам нејзината љубов кон сестра и, се чудев како може да не ја мрази, да и посакува се најлошо. По толку многу работи што и направи, сепак, сестринската љубов беше најјака, се до самиот крај. Нејзината душа не ја изгуби добрината, сепак не потпадна под амбициите карактеристични за семејството Болејн, а за тоа и се восхитувам. Што успеа да си го задржи своето јас.

    Ана од друга страна, ја мразев начисто, толку заслепена од амбицијата, го заврте грбот на своето семејство, а потоа ја бараше нивната помош.
    Ми се згади од инцестот со брат и, од нејзината бескрупулозност. На крај го доби тоа што го заслужи.

    Една навистина прекрасна историска книга за амбициите, за желбата за моќ, за љубовта, за предавството... Топло ви ја препорачувам. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Jodie Picoult - House rules
    Навистина интересна книга, толку полна со емоции, во неколку наврати очите ми беа полни со солзи. Приказната е раскажана преку очите на пет ликови, сите емоции, доживувања и гледишта се проследени директно што дава можност цврсто да се сврземе со ликовите.

    Џејкоб е дијагностициран со Аспергеров синдром кој се наоѓа на аутистичкиот спекатар. Симптомите почнале да се појавуваат кога на две години примил вакцина. Потоа се се сменило. Џејкоб не бил истото дете. Луѓето со Аспергер имаат недостаток на комуникациски и социјални вештини. Исто така и не чувствуваат емпатија, не можат да се поврзат со луѓето, да почувствуваат како е да бидеш во друга кожа. Тие се центар на нивниот свет, се се врти околу нив. Но и често имаат надпросечна интелигенција. Опседнати се со една работа одреден период на време, се држат до утврдена рутина и доколку тоа се смени имаат напади. И најважно, следат правила, живеат и се водат според правилата.

    Сето ова е прикажано низ очите на Џејкоб, како он се гледа себеси, а и другите што навистина ми беше фасцинантно. Но неговиот живот наполно се менува кога е обвинет за убиство на Џес Огилви, девојка која му беше тутор за стекнување на социјални вештини, а дури ни неговата мајка не може да каже со сигурност дали Џејкоб е невин.
    И јас мислев дека е виновен, се укажуваше на тоа. Ама морам да признаам дека крајот малку ме разочара, не се разјаснија до крај сите работи, што е навистина разочарувачки за една книга.

    Ама сепак, ништо не може да ги поништи емоциите во книгата, тоа што навистина може да се согледа како функционира едно семејство со една ваква дијагноза, колку жртви се потребни за да функционира истото...
    Се на се, Џоди Пико се докажува како авторка која знае како да ги претстави ликовите за да не ги заборавите никогаш.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    за велигденот прочитав 2кратки книги

    1. Волшебник -Набоков: му се восхитувам на храброста да ги изнесе најдлабоките чуства на еден човек но сепак мојот желудник е премногу слаб за Набоков.

    2. Росхалде -херман хесе. книгава просто ја обожавам, го обожавам хесе и искреноста на секој лик опишан во неа, за малку ќе плачев на крајот и ми се испомешаа различни чуства кои што ме наведоа да размислувам МНОГУ после крајната реченица. дали некогаш длабоко во себе посакуваме да се ослободиме од она последна алка (колку и да е таа најсакана и најдобра) која не врзува за сопствениот пекол?

    препорачувам ...
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    100.207
    Пол:
    Женски
    Бакнеж во ноќта-Шерилин Кенион
    Надреална , измешана митологија со обичен живот.Свет во кој се е поинаку,опстанокот е прашање на чест,само љубовта е таа која е иста за сите.Без разлика дали си Аполит,Дајмон или митолошка божица.
    Интересна книга.
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски

    Има и продолжение за животот на Мери и нејзината ќерка Катерина.
    Се вика Наследство на Боленови.
    И јас сум воодушевена од книгите на Филипа Грегори.Преубаво пишува.Прочитај ги и останатите,ги има во Топер.
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Последна прочитана книга ми е Шминкерка, а сега ја читам Последниот воз за Истамбул.
     
  8. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    супер книга кој прочитал знае кој не ке ја прочита :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 41NoHgSmqlL.jpg
      41NoHgSmqlL.jpg
      Големина на фајлот:
      30,9 KB
      Прегледи:
      158
  9. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Јас пред некој ден ја прочитав Го сакам Њујорк од Линдзи Келк.Навистина ме воодушеви книгата.Додека ја читав како јас да се наоѓам во Њујорк.Сега ја читам Го сакам Холивуд,продолжение на Го сакам Њујорк.
    Има уште едно продолжение Го сакам Париз. Ако ја немате прочитано задолжително прочитајте ќе ве одушеви.
     
  10. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Сосема нов пријател-Мајк Гејли
    [​IMG]

    Книгава е ок,не е нешто особено како што очекував,ама ми се допадна.Има интересна содржина,топло пријателска,потсетувајки не колку ни значи еден пријател и дека најдобар пријател не може да ни биде секој.

    Делата на Мајк Гејли ги немам читано,што значи ова ми е негово прво.Не беше лоша книгата,значи сосема ок,добра за релаксација,опуштање.На делови ми беше досадна,затоа давам оценка 7/10 .
    Се работи за Роб,триесетгодишен маж кој живее во Лондон,додека неговата девојка живее во Манчестер.Роб има друштво од пријатели,од кој Фил му е најдобар и цимер,но и колега.Откако не работи веќе двегодишната врска на далечина,девојка му Ешли му поставува уцена-да дојде да живее во Манчестер или да ја заборави.Тој ја сака многу,прифаќа да се откаже од сите пријатели и оди да живее во Манчестер.Работата ја „пренесува“ во работната соба од куќата на Ешли и се снаоѓа потполно.Само еден проблем има.Да најде пријатели.Наоѓање пријатели на негова возраст е многу тешко,затоа тој прави се за да запознава нови луѓе и за да најде совршен пријател.Најпосле наоѓа.Единствен проблем е што тоа е женско.Девојка му малку се буни,но потоа прифаќа.Видете сами што ќе се случи следно! ;)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    Calling Romeo-Alexandra Potter
    [​IMG]
    Навистина интересно, романтично книгиче, сум се изнасмеала слатко на некои делови, иако нали си е предвидливо, ама сепак, добаr хумор. :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Опасна Желба - Аманда Квик
    Веке се заситив од Квик. Книгата е добра, љубовна книга. По истата шема како сите други од неа, животот во 18 век, подреденоста на жената и желбата таа подреденост да се искорени, и двајца тврдоглави луѓе кои се обидуваат да спречат мегусебно вљубување. Како и да е, за сите оние со романтични души како мојава, препорачувам да прочитаат барем една книга од Аманда Квик.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.841
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Во шумските предели на Вирџинија ловци наоѓаат одамна оставени трупови на млади двојки. Доктор Кеј Скарпета, главен судски патолог, и покрај своето богато искуство не може да ги утврди причините за смртта ниту некоја трага што би можела да ги одведе детективите до убиецот.
    Но девојката од најновиот пар што исчезнува без трага е ќерка на една од најмоќните жени во американската политика. Жртви ли се и тие на серискиот убиец? Или е нарачано убиство за одмазда на Кралицата на дрогата?

    Хмм, книгава има интересен заплет, ама некако ликовите не ми оставија посебен впечаток. Се беше некако премногу ладно напишано, како без чувства.
    Да, едвај чекаш да откриеш што се случило, ама се останува на тоа. Не би рекла дека книгава останува во сеќавање. Башка и крајниот исход не беше нешто спектакуларно како што очекував.

    Сепак, не е ни нешто лошо, се е прикажано детално, морничаво на моменти...
    За љубителите на трилери верувам дека ќе им се допадне книгава. :)
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    113.060
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ќерката на мојата најдобра пријателка

    Книга за пријатеството, за верноста, за жртвите кои ги правиме за оние кои ги сакаме. Книга која нема да ве остави рамнодушни. ( јас после неа еве веќе недела дена не можам дафатам да читам друга книга). Плачев и се смеев додека ја читав книгата. Брутално реална, топло ја препорачувам.
     
    На t.w.e.e.t.y, RainBow и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Книгава ја препорачуван на сите љубители на психолошки романи.Во оваа книга авторот не запознава со неговата потрага по својот ангел чувар во од една страна прекрасна а од друга страна исто толку сурова пустина Мохаве.Вреди да се прочита.
     

    Прикачени фајлови:

    • koeljo.jpg
      koeljo.jpg
      Големина на фајлот:
      40,8 KB
      Прегледи:
      214
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Збогум мои 15 години - Клод Кампањ

    [​IMG]
    Во романчево се работи за Фани и нејзиното семејство составено од нејзиниот брат Гијом и нивниот дедо кој го нарекуваат Капетанот(затоа што порано бил капетан на еден број наречен Сириус за време на втората светска војна). Живеат скромен живот на село и имаат сосема доволно за да преживеат.
    Меѓутоа се' ќе се смени кога Јан и ,,Норвежанката'' (Ингвилд) ќе дојдат на нивниот имот...
    Се зборува за љубовта. Љубовта кон Јан, братската љубов, другарската љубов, љубовта кон родениот крај и моменталното живеалиште...
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последно прочитано ми е трилогијата Милениум и ептен ми се допадна. Малку ме изнамачи пошто се доста обемни книгите и прикрај веќе ми здосади толку време да се дружам се со исти ликови, не сум навикната и затоа си знам така книги со продожнија нема сите да ги читам одеднаш туку меѓу нив ќе си оставм простор за други книги.
    Инаку ептен ми се допаднаа и ви ги предложувам сите три дела едноставно ќе заведат и тешко да ги оставите :)
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Деввојката со зелени очи Мир - Јам
    Книгата ич не ми се допадна и на жив зор ја дочитав не ја оставив пошто е мала. Целата содржива е всушност збир од различни љубовни раскази кои се ептен предвидливи и си мислев како ги читам во истиот момент ги и заборавам :)
     
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Долг пат до дното од Ник Хорнби

    [​IMG]

    Оваа книга ја добив ко поклон from my bestie.
    Денеска ја завршив и сум под голем знак ?
    Целата приказна е околу 4ца ликови, најспротивни шо можат да бидат.
    Искрено очекував повеќе... Некако се едно исто ми беше. Читав, читав мислејќи дека барем има некој пресврт, некаков интересен крај ама за жал такво нешто немаше. Книгата заврши така како што почна.
    :Down: од мене, стварно ме разочара писателот а богами и вкусот на Џони Деп.
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Те посакувам - Федерико Моча

    Не ми остави посебен впечаток книгава, едвај чекав да ја завршам. Писателот си земал премногу слобода во пишувањето, па си пишувал изрази кои не се својствени за едно преценето дело. :!: Делово ми е веќе видено, викаат дека ќе има и трето продолжение, што јас не планирам да го прочитам!