1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Полиња со диви нарциси - Винка Саздова

    Книги која ме допре, во вистинската смисла на зборот. Се зборува за Сара. И за уште една Сара и за Војдан, за мајчинството, за љубовта, за неверството. Поконкретно за едно патување, кое е навидум бегање од сегашноста, а всушност средба со далечното минато. За мириси кои исцелуваат, кои можат да ги разбудат најскриените агонии на животот.
    Прекрасна книга, прекрасен стил на пишување.
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Прекрасна семејна драма, ептен ми се допадна многу инересна и предвидива содржива која ако ја зачиташ така лесно не се остава.
    Станува збор за Хелена, ќерката на Магда, бегалки од Полска и живеат во Велс, верена за Ник нејзината голгогодишна љубов. Дипломирана и штотуку ја доби посакуваната работа, навидум се е совршено се до ненајдената смрт на Магда и враќањето во Полска за да ги однесе посмртните оставки и дури тогаш ја дознава суровата вистина...
     
    На Melody13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Гијом Мисо - Дали ме чекаш?

    Конечно да прочитам нешто од човеков. :)
    Некако сум со измешани впечатоци. Книгата не беше досадна, ама пак не ме ни воодушеви. Некако цело време ме потсетуваше на Жената на патникот низ времето, најверојатно поради тоа што поглавјата почнуваа со Елиот има 60 години, Елиот има 30 години, исто како со Хенри, па не можев да си ја извадам другата книга од глава.
    Заврши како што очекував, не се случи нешто посебно да ме изненади. Ама сепак, не беше ни нешто лошо. Ќе ја прочитам и Затоа што те љубам, па можеби ќе ми се оформи подобра слика за авторов. :)
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Победникот е сам *****
    [​IMG]

    Сеопфатен потсетник на вистинските вредности во животот, потребен во ова сурово време во кое секојдневно ги забораваме. Топло препорачувам
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]

    Многу добра книга, ептен ми се допадна дури и многу повеќе од Гол човек
     
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    „Роза за балерината“
    Премногу тажна книга. Јас очекував нешто сосем друго, а не ваква содржина, но убава е. Ми отвори стари рани, пуштив солза, цело време дури ја читав бев некако згрчена.
    Потресна приказна за Мелинда девојче кое сака да стани прима балерина и нејзиниот најдобар другар од детството Џес, за вечната љубов, за храброста, за семејството, за разводот и како тој влијае на бракот и најужасното како најблиските се борат со една страшна болест на најсаканите и колку е сето тоа ужасно.
    Тополо ја препорачувам.
     
  7. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.813
    [​IMG]Невеста во Борџии е моќен историски роман, раскажан преку случувањата и животот на принцезата Санча од Арагон, млада девојка, која нејзиниот татко, од политички причини, ќе ја омажи за еден од легитимните синови на Папата, најмладиот од познатата лоза Борџија – Џофри.
    Многу добра книга која се чита во еден здив и те остава вџашен од тоа што се би направиле некои луѓе само за да ја имаат моќта во свои раце. Топло ја препорачувам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]

    Обично со задоволство ги читам книгите на Спаркс, ме релаксираат, уживам во нив, но небеше случај и со оваа книга незнам не ми се допадна како да немал инспирација, како да си рекол ај бе ќе напишам книга од 348 страни и седнал да пишува како само да ги потполни страните. Не ми се допадна!
     
  9. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Без Збогување - Линвуд Баркли

    Одлична книга, мелем за душа. Мистериозна, те остава во дилема после секоја страница. Читаш и на наредната страна потполно го менуваш мислењето за тоа кој е главниот виновник. И на крај, испаѓа сосем некој трет :o . Книгава дефинитивно ја ставам на листата фаворити.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Уна - Момо Капор
    [​IMG]

    Вака започнува еден од најпознатите романи на овој српски писател.

    Момо Капор е познат по неговиот едноставен и мошне разбирлив стил на пишување. Ја читав оригиналната верзија на српски, па иако низ пишувањето на Капор секогаш се провлекува белградскиот сленг, немав тешкотии да ја разберам.
    Да создадете толку комплексни ликови доловени со навистина едноставни зборови, е вистинска уметност. Целиот роман е изнижен со многу убави мисли и прекрасно опишани настани, притоа зачинети со малку еротика.

    Овојпат, Капор пишува за љубовната врска меѓу шармантниот, средовечен професор Бабич и една од неговите студентки – Уна. Откако Уна ќе пројави интерес да направи интервју со професорот, се чини дека меѓу нив се јавува страшна хемија која се претвора во страсна врска. Бабич е оженет 40 годишен професор. Заплашен од фактот дека неговите најдобри години се веќе одминати, бегството од средовечната криза го бара во врската со 20 годишната Уна.

    Големата разлика во години, се чини како да е баш она што му е потребно на Бабич. Уна го враќа во младоста, му ги враќа старите сеќавања, и прави тој повторно да се чувствува млад. Нивното љубовно гнездо е така наречената зен-соба, каде тие криејќи се од љубопитните погледи, уживаат во времето што го поминуваат заедно.
    Секоја нивна средба е нова трака на диктафонот. На снимките, освен нивниот разговор, печат остава нивниот секс и нивните љубовни воздишки.
    Целиот роман е испреплетен со нивните љубовни игри и нивната страст поттисната од претпазливоста на која никогаш не треба да заборават.
    Пресврт во романот се случува кога Уна го посетува деканот на факултетот. Па, се чини дека таа има други скриени намери уште од самиот почеток.
    Но, дали шармантниот Бабич и го освоил срцето? Дали нивната афера прераснала во нешто сериозно?
    Тоа ќе го дознаете откако ќе го прочитате романот :)

    За мене „Уна“ беше уште повеќе интересна книга за читање, бидејќи многу убаво го отсликува животот во поранешна Југославија. Самиот живот, навиките на луѓето и Белград се до детали опишани.
    Во глава постојано ми течеа слики од убаво уредени станови, со тапети, вазни и долги завеси, старомодни телефони, стари машини за пишување и белграѓанки со долги виткани коси и интересен стил на облекување :)

    Ви го препорачувам.
     
    На DzingrlakaDzikica, mamma-mia, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Ракописот Q - Џонатан Раб
    [​IMG]
    Доста добро четиво. Долго време ги влечев првите 100 страни, но потоа тотално ме обзема и за 3 дена ги прочитав и другите 400 страни!
    Доста комплексна приказна за христијанството, папството, ватикан и корупцијата внатре, тајното друштво на манихејците(древна христијанска секта) и војната во Босна!
    Го препорачувам на секој што сака да чита белетристика a ла Ден Браун :)


    Сега ја читам Големиот Гетсби, сигурна сум дека ќе бидам со полна рака импресии, па ќе пишам по завршувањето!
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Продадена – Патриша МекКормик
    Интересна книга, се чита во еден здив
    Станува збор за тринаесетгодишна, сиромашна девојка од Непал која очувот ја продава во бордел. Некако крајот не ми се допадна, како да е без крај, како да не ми е целосна книгата, а инаку добра е интерсно ми беше како девојката знае само за животот во планината, а сето останато за неа е непознато и чудно
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо.
    Книгава ме фасцинираше. Ни помалку, ни повеќе. Ја прочитав во еден здив, за неколку саати, едноставно не можев од рака да ја испуштам. Не може ни да се спореди со претходната од него што ја читав, Дали ме чекаш?
    Ликовите се толку добро обработени, нивната психолошка страна, начинот на кој приказните се испреплетуваат... Ми се допаѓаше како почнуваа поглавјата, имаше прекрасни мисли и цитати.
    Не ни очекував така да испадне крајот, колку солзи пролеав...
    Мило ми беше што се најдоа повторно со Никол, што успеаја да си го вратат животот, што Марк доби шанса да се прости од Лејла. И што Иви и Конор се најдоа.
    Една реченица ми остана врежана во срцето, си ја ставив веднаш во потпис...
    Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ.
    Ќе му купам поклон на маж ми и ќе му ја изгравирам реченицава со нашите иницијали.
     
    На Trendafilka, t.w.e.e.t.y, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.358
    ^ Се сложувам со тебе, навистина фасцинантна книга. Топло ја препорачувам на сите.
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    „Последната Римска Царица Тодора“-Стела Дафи.
    Си ја купив од саем и дури сега стигнав да ја дочитам и уште сум под импресии.Прекрасна книга, јас обожавам историски книги, оваа ме погоди.
    Прекрасно е опишана Теодора, ме фасцинира со својот карактер, моќ, издржливост и искреност.Добив впечаток дека кога Римската Империја ја добила неа, тие не добиле само жена на царот, фигура, титула, туку една моќна и снаодлива жена, која ќе влијаела многу на своето време.Прво ми се допадна како е опишана, како девојче без влакна на јазикот, која се бори за своето, не се жали за ништо и со гордост и голема болка го поднесува животот и она што тој и го носи.Подоцна како изгубена жена која тргна да се бара себеси, сосема случајно, а сепак толку судбински да заврши спознавајки си ја верата, иако тоа не и беше првата намера, таа само сакаше да се врати, а доби многу повеќе.И секако најмногу ми се допадна „преобратената“ Теодора, љубовта и советите кои му ги даваше на Јустинијан, нежноста со која го гледаше вујко му, борбата со жените кои сакаа да ја отргнат од местото кое го заслужува.Ми се допадна тоа што стана од девојка вистинска жена за само некоја година, нешто што жените реално се трудат да го постигнат многу повеќе години.
    Се на се одлична книга, која сака историски веднаш да ја зема, ќе биде презадоволен.

    Друга која ја дочитав е „Времето на лалињата“-Дебора Могах.
    Иако по х пати ја читам книгата, морам повторно да ја прокоментирам, затоа што приказната толку моќно влијае на мене што секој пат кога ја читам добивам различни впечатоци и импресии.Оваа книга зборува за љубовта пред се, лудилото поради неа, откажувањето од се поради неа, но зборува и за сигурност, нежност, (не)морал, болка, тага, уметност, за себичност и фрлање во канџите на коцкањето.Ликовите, незнам дали постоеле реално, сигурна сум само за холандскиот уметник Јан ван Лос, но дали останатите ликови се разработени според некоја приказна, сведоштво или само се измислени немам инфомации.Веројатно се измислени ама создадени и вклопени во една моќна приказна, што посакуваш вистински да било така.
    Софија е млада девојка омажена со договор за 61 годишен старец, тој е добар, фин и нежен кон неа, ја сака со сето срце и копнее за дечиња, а таа му возвраќа со иста мера се додека не се појави сликарот и таа безглаво се заљубува во него.Тој е млад, шармантен, љубовник токму за каков таа копнее, а не мажот и кој одвај ги завршува брачните должности.Тука почнува играта која ја замешува и слугинката на Софија и други попатни ликови, сите се заплеткуваат во мрежа од лаги што на крај неможат да завршат поинаку, освен лошо.
    На моменти ќе се фатите како ја осудувате Софија, за лагите кои ги нанесува и ги гази сите за да биде со нејзиниот сакан, за некоја страна пак ќе си велите дека се е оправдано, бидејки нели во љубовта и војната се е дозволено.Ама Господ гледа и дали тоа е казната која тој им ја подготвува?Прочитајте ја нема да зажалите.Мене ми е прирасната за срце.
     
  16. ivanamk25

    ivanamk25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мадам Тисо од Мишел Моран.
    [​IMG]
    Интересна пириказна. Раскажана за време на француската револуција и падот на кралското семејство.
    Дефинитивно вреди да се прочита.
    Раскажана е за животот на Мадам Тисо. Нејзиното пријателство со кралското семејство, особено со принцезата Елизабет, но и со кралицата Марија Анотонета која е прикажана како човечко суштество, несамо како тиранин.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    А потоа - Гијом Мисо.

    Прво, книгава не е толку добра колку Затоа што те љубам. Всушност, не знам дали друга некоја книга ќе успее да ја надмине или барем да ја стаса.
    Сепак, ми се допаднаа ликовите, ако од досегашните книги прочитано од Мисо можам да кажам нешто тоа е дека знае како да ги изгради ликовите. Едноставно го нема она чувство дека нешто им фали, дека не можеш да се поврзеш со нив. Напротив. Би рекла дека конструирањето на ликовите му е силната страна.
    Крајот не ме изненади,
    очекував дека ќе биде така, низ цела книга се провлекуваше тоа дека гласникот не му кажа директно, да ти ќе умреш, па можеше и да се препостави дека нема да биде така.
    Ликот на Нејтан ми беше интересен, се обидував да сфатам зошто при огромната љубов со Мелори дозволија бракот да им се распадне, ама понатаму со враќање во минатото приказната прекрасно се вклопува.

    Добра книга, подобра од Дали ме чекаш?, ама не толку добра колку Затоа што те љубам. :)

    И така, сега продолжувам со маратонот и преминувам на Како без тебе, или Што би правел јас без тебе.
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Септемвриски светлини - Карлос Руиз Зафон

    Уште едно маестрално дело на големиот Зафон. Стварно му се воодушевувам на имагинацијата и фантазијата која ја инкорпорира во сите свои дела. Успева да ги состави чувствата, возбудата и морничавоста во едно исклучително дело кое допира во душата на читателите.
    На списокот останаа уште Принцот на маглата и Марина. :coffee:
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 и ivanamk25 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Kaко без тебе - Гијом Мисо.

    Книгава ме остави збунета некако. Ме завлече на почетокот,
    мислев дека ептен ќе се запрепастам зошто Габриел го остави Мартен, ама на крај и не оспадна баш нешто. Мислам, да, мајка и била во кома, ама ккао можел Арчибалд да не го знае тоа? Тоа ми беше малце безвезно да бидам искрена. Ми се свиѓаше опседнатоста на Мартен со Арчибалд, неговата борба и посветеност да го фати, ама се разочарав на крајот со аеродромот, демек кај што се луѓето во кома. Тоа ми беше врв на глупоста. Не, уствари поглупаво ми беше тоа што си ги менуваа картите како им дојде, натигодајмиго.
    Ако нешто мразам во книга, тоа се нелогичности и кога ја читаш книгата, а не можеш да поверуваш во тоа што го читаш и само си викаш пффф глупости.
    Од друга страна, ми се свиѓа начинот на пишување на Мисо, што романите му се обвиени во мистериозност, ми се свиѓа што ја земаш книгата во рака и не знаеш што да очекуваш. Затоа пак би сакала да прочитам нешто од него. Бидејќи е ризик. Можеш да завршиш разочаран или одушевен.
    А само поради можноста да те остави книгата воодушевен, вреди и да се чита овој автор.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    A Rose for Melinda - Lurline Mcdaniel
    Се убив од плачење на книгава. Не знам дали во целиот мој живот толку сум плачела на некоја книга.
    До срж ме потресе. Толку ми е жал за Мелинда и нејзината судбина... Трагично е што ова не е само една книга, ова е живот, живот кој му се случува на некој, некаде, сега, некогаш.
    Толку млад живот, полн со љубов, со соништа, со желби...
    Стилот на авторката прекрасен, лесен, читлив, без непотребни работи, концизен.
    Еве едeн извадок кој ќе ми остане во срцето.
    Cancer isn't the worst thing that can happen to a person. And neither is dying young. Taking life for granted living badly-these things seem far worse to me. In many ways, ways that count, I'm the luckiest girl in the world.
     
    На ivanamk25 и Neytiri им се допаѓа ова.