1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Како вода за чоколада - Лаура Ескивел
    Добра интересна книгамене ми се допадна, а и брзо се чита
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
    Добар интересен трилер, но сепак овој автор има многу подобри книги.
     
  3. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон.. книгата е околу 560 страни но се чита без престан ахаха :P
    Интересна е исто колку и другите книги на Зафон, а има и многу убави мисли :)
     
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд.
    Прекрасна книга за тоа како младоста и алчноста, како и туѓото влијание можат да расипaт еден човек, да му го уништат угледот, животот и на крај да го убијат.
    Книгата има во изобилство прекрасни мисли, најчесто искажани од страна на спореден лик кој е всушност до некаде иницијатор на сето тоа што се случува во романот.
    Дел од највпечатливите цитати, како што се оригинал на англиски се:

    - The artist is the creator of beautiful things.
    - To reveal art and conceal the artist is art's aim.
    - Тhere is only one thing in the world worse than being talked about, and that is not being talked about.
    - Those who are faithful know only the trivial side of love; it is the faithless who know love's tragedies.
    - Nowadays people know the price of everything and the value of nothing.
    - Men marry because they are tired; women, because they are curious: both are disappointed.
    - To define is to limit.
    - I like men who have a future and woman who have a past.
    - A man who is master of himself can end a sorrow as easily as he can invent a pleasure. I don’t want to be at the mercy of my emotions. I want to use them, to enjoy them, and to dominate them.
    - "My dear boy", said Lord Henry, smiling, "anybody can be good in the country. There are no temptations there. That is the reason why people who live out of town are so absolutely uncivilized. Civilization is not by any means an easy thing to attain to. There are only two ways by which man can reach it. One is by being cultured, the other by being corrupt. Country people have no opportunity of being either, so they stagnate.Ќ

    Ги има навистина премногу. Се надевам дека ве заинтересира книгава.
     
  5. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    Врати ми се -Гијом Мисо прекрасна книга која се чита во еден здив
     
  6. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Тринаесеттата приказна - Дајан Сетерфилд
    Многу добра книга, брзо и лесно се чита. Многу убаво опишани случки, како да бев присутна таму.
    Многу личности и настани, таман ќе си помислев дека се ми е јасно, на следната страница се случува нешто што ме демантира и ме остава со прашалници. Дури при крајот се' се разјаснува.
    Полна е со мистерии, значи топло ја препорачувам на љубителите на вакви книги.
    Не бев мирна додека не ја дочитав. Денот кога ја завршив и реков на сестра ми: Вечер конечно ќе можам мирно да спијам. :D
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]

    Интересна книга, ми се допадна :) баш така испадна сексот и градот во арапски стил.
    Ми се интересни овии приказни зо различна вероисповед од мојава :)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.813
    Eден ден- Дејвид Николс [​IMG]
    Доста интересна книга, и филм имало снимено по неа, ама не е нешто што би ме воодушевило и на крај да останам без зборови. Сепак, и ме насмеа и ме натажи, ја препорачувам :)
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Чокохоличарка на диета -Керол Метјуз ,неверојатна интересна книга која ќе ве насмее но и ќе ве расплаче ако сте емоционални девојки (да не речам плачки како мене ) :angel: и ако трагично ги сфаќате љубовни и животни проблеми .Секоја девојка би се пронашла во еден од ликовите во неа ,но најмногу во најмногу во девојката Луси ,барем јас во неа се пронајдов.
    Тоа е книга која ќе ве научи како да ги пребродите сите неубави работи што ви се случиле,сите љубовни разочарувања преку конзумирање на чоколади .Земете прочитајте ја нема да зажалите.:)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Undomestic Goddess - Sophie Kinsella
    Многу, многу забавна книга, слатко сум се изнасмеала, затоа и си ги сакам чик литкиве, знаат страшно да те расположат и да те натераат да заборавиш на сопствените проблеми. :)
    Саманта е врвен адвокат во најдобрата адвокатска фирма во Лондон. По толку вложено време и нерви е на прагот да стане партнер во фирмата. Тоа е нејзиниот сон, се што сакала во животот, се за коешто работела и се трудела. И овој сон конечно ќе и се оствари.
    Но не е се така лесно. Се испоставува дека направила страшна грешка, грешка во еден договор од 50 милиони фунти, која ја чини се, нејзиниот живот каков што го знае од тој момент престанува да постои.
    Во бунило го напушта Лондон и по некое недоразбирање завршува како домашна помошничка. Нешто за кое нема поима што всушност е, но бидејќи нема друг излез го прифаќа предизвикот.
    Со што се треба да се справи, како нејзиниот живот се менува останува на вас да прочитате. :)
     
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Полноќни спомени - Сидни Шелдон
    Продолжение на романот Другата страна на полноќ... Добра книга :up:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Bone Garden - Tess Gerritsen
    Хмммм. На книгава мистерија и возбуда секако и не и фалеа. Ама ми беше некако без душа, што знам, не можев баш да се поврзам со ликовите. Беше се некако премногу... технички би бил зборот.
    И до повеќе од пола книга ништо не се размотуваше, се некако беше набутано во последните страници, се одеднаш се разреши.
    Сепак,
    интересна беше содржината, за медицината во 1880 година и нагоре, за тоа како самите доктори ширеле зараза, колку само родилки умреле од нивните раце, без да бидат самите свесни за тоа.
    Човече, ми се згади кога беше опишана визитата на докторот, како ја брцаше раката во секоја родилка, а потоа само ќе ја избрише од пешкир, па потоа пак ја става во друга родилка, па пак крвта ја брише од истиот, до сега веќе, превалкан пешкир :puke:
    И после како да нема зараза.
    Ќе прочитам уште нешто од авторкава понатаму за да оформам целосно мислење. :)
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Само што ја завршив Госпоѓа Бовари. Многу ми се допадна. Не е монотона приказна, која здосадува уште на почетокот, туку напротив, неизвесноста владее до крај.
    Таа е жена на лекар и животот со него и станува премногу досаден, па токму поради тоа Ема сонува за подобар живот било-каде. Мислејќи дека заслужува многу подобар живот од постоечкиот, таа се решава на разни прељуби, разочарана од бедноста на своето постоење и мизерноста на својот досаден и монотон живот со мажот кој на моменти и во некои ситуации не го поднесува и често презира, обвинувајќи го дека тој е творецот на нејзината мизерност. За жал, Ема крајот на својот живот самата си го определува, труејќи се со цијанид и умира. Шарл разочаран, скршен, се' уште љубејќи ја покрај нејзината смрт, откривајќи ги тајните писма и докази од нејзините љубовници, воедно и заглавен до гуша во долгови, тој ненадејно имира.

    Во издание на АЕА е, штета што не е моја, позајмена ми е, инаку ќе имаше почесно место во полицата со книги кај мене дома. Топло ја препорачувам.

    [​IMG]
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Вчера ја почнав, денес попладнево ја завршив:



    Паднати ангели - Нора Робертс


    Ја би се клањала пред авторкава на романов, какви прекрасни романи пишува, нема еден од кој не сум задоволна, ама овој беше прекрасен. Мистерија, драма, страст, со еден збор ми стана омилена од овој жанр!
    Станува збор за една девојка по име Рис, која сака да побегне од минатото доживеано во Бостон, и решава да си го најде мирот на друго место. Па така поминувајќи од Вајоминг, се вгнездува во едно малечко место по име Енјџелс Фист, и тука останува. Го запознава Броди, писател кој во ова место се доселил исто така од истокот како и Рис, претставен е како мачо мен и се случува една хемија меѓу нив (според мене, најдобриот пар во една книга :inlove: ). Има одлични дијалози меѓу нив, пропратени со иронија, скокотливост, дрскост, еден доста страствен пар, нема да лажам ако кажам дека секс сцените беа доста интригантни ( :wasntme: ).
    Рис додека пешачи по планината, со нејзиниот двоглед сведок е на едно убиство. Но, нејзиното сведочење е пропратено со сомнеж бидејќи има останато длабоки траги нејзиното минато, кога за влакно се спасила од смртта, откако и биле испукани два куршуми, еден во телото, друг во главата; престојувала неколку месеци во психијатриска болница. Дали сето тоа е само потсвесна приказна формирана од нејзиниот ум, или навистина го видела убиството ќе треба да ја прочитате книгава!
    Ветува многу, можеби некому ќе му биде досадно да во 500 страни се опишани и некои безвезални работи, но јас уживав во секој дел од книгава, и мислам дека ниедна страница не беше залудно напишана и прочитана!
     

    Прикачени фајлови:

    • angels fall 2.jpg
      angels fall 2.jpg
      Големина на фајлот:
      15,9 KB
      Прегледи:
      253
    На Roxanne и Nevermore им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Kiss an Angel - Susan Elizabeth Phillips
    Или на нашки би му дошло[​IMG]
    Ептен ми се допадна книгава. Имаше толку емоции, главните ликови поминаа низ толку промени што не е возможно да не ги засакаш. Топло ви ја препорачувам доколку не сте ја читале.
    Дејзи е богато, разгалено девојче, но по смртта на нејзината мајка, која била познат модел, Дејзи завршува со повеќе долгови отколку што може да отплати. Така нејзиниот татко сакајќи да и го среди животот и дава ултиматиум. Или да се омажи со тој што он ќе и го избере или сама да се снаоѓа без негова помош. Дејзи се одлучува за второто и тука почнува авантурата на нејзиниот живот, низ многу смеење, солзи, тешка работа, уживање...
     
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Оваа недела прочитав три книги:
    Состанок со смрта-Агата Кристи
    Состанок со смртта е уште едно фабулозно дело на Агата Кристи. И овде по кој знае кој пат, малиот белгиски детектив, Херкул Поаро ќе триумфира. Имено се работи за невообичаено англиско семејство, кое што страда од ни помалку, ни повеќе туку од еден свој член.
    Се работи за монструозната и неизмерно злобната г-ѓа Бонтој која што го тероризира своето семејство, уште со својот збор влева страв во нив. Нејзината желба за одмазда, засега од непознати причини, е огромна и безгранична. Со еден збор сè што таа ќе допре, го уништува.
    Но, очигледно на сите им беше доста од нејзиното надмено однесување.
    Еден ден за време на нивниот одмор во Ерусалим, сосема неочекувано г-ѓата Бонтој е пронајдена мртва. Без сомнение убиена, на напуштено и мрачно место. Оваа вест за сите значи големо олеснување.
    Никој од семејството не пушта ниту една единствена солза, некој е дури и среќен за тоа, но едно е сигурно убиецот е меѓу нив. Еден од нив со измама ја намамил г-ѓата Бонтој надвор од хотелот во кој претстојувале и ладнокрвно ја убил. Но, кој го сторил? Кој ја повикал г-ѓата Бонтој на состанок со смртта?
    Тоа беше кратка содржина. Прекрасна книга која ќе ве држи во неизвесност до крајот.
    Дебитантка-Даниела Стил
    Семејството Рубинштајн е современо, совршено семејство какво што секој би посакал. Олимпија Рубинштајн, некогаш Крофорд е правник има три деца од првиот брак и едно од вториот со Хари. Поради бракот со Хари таа се преобратила и преминува во еврејската вера, но децата од првиот брак ги воспитува да си ја почитуваат својата вера и нормално еврејската, така што ги празнуваат сите празници и католичките и еврејските. Во таква една идилична атмосфера живеат Рубинштајнови.
    Но... еден петок доаѓа една покана за двете девојки во семејството.
    Тие се матурантки и близначки,но со дијаметрално спротивни сфаќања.
    Едната Вероника со омраза кон расистите и оние кои ги делат луѓето по народноста,по религијата и која се залага за мир во светот, за нејзиниот вистински татко таа е комунист, за самата себе таа е обединување на Мајка Тереза и Че Гевара.
    Другата Вирџинија не ја интересира политика,само сака забава, сака да чита модни списанија, да се дотерува според највисоката мода. Тој петок поканата беше по повод балот кој се организира традиционално и тоа за нив двете бидејќи се со сина крв, мајка им припаѓа на благородничко семејство. Вероника го смета балот за антисемитски, расистички, неетички и не сака ниту да слушне да оди, додека Вирџинија очајно сака да оди.
    За да биде уште повозбудлива ситуацијата и нивниот очув Хари се согласува со Вероника. Оливија е растргната меѓу два огна, но и таа сака нејзините керќи да одат на тој бал и смета дека тоа е само обичен бал и дел од традицијата, нејзината баба, а потоа и нејзината мајка и самата таа учествувале на тој бал. Балот се организирал еднаш годишно учесничките биле млади девојки со нивните родители, но предуслов да бидат поканети било нивното потекло.
    Целта на овој бал била да се претстават младите девојки пред високото друштво,девојката првин требало да игра со својот татко, а потоа со придружникот и да биде официјално претставена.
    Дали ќе се појават двете Пепелашки на балот или не останува сами да откриете.
    Одлука-Николас Спаркс-Доста интересна книга, но сепак јас не сум по романтичните романи :)
     
  17. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    ја дочитав пред малку вероника реши да умре..баш ми се допадна утре одам во гратската библиотека да земам уште некоја книга од Коелјо :D
     
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Исто и јас, само што ја завршив. Убава е!
    На прв поглед Вероника има се, што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови, се запознава и се забавува со привлечни млади мажи, меѓутоа сепак не е среќна, нешто и фали во животов. Затоа на 11.11.1997год., решава да умре. Откако ќе земем преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови... И токму тогаш го открива она што никогаш дотогаш не си го дозволила љубовта, омразата, стравот, љубопитството-сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта.
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    И јас последно е прочитав Вероника реши да умре-Пауло Коелјо. И морам да кажам дека е одлична книга барем за мене,е доста интересна.
    Дејството се случува во лудница во Вилет,Вероника е 24 годишна девојка која живее во манастирска соба,се почнува кога таа чита во едно списание наслов дека незнаат каде се наоѓа Љубљана.Зема апчиња и се обидува да се самоубие.По некое време се разбудува во болницата\лудница.И и' кажуваат дека има проблеми со срцето и остануваат уште само неколку дена живот.Додека е во лудницата таа ќе се здружи со Зетка,и како прво прашање што ќе и го постави ќе биде "Што значи да си луд"?Потоа се редат разни теми на разговор.Во некои моменти ќе посака да свири пијано,ќе се запознае со шизофреничарот Едвард,кој никогаш не зборувал со никого туку само со Мари.Неговата животна приказна е доста занимлива,еден ден додека Вероника свирела тој ја слушал со внимание.Вероника се обидува да го заведе со нејзиното самозадоволување.Се собелкува пред него гола,а тој ја гледа само и се смешка.Потоа оди кај доктор Игор и го прашува уште колку дена живот и остануваат,тој и кажаа дека само уште 24 часа.Таа се обидува да ги искористи тие 24 часа максимално,излегуваат со Едвард од лудницата и одат на вечера каде што ќе пијат многу вино,ќе си признаат дека се сакаат. инт.
    Девојки се изнинувам за тоа како е раскажано,али незнам баш најубаво да раскажувам :$
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Breaking the silence - Diane Chamberlain
    Што може да се очекува од оваа авторка освен приказна која ти ги разбуричкува сите емоции?
    Препреубава книга, крајот ме изненади, воопшто не наслутував што всушност се случува, останав со подзината уста.

    Лора има 5годишна ќерка која ја зачнала со друг маж во една пијана ноќ, но по никаков контакт со таткото таа се зема со Реј, маж дваесет години постар од неа, кој сака да ја земе и да ја гледа нејзината ќерка како негова. Таткото на Лора е во лоша здравствена состојба и една вечер ја повикува Лора да го посети во болница и пред да умре и остава еден аманет- Да се грижи за Сара Толи, жена за која Лора никогаш не слушнала. Лора решава да ја исполни желбата на татко и, но Реј ја моли да не го прави тоа, велејќи и дека веќе е доволно зафатена со работата, дека и онака нема време за семејството. Таа не сакајќи да го вознемирува Реј, ја одложува средбата. Знае дека неговата состојба е критична, Реј е постојано во депресија, има тежок период, но сепак не може да ја игнорира последната желба на татко и, па сепак се решава да оди и да дознае која е мистериозната жена. Додека е отсутна Реј си го одзема животот пред очите на неговата ќерка, со оставена една последна порака "Ти реков да не одиш".
    Што значат овие зборови? Како самоубиството се одразува на малечкото весело и среќно девојче?
    И која е мистериозната жена, какви тајни крие таа?

    Многу мистерии кои ме тераа да не ја оставам книгата додека не дознаам што се се случува.
    Топло ја препорачувам. :)