1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Dear John

    Многу добра книга, како и повеќето на Спаркс. Одличен крај, поинаков и не очекував. Мислам дека нема потреба многу да се пишува, веќе сите го знаеме Спаркс и неговите маестрални дела.
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Невеста во Борџии - Џин Калогридис.
    Пред да ја почнам мислев дека е уште еден во низата досадни историски романи, во кој освен историски факти и досадни случки нема да сретнам ништо друго, се излажав. Преубава книга, се чита дефинитивно во еден здив, јас како што ја земав три дена од раце не ја испуштив. Борџиите како главна тема и инспирација во романов, проследено со сите блудничави постапки на папата Александар, ве носат низ едно патување во стариот Рим заедно со добродушната Санча од Неапол и нејзиниот брат Алфонсо.

    Добрата и великодушна, а помалку и ладнокрвна Санча од Арагон пристугнува во Рим како сопруга на незаконскиот син на папата а со самото тоа станува и дел од нивното бескруполозно семејство. Нејзиниот сопруг Алфонсо иако е прифатен од папата Александар како негов син, тој сепак нема никакво право на збор во палатата во Ватикан. Приказна испреплетена со љубовни измами, страст и недоличниот инцест помеѓу папата и неговата ќерка убавата Лукреција и помеѓу Лукреција и нејзиниот брат распуштениот и злобен Чезаре. И покрај сите несреќни моменти доживеани во Ватикан, Санча не се предава и на крајот ќе се одмазди на папата и на Чезаре за убиството на брат и Алфонсо, помогната од отровната напивка кантерлата.

    Како и да е, вреди да се прочита.
    Во издание на АЕА е, 300 денари.
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ехото на старата тага - Горјан Петревски
    Книгава мене лично многу ми се допадна и е баш како за моја возраст. :)
    Книгата е пишувана како дневник на две деца по име Огнен и Огнена, кои се со спротивни размислувања, ставови и мислења. Огнен и Огнена учат заедно од прво до седмо одделение и се ривали.Огнена има брат Леон и дедо капетан Зарин, а Огнен има сестра Леона и баба виолинистка Зарина. Огнен е лудо вљубен во Огнена, но таа не му ја возвраќа својата љубов.
    Ривалството е она што ја натера Огнена да биде успешна и да ја засака математката, истовремено да и посвети повеќе внимание, а по литература да помине на стара слава. Огнен е талентиран за математика и откако се заљубува и добива инсипрација за пишување и почнува да води дневник.
    На крајот од учебната година децата имаат екскурзија во Берово и Дојран. Децата ги гледаат своите баба и дедо како заедно седат и си го чекаат ручекот. Тогаш, Огнен заборава на ривалството и ја повлекува Огнена, а таа луто му се обраќа, но кога ја видела таа глетка останала со подотворена уста!
    Огнена не го сакала семејството на Огнен, па затоа и не сакала да се зближат тие двајца, капетанот и виолинистката. Дури и Леона, сестрата на Огнен, ја сметала за прчла.
    На крајот (пре)пишувачот кажува дека Огнена бидејќи седела со нејзиниот најдобар пријател Давид, а бидејќи Огнен седел со својата најдобра другарка Ангела, се замениле со местата. Па така Огнена седела до Огнен. Сите се зачуделе, а Огнена му ја стиснала раката на Огнен и Огнен ја прашал до кога ќе и стои така раката... а, таа му рекла до крајот на животот.
    На Огнен не му се верувало. И на крај си ги замениле дневниците и заклучиле дека нивните баба и дедо се виновни за нивното смирување. Толку. Да немаше среќен крај, романот ќе подолжеше... пишува на крај Горјан Петревски.
    *Извинете, ако измасирав со рефератов.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Интересна чик литература
     

    Прикачени фајлови:

  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Пајаковата мрежа - Агата Кристи

    [​IMG]

    Не очекував ништо поразлично од Агата. Секогаш знае да ти го замае умот со приказна во една насока и после БУМ! - следува гранде финале со пресврт за не знам таму колку степени. Можам да кажам дека е уметник во манипулација и наведување на човекот да мисли нешто, особено ако ти ги приложи фактите во сосема различна амбалажа од онаа реалната.
    Потонете во светот на Кристи и нема да зажалите. :)
     
  6. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Хаклбери Фин (лектира ми е :tmi: з)

    Не ми се нешто многу допадна, напочетокот и средината е нешто интересна на крајот ме изнервира оној Том Соер што се правеше дека знаеше се. Црнецот ќе паднеше во несвест од змиите. Всушност имам слично мислење како ХАклбери Фин ама многу повеќе се спротиставувам ако нешто не е добро, а тој само молчи |( .
    Најголем впечаток ми остави нормално Хаклбери Фин и црнецот Џим. Всушност и тие се главните ликови :?:

    Незнам зошта но оваа е првата книга која толку ме изнервира и нема више ни еднаш да ја препрочитам или да и дадам ,,втора шанса,,. Па и тие глупите слуги ништо не можат да видат, па онаа тетка на Том Соер...личност која не има доволно мозок..ја да сум таму што би направила се на Том, на тие војводи и кралеви, абе ќе незнаат што ги снашло. Али не сум јас Хаклбери Фин е.
    Мислам дек аод оваа заклучивте кој ми е најнегативен лик -ТОМ СОЕР.


    Ах се изнервирав. Оваа е книга за тие што имаат добри нерви , а јас не сум една од нив.
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Паоло Коељо -Прирачник з авоин на светлината

    Типшична Паоловска книга ,какко јајце на јаце му личат една на друга ,ист стил фура во сите .
    Но сепак книга ко книга ,од секоја ќе се научи по нешто.
     
  8. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    The Virgin and the Gypsy - D.H. Lawrence

    [​IMG]

    Воодушевена сум од книгава. Прекрасна приказна за слободата и различниот начин на живот. За границите на нашето размислување и слобода, за невиноста и нејзината едноставност и сложеност во исто време, за нежноста и љубовта ...
    Си го симнувам и филмот сега, сакам да видам дали е исто преточена книгата или јас си ја интерпретирав на поинаков начин. :)

    Ви ја препорачувам.
     
  9. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ќерката на мојата најдобра пријателка- Дороти Кумсон

    Кам целиот свој живот живее без обврски, верена е за човекот што го сака и ја има Дел,најдобрата најдобра пријателка на свет. Сето тоа се менува кога дознава дека вереникот и Дел спиеле заедно и дека ќерката на Дел за која никој не знае кој и е татко, е токму тој. Тоа е доволно да одлучи да прекине секаков контакт со нив двајца и започнува нов живот далеку од се.
    Години покасно, добива уште една од многуте пораки од Дел кои никогаш не ги отвора, ја чита и дознава дека таа е ужасно болна и умира и мора да се сретнат. Заминува во болница, открива дека Дел има леукемија и дека за извесен период ќе умре, и бара од Кам да ја посвои нејзината ќерка Теган. По нејзината смрт, откако нема друг избор, го зема петгодишното девојчето и започнуваат заеднички живот.
    Непосредно по тоа, се вљубува со Лук, нејзиниот шеф кој станува најдобриот пријател на Теган.
    За да ги среди документите со старателството, мора да го види Нејт, поранешниот вереник и старата искра повторно загорува...

    Прекрасен роман кој ќе ве разнежни и ќе ви ја даде до знаење мајчинската безрезерва љубов.
    Препорачувам! :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    „Момчето во пижами на риги“-Џон Бојн
    Добра е, но можеше да биде и многу подобра, можеби дека јас очекував премногу. Писателот можел да вметни повеќе поинтересни детали, но книгата вреди. Би ја препорачала...зошто да не..има 222 страни и се чита во еден здив така да не губите ништо ако ја прочитате.
    Раскажува Бруно син на еден од командирите на Хитлер, кој е принуден да го напушти својот дом со семејството за потребите на татко му и неговата работа. Кое е тоа ужасно место и што се случува во него? Не откривам повеќе детали, прочтајте.
     
  11. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Марина - Карлос Руиз Зафон. Без коментар.Како и суте други дела на Зафон Марина е книга кога ме остави без зборови. :o Му се воодушевувам на способноста на Kарлос кој во своите дела успева да измеша повеќе стилови и да создаде маестрално дело. Морам и да напоменам дека ми е омилен писател.
    Дејството се случува во Барселона во 1979 година. Младиот Оскар Драј шетајќи се по улиците на Барселона во близина на интернатот и училиштето каде што учи случајно влегува во една куќа за која мислел дека е напуштена, но излегло дека не е така. Во напад на паника несвесно зема еден часовник. Чувствувајќи грижа на совест се враќа во куќата за да го врати часовникот и така се запознава со Марина, керката на Херман кој е сопственик на часовникот. Судбината ги поврзува Оскар и Марина и ги води во опасна авантура каде што ја откриваат тајната за мистериозниот Михаил Колвеник кој не сакајќи да и се препушти на смртта станал нечовечко суштество. Опседнат е со идеата да и се спротивстави на природата и да го поправи непоправливото. Со текот на времето цената на таа тајна ја дознаваат и Марина и Оскар. Цената која може да ги чини живот.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Конечно ја завршив 1Q84 од Мураками. Содржината, приказната, ликовите, еднакво луди како за авторов, изразувањето...не толку задоволително како во претходните книги. Се приметува дека повеќе се сконцетрирал на дејствието, а бројот на страниците накнадно го зголемува напорот и нелеснотијата во читањето. Крајот на книгава малку ме подзамисли околу целта која ја имал Мураками, дали човеков сака да продаде повеќе книги со овој стил или тоа му е само начинот да те заинтригира, којзнае, почнав да се сомневам во намерите.
    Во секој случај, не го добив литературното задоволство што го посакував, не се поврзав на емоционално ниво, не ме надогради, не ме исполни. Останува да видам во продолженијата дали вината е на Мураками или на нашите преведувачи.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    I've got your number - Sophie Kinsella
    Урнебесна книга, сум се изнасмеала ептен, онака на глас. :)
    I've lost it. The only thing in the world I wasn't supposed to lose. My engagement ring. It's been in Magnus's family for three generations. And now, the very same day his parents are coming, I've lost it. The very same day. Do not hyperventilate, Poppy. Stay positive!!

    Poppy Wyatt has never felt luckier. She is about to marry the ideal man, Magnus Tavish, but in one afternoon her 'happy ever after' begins to fall apart. Not only has she lost her engagement ring but in the panic that followed, she has now lost her phone. As she paces shakily round the hotel foyer she spots an abandoned phone in a bin. Finders keepers! Now she can leave a number for the hotel to contact her when they find her ring. Perfect!

    Well, perfect except the phone's owner, businessman Sam Roxton doesn't agree. He wants his phone back and doesn't appreciate Poppy reading all his messages and wading into his personal life.

    What ensues is a hilarious and unpredictable turn of events as Poppy and Sam increasingly upend each other's lives through emails and text messages. As Poppy juggles wedding preparations, mysterious phone calls and hiding her left hand from Magnus and his parents... she soon realises that she is in for the biggest surprise of her life.
    http://www.goodreads.com/book/show/1203 ... our-number
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    "А потоа"-Гијом Мисо
    Искрено многу ми се допадна книгава.Како прво многу е лесна за читање и интересна.Ја прочитав во неколку дена,ме интересираше што ќе се случува понатаму,зошто во секое делче,секоја реченица има неизвесност и може да има секаков пресврт.Плус тоа крајот ме изненади,не мислев дека ќе заврши така.Иначе оваа ми е прва книга што ја читам од писателов,планирам да ги прочитам и "Затоа што те љубам" и "Дали ме чекаш" зошто ептен ми се допадна стилот на писателов. :D
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Втора шанса - Даниела Стил

    Не ме воодушеви нипто посебно, или пак јас си мислам дека Даниела Стил се надмина себе си со Прстен.

    Иначе книгава е приказна за љубовта на Фиона и Џон, два различни света како доказ дека спротивностите се привлекуваат. Фиона живее ексцентричен живот, најдобра во светот на модните списанија, цврсто решена дека ниту еден маж не може да го промени нејзиниот свет, дека никогаш нема да се омажи и нема да има деца. Џон пак е привлечен богат бизнисмен кој живее смирен живот. Тие немаат ништо заедничко што е причина да се засакаат, но подоцна станува и причина за да се разделат. По една година повторно се среќаваат пружајќи си втора шанса за да ги поправат грешките.

    Книгава и не е толку лоша, од секоја книга се учи нешто, од оваа дека секогаш треба да правиме компромиси и да бидеме спремни да се откажеме од некои ситници за да бидеме посреќни.
     
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Бежаници-Петре М.А.
    Имам повеќе книги од Петре а оваа ми се виде помала и ај :D Како повеќе мали раскази,значи нема едно поврзано дејство и мислам дека случкиве навистина му се случиле на писателот :)
     
  17. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Раскажи ми ги соништата-Синди Шелдон
    Многу убава книга баш какви со сакам. Не за џабе е кажано "Шелдон е вистински мајстор". :)
     
  18. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    All time favourite "Марина"- Карлос Руиз Зафон.
    [​IMG]
    Кога за прв пат ја здогледав книгава- пред две години, на саемот за книги- решив дека мора барем еднаш да ја прочитам. Ветувањето си го исполнив по скоро една година. Марина ја прочитав за само еден ден, и веднаш ми стана омилена книга, а Зафон омилен писател.
    Денес повторно се навратив на ова дело. Исто како и првиот пат, последните страници ми се лизнаа од рацете по само неколку часа. Исто како и првиот пат, Марина ме маѓепса. Ме потсети зошто толку многу ја сакам и со што ме воодушеви.
    :)
    Марина ме научи што е тоа вистинско пријателство- секое добро, но и секој товар што го носи со себе овој збор. Ме научи што се човек не е способен да направи за да си ја смири сопствената совест, макар и да го уништи животот на оние што најмногу го сакаат. Ме научи што е љубовта..
    Зафон повторно ме прошета во мистериозните квартови на Барселона.
    Уште едно од низата маестрални дела на Карлос. Топло ви ја препорачувам на тие што не сте ја читале.
     
    На Chocolate.me, Buttterfly, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Без збогување- Линвуд Баркли ептен ме бендиса книгата и се случуваат многу неочекувани пресврти...
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722

    Морам да се самоцитирам. Подобра книга немам прочитано. Се врзав со ликовите ама ептен, ме потресе нивната судбина. Не сум тип што плачам на книги ниту пак на филмови, не плачев ни овој пат, ама дека ме допре книгата, ме допре. Среќна сум што барем едната од нив имаше среќна судбина. Немам многу што да кажам за книгава зборовите се излишни, само пак ќе повторам, ако ја немате прочитано, прочитајте ја под итно.