1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Карлос Руиз Зафон - Марина
    [​IMG]
    Во Барселона, во 1979 година, петнаесетгодишниот Оскар Драј ги поминува слободните попладниња војвајќи се по живописните улици на Барселона во близина на интернатот во кој оди на училиште. На едно од своите патешествија ја запознава Марина, интригантна девојка, со која се впушта во авантура за откривање на болната загатка скриена во минатото на градот, за таинствениот Михаил Колвеник, кој не сакајќи да прифати дека смртта не им припаѓа на живите, тргнал н поход против смртта за да го поправо непоправливото. Со текот на времето, цената ќе ја платат многу негови пријатели, како и луѓе чии животи се вкрстиле со неговиот.
    Преубава книга. Ја препорачувам на сите што сакаат да се впуштат во мистерии и авантури.
     
    На 1209 и Magnolija им се допаѓа ова.
  2. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Стела - Цане Здравковски

    Мене лично премногу ми се допадна книгата. Обично не читам книги од наши македонски автори затоа што сите некако пишуваат за војната, за сиромаштијата, за неблискоста меѓу луѓето и сето тоа ми е некако одбивно, кај го гледам реално па несакам и да читам за тоа, ама оваа книга дефинитивно вреди да се прочита.
    Се работи за едно протерано македонско семејство од егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција. Сите се распрсанти во различни држави, за да се спасат од непријателот. Дури по 23 години успеваат да се соберат сите заедно.
    Главното сиже е тоа испреплетено со многу љубов, носталгија и копнеж.
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Затоа што те љубам- Гијом Мисо

    Книгава ме освои. Бев малку скептична, мислев дека е и баш љубовна, со романтични сцени, но воопшто не е така.
    Секоја сцена во мојата глава создаваше слика, а тоа ретко ми се случува кога читам нешто.
    Ми се допаднаа цитатите со кои почнуваше секое поглавје, ми се допаѓаа флеш- бековите, ми се допадна како ја доловил психата на ликовите.
    Препорачувам!
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Gift - Cecelia Ahern.
    Интересен концепт имала авторката за книгава, ама за жал останало само на тоа, на концепт. Не е добро разработена содржината, се задржала на еден дел од ликовите, другиот дел се само некако странично изградени, иако сакала да ги направи поважни за приказната. Сепак, како што кажав концептот и замислата беа добри, сакала да ја истакне важноста на семејството, сакала да им укаже на читателите дека времето е драгоцено, времето не е нешто кое се враќа назад, дека треба да бидеме внимателни како го трошиме. Секоја една секунда, минута, час имаат значење, имаат моќ да сменат нешто. Всушност книгата е за времето како подарокот, времето е тоа што е подарено. Она што исто така не ми се допадна е што имаше некои работи кои останаа неразјаснети, кои беа важни и очекував дека ќе има некое објаснување, ама беше само лошо замачкано, па затоа можам да речам дека книгава не е една од подобрите на Ахерн, а се надевам дека ќе прочитам нешто подобро од неа. Исто така стилот на пишување е прилично инфантилен, па се чувствував на моменти дека читам некоја бајка за деца.
    Приказната е раскажувана од полицаецот Рафи, му ја раскажува на еден тинејџер кој е уапсен поради тоа што фрлил мисирка низ прозорот на куќата на татко му и неговото друго семејство. Рафи раскажувајќи му ја приказната сака да му отчита една лекција, лекција за животот.

    Потоа го следиме животот на Лу Саферн, бизнисмен кој има премалку време за да постигне се, а премногу работа и семејство за кое треба да се грижи. често пати е растргнат помеѓу две места на кои треба да биде, а нормално неговото семејство е тоа што пати најмногу.
    Еден ден одејќи накај работа пред зградата здогледува еден бездомник, Гејб, кој всушност е многу повеќе од тоа, паметен човек, успева да го импресионира Лу, па тој му дава работа. Има многу необични работи поврзани со Гејб, кои му влеваат доверба на Лу, па така во една пригода откако Гејб ќе увиди дека Лу е постојано растргнат му дава апчиња за кои не му објаснува многу, туку му вели дека ќе му помогнат. Лу под притисок зема едно апче и одеднаш се гледа себеси дека е на две места. Постојат двајца Лу и може да ги заврши сите работи. Во текот на целата книга, Лу се менува како човек и сфаќа дека парите може да се заработат, но времето не може да се врати, сфаќа колку му е важно семејството, но за жал е предоцна. Брзајќи накај дома, прави сообраќајка и полицаецот Рафи со колешката го наоѓаат, не можејќи да се мрда, само и вика на полицајката да му го даде апчето од џебот од мантилот. Откако го испива, другиот Лу е дома, со семејството, знаејќи дека ќе умре се опростува од сите и им дава на знаење колку ги сака и колку му е жал за тоа како се однесувал.
    Потоа откако ќе легнат да спијат тој повторно станува еден, умира во сообраќајката и полицајците доаѓаат дома да и соопштат на жена му дека е умрен. Приказната ја дознаваат по неговата смрт, од колегите и семејството, како всушност се наоѓал на две места одеднаш.

    Не се дознава кој е Гејб, апчињата всушност биле само апчиња за глава, па не е ни познато што предизвикало Лу да стане двајца одеднаш, слаби беа приказните за полицајците и за детето, кое потоа мајка му го зема и тоа сфаќа дека сака да се смири со татко му, нели што е и поуката на приказната, да не се троши времето.
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]

    Книгата почнав да ја читам, ја оставив спремав испит и сега ја дочитав :)
    Не сум нешто којзнае колку воодушевена да речам дека ептен ми го привлече вниманието дали дека несакам до толку нерелани книги. Лесно, брзо се чита, но сепак не ми е ништо посевно можеби да ја читав пред едно 5 - 6 годнини ќе ми се допаднеше, но сега не.
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Озборувачка.
    Читајки овде на форумов ,помислив дека се работи за некоја интересна серија,која ја немам никогаш гледано.И ај,си викам ќе ја читнам книгава за викендов,покрај езеро,ќе ладам мозок.
    Случајно ја купив(бевме во Просветно Дело со син ми да купиме лектири,и јас да не останам покуса ја купив,не една туку четири книги).Леле како се заебав.За некои тинејџери од Њујорк.Средношколци.Размазени во брендирани алишта.
    Се на се врска нема.Кој сака да чита нешто нормално со содржина,ова сигурно не е изборот.

    Ќе си пукнам од мака.Од мака ја прочитав првата,а другите три ќе ги подарам на некое девојче,за полуматура.
    Не е ова за мене,дефинитивно :tmi:.
     
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ангелот Џони-Даниела Стил
    Мала книга на писателка со голем број на бестселери.
    Искрено, не ми се допадна. Имала Стил каде-каде подобри книги од оваа. Во секој случај.
    Ја прочитам по препорака на некои девојки од форумов, но воопшто не е мој стил. Цело време исто дејство пропратено со многу малку нови случувања. Очигледно дека постоела идеја за ова дело, но според мене не е разработено на нејзин начин. Едноставно се ми беше дежа ву.

    Како и да е, се зборува за тинејџерот Џони кој што е најубавото момче во генерацијата, и живее прекрасен живот. Сакан од својата долгогодишна девојка и семејството кое е неговата подршка, е миленик на мајка си, столб на семејството и идеален брат и дечко кој што секој може да го посака. Се до моментот кога на својата матурска вечер умира во сообраќајна несреќа и остава длабоки траги кај најблиските и го менува текот на нивниот живот. Многу кратко време по својата смрт се враќа како дух кој може да биде виден само од мајка си и својот брат, се со цел да ги поправи работите кои што му останале нерешени и да го подобри животот на најблиските....
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Слободна како ветер - Мари Луиз Фишер
    [​IMG]
    Овој роман е за девојка која живее како затвореничка на нејзината мајка. Слободата ѝ е ограничена и не смее да излегува ниту да се дружи со нејзините врсници.Девојката ја сака слободата на модерниот живот, немирна е и бунтовна за конечно да ја дознае причината за таквото однесување на нејзината мајка, која сака само да ја заштити и да не ѝ се случи истото што и нејзе ѝ се случило.Откако ќе ја дознае вистината за животот на нејзината мајка, девојката ќе започне да го живее својот, постапувајќи различно од мајка си и избирајќи подобар пат кон иднината.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Внимавај што посакуваш можеби ќе ти се оставри - преубава книга :)
     
    На TheCandy880 и ani4ka23 им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Пеколни планови Сидни Шелдон
    Одлична книга која ќе ја прочитате во еден здив.
     
    На ani4ka23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Танц со Ева - Алан Џад

    Едит и Ханс се среќаваат после долги години и се присетуваат на последната ноќ кога биле заедно, последната ноќ пред падот на националсоцијализмот, последната ноќ од животите на Ева Браун и Хитлер. Како единствени преживеани се обидуваат да сфатат како биле вплеткани воопшто во таа идеја која донела само страдања.
     

    Прикачени фајлови:

    • а.jpg
      а.jpg
      Големина на фајлот:
      36,8 KB
      Прегледи:
      264
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
    крими-роман, за милјардерот Хари Стенфорд кој има се,од пријатели до смртни непријатели.Неговиот живот виси на конец и неговите деца (два сина и две ќерки,од кои една е вонбрачна и нема нејзина трага) го мрзат.Еден ден одлучува да го промени тестаментот,но токму таа ноќ и умира.Дали е тоа несреќен случај или е планирана неговата смрт..
    Воглавном краток роман и многу динамичен.Привлечен за читање во секој случај.
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Клетници - Виктор Иго :inlove:

    Нешто феноменално од книга, препорачувам секој да ја прочита :)
     
  14. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Последна прочитана книга ми е Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер .

    [​IMG]

    Навистина книгата е многу потресна и покажува дека мајчинската љубов нема граници и поуката е дека ако во нешто си упорен да успееш, макар и со многу искушенија и измачувања.
    Извонредна животна приказна за храброста на една мајка. Уште еден оригинален пример за животот на жените од Истокот и слаткиот вкус на слободата. Најтопло ја препорачувам.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Книгата не е лоша, но има премногу непотребни и на моменти досадни детали. Фино лепо почетокот може да се преполови зошто е ептен банален и е преполн со непотребни детали.
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Breaking the routine can have consequences - Taylor Lowe



    Oдличен роман за девојката што ги прекрши нејзините дадени правила, отскокна од патот на нејзиното секојдневие, и тоа и го смени животот целосно.

    Cаманта Питерс, просечна девојка од Индијанаполис поминува еден викенд со нејзината најдобра другарка (Tеби) во Њујорк, сретнува едно момче во дискотека (Дејвид) кое ужасно ја привлекува, но страста е обострана. Легнува со него, но сабајлето кога се буди покрај него сфаќа дека нејзиниот лет за дома е за час и половина и крадешкум се извлекува од неговата постела. Tој се буди со помислата дека ќе ја најде таа девојка што му го земала умот претходната вечер во неговата постела, да доручкуваат заедно и да дознае се за неа, но гледа дека таа не е до него. Cфаќа дека на некој начин го `искористила` и дека била како сите оние девојки за една ноќ. Дента нешто подоцна заминува за Индијанаполис, град во кој никогаш не бил, каде започнува со работа во една фирма, а погодете чија фирма е таа. Hа таткото на Cаманта. Kога нејзиниот татко ќе ја запознае својата ќерка со новиот вработен во фирмата . . .
    Cе што ќе следи понатака ќе излезе надвор од рутината на Cаманта, нешто што ќе и го смени животот за 360 степени, но таа промена ја направи самостојна девојка, девојка која решава да тргне по свој пат, и да престане да биде на некој начин марионета на нејзиниот татко кој во романов ми делува на крајно исфрустиран човек, среброљубец кој нема ни малку да се грижи за вистинските чувства на неговата ќерка.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Последни две прочитани книги. Некако не можев да ги разделам една од друга, иако и самите одат во пар.
    „Девојката на командантот“ и „Сопругата на дипломатот“, двете се од Пам Џеноф.

    Во двете книги главна тема е страдањето на Евреите во времето на Хитлер.

    Во првата книга (“Девојката на командантот“) дејството се одвива за време на Втората светска војна и се раскажува за животот на една млада Еврејка, Ема, која го ризикува својот живот за да им помогне на Евреите во движењето што тие го организираат против Нацистите. Се наметнува прашањето, дали изборот што го прави Ема е правилен и дали воопшто има избор, дали воопшто тој избор е нејзин или наметнат?
    Во втората книга ( „Сопругата на дипломатот“) настаните се сместени после завршувањето на Втората светска војна, се раскажува за животот после војната, за последиците што таа ги предизвикала кај луѓето од двете страни на фронтот, за тоа колку сурови, подли, дволични, и користољубиви можат да бидат луѓето, за опасноста од новиот режим-комунизмот, безизлезните ситуации, храброста, одлуките, пожртвуваноста. Сето тоа е претставено преку животот на Марта, Еврејка, која исто така се појавува и во претходниот дел.
    Книгите се читаат во еден здив (ако воопшто остават здив). Се соживеав со приказните, цело време мислев на случките од книгите, не можев да спијам навечер дури не ги прочитав . Таман помислуваш дека се' е во ред, неочекувано се случува пресврт и одма поинаков тек на настаните, одма тензијата расте. Јас дури ги читав, се чувствував исто како мене да ми се случувало тоа, дури не ги прочитав не бев мирна.
    Препораката за нив беше на мајка ми и откако ги прочитав двете книги, мојот коментар беше: Овие книгиве сонот ми го зедоа.
    Препорачувам да ги прочитате и двете.

    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=60
    http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=60
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.183
    Пол:
    Женски
    Азбучните убиства од Агата Кристи
    [​IMG]

    На познатиот детектив, Херкул Поаро му пристигнува писмо каде е објаснето убиство кое ќе се случи во Андовер, на одреден датум. Писмото е потпишано од Еј-Би-Си (ABC). Убиството се случува и тука започнува потрагата по убиецот. По извесно време пристигнува и друго писмо каде е објаснето второто убиство, местото на настанот и датумот. Тука Поаро заклучува дека се работи за убиства по азбучен ред (по името на жртвата и местото на злосторството).
    Убиствата продолжуваат, целата јавност дознава за Еј-Би-Си, а Херкул Поаро, со својот пријател Хејстингс и полицијата се обидуваат да го решат случајот.

    ...

    Книгава е добра. Не се воодушевив кој знае како, ама не зажалив што ја прочитав. Ги сакам романите на Агата Кристи поради интересните изјави и заклучоци на Херкул Поаро. :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева , прекрасна книга, вредна и за неколкупати да се прочита :)
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Ветување - Даниела Стил
    Книгата е навистина прекрасна иако во некои делови наликува на шпанска серија. :D Во книгата се работи за безусловната љубов и разбирање меѓу двајца млади студенти - Ненси МекАлистер, сиромашна девојка која израснала во сиропиталиште, и Мајкл Хилјард, син на сопственичката на најуспешната американска архитектонска фирма Котер-Хилјард - Мерион Хилјард. Мерион нема да ја прифаќа љубовта меѓу нејзиниот син и неговата сиромашна девојка, сметајќи дека тој заслужува девојка од високите кругови која потекнува од богато и успешно семејство. Останува прашањето дали Мајкл и Ненси ќе успеат да ја зачуваат својата љубов и по се низ што ќе поминат.. :)