1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Преубава книга. Нараторите се една жена и една девојка на кои им се вкрстуваат патиштата на најчуден, ама и најмонструозен начин, со еден избор кој никој не би требало да го направи во животот. Дали вие би имале сила да направите такво нешто? Не можете а да не се запрашате додека ја читате книгава... Единствено не ми се допадна што крајот е оставен на имагинацијата на читателот, но сепак...
    Сара и маж и Ендру заминуваат во Нигерија на одмор обидувајќи се да ги решат брачните проблеми. Но го занемаруваат фактот дека таму каде што одат има војна. И додека се на плажа две девојчиња притрчуваат со војници позади нив. Поради настаните на кои двете девојчиња се сведоци тие мора да бидат убиени. Војниците им даваат избор на малдиот брачен пар: Да го пресечат средниот прст и девојчињата да живеат или да ги гледаат како умираат. Ендру нема сила за тоа, се бори со самиот себе, што ако веќе крвавата сабја има хив, што ако се зарази и он умре, што ако они сепак ги убијат девојчињата... Додека Сара без размислување ја зема сабјата и си го пресекува прстот. Војниците им велат дека едното девојче ќе живее, бидејќи жената платила за него, но другото ќе умре. И ги носат со себе девојчињата. Приказната почнува од казнениот центар каде Малата Пчеличка е пуштена на слобода, по грешка, без документи, само со возачката дозвола на Ендру и неговата адреса. Му се јавува и му кажува дека доаѓа, бидејќи нема никој друг во земјата. Ендру веќе е во клиничка депресија, не можејќи да ја поднесе вината си го одзема животот. Но сепак, Малата Пчеличка доаѓа, а Сара повторно прави се што може да и помогне.

    Ми се допадна начинот на раскажување, видов дека оваа е втора книга на авторот, а првата му е уште попопуларна, па ќе земам и таа да ја прочитам. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Папата Јована - ја думав за читање две-три години и и дојде редот... да ви кажам да не се мислите одма да ја читате :rofl: преубава во рекордно време ја завршив
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    "Сенка на ветрот"- Карлос Руиз Зафон
    [​IMG]
    6 down, 1 to go! ^_^
    Уште едно маестрално дело на Зафон. Една од најдобрите книги што сум ги почитала. И покрај 500те страници, се чита во еден здив. Приказна за љубовта, за омразата и за соништата, кои живеат во сенка на ветрот.
     
    На meow22 и 1209 им се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Мрачна книга! Скоро целото дејствие се одвива на гробишта, не ми се доадна некако празна ми беше читај, читај ништо посебно не се случува стигнуваш до 300 страна и се прашуваш која е всушност приказната и суштината на книгата.
     
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Последни книги прочитани за месецов и минатиот (јуни и јули) ми се
    Џејн Ер, Клетници, и A walk to Remember
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Just the Sexiest Man Alive - Julie James
    Многу интересно книгиче, на глас си се смеев и дефинитивно ќе продолжам со читање на Џули Џејмс.
    http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=70
    Која е Тејлор Донован?

    Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце.

    Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети.

    Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование.

    Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците... тоа е мелодија за нејзините уши.

    Таа не е само убиствено добар адвокат.... таа е воркoхолик.

    Кој е Џејсон Ендрус?

    Чекај, чекај - што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат? Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар.

    Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата... со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец... А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм...

    Ма ти се молам - па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава.

    Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа... и ја прикаже како недоделкан тинејџер. Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен!

    Но, сепак таа го видела на малите екрани... И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!

    Уффф... Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор - онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?

    Пааааа...

    Читањето на оваа книга за мене беше како ГЛЕДАЊЕ НА НАЈУБАВАТА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА снимена до ден денес. Поминувајќи низ страниците на делово, вие ќе се сретнете со толку многу магични моменти, преполни хумор и нежност. Вие слатко ќе се смеете и напросто, ќе се вљубите во книгава. Да не го потенцирам воопшто фактот дека ќе се заљубите во Тејлор... и во Џејсон. И дефинитивно ќе посакате на истата да се навратите, и да ја читате одново... и одново... и одново.
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Тони Парсонс-Вистинско Семејство
    Преубава книга,многу ми се допадна.Се работи за животот на три сестри чии што мајка ги напушта додека се мали.Проблеми од реалниот живот што ги пребродуваат како едно вистинско семејство.
    Ја препорачувам.
    http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=59
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Многу убава книга многу ми се допадна ова е книга која буквално ве навлечува и не ви дозволува да ја оставите. Додека ја чиав цело време имав чувство на напнатост и исчекување, настаните и личностите се толку добро оформени шти ми даваа чувство како да гледам филм. Ви ја препорачувам
    Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк

    Има книги кои кога ги читаш имаш чувство дека гледаш филм, дека настаните се некако многу реални како да ги гледаш пред себе или ги доживуваш. Ова е една од тие книги.

    Младата и разведена Џени се бори во животот за да ги одгледа нејзините две мали ќерки. Тие едвај скрпуваат крај со крај на секој месец, но таа никогаш не го одбива за пари нејзиниот бивши маж кој освен тоа што не плаќа алиментација уште и позајмува од неа. Но откако го запознава убавиот, богат и неодолив Ерик, Џени веднаш се вљубува и работите комплетно се менуваат.

    Тој ја бара за жена после месец дена и целото семејство заминува во куќата од соништата.

    Децата се пресреќни со својот нов татко, со своите нови понија, со новите кукли кои претходно никогаш ги немале... А Џени?

    Куќата од соништата најпрво токму така изгледа, како дворец од некоја бајка. Но како поминуваат деновите Џени сфаќа дека таа воопшто не се чувствува убаво во таа куќа, напротив куќата е страшна, во неа се случуваат чудни нешта кои ја доведуваат Џени дo работ на разумноста и лудилото.

    Џени во секое ќоше, во секој предмет, во секој ден и секоја ноќ може да ја насети присутноста на покојната мајка на Ерик која тој толку ја сакал, а најстрашно е тоа што самата Џени толку многу личи на мајката на Ерик што не постои човек во градчето кој не ја забележува сличноста. Дури и самата Џени е шокирана од оваа сличност.

    И може ли да биде толку совршено со новото прекрасно семејство и новата совршена куќа? Дали нејзиниот принц е тој за кого го смета или нешто не е во ред со самата Џени? Ова е книга која ме наежи, ме натера да почувствувам гнев и страв истовремено.

    Ова е со два збора - добар трилер. Не го прескокнувајте.
    http://www.sakamknigi.mk
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Paul Auster
    Бруклински будалаштини

    Искрено кажано очекував повеќе цинизам од еден њујорчанец. Ќе прочитам и уште нешто од него за да донесам конечен суд колку ми се допаѓа стилот и дубината на писателот.

    Иначе во моментов ја читам "Девојката што го урна осилото" од Стиг Ларсон (третата и последна книга од серијалот - Девојката со тетоважа на змеј). Долго време немав прочитано ништо од некој шведски автор (последна ми е "Не е време за херои" од Сем Лундвал но многу време има поминато од тогаш) и дефинитивно ќе прочитам и уште нешто.
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^^
    Паметам кога ја прочитав оваа книга, си го преместив креветот во собата затоа што над него имав плакар а колку што се сеќавам типот преправен со перика излегуваше ноќта од врата некоја или плакар и ја галеше додека спиеше...така нешто беше или на друга книга мислам? :^)
     
  11. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Не ќе да е таа
    ;)
     
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Демијан - Херман Хесе

    Како што и авторот пишува „ Историјата на една младост“. Всушност неговата младост. Убава е. Се пронајдов себеси во книгата. Најпрвин започнува размислувањето на едно десетгодишно дете кое се вика Синклер ( и е еден од главните ликови во книгата) . Го дели светот на безбеден, сигурен, исполнет со љубов и хармонија и друг свет , сосема различен од другиов. Кажува дека во неговото семејство било пријатно да се живее. Неговите родители многу ги сакале него и сестрите. Но тој сакал или не запаѓа во лошо друштво. За да се истакне пред другаите измислува приказна како украдил вреќи полни со јаболка. Франц Кромер му бара 2 марки за да не му каже на неговите родители и на полицијата. Стравот и изнамоштеноста на Синклер... Демијан ( другата главна личност во книгата) , дете од погорните класови , чуден малку, со лик на возрасен и со такво размислвање го „ спасува “ Синкер. Другарството со него. Како една млада личност оди по трнливиот пат на животот, попушта со учење, како повторно се враќа, војна... Прочитајте ја , прекрасна е .
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    "Заточеник на небото"- Карлос Руиз Зафон
    [​IMG]
    Со ова дело, целосно ја пополнувам низата на прочитани книги на Зафон. ^_^
    Прекрасна книга. Совршено надополнување на Сенка на ветрот. Зафон емотивно го разголува Фермин Ромеро Де Торес, и ни нуди слика на едно поинакво време.

    Како што знам, гробиштата на заборавените книги е трилогија, но некаде прочитав дека тоа е всушност серијал од четири книги. Последните две книги што ги прочитав од Зафон се токму Играта на ангелот и Сенка на ветрот, но баш на крајот си помислив дека Зафон можеби спрема уште едно дело, зошто на оваа завршетокот си нема врска со предходните две, а преказните на ликовите се испреплетени. Се надевам дека Зафон ќе не изненади.
    Некоја феминка ако има информации околку оваа тема, нека ми пише лп. :)
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Таа е ;)
    Ерик беше уметник и многу често одеше да слика во колиба која е во близина на куќата, сред нок се враќаше облече како жена т.е. како неговата мајка и влегуваше во собата каде што спиеше Џени неговата сопруга, таа чувствуваше нечие присуство, како некој и се доближува до лицето, чувствуваше мирис на бор, омилениот мирис на мајка му и кога почнуваше да се буди тој излегувал од вратата позадикреветот која е нечујна, а тој ја убадуваше дека има кошмари. Инаку Ерик е тежок психопат.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    A clockwork orange или преведено на нашки Пеколен портокал |( .Знаев дека нешто не штима во преводот,ама бидејќи не сум го гледала филмот(шејм он ми) си велев можеби е пеколен,којзнае.Инаку делото е е на Ентони Бурџис и е основа за истоимениот филм на Стенли Кјубрик.

    Првин да кажам за јазикот на кој е пишувана,некаква мешавини од руски говор,англиски сленг и римувања,словенизми кој е веројатно со цел што поексплицитно да го долови тој младешко-бунтовнички став на хулиганската генерација која не прифаќа ниту едно општествено,а богами и природно правило,па најмалку би го прифатила литературниот говор.

    Книгата е ремек дело, ми остави огромен впечаток и најверојатно секој што ќе ја прочита се фокусира на различна концептуална димензија,како на пример каузална врска поединец-општество и општество поединец,влијанието на музиката во процесот на формирање на личноста,итн итн...

    Мене најмногу ми бодеше очи дека авторот се труди да ја истакне улогата на слободната волја и слободата на избор,наспроти конвенционалните општествени вредности.Како демек подобро е да си расипник или деликвент ако си го избрал тоа отколку робот или кукла со која управува државата.
    Култен роман и стварно и не вреди да го прераскажувам,задолжително да се прочита.

    Еве за почеток само ептен малку колку да ве заинтригирам тие што не сте го гледале филмот.Централен лик е 15 годишниот Алекс кој заедно со неговите тројца другари секоја ноќ вршат најбрутално насилство над невините и беспомошните.Понатаму ако сакате да дознаете што се случува,почитајте си. ;)
     
    На Mayyya и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    А потоа - Гијом Мисо
    Брзо се чита, барем јас не можев да ја затворам книгава и да продолжам подоцна. Ме интересираше што се случува понатаму , и до самиот крај ми го задржа вниманието.
    Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
    Лара е жена која успева со свој труд да ја знаат сите неа и нејзиното име.Никој ништо не направил за неа, се што има постигнува сама.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Night Smoke - Nora Roberts
    [​IMG]Типично за Нора: детективска истрага и романса, испреплетени. Арно ама тука ја зафркнала работата: премногу беше очигледно што и како ќе се случи, за разлика од Паднати ангели. Лесно книџуле, брзо се чита. Најголем впечаток, морам да признаам, ми оставија описите на секс-сцените. Иако секогаш предност давам на истрагата, овде воопшто не беше интересна
    Wuthering Heights - Emily Bronte
    [​IMG]Веќе се изјаснав во соодветната тема за романов. Очекував многу повеќе.
     
  18. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Момчето во пижами на риги - Џон Бојн
    Книгата е прекрасна. Не попусто е оценета како мало чудо од книга. Топло ви ја препорачувам, и верувајте, нема да останете рамнодушни на приказната на малиот Бруно кој ќе се спријатели со детето во пижами на риги кое живее на другата страна од оградата - во логорот чие име Бруно никогаш не успеа да го изговори правилно, Аушвиц.

    Книгата е Њујорк Тајмс Бестселер и прогласена за најдобра книга на сите времиња во Ирска.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Едвај ја дочитав :) Да ја читав пред едно 10 години сигурно ќе ми беше интересна, но сега не едвај ја дочитав
     
  20. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Вештица - Венко Андоновски

    [​IMG]

    Книгата ја добив на подарок, првите 10тина страници не ми беа интересни па ја баталив. Сега, послем неколку месеци од што немав што да читам, а вечерта ме фати таква желба за читање, ја земав повторно „Вештица“ ама овојпат со цел да ја прочитам цела. И ја прочитав. И се запрепастив. И од тој момент ми стана омилена книга, која не ја испуштам од раце и сигурно ке ја препрочитам уште неколку пати. Кој би рекол дека прво не сакав да ја прочитам, хах? :D

    Дефинитивно книга која ме освои, книга која ме расплака и ме наежи до коски... Венко е мајстор над мајсторите...Секоја му чест!

    Јас навистина незнам што би кажала за оваа книга.. премногу е вистинска за да биде книга..
    во секој нов ред откривав, препознавав делови од себе, од животот, од мојот живот, од мојата љубов.
    Само би рекла дека не е доволно да се почувствува огнот на љубовта, треба да изгориш за да знаеш дека си живеел.
    Верувам дека секој оној кој ја прочитал книгава ќе знае да ги вреднува вистинските нешта во својот живот.

    Со секоја солза на читателот, ја губат невиноста и приказната, и оној кој ја чита и обљубува со солзи. Така е тоа, затоа што писателот со крв ја пишува, а читателот со солзи ја допишува приказната.