Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Talita

    Talita Популарен член

    Joined:
    Nov 14, 2011
    Messages:
    945
    Likes Received:
    1,417
    Gender:
    Female
    Никаде без ќерка ми ...
    Книгава ме остави без текст.Научив дека не треба да му верувам на секој,а исто така никогаш да не се откажам од својата цел.Книгава е пишувана на тој начин со што одма се соживуваш со неа,едвај чекаш да стигнеш до крајот.И кога си безпомошен секогаш постои некаква надеж...
     
    ViktorijaMari, MaxyMax and Sephora like this.
  2. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    65
    Likes Received:
    33
    Јас и ти - Николо Аманити
    Јас и ти е најновиот роман на Аманити, а и прва книга што сум ја прочитала од него. Романот е краток но интересен. Станува збор за љубовта меѓу брат и сестра и проблемите во едно семејство. Брзо се чита, но не е баш лесна за читање.
     
  3. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    316
    Likes Received:
    134
    Gender:
    Female
    Под Мермерно Небо - Џон Шорз




    Еве малку опис на книгата за тие што сакаат да знаат за што се работи :)

    Книга која е напишана според вистинит настан, а во која авторот како што и самиот напишал дека си дал извесна слобода во врска со историските настани, обичаите и постапките на главните ликови кои живееле во тоа време. Што значи дека романот е плод на фантазијата на овој автор меѓутоа можам да кажам дека ова е доста добра фантазија преточена во книга.
    Ова е страсна, раскошна и драматична приказна за градењето на Таџ Махал од страна на Шах Џахан и претставува патување низ времето во 17 век во Хундистан.
    Владетелот Таџ Махал е скршен од болка по смртта на својата сакана сопруга Арџмунд која умира при породувањет о.
    Така тој решава да го изгради храмот посветен на својата сопруга, а воедно и да го исполни своето ветување кое и го дал на смртната постела дека таму ќе биде и нејзинот вечен дом. Прекрасната градба треба да сведочи за нивната голема љубов.
    Во приказната нѐ воведува принцезата Џахара, испреплетувајќи ја во неа и својата приказна за недозволена љубов со славниот градител Исо.
    Џахара е итра, досетлива, интелегентна, приврзана за своите родители и милослива кон сиромасите, приврзана за својот народ. Воедно таа е многу добар позитивен лик, кој ги има сите позитивни карактеристики и особини и затоа е невозможно да на ја засакаш.
    Ова е книга низ чии страници ќе прочитате за еден историски мит, како завршува животот на големиот владетел Шах Џахан, за желбата за власт од страна на сопствениот син- што сѐ се прави за да се дојде до таа цел и ќе бидете сведоци на една голема љубов.

    Инаку овде кај нас корицата е ваква така може да се најде и има 450 страни но кога читав ми се чинеше дека страните летаат една по друга за 2 дена ја прочитав, едноставно ми остави силен впечаток. :)
     

    Attached Files:

  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    2,139
    Likes Received:
    2,426
    Мојата преубава шпионка - Колин Фалконер

    Мислата напишана на почетокот - Кога љубовта не е лудило, тогаш тоа не е е љубов ме привлече кај книгава, на почеток ветуваше многу. Но, некако премногу акцентот е на војната, приказната помеѓу Даниела и Ник е многу одолговлечена, книгата е преголема во обем а некои работи стојат во место. Тоа не ме бендиса. Во целост книгата не ме воодушеви, не ми беше интересна па и бавно ја читав.

    Сума сумарум јас не сакам вакви книги, дејството е тоа па тоа, не ме воодушеви ништо посебно.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    6,973
    Likes Received:
    45,676
    Gender:
    Female
    Последна книга што ја прочитав е
    Невестата во Борџии-Џин Калогридис

    Инзвонредна книга.По изгледаната серија морав да ја прочитам и книгата и иако повеќето случки ги знаев, со читањето ги доживеував одново.
    Оваа фамилија обезбедила доста приказни, мрачни тајни и озборувања низ годините.Иако толку злобни мене ме одушевуваат нивните умови, сплетки, љубовни врски, злобни планови и манипулаторни завери.
    Омилен лик не ми е Санча која ја раскажува приказната, јас уште од серијава и се воодушевував на Лукреција, на нејзината интелигенција, таа ме воодушевува бидејки е само дете кога завршува во брак, а има толку моќ и влијание во таа фамилија.
    Книгата зборува за една од најзлобните и најмоќни фамилии, Борџиите, кои имаат шпанско потекло но успеваат во Италија.Кога ќе стане Папа, Александар добива уште поголема моќ, неговите деца се исто така злобни, манипулатори, Хуан, Лукреција, Чезаре кои се деца од неговата љубовница и Џофри кој не е негов син иако тој го има прифатено како таков.Дејствијата се раскажани од страна на Санча од Арагон жена на Џофри, која нема да успее да се спаси од мрежата на Борџиите, но ќе има доволно сила да се справи со нив.
    Иако во серијата е многу поразлично од книгава, јас си создадов слика за Борџиите и сметам дека тие не правеле ништо што не се правело низ историјата во моќните фамилии...секаде имало и злоба, и предавства, љубов, лудило, војни, инцести(посебно во кралските фамилии)така да за мене тие не се ништо повеќе злобни од останатите познати презимиња и титули низ историјава.
    Како и да прекрасна книга и оние кои обожаваат историја, мора да ја прочитаат книгава.
     
    Mayyya and Gordana10 like this.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    3лоба - Даниела Cтил

    Eдно доста интересно книгиче, ќе кажам. Hа почетокот, изобилуваше со малце брутални сцени, пребрутални за мојот вкус со кои се соживеав и ме тераше на повраќање.

    3борам за една сцена во која таткото ја силуваше својата ќерка. Pоманот почнува со смртта на мајката на девојчево која исто така страдала од рацете на тој монструм, ја тепал, ја присилувал на секс, а важел за еминетна личност од областа на правото, поточно бил познат и почитуван адвокат. Bо сцената каде ја силува ќерка си (тоа го правел 4 години наназад, уште од нејзината 13та година :puke: ), таа веќе не може да издржи, го зема пиштолот од фиоката и пука во него. Cе јавува во полиција, и полицијата кога дошла го начекува девојчето голо, истрауматизирано. Jа носат во притвор затоа што на никој начин не помага во истрагата, и не признава која е причината за убиството, освен самото признание нејзино. Hиз местото каде живеат, никој не верува дека човекот можел нешто лошо да стори и во сите случаеви ќерката ја наведуваат како блудница, како девојче заљубено во татка си и останати гадни комбинации. И помагаат еден психијатар и еден адвокат, ним им ја признава вистината околу убиството но не можат ништо да направат за да ја разубедат поротата која веќе го има осудено девојчето и поминува 2 години во затвор. 3а понатака прочитајте, нема да зажалите ... :!:
     
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Joined:
    Jul 3, 2010
    Messages:
    2,373
    Likes Received:
    3,244
    Шолја чај-Ејми Ефрон

    Елеганта љубовна приказна...мајсторски извајана,како фин порцелан.
    Уф,ми се допадна,многу!
    Необични животни ликови,извонредно забележани детали и блескава атмосфера.
    Едноставен и неодолив стил.Приказна за љубовта и моралот,што вешто се развива до неочекуван драматичен расплет.
    Книгава е нешто во стил-мурдо и малку горчливо.
     
    lunicka likes this.
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2010
    Messages:
    2,690
    Likes Received:
    4,485
    Исповед од харемот

    Не проверив дали некој од форумов ја прочитал, ама книгава е...Не!
    Искрено ја жалам девојката за се низ што поминала, секоја чест на храброста да продолжи со животот.
    Ама дај нека не заебава..Да бидам 4 години затворена во харем, и да бидам напалена на 60годишен човек, и да уживам во сексот со него, мојот господар кој ме украл од моите и не ми дозволува да им се јавам да им кажам дека сум жива барем?
    Да шетам гола само за да видам како реагираат вратарите на мене? Или пак да бидам разочарана од тоа како тие не ме гледале, а јас сум толку најубава, значи оваа србинка ви е најубавата од сите девојки на светот. -.- И тоа ќе го повтори минимум 50 пати во книгата.
    Благодариме, запаметивме и првиот пат по описот.

    И мене не ми е нормално после 5 години, откако ќе бидам продавана, тепана, малтретирана да се дотерам во мини сукња за да тргнам после толку време дома. Ниту пак на крај памет ќе ми биде да спијам со непознат бугарин.
    Кој патува така бе? |(

    Кој може да свари вакви приказни, и да му се ок, нека ја прочита.
    Да не се имаше толку фалено и префалено дека е најубавата жена, и да збори контрадикторно како ужива, па не плаче по нејзините, ќе ми беше убава книгата, особено затоа што јас обожавам вакви книги што вклучуваат нешто ориентално.
     
  9. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Joined:
    Jul 3, 2010
    Messages:
    839
    Likes Received:
    1,463
    Пустински цвет-Ми остави голем впечаток.Се работи за вистинска приказна.



    Нејзината животна приказна започнува некаде во средината на никаде, во Сомалиската пустина, помеѓу козите и нејзините родители и браќа и сестри, во немаштија и бескрајна мајчинска љубов, помеѓу хиените и ѕвездите.
    Обрежана на само 5 години, осакатена, оставена да лежи и самата се бори на жешкиот песок, на само 12 години таткото решава да ја мажи за 60 годишен старец. Тогаш решава да избега, убедена дека Бог има поинаков план за нејзе. Тргнува сама една вечер, гладна и жедна, на пат за Могадишу, и тоа пеш. Како од таму ќе стигне до светските модни писти, ќе ве оставам сами да прочитате.
    Оваа животна приказна на Варис Дирие е во целост остварување на латинската поговорка Per aspera ad astra, односно ПРЕКУ ТРЊЕ ДО ЅВЕЗДИТЕ.
     

    Attached Files:

  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    5,048
    Likes Received:
    3,928
    Крвна врска - Сидни Шелдон
    Елизабет е девојка која станува претседател на фармацевтска компанија,а ја наследува од татко и.Се случуваат многу сплетки и пробува да открие кои се се позади нив.
    Промени - Даниела Стил -Морам да кажам дека книгава ми се допадна премногу.
    Главни ликови се Мелани и Питер , кои живеат на голема оддалеченост и пробуваат да ги навикнат своите деца на нивната љубов.Мелани се откажува од својата кариера во Њујорк, поради заедничкиот живот со Питер во Лос Анџелес.
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Господар на играта - Сидни Шелдон
    Интересна книга. На моменти на почетокот од книгата имав чувсто дека ја читам Даниела Стил, но не и на крајот :) Книга за одмаздата, амбициозноста, моќта за власт и пари, добра книга :)
     
  12. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Joined:
    Feb 24, 2011
    Messages:
    629
    Likes Received:
    370
    Gender:
    Female
    Жената на патникот низ времето - Одри Нифенегер

    [​IMG]

    Љубовна приказна која го надминува времето и просторот. Љубов меѓу двајца луѓе која се возвишува надвор од пространството, низ годините. Љубовта меѓу Клер и Хенри се раѓа природно како и секоја друга љубов, но судбината била таква да тие не можат постојано да бидат заедно. Истрајноста во таквите моменти и неоткажувањето еден од друг ги прави единствени. Генетското нарушување на Хенри - поразлични. Преданоста на Клер - сензуални.
    Сепак, како што се пее и во една песна "Има место каде љубов започнува, но и место каде љубов завршува..." Ќе заврши ли љубовта на Клер и Хенри или засекогаш ќе остане да лебди низ времето?

    Топло ја препорачувам. И да! Бидете истрајни додека ја читате. :)

    * Можеби те сонувам. Можеби ти ме сонуваш мене. Можеби постоиме само во нашите соништа и секое утро по будењето забораваме се’ еден за друг.

    * Хенри: “Помислуваш ли некогаш дека сум плод на некоја божја шега на твоја сметка?” Клер: “Не. Помислувам дека би можел да заминеш и да не се вратиш никогаш. Размислувам за иднината што ја знам приближно до половина. Но целосно верувам во тоа дека ни е судено да бидеме заедно.”
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие
    [​IMG]

    Прекрасна.
    Ме плени со описите и стилот на пишување. Но морам да признаам дека очекував повеќе. Бев жедна за настани. Се’ се случуваше некако пасивно, едно та исто. Очекував повртоломни настани. Но задоволна сум.
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2010
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    2,279
    Gender:
    Female
    Денес ја прочитав книгата која ми беше подарок од мојата драга пријателка. :)
    Навистина не згрешила во изборот.Ова е една прекрасна книга која на сите ја препорачувам да ја прочитаат.
    Гордост и предрасуди од Џејн Остин.
    Се работи за едно повеќечлено семејство.Мајката мечтае да ги омажи добро своите четири ќерки.Доаѓа еден млад човек за кој таа смета дека би бил совршен сопруг на најстарата ќерка која воедно е и нејзина миленичка.Цело време се обидува да се склучи брак помеѓу нив.Но се случуваат многу пресврти и заплети...Натаму не раскажувам оставам простор да ве измамам да ја прочитате. ;)
     
    Hipica and AnaKarenina like this.
  15. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Joined:
    Apr 1, 2012
    Messages:
    384
    Likes Received:
    586
    Последниот завет - Сем борн
    Интересен политички трилер. Дознав нешто повеќе за Ерусалим и за спорот околу светата земја.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,826
    [​IMG]
    Во нејзин стил.
    На моменти се повторуваат одредени описи, ми се чини колку да добие во обем романот. Љубовно романче со колку-толку динамичен развој на настаните.
    Ми се допадна времето на дејството. Не мора во сите вакви современи романи дејството да се одвива во 21 век.
    Добра беше за тепање време. Кој му оди англискиот, оригиналот воопшто не е тежок за разбирање. Лесен вокабулар користела авторката.
    Но дефинитивно не е книга која би ја прочитала повторно.
     
  17. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Deon Meyer- 13th Hour
    [​IMG]
    Предобра. Само тоа можам да го кажам за книгава, ме плени. Им ја препорачувам на сите кои сакаат авантура и криминалистика.
     
  18. Refused

    Refused Истакнат член

    Joined:
    Jul 30, 2011
    Messages:
    88
    Likes Received:
    32
    Малку морничава, но сепак слатка љубовна приказна во која се раскажува дека вистинската љубов може да постои...дури и во рајот...Луси и Ден се пред венчавка и еден ден пред нивнтат венчавка Луси умира во несреќен случај..оди во рајот ,поточно во предворјето каде има шанса да бира да се врати на земјата и да биде блискудо нејзината љубов или да оди во рајот каде ја чекаат нејзините родители..можеби вака звучи детски, но сепак е интересна и на крај ке ве натера во исто време да се смеете и да заплачете.. ;)
     

    Attached Files:

  19. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    283
    Likes Received:
    458
    Aндреа Семпл - Фактор бивши

    Незнам зошто воопшто се трудев да и дадам шанса на книгава. Слободно можам да кажам дека проарчив добри 2 попладниња кои можев да ги искористам многу по продуктивно.

    Стилот на изразување на женава е, незнам, како на неедуцирана wannabe писателка.
    Сум прочитала 2-3 книги од ваков тип, па не биле до волку лоши.

    Иначе да скратам со критикувањето, станува збор за една девојка која раскинува со дечкото со кој иде одреден број години поради неверство, и ''авантурите'' кои и се случуваат по фамозното раскинување.

    Искрено и топло НЕ препорачувам!
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    [​IMG]
    Книгата неми се допадна, многу ме беше досадна буквално плитка книга со се на се четири ликови. Едвај ја дочитав!
     
    1209 likes this.