1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Подарок - Даниела Стил

    Интересна книга, ја земав пред одење на одмор, а ја прочитав во авион, на враќање :D . Не ми остави некој впечаток, не беше ништо воодушевувачко, ама имаше убави мисли.
    Според мене, не штети ако се прочита книгава :)
     
  2. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Game over- Адел Паркс. Интересна книга за трошење време но не ми остави некој впечаток, можеби затоа што главната личност беше манипулатор и егоист.. Инаку пред неа ја чтиав Марина од Зафон и остнаб без зборови. Прекрасна книга :clap: :)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Кодот на Давинчи
    Ја читав и на крајот се разочарав, ништо не се откри..
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    4.548
    Пол:
    Женски
    Љубов во Тунис - Исидора Бјелица

    [​IMG]

    Јас само не знам што ја фалат толку писателкава , книгата ни одалеку не ја препорачувам , нема некое дејство , ни заплет ,ни расплет , едноставно џабе потрошено време
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Кога срцето зборува - Марија Луис Фишер
    Ок е, не би рекла дека премногу ми се допадна.Нема воопшто детали, цела книга е една случка и толку.Теа Ослар брани еден човек кој ја убива својата жена,а Теа дури после судењето ја дознава вистината.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Ми припаѓаш мене-Карен Роуз
    Книгата буквално ја проголтав, 600 страници за 2 дена.Одлична приказна во која се испреплетени одмазда, љубов, убиства.Криминалистички роман кој ќе ве остави без спиење.Ја препорачувам.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Даниела Стил- Дебитантка
    Интересна книга, забавно дејствие, иако многу лесно можеше да се претпостави како ќе заврши на крајот ми се допадна.
    [​IMG]
     
    На monalisa и crazylady им се допаѓа ова.
  8. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Врати ми се - Гијом Мисо

    Маестрален автор, маестрална книга! Толку ме збуни книгава, на толку погрешни заклучоци ме доведе, додека конечно ја расчисти мистеријата. Само пофални зборови за неа. Долго ќе ми остане во мислите. А љубовта на Итан и Селин?! Ненадминлива :inlove: . Дефинитивно препорачувам да ја прочитате.
     
  9. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Не ми е последна прочитана, но ја имам прочитано Знаеш ли да чуваш тајна? :D Супер е книгата, смешна е на моменти, и многу си ја сакам :rofl: :rofl:
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Се плашиш ли од темница? - Сидни Шелдон
    Роза за балерината - Лурлин МекДениел

    Ќе бидам најкратка што можам.
    Првиот наслов е трилер, мене лично ми се допадна бидејќи приказната е возбудлива, но додека ја читав цело време се чувствував како да гледам Том и Џери. „Лошкото“ во книгава сака да убие две жени и се служи со помош на технологија за да ги пронајде, а овие постојано бегаат од екстремни ситуации благодарејќи на својот мозок. Интересна е, не велам не, разработува интригирачка тема, ама е напишана на еден премногу, да речам обичен стил и се чита за два саати.

    Вторава книга е типично тинејџерска, мене не ми беше нешто посебно интересна, да знаев дека ќе заврши така како што заврши воопшто немаше ни да ја читам. И оваа се чита брзо, напишана е во формат на писма кои неколку ликови си ги испраќаат меѓу себе и опишан е животниот пат на едно девојче кое сака да стане балерина. Не сакам да дадам премногу остра критика и да речам нешто како катастрофа од книга бидејќи авторката видливо се потрудила да направи едно истражување во врска со леукемијата, но сепак јас не би читала ваква книга повторно.

    Ги читав овие за време на одмор, баш книгички за на плажа се. Пушти го мозокот на пасење и уживај
    Сепак ако не сте фан на нешто по едукативно, додадете ги романчињава на вашата листа. :)
     
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Последна Нова Година, од Николо Аманити.

    Интересен бизарен спој на неколку приказни, секоја со своја болка и светлина.

    Сепак, крајот е еден за сите, освен за еден од ликовите. Топло ја препорачувам.
     
    На Trendafilka и RainBow им се допаѓа ова.
  12. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Не си тој што го посакувам- Александра Потер
    Интересна и роматична, на почетокот маклу за позрасни (ме разбирате..)
    Инаку книгата е доста комедична и се смеев на глас. Дефинитивно научив како да се ослободам од вистинскиот... :D
     
  13. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Не ми е последна прочитана, беше пред околу еден месец ама уште си се навраќам на моменти. Лесно разбирлива, фини описи и убаво осмислени ликови. Тажната животна приказна за белградска балерина што ќе ја освои Русија ме расплака како ниедна друга книга досега. И се’ уште мислам дека Клара, Милош, Соња и Сергеј навистина живееле...
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ И мене истава. Импресии пишав во соодветната тема за книгата.
    Би ја читала повторно, тоа дефинитивно!
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Девствено сино - Трејси Шевалие

    Знаев, едноставно знаев дека нема да се разочарам од книгава. Трејси Шевалие ми е репер за правење одличен и интригантен роман, што значи ја прочитав за рекордно брзо време, се чита во еден здив. Во секој случај супер книгичка, интересни и по ,,малце'' чудни ликови кои ќе ве однесат во две различни времиња проследени со лаги, предрасуди и судири на интереси. Мистеријата што сината ткаенина ја носи во себе е главна тема, која полека на крајот ќе се разреши, при што ќе се ,,оголат'' застрашувачки работи кои времето ги има оставено зад себе, надевајќи се на вечен заборав.

    Стилот на Шевалие ми се допаѓа, тематиката исто не е воопшто лоша - што значи ја препорачувам. Јас ја земав од Три во трговски.

    Следна на листата за купување и читање ми е Паднати Ангели од истата авторка. Според коментарите што ги разлистав сега на нет, гледам дека и оваа ќе ми се допадне. :)
     
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    А потоа - Гијом Мисо

    Од кога ја прочитав првата книга, станав зависна од авторот. Приказната беше убава, интересна, книгата брзо ја прочитав. Ама за разлика од претходната негова книга што ја прочитав, оваа ми беше некако предвидлива. Да, на моменти успеа да ме излаже, ама воопшто не се изненадив кога стигнав до крајот.
    Како и да е, мене сепак ми се допадна книгава и е една од оние што вреди да се прочитаат.
     
  17. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Јади, моли се, уживај- Елизабет Гилверт.
    Во почетокот ми изгледаше лесна и интересна, но после половината се разочарав.
    Цело време се разботи за приказна на писателката, која има 34 год. и е разведена, не сака деца и не е задоволна од животот кој го води, па решава да го најде својот мир и рамнотежа на телото и една година да се посвети само на себе. За таа прилика, како дестинација и нејзин нов дом-ги бира Италија, Индија и Индонезија каде ќе престојува по 4 месеци.
    Делот за Италија ми беше единствено интересен, каде кажува каде се шетала и што се видела. Ја открива познатата италијанска храна и катактеристиките на еден Италијанец.
    Вториот дел се однесува за моли се-во Индија, каде оди во еден ашрам и се посветува на медитацијата.
    А последниот, уживај-дел е во Индонезија, на Бали, каде што се вљубува и го продолжува животот со еден Бразилец.
     
  18. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80
    Пауло Коељо - „Алеф“

    Книга во која Коељо зборува за својот живот. Преовладуваат некои духовни и филозофски основи кои ги користи да го опише она што го доживеал, а го испреплетува и со мистичност и доза на фантазија. Јас бидејќи верувам во реинкарнација, а во поголем дел од книгава се работи и за тоа, ми е преубава, но доколку некој не верува во тоа - веројатно нема да му се допадне. :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Vanishing acts - Jodi Picoult
    Преубава книга. Толку добро ја гради приказната Џоди Пико, ликовите се предобро обработени карактерно, да може да се поврзе човек со секој од нив и да ја разбере секоја нивна постапка.
    Delia Hopkins has led a charmed life. Raised in rural New Hampshire by her widowed father, Andrew, she now has a young daughter, a handsome fiancé, and her own search-and-rescue bloodhound, which she uses to find missing persons. But as Delia plans her wedding, she is plagued by flashbacks of a life she can't recall. And then a policeman knocks on her door, revealing a secret that changes the world as she knows it.

    In shock and confusion, Delia must sift through the truth -- even when it jeopardizes her life and the lives of those she loves. What happens when you learn you are not who you thought you were? When the people you've loved and trusted suddenly change before your eyes? When getting your deepest wish means giving up what you've always taken for granted? Vanishing Acts explores how life -- as we know it -- might not turn out the way we imagined; how doing the right thing could mean doing the wrong thing; how the memory we thought had vanished could return as a threat. Once again, Jodi Picoult handles a difficult and timely topic with understanding, insight, and compassion.
    http://www.bookbrowse.com/reviews/index ... shing-acts
     
  20. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Дневникот на една собарка - Октав Мирбо

    Дневник на една собарка од 18-тиот век во кој ги запишува сите нејзини мисли за она што ја опкружува, за буржујската класа и за нејзините интимни желби.
    Мене ми беше прилично досадна книгава, на моменти се фаќав како цела страна сум прочитала без да забележам, па одново се враќав да ја прочитам.
    Во суштина се се вртеше околу една работа, тоа е нестрпливиот и бунтовен карактер на собарката, Сесилија која ниту една работа не успеваше да ја задржи подолго од 6месеци и тоа благодарение токму на нејзиниот карактер и одбивноста кон скржавите и лицемерни газди.