1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Порака во шише-Николас Спаркс
    Љубовна приказна под чудни околности, напишана со многу емоции и доловување на вистинските ликови.
    Интересна и невообичаена љубовна приказна помеѓу Тереза и Герет.
    Се работи за две личности од различни држави, кои се запознаваат под многу невообичаен сплет на околности. Имено тој ја изгубил својата жена и разочаран од љубовта, во тешките мигови и пишува писма на Кетрин(бившата покојна жена) кои ги фрла во морето. Едно од нив доаѓа во рацете на Тереза и на неа и проработува нејзиниот новинарски инстинкт и одлучува да истражи на таа тема, со што следи и моментот кога пронаоѓа уште две негови писма. Како самохрана разведена мајка, одлучува да оди да го пронајде тој маж и случајно се вљубува во него. Љубовта е обострана, но далечината го прави своето...
    Трогателен крај на една несекојдневна љубов....
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Даниела Стил- Втора Шанса
    [​IMG]
    Уште едно ремек дело ан Даниела Стил(во последно време ми тргна со книгиве на Даниела Стил :lol: ) . Интересна книга во која се раскажува за Фиона Морган која е уредничка на магазинот Шик и е веќе во своите четириесети години, но сеуште нема ни сопруг ни деца, бидејчи како дете си ветила дека нигогаш нема да се омажи. Но како и секој човек и таа добива втора шанса кога го запознава Џон Андерсон кој е бизнисмен. Но дали Фиона ќе ја искористи оваа дадена шанса, ќе дознаете кога ќе ја прочитате книгата.
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Бадем - Неџма

    Интимна исповед на една апрапкинката под псевдонимот Неџма
    Мене лично не ми се нешто посевно допадна, во целата книга е опишуван сексуалниот живот на девојката и буквално целиот секуален чин. Преку оваа книга стекнав впечаток дека поголемиот дел од арапките се жени се со низок морал, во книгата е опишано како група девојчиња, кои се доста млади меѓусебно си ги задоволуваат сексуалните потреби. Главната хероина во средношколсите денови ја мажат за могу постар од неа, а кој предходно се развел од две жени. Девојката бега од него и дури тогаш ја сознава убавината на сексот.
     
  4. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    80
    Живко Груевски - Масонски мозаик

    Во почетокот авторот го објаснува значењето на масоните и нивната ангажираност, во следниот дел споделува историски информации за сите теории за создавањто на Масонеријата, има многу податоци но, за ништо не можеш да бидеш сигурен дали е точно. Во овој дел не ми се допадна што е измешано историја и објаснување на хиерархија во различните Масонерии, патем некои информации и се повторуваат. Потоа зборува за Масонеријата во Македонија, самиот автор кажува дека е масон, дел од основачите во државава итн.
    Бидејќи се интересирам за оваа тема, книгава ми беше интересна и ми се допаѓа што има информации од некој релевантен, но не ми се допаѓа тоа што „колку повеќе навлегуваш во овој мозаик, толку си позагубен“ и навистина не сум сигурна во што да верувам за масониве...
     
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Жената на патникот низ времето - Одри Нифенегер

    Ме воодушеви. Кратко и јасно.
    Иако на моменти помислував ма дај ова ти е чиста фантазија, сепак книгата е толку длабинска. Дело во кое е пишана силата на вистинската и искрена љубов, љубов која не знае ниту за години, ниту за граници.
    Ја препорачувам, многу.
     
    На meow22 и RainBow им се допаѓа ова.
  6. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Вчера ја завршив Македонско-Шпански речник знам не е баш книга ама ем имаш занимација, знаење и сепак читаш книга :)
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    [​IMG]
    Интересна, лесна книга која ептен брзо се чита :)
    Ми се допадна, но на моменти се згрозував колку бил тежок животот на жените во Африка поготово на маките кои морале да ги претрпат на самиот чин на обрежување :x
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот - Донато Каризи
    Нешто најдобро што имам прочитано во последно време од криминалистички романи.
    600 страни ги проголтав за една ноќ.Толку неизвесна толку добра приказна и направена на база на факти и неколку вистински случаи.
    Започнува со пронаоѓање на шест раце од мали девојчиња закопани во една шума.За случајот се задолжени тим од најдобри полицајци, еден криминолог, најдобар во својата професија и една девојка која работи како истражувач на исчезнати лица.Многу напната и возбудлива книга, со најнеочекуван крај.
    Ја препорачувам, посебно на обожавателите на трилогијата на Стиг Ларсон и Шелдон
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Последното предавање - Ренди Пош

    Се работи за последните месеци од животот на писателот кој боледува од тумор на панкреасот (вистинска приказна). Преку последното предавање, а воедно и оваа книга, сака да остави нешто за луѓето, а најмногу своите деца кои преку ова би научиле каков човек тој бил и како тие да бидат подобри луѓе. Лесно, духовито и поучно.
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сосема нов пријател од Мајк Гејли
    Лимонадка за еден дечко кој се сели од Лондон во Манчестер за да живее со својата девојка и таму го остава своето друштво и работата.
    Во Манчестер се соочува со еден голем проблем, како да најде пријатели, па после секакви обиди и начини за запознавање со луѓе, пронаоѓа еден и единствен со кој би можел да го помине времето. И тој е жена....
    Во суштина книгава објаснува како возрасен маж и жена не можат да бидат пријатели. Како порано или подоцна ќе се појават чувства кај некој од нив.
    Мене не ми се допадна, не поради темата, најмногу заради лигавите и префорсираните описи на тоа како еден дечко не може да живее без своите пријателчиња. Имав чувство како некој да сака да ми го испере мозокот.
     
  11. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Септемвриски Светлини-Карлос Руиз Зафон
    [​IMG]
    Од Зафон прв пат читам книга и само што завршив со читање за неполни 2 дена :lol: Уште сум под имресии,како да гледав хорор филм,буквално се занесов во книгата,не осетив кога летнало времето,не откривам за што се работи во книгата зошто вреди да се прочита,препорачувам и за љубителите на хорор филмови :P
     
  12. JoelleSweet

    JoelleSweet Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Талент-или го имаш или го немаш
    Не ми се допадна многу затоа што главната личност (девојка) беше од Лос Анџелес која има желба да се запознае во Холивуд со актерот во кој е вљубена и се потрефи да глуми заедно со него, а во глумата има сцена како се бакнуваат во уста :)
     
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А потоа - Гијом Мисо
    [​IMG]
    Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот тунел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојче, тој се удави. Престанокот на работата на срцето, клиничка смрт... А потоа, повторно, живот.
    Дваесет години потоцна, Нејтан стана еден од најуспешните адвокати во Њујорк. На настанот од детството заборави. Дури и се ожени во Мелори, девојчето од езерото. Мелори, која го напушти, но која му недостасува како и првиот ден. Меѓутоа Нејтан не знае дека оние кои се враќаат не се повеќе исти какви што биле. Денес, кога е успешен и славен, тој ќе открие зошто се вратил. Дали е тој и понатаму човек како и сите други?
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Нема поубаво од читање на добра книга на плажа на зајдисонце. :)


    Љубов со мали букви - Франсеск Миралјес
    Ептен ме бендиса книгава, прво и основно што самиот наслов и самата книга те усмеруваат на деталите, тие кои не ги забележуваме често, а кои можеби ни се пред носот. Сторијата со мачката, ветеринарката, книгата, студентите се ми се допадна, имаше само делот со Месечината кој според мене не е потребен. Се на се убава книгичка која вреди да се прочита ;)

    На прв поглед - Николас Спаркс
    Колку и да го мразат некои Спаркс, јас си ги читам неговите дела, така убавко ми е да знам дека има љубови големи на светов, кој сака романтични филмчиња ги сака и неговиве дела. Малце е лигав, на моменти нестварен, но речиси секое негово дело е инспирирано од вистинска љубовна приказна, нормално тука зачинета малку повеќе со епитети :) Инаку книгава малку поразлична од претходните негови книги. Не е баш среќен крајов, ме потресе малку последниот дел, не очекував ваков крај. Интересно, љубовно, тажно, фамилијарно книгиче. Или го сакаш или го мразиш Спаркс. Јас првото.


    Сосема нов пријател - Мајк Гејли
    На моменти интересна, на моменти досадна. Се на се една книга за пријателство, ама доаѓа во одреден момент да си речеш АМАН! Потрагата по пријател на моменти е претеризам, па нормално кога стига до огласи, до машки средби еден на еден во пабови англиски, па се до толеранцијата на неговата женска која е речиси нереална. Се гледа дека книгава е од машко напишана од авион, женско тешко да ќе ја постави таква девојката на главниот лик кој бара пријател. Не постои жена која би истрпела такви постапки, ама изгледа машките тоа го сакаат па ете. Ова е книга за како со сила да најдеш пријател, божем крај на светот е ако пријателите, кои инаку ти се фантастични ти се на само 2 часа од дома и се гледаш секој втор викенд. Ништо посебно се на се.

    Сопругата на италијанскиот богаташ - Хелен Брукс
    Една одлична книгичка, мене ме бендиса ептен, совршено ми се поклопи како книга за лето и плажа. Класична чик литература. Дејствие во Италија, кое е предобро објаснето да сакаш да скокнеш на момент на тоа италијанско тло, девојка која е ветеринарка и ги љуби животните оди во Италија да внимава на еден ранч. И нормално тука има згоден богат италијанец и романтична приказна со хепи енд. Крајот се знаеше, ама пак книгичкава ми беше убава и лесна за читкање.

    Некој како тебе - Сара Десен
    Eдно тинејџерско книгиче за пријателство, избрана на многу натпревари за најдобар роман за млади. Колку е големо пријателството посебно во лошо, бидејки лесно е да се биде пријател во добро само. Убав стил на пишување, тие проблеми тинејџерски се убаво претставени, па пред се книгава е баш за помладата популација, да видат каква е реалноста, да видат колку лесно да отидеш по лош пат, лоши пријателства, лошо момче итн. Некако мене се ова ми беше веќе видено и прочитано и многу пати гледано на филмови, некако сторијата многу провидна, но ја препорачувам за помладата генерација.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Јас Мона Лиза - Џин Калогридис
    Преубава книга која ни го открива животот на МA(до)НА Лиза. „Мојата приказна не започнува со моето раѓање туку со дно злосторство што се случило во годината пред да се родам“. „Нешто што други го започнале ти ќе мора да го завршиш“. - Мона Лиза. Доволно е за почеток да се заинтригира. Крвопролевање, измами, страст, љубови.. А исто така се открива и тајната познатиот сликар Леонардо од Винчи. Ако книгава ви падне во раце дефинитивно мора ја прочитате.
     
  16. Calla.Lily

    Calla.Lily Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Без збогување - Linwood Barclay
    Опасно блиску - Linwood Barclay

    И двете книги ми се допаднаа, љубителите на трилери ќе уживаат во нив. Без збогување - семејството на едно девојче исчезнува преку ноќ и дури после 25 години, нештата почнуваат да се откриваат. Опасно блиску, од истиот автор, крајот малку ме разочара, очекував нешто друго, но како и да е и двете книги ве држат во неизвесност и нема да можете да ги оставете додека не завршите со читање
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    [​IMG]

    Eдна многу интересна книга. Cтанува збор за момче и девојче кое уште од 9 години стануваат најдобри другари, а подоцна се заљубуваат еден во друг. Истиот ден сакаат двајцата да си го признаат тоа, но сестрата на девојчето и признава на сестра си дека е заљубена во нејзиниот најдобар другар. Tаа се откажува од него, дозволува да бидат заедно, и не можејќи да ги гледа заедно - заминува на колеџ далеку од својот дом без да ги извести нејзините родители. По 4 години се враќа дома, и интересното тек почнува. :)
     
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    [​IMG]
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо
    Потрагата за Лајла ќе го натера познатиот психолог Конор да примени една од неговите техники врз својот најдобар пријател заедно со Иви и Алисон.Дали ќе биде успешна?
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Message in a bottle - Nicholas Sparks
    The last song - Nicholas Sparks

    И јас како Росонерка го сакам Спаркс и интересно ми е да ги читам неговите љубовни приказни. Ме опуштаат и ме релаксираат, но знаат и да ме расплачат. Да, има некои претерани моменти, но сепак мене ми е интересен за читање кога сакам така некоја по’лајт’ литература.

    Што се однесува до споменатите книги, особено ме трогна The last song. Не можев солзите да ги задржам, толку е убава, а воедно и тажна. Се обработуваат различни видови на љубов: љубов кон партнерот, љубов кон родител, кон брат итн. Показател за тоа како една тинејџерка ги доживува овие видови на љубов и како токму кога ќе се зближи повторно со татко и’, тој ја губи битката со болеста.

    Message in a bottle исто така ми се допадна, иако самиот момент на испраќање пораки во шишиња ми е малку over the top. Сепак, интересна приказна за љубов на далечина и за тоа што се’ се спремни луѓето да направат за да ја одржат. Крајот е тажен, а приказната солидна и доста реална (пак ќе кажам, со исклучок на моментот ’испраќање на пораки во шише’.
     
  20. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Како што вчера пишав ја почнав Роза за балерината и ја прочитав за 2,5 часа. Книгата е убава ,тажна но пак ке кажам концептот на пишување е првземен од На крајот на виножитото