Форумџика на годината

Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Joined:
    Sep 4, 2012
    Messages:
    605
    Likes Received:
    3,770
    "Полноќни спомени" од Сидни Шелдон. :)
    Книгата има 300 и нешо страници,ги прочитав во еден здив... Преубава е,ви ја препорачувам.
     
    fallenangel likes this.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2010
    Messages:
    2,606
    Likes Received:
    14,322
    Gender:
    Female
    Девојката со тетоважа змеј- Стиг Ларсон (филмот го немам гледано)

    Микаел Блумквист е економски новинар, кој работи на раскринкување на корумпираните банкари. Поради објавена статија ја познатиот економист Венештрем, а при недоволно докази за истата, Микаел е осуден за клевета со казна од 3 месеци затвот.

    Хенрик Вангер е гигант кој поседува мултимилијардерски концерн „Вангер“. Во концернот работат строго членови на фамилијата. Внуката на Хенрик мистериозно исчезнала во 1966 година, а од тогаш тој се посветил на потрагата по неа. Мистериозно, секоја година, на неговиот роденден му стига подарок пресувано цвеќе во рамка. Тој мисли дека тоа го прави убиецот на Хариет, психички си поигрува со него.

    Лизбет Саландер е 24годишна девојка, врвен истражувач во фирмата за обезбедување „Милтон секјурити“. Прогласена за непресметлива, ментално заостаната, физички ситна, Лизбет е генијален хакер со фотографско памтење. Адвокатот на Хенрик Вангер ја ангажира за ископување на минатото на Микаел.

    Хенрик го ангажира Микаел да се обиде да ја реши мистеријата за Хариет, а за возврат му ветува информации за Венештрем. Микаел прифаќа и започнува со истрагата. По некое време му се приклучува и Лизбет.
    И тука започнуваат сплетките...

    Интересна книга, со доста интриги и сплетки, ја препорачувам.
     
    NoellePage likes this.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,196
    Likes Received:
    23,275
    Gender:
    Female
    Роза за Балерината

    [​IMG]

    Кој сака убаво да се исплаче, нека ја прочита, јас ја прочитав во еден здив ми беше интересна премногу.
    Препорачувам инаку, книгата е совршенство, потеков од плачење јас а и периодот ми се погоди таков :)

    10/10
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,388
    Likes Received:
    68,433
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Gone Girl - Gillian Flynn
    Книгава ме остави без зборови. Предобар трилер, карактерите се изградени до перфекција, ништо не е како што изгледа... Стилот на пишување е неверојатен, хумористичен, саркастичен, толку навлекува...
    Книгава е must read за сите љубители на трилери, а богами и за тие што не се.

    Ејми исчезнува на денот на петгодишнината од нејзиниот брак со Ник. Прво го следиме Ник, неговото гледиште на работите, ја пратиме неговата состојба на умот, на денот на исчеснувањето на неговата сопруга, па првиот ден од исчезнувањето, вториот итн.. Потоа поглавјата се испреплетуваат со делови од дневникот на Ејми, го гледаме нивниот брак од две различни гледни точки, гледаме како се одвиваат работите во сегашноста, по нејзиното исчезнување, ја следиме истрагата, а се навраќаме и во минатото, на почетоците на нивната врска, како истата се развива. И потоа БУМ! Добиваме удар. Останав со отворена уста од пресвртот, еден од најголемите пресврти што сум ги сретнала во книга и што тотално ме шокирале. Која е всушност Ејми, дали Ник е одговорен за исчезнувањето, дали до тој степен ја мрази својата сопруга или пак...? Кој е всушност лошиот лик во книгата, кого треба да мразиме? Постои ли воопшто таков лик или се е некако изопачено?
    А крајот...
    Прочитајте ја книгава за да видите. :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Подарок - Даниела Стил

    Се работи за семејство кое тешко може да добие дете.Имаат син по име Томи,и уште неколку деца кои за жал не се родиле или умреле.Потоа се раѓа Еми.Која им донесува радост во нивното смејство и среќа.Но нејзиниот живот е премногу краток,по неколку дневно боледување таа умира,додека нејзините родители истата вечер водат љубов.По нејзината смрт во нивното смејство настанува вистински хаос,секој со секого одбнеднува да зборовува речи си и не се гледаат толку често.Ги одбегнуваат заедничките вечери,не се како некогаш.И Томи е тој што страда.
    Една вечер додека Марибет,излегува и заминува на игранка со дечкото ( колку што се сеќавам мислам дека се сакаа и договараа свадба ли :?: ),но после излегувањето се случува чудо.Марибет која е мирна и воспитана девојка со догла црвена коса,прави нешто што не и доликува.Води насилно љубов со најголемиот фраер во градот.Кој потоа ќе и даде канта.Останува бремена.Дознава нејзиниот татко и е тера да замине,што подалеку од него.Да појде во некој манастир,откако ќе го роди бебето и ќе се ослободи од него може да се врати назад.Марибет пристигнува во манастирот но не сака да остане таму.За миг решава и го напушта.Заминува во Чикаго каде што наоѓа работа.Работи во хотел како келенрка.Таму го запознава Томи.А,Томи е чест гостин во тој ресторан.После таквите неколку нивни средби,Томи посакува да излезе со Марибет.Тие ќе бидат другари,но постои некоја хемија меѓу нив и ќе се заљубат еден во друг,потоа Томи решава да е запознае Марибет со неговите родители со што ја носи една вечер, на вечера кај нив. А потоа уште почесто се гледаат.

    Ајде мислам доста беше... :lol:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,388
    Likes Received:
    68,433
    Gender:
    Female
    50 shades od Grey - E.L. James
    Ја дочитав книгава. Воглавно бидејќи сакав да видам како се напишани секс сцените за кои и се крена фамата.
    Прво, книгава е толку сиромашно напишана, со мисли кои постојано се повторуваат, едни те исти описи, со исти зборови. Треба да се направи онаква drinking game, на секоја страна доколку се повторува збор или реченица да се пие на екс. На пример: I blush, I flush, oh my (Ова па кога ќе го видев само ролав со очите и си замислував некоја растресена баба како си воздивнува oh my... Indeed.. |( ), потоа Stop biting your lip, you know what it does to me!, не знам како устата крвови не и стана од толку гризење...
    Ликот на Анастасија делува прилично шизофренично со тоа што има чести разговори со својата "внатрешна божица" и својата потсвест. Внатрешна божица, Господе... Или оh my, во случајов.
    Книгава не вреди да се троши време на неа, апел до сите, ништо не пропуштате ако не ја прочитате, освен можеби мало затупавување на мозокот.
     
    meow22 likes this.
  7. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    594
    Likes Received:
    505
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    Јас те сакам повеќе

    Книгата е стварно убава и вреди да се прочита . За сите посветени мајки кои многу си ги сакаат ќерките и се би направиле за нив .
    :)

    10/10
     
  8. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,294
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Поради обврските малку задоцнив со кигава, но еве ја прочитав. Предобра книга како и повеќето од Агата Кристи. Препорачувам.
     
    SimonLimon likes this.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Joined:
    Apr 7, 2010
    Messages:
    3,074
    Likes Received:
    11,602
    The Golden Scales- Parker Bilal
    [​IMG]
    Трилер кој нема да ве остави да ја затворите книгата.
    Поранешен полициски службеник приморан од политички причини да се пресели од Судан во Каиро започнува да работи како приватен детектив. Кога ќе биде најмен од еден од најмоќните луѓе во Каиро за специфичен случај, разрешавајќи ги нечистите работи на моќниците доаѓа во судар со минатото од кое побегнал.
     
  10. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    168
    Likes Received:
    175
    Страници за нашата љубов-Спаркс

    Ме чуди како Спаркс можел да смести приказна со толкава големина во само 170 странички.Тоа не ми се допаѓа кај книгата и малку ме разочара истото.Приказната е прекрасна,оригинална и веродостојна но и фали нешто,нешто што нема да предизвика само солзи во одредени моменти кај читателот туку нешто поинаков,на пример нешто што ќе го натера читателот да се запраша одредени прашања во врска со една таква љубов а не само да чувствува сожалување за неизмерната љубов која во целост на успеала :D
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    7,284
    Likes Received:
    47,176
    Gender:
    Female
    Заточеник на небото-Каролоз Руиз Зафон

    Конечно дојде во мои раце, ја прочитав за некој саат.Не е толку возбудувачка како Сенка на ветрот и Играта на ангелот, АМА си требаше книгава за да се почувствува магијата во целост.
    Во овој дел Карлоз раскажува за случки кои ги дообјаснуваат дејствијата во првите два романи.Главен лик е Фермин и неговиот живот пред да се сретне со Даниел и секако што го довело до Семпере и синовите.Убава е книгата, кој е негов огромен фан да си ја прочита обавезно.
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,361
    Gender:
    Female
    Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи.
    Искрено повеќе очекував од книгава, долго време не можев да ја најдам и кога конечно ја купив во три вечери ја прочитав, но не ме воодушеви нешто да речеш премногу. Добра книга за опуштање, но не ме натера многу на размислување иако очекував дека ќе дојде до тоа иако можда и не се замарв да размислувам. Немам друга критика освен дека малку претерал со раскажување на состави.
     
  13. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2012
    Messages:
    151
    Likes Received:
    51
    Последна прочитана книга ми е Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ :)
    Секој кој ќе ја земе в раце оваа книга нека се подготви за едно премногу емотивно вртење на шарениот рингишпил на баба Дара.
    Главен лик во овој роман е Ана Балинт која сега е на смрттна постела и пред засекогаш да го пронајде својот вечен спокој се навраќа уште еднаш на своите спомени, на убавиот и шарен рингишпил од нејзиното детство.
    Ана имала среќно детство на чифликот на нејзиниот татко Стеван и баба ѝ Дара, таа уживала во селскиот живот, во дружбата со својот најдобар другар Ѓорѓе и во нивните игри на рингишпилот на баба Дара. Но нејзината мајка Ленка во своето преубаво девојче го препознава несекојдневниот талент за балет кој Ана го носи во себе. За тоа разговара со својот сопруг, но тој не се согласува со неа Ана да оди на часови за балет. Па поради тоа во една мугра на седми август 1938 год. Ленка заедно со Ана скришно од сите го напушта чифликот и ја носи Ана во Белград во балетското училиштето на Клара Сич која на времето била позната балерина во „Бољшој театар” во Москва.
    Ана и Ленка започнуваат нов живот во големата престолнина и Ана напорно вежба подготвувајќи се за својата светска кариера во Русија. Но Ана никогаш ниту за момент не ги заборава спомените од своето среќно детство покрај рингишпилот. Конечно на осумнаесет годишна возраст Ана заминува во Русија и ја започнува својата кариера во „Бољшој театар”. Сите се маѓепсани од нејзината несекојдневна убавина и огромниот талент на Ана Балинт но дури тогаш започнуваат нејзините страдања и пресврти во нејзиниот живот.
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    3,098
    Likes Received:
    4,463
    Gender:
    Female
    Фактотум- Чарлс Буковски
    Пааааа не знам што да мислам за книгава, очекував некаков крај, некаков завршеток, а човекот само влезе во стриптиз-бар и книгата заврши :^)
    Лесна е за читање, разбирлив јазик, малку вулгарни и простачки зборови, уште поразбирлива содржина, неколку секс- сцени...
    Не е мој тип на литература.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,771
    Likes Received:
    263,795
    Гордост и предрасуда
    Книгата ме фасцинира. Преубава е.
    Се чита со леснотија, брзо и веднаш ви прираснува на срце, па ја читате во еден здив.
    Барем јас вака се чуствував.
    Г-ѓа Бенет ми олицетворение на македонските жени, си создадов таква слика за нејзе, како лакома и припроста жена која има една цел - богато да ги омажи своите ќерки. Џејн ми е мила и наивна, допадлива, но ликот на Лизи ми се допадна повеќе. Во тоа време, таа бешеостоумна и доста мудра девојка, одлучна, искрена и духовита. А Дарси...посакав маж како него. Уште од самиот почеток ме привлече неговиот лик, неговата гордост и ладнокрвност, човекот кој навидум изгледа ладен и тврд, а е всушност добар, дарежлив и скромен човек кој знае да сака, знае да ја сака девојаката и да ја направи среќна. Впрочем кој не би го посакал за маж :wasntme: .
    Знам дека е и екранизирана, има и филм, но прво ја прочитав книгата, па сега е на ред филмот.
    Топло ја препорачувам. Несакaв да ја довршам, нескав да заврши книгата.
    Преубава.
     
    ElenaRbd likes this.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,285
    Само да не си го читала тоа никаквото издание од Гурѓа, од 160 страници :?:
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,771
    Likes Received:
    263,795
    ^
    Не, не, книгата имаше околу 370 страници.
    Од Гурѓа избегнувам да читам, имаат лош превод, иако и оваа издание иако не беш од нив, имаше доста пропусти.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,285
    Eпа добро тогаш оти си реков да не си испуштила многу емоции.
    Јас ја читав на српски, се изјаснив мислам во темата, и задоволна бев од преводот, како што сум впрочем од сите постари изданија на книги.
    Ајде Јуле, те чекаме во темата за “Гордост и предрасуди“ ^_^
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,388
    Likes Received:
    68,433
    Gender:
    Female
    Twenties Girl - Sophie Kinsella
    Лесна, интересна приказна, на моменти како сум си се смеела на глас, ептен ме расположи.

    Лара е во многу лош период од живото, момчето, за кого мислеше дека е вистионскиот, и раскинува преку меил, без никакво објаснување. Нејзината најдобра другарка и бизнис партнерка ја остава на цедило и заминува на одмор. И на сетоа ова, она што не и треба е помислата дека го губи умот. А токму тоа се случува кога на погребот на нејзината пратетка Сејди, Лара слуша глас кој никој друг не го слуша и гледа 23 годишна девојка која никој друг не може да ја види. Халуцинација или?
    Станува навистина интересно како понатаму се одвиваат работите со Лара и нејзината пратетка Сејди која има незавршена работа, како се одвива нивниот однос и како се отплеткуваат работите.

    Препорачувам топло на чик лит љубителките.
     
  20. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    564
    Likes Received:
    270
    Gender:
    Female
    Последна прочитана книга ми е "Ако некогаш си ме сакал" од Симона Винчи.
    Романот на Симона Винчи ги открива најчувствителните тајни на женската љубов, трепет, очекувања и разочарувања, но и сета неправда, која секојдневието и ја нанесува на љубовта помеѓу мажот и жената. Да се согори со целосно предавање или да се направи пакт со животните стапици доживувајќи емоции, поигрувајќи се, чувајќи се себеси? "Го љубев човекот кој не постои. Некој друг кој сите ние долго го очекуваме, кој нема да дојде...", се вели за книгата на Винчи.