1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ја дочитав пред малку по втор пат. Ептен голем впечаток ми остави книгава. Предобро дело од Ден Браун. Ме остави без зборови по втор пат. Приказната е одлична (и мислам дека повеќето ја знаете), исто како и описите. Сега видов дека имало и филм, ќе го изгледам и него. Ја препорачувам книгава, ако ја енмате прочитано обавезнои да ја прочитате, нема да зажалите. :)
     
    На SimonLimon и BV87 им се допаѓа ова.
  2. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Ловец на змејови Халед Хосеини
    е роман кој ќе го растопи и најтврдото срце. Не постои никој кој е толку храбар кој нема да ги пушти солзите да леат врз страниците на овој роман. Болката, страдањата, предавството, срамот, но и љубовта се така објаснети што читателот се соживува со личностите.
    Со Амир, син на богат трговец, со неговиот најдобар другар Хасан, со жителите на Кабул. И војните. Војни. Постојано војни.
    Амир, приповедачот на книгата, на почетокот нѝ ги објаснува неговите случки, соништата и созревањето во Кабул, Авганистан. Тој не сонува сам. Никогаш...
    Со него е неговиот најверен другар, близок како брат, син на слуга - Хасан.
    Нивните момчешки денови се идилични, поминати во летање змејови и сонување со отворени очи под јаболкницата за тоа што носи иднината.
    Идилата е прекината со грубиот налет на Советската инвазија на Авганистан, по што Амир и неговиот татко успеваат да емигрираат во САД. Далеку од сè, далеку од Авганистан, неговиот дом и Хасан, Амир се надева дека ќе заборави еден ден, еден кукавичен момент и совеста која целосно го јаде внатре длабоко во себе.

    Илјада неверојатни сонца-Халед Хосеини

    Само што ги прочитав и двете ама Ловецот на змејови ми се допадна многууу...прекрасна книга
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Како да го добиете тоа што го сакате-Џозеф Марфи(мислам дека ја немам постирано овде)
    Критика:
    претерано нагласена потребата од здрава потсвест и како се дешаваат чуда, излекувања и успеси единствено со силната волја, желба и моќта на потсвеста. Продолжение на Моќта на потсвеста на која би им дала на двете книги оцена 7,5. Не ме воодушеви ни оваа, можеби затоа што потајно очекував поконкретни одговори и многу се надевав на книгава.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Копилето од Истанбул
    [​IMG]Јас ја читав македонската верзија во издание на издавачкиот центар Три. Има одвреме-навремено пропусти во преводот, но не е лоша.
    Брзо се чита, динамика на дејствата, релативно голем број на ликови... онака модернистички роман.
    Паралелно се следат животните приказни на две девојки, Турчинка и Ерменка, се‘ додека не им се сплотат.
    Прикажан е односот меѓу двете националности и чувствата на едната кон луѓето од другата.
    И секако, добар роман не би бил добар роман ако нема нешто интригантно, некоја мрачна тајна која не се открива до самиот крај.
    Препорачувам.
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Сеќавње на моите тажни курви - Габриел Гарсија Маркез


    Еден ден пред да наполни 90 години, тој чувствува дека веќе смртта полека тргнува по него па посакува за последен пат да биде со жена... но овој пат како за свој последен пат, тој посакува да биде со девица. Неговиот последен пат во животот кога ќе плати за да биде со жена, ќе биде неговиот прв пат кога тој ќе се вљуби... Која иронија на судбината, да бидеме смрзнати од пламенот на нашето сопствено огниште...
    Интересна книга, напишана на модерен начин. Многу брзо се чита.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Конечно ја дочитав Џемима и можам да кажам дека дефинитивно ми е една од омилените чиклитки.
    Џејн Грин совршено го портретира ликот на Џемима, толку реално, толку искрено што секоја жена може да пронајде еден дел од себе во неа. Ги голтав страниците кои ја опишуваат нејзината животна приказна, како решава да ги земе работите во свои раце, од жена со многу голем вишок на килограми се претвора во еден лебед, со цврста борба и силна волја. Многу инспиративна книга всушност, за тоа како не треба да чмаеме во мизерија и да голтаме се што ни фрла животот, туку да се исправиме и да направиме нешто во врска со тоа.
    Топла книга за пријателството, за потрагата по сродната душа, за тоа колку изгледот влијае на нас самите, а и на тоа како другите не доживуваат... Ама сепак, не е се така црно и бело.
    Препреубава книга, толку имам да кажам. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    ^^^Има ваква литература во библиотеките?Или ги купувате книгите? :)
     
  8. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Последна опомена - Дебора Могах ( автор на бестселерот Времето на лалињата)

    Вистинска впечатлива приказна за неостварените соништа, алчноста и човечката кревкоста... приказна со исклучителна сила. Врвен роман. Исклучително возбудливо... Четиво што тера на размислување.
    Го препорачувам
     
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Пајаковата мрежа - Агата Кристи

    Ова ми е втора книга од Агата Кристи која ја читам и исто како првата (Убиство во Ориент експрес) ја прочитав во еден здив и за еден ден. Приказната е за една жена која откако ќе најде мртво тело во својата куќа ги вмешува своите пријатели со цел да ја објасни ситуацијата на полицијата. Многу неочекувани моменти, многу пресврти и неочекуван крај. Дефинитивно една од оние книги кои не можете да ги пуштите од рака :)
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ана и францускиот бакнеж - Стефани Перкинс
    Ана Олифант е главен лик....нејзиниот татко одлучува и милски дека таа треба да се образува и ја испрака во париз...тааа не сака да оди но нема друг избор...таа вејке има дечко,другарка,рабора,фамилија,....
    таа атаму го запознава Сент Клејр ..но дознава и дека нејзината другарка има чуства кон него....Преубава книга која можам да кажам една од поубавите од овој жарн... :)
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Девојката со портокали - Јустејн Гордер

    Возбудлива и забавна книга за мистериозната девојка со портокали...
    Книгата претставува ода на животот, приказна за потрагата по вистинската љубов и храброста во животот да се бираат потешките патишта за постигнување на целите.

    На почеток книгата ми беше многу досадна, монотна..дејствието ми делуваше дека нема некоја насока кон која се движи...и се се одвиваше така бавно. Но, како навлегував подлабоко и подлабоко во делото, започнував да читам за токму оние делови од книгата кои се базата - што е светот? Што е животот? Каков тој треба да биде? Имаме ли избор?

    Прекрасна книга ! Те тера да се замислиш за животот.
    Краток е животот, затоа живееј го секој ден како да е последен, бидејќи еден ден сите ќе не снема, и тоа не само неколку години туку цела вечност.
    Се што ни останува на крајот се спомените.
    Едно писмо може тотално да ти го промени животот. ;)

    Еве овај дел од книгата ми остави најголем впечаток:
    Што би избрал кога би имал можност? Кратко време да живееш на земјата, а потоа по неколку години да те отргнат од се, веќе никогаш да не се вратиш. Или би се заблагодарил и би ја одбил понудата? Ако избереш да живееш си избрал и да умреш...
    Времето што треба да го поминеме на овој свет е микроскопски мало во споредба со целата вечност и пред тоа и по тоа...исто како... кога би знаел дека колачот има неверојатнооо добар вкус, а тебе ти се нуди само еден милиграм, можеби сепак би се заблагодарил и би го одбил малиот залак бидеќи секако нема да го осетиш вкусот на колачот...

    Топло ја препорачувам.
     
    На Lux и strangewoman им се допаѓа ова.
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    “Спасување“ - Николас Спаркс

    Не знам по кој пат ќе речам - го обожавам Спаркс !

    На толку силен начин покажано како љубовта е најважна во животот, колку еден родител може да биде жртва за своето дете и колку е скапоцено чувството да се сака и да бидеш сакан.....

    Приказна за една самохрана мајка, која поради проблемот со говорот на нејзиното синче ќе се жртвува и ќе ја напушти работата како учителка за да се вработи како келнерка на ноќна смена. Само за да може да му помогне и да го посвети целото внимание на детето. Една вечер при страшна бура тие доживуваат сообраќајна несреќа. Колата се превртува, но со неа и текот на приказната - се појавува Тејлор. Пожарникар кој им ги спасува животите и воедно со тоа и влегува во нивните животи..... Но, пожарникарот крие нешто......а што е тоа, прочитајте :)

    Топло ја препорачувам.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Девојката која ја бркаше месечината - Сара Адисон Ален
    Се зборува за две изгубени девојки кои наојгаат свое место под месечината.Емили Бенедикт доаѓа во Мулаби Северна Каролина со надеш дека ке ја рашреши мистеријата за смрта на мајка и.Кога таа ке пристигне во домот на мајка и и кога ке го види нејзиниот дедо ек свати дека мистерии ен се решааваат туку дека таму тие се дел од животот.Преубава книга која ме натера да размислам за некои работи акко на пример колку убав живот имаме и колку нашата мајка е вредна во него и каков би бил тој без неа.
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Сирена - Триција Рејбрн
    Преубава книга...која можам да кажам дека е една од поубавите што ги имам прочитано...Ванеса е девојка која е малку поразлична од нас..Таа сака да го помине стравот што го има за океанот..и пријателството со Сајмон да прерасне во нешто друго..Но кога џастин скока од карта поради некој семејна расправија..и следниот ден океанот го исгрла енјзиното мртво тело да брегот...а додека пк ванеса е сигурна дека тоа не е несреќен случај туку нешто друго..таа дознава дека сестра и триела големи тајни..но наското градот го зафакааѕ несреќи..во кои мртви мажи се исгрлаат на брегот со несмеани лица...ванеса и сајмон сваќаат и дознаваат дека несреќите се поврзани со џастин и кејлеб ..мисла која ме водеше додека ја читав книгата е како ке заврши и дали ке се дознае се...
    :)
     
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Физиката на Стар Трек
    (Physics of Star Trek - Lawrence M. Krauss)

    Одлична книга за љубителите на научната фантастика и за Стар Трек сериите, па дури и за оние кои никогаш не погледнале ниту една епизода, за љубителите на физиката и астрономијата. Авторот Lawrence M. Krauss е професор по физика и астрономија на Универзитетот во Аризона и во оваа книга тој објаснува каде и колку во оваа научно- фантастична серија се испочитувани физичките закони.
    Кога почнав да ја читам се разочарав, затоа што на прв поглед ми изгледаше како критика на физичар кој ги потенцира грешките во научната основа на серијата. Но, понатака станува поинтересна кога тој објаснува за телепортирање, телекинеза, материјата и антиматеријата, за можностите за патување низ времето, патување со брзината на светлината, wormholes, warp drives, и дали тоа што денес за нас претставува научна фантастика би можело да биде нашата иднина. Со разбирлив и лесен јазик ја објаснува Њутновата физика, Специјалната и Генералната Ајнштајнова Теорија на релативноста како и работата на други познати физичари. Серијалот Стар Трек го следат и најпознатите физичари, поради тоа што тој има почит кон реалната наука и повеќе ги почитува физичките закони од исто толку популарниот серијал Star Wars... Топло ја препорачувам, заедно со творештвото на Michio Kaku - физичар и автор на светските бестселери во кои го објаснува нашето разбирање на физичките закони на универзумот, и што може да очекуваме во блиска иднина во светот на технологијата.
     
  16. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Десетте мали црнци - Агата Кристи

    Секоја и чест нејзина, жената е маестро за крими романи!
    Ги обожавам нејзините ремек-дела, од прво до последно. Секако и овој пат несомнено го задоволи мојот апетит, дразнејќи ме до последна страница. Со нестандардниот кодекс на пишување, има неверојатна моќ да создаде тотален хаос, притоа одгатнувајќи онолку колку што е потребно за да го задржи вниманието, преку опишување на психопатологијата на злосторникот, до сочувствување со жртвата. Речиси секогаш успева да те наведе на погрешни докази и факти, за да на крај совршено ги вклопи сите елементи од почеток до крај, формирајќи перфектен расплет.

    Овој пат е изоставен нејзиниот херој, Херкул Поирот, но вешто и речиси незабележително го надополнува неговото отсуство во нејзин стил.

    Десетмина луѓе, на различна возраст, со различна професија, имаат различен мотив, но иста дестинација - Нигер Ајланд, островот, кој за сите нив е мистерија и предизвик. Островот не ги исполнува нивните очекувања, по што се создава една тензична атмосфера, особено по откривањето на нивното дебело минато. Обвинети за злочин, секој од нив станува сомнителен, параноичен, луд. Меѓу нив се наоѓа некој кој совршено ги намамил да дојдат. Но зошто? Постои нејасна, чудна причина, зошто и како на секои 24 часа еден од нив е убиен. Но, најчудно од се, е тоа што секое наредно убиство се случува според морничавата песна 'Десетте мали црнци', каде во секој нов стих има еден црнец помалку, за да во последниот стих од песната остане еден и си го одземе животот. Свесни за опасноста која им следи, поставувајќи безброј прашања и одговори, секој почнува да го губи разумот, некој помирувајќи се со фактот дека ќе биде убиен, некој тотално излуден.

    Ја препорачувам на сите оние што читаат крими романи, верувам дека нема човек што ќе остане рамнодушен.
     
    На Tiki-lolipop, Butterfly15 и RainBow им се допаѓа ова.
  17. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    Калуѓерот што го продаде своето Ферари - Роберт Шарма

    Џулиен Ментлу, познат, успешен и врвен адвокат доживува инфаркт за време на едно судење. Славата и парите го заслепуваат, но по инфарктот тој врти нова страница од неговиот живот. Продава се‘ што има и заминува на едно необично патување. Од тоа патување се враќа како нов човек ширејќи го сето она со што го научил на тоа патување.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кога ќе заигра срцето - Џејн Мур
    Книга која ме потсети на летото..и на спомените од летото...што кога сме во потрга по вистинска врска...
     
  19. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    " Азбука и залутани записи " од Иван Шопов
    Случајно ми падна во рака и не ја спуштив до последната страничка (запис)
    Интересен начин на приказ на залутаните мисли на авторот. Ми се допаѓа тоа што секој различно може да си ја протолкува секоја приказна(претставена на необичен, збунувачки а крајно креативен начин), да види низ очите на авторот, да почувствува низ неговите сетила, а пак да си се пронајде себеси во целата приказна...
    Изволте неколку стихчиња :wasntme:

    НАЦРТ – ПЛАН ЗА ОДА НА МЕШЕТО НА К.

    Тоа е макета на Ридот на задоволствата; мала заклучена
    фиока за бебиња.
    Тоа е крило на кое љубоморат пеперугите; прв наслов
    на мојот ѕиден весник.
    Тоа е архива на љубовни оброци; музеј на отворени
    конзерви и ретки овошки.
    Тоа е перница наполнета со сунѓер од месечината;
    Тоа е дебелината на моето слабеење.
    Тоа е камен што Сизиф го турка кон спортска сала;
    селска погача со мирис на метална плочка зашрафена
    во облак.
    Тоа е стреа за патики од превртена кожа; чадор
    за срамни влакна; вулкан со памук и сончоглед во
    кратерот.
    Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење
    стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
    Тоа е балонче со хелиум заврзано за страк трева.
    Тоа е сидро фрлено во експрес-лонец.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вчера ја завршив оваа
    Тајната на медалјонот - Марија Луис Фишер
    Преубава книга...премногу возбудлива и спонтана книга,сликовито опишана и поучна .... која не ме остави рамнодушна..
    :)
    а денес ке ја почнам оваа
    Едноставно љубов - Кетрин Андерсон
    Од книгава имам очекување дека ќе е многу убава ...и дека ќе е поинаква малку.. :)