Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,900
    Едноставно љубов - Кетрин Андерсон

    Книгава ги исполни моите очекувања.... :)
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Играта на ангелот -К.Р. Зафон

    Откако во еден здив му се изнарадував на откритието во Сенка на ветрот, без пауза се пуштив на Играта на ангелот. Би рекла дека Зафон повеќе се потрудил со вторава книга, посозреано пишување, повеќе истражувања, навистина професионално се посветил на пишувањето. Не знам дали да се осмелам да речам, можеби затоа што сум сеуште под влијание, дека вторава дури и повеќе ми се допадна. Можеби крајот очекував некој поголем пресврт, некоја неповторлива сцена, но низ цело патешествие со книгава, напишана баш мајсторски како од врвен автор, не можам стварно да се пожалам.
    Би издвоила
    Неколку пати се навратив на овој извадок и неколку пати ми се насолзија очите, сцената во главата ми беше баш срцепарателна :|

    Ма не, не можам да се одлучам која е подобра :D

    Дефинитивно морам да кажам дека авторов е вреден за пречитување, книги кои морам да ги имам дома :)
     
    1209 likes this.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,826
    A Passage to India
    [​IMG]
    Лектира ми е за наредниот семестар, ја имав дома, постара од мене книгава, па немав што друго да читам во меѓувреме и ја почнав.
    Не сум нешто вау! воодушевена, но носи добра поента.
    Главен акцент е ставен на разликите помеѓу Индијците и Британците (Индија е, нели, британска колонија) и на тоа колку се потценети Индијците.
    Главен фокус ми се чини е обвинувањето од страна на една Англичанка врз еден Индиец и како таа цело време всушност му суди нему и на целата ситуација.
     
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    697
    Likes Received:
    1,288
    Gender:
    Female
    Шепнувачот - Донато Каризи

    Книгиште! Одлична е! Слободно може да извадат неколку филмови од истата, и сите ќе бидат добри.
    Психолошки трилер кој те тера да навлагаш во главите на сите ликови и зад редовите кои се испечатени. Се работи за истрага на убиство на шест мали девојчиња, чии рачиња се пронајдени отсечени наредени во круг, во една шума. Полицискиот тим се соочува со повеќе предизвици и открива многу повеќе од само тој случај. Исто така се изложени и животите на некои од ликовите, вметнати во совршена мрежа од тајни кои ќе бидат разоткриени меѓу последните страници.

    ‘Возбудливо четиво... Го предизвикувам секого да го претпостави расплетот‘ - Гардијан.

    Истото би ви го рекла и јас. Ми се допаѓа што е непревидлив, базиран на вистински настани зачинети со фантазијата на писателот. Дури и ќе се посомневате како е можно на некому да му текнат такви криминални чинови кои се граничат со перфекција. Прочитајте го. Романот има 600 страни, но не можете да го оставите. Јас го прочитав изутринава во 5 и сериозно се двоумев да спијам со упалено светло. И секако дека сонував некои слични приказни.
     
    Lella, sweet-cherry and RainBow like this.
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2011
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    2,553
    Gender:
    Female
    Мојот господин совршен - Александра Потер

    Ми се допадна книгава, убав стил на пишување има самата писателка, само едно нешто ми беше криво, а тоа е дека претходно ја немав прочитано книгата ,,Гордост и предрасуди", бидејќи во оваа книга се зборува постојано за главниот лик од таа книга, Господин Дарси. Како и да е супер книга, лесна за читање впрочем како и сите други книги од Александра Потер :)
     
  6. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Joined:
    Apr 22, 2012
    Messages:
    698
    Likes Received:
    626
    „Калуѓерот што го продаде своето ферари“-Робин Шарма
    Омилена и најубава книга што сум ја прочитала :)
    Критика нема.
    Кој е расположен за читање и има слободно време нека ја купи и нека чита!
     
  7. Shery

    Shery Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2010
    Messages:
    2,082
    Likes Received:
    5,146
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо

    Прочитана во еден здив, буквално.
    Преубава приказна за љубовта која може да се чувствува и надежта која никогаш не исчезнува.
    И како што пишува на почетокот на книгата, крајот да не се открива на пријателите, нема да го кажам ни јас. Само едно кратко: Прочитајте ја, нема да зажалите!

    Краток опис...
    Пет годишната Лајла пред пет години исчезнува во еден трговски центар и поради тој настан нејзините родители се разведуваат. Од Лајла 5 години нема ниту трага ни глас, но оддеднаш се појавува на истото место каде исчезнала, но од некоја непозната причина таа не зборува. Нејзиниот татко е пресреќен што таа е жива и на патот кон дома во авионот им се случува нешто необично...
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,855
    Likes Received:
    109,961
    Gender:
    Female
    А Потоа - Гијом Мисо
    Четиво кое мора да се прочита дефинитивно

    Главниот лик е успешен адвокат Нејтан е разведен од својата сопруга со која има едно девојче. Целиот негов живот се труди да се излечи од неговото сиромашно потекло. Како мало дете запаѓа во клиничка смрт после едно давење во езеро од кое ја спасува малата Мелори, која подоцна ќе му стане сопруга. Нејзините родители не го прифаќат поради неговото потекло, а неговата жена пак го сака токму поради тоа што не е размазено детиште од богатаките квартови. Еден ден се запознава со еден лекар, Герет, кој е Гласник и кој сака да му соопшти на Нејтан дека наскоро некој ќе умре. Тој целото свое време мисли дека ќе умре и се труди да помине повеќе време со ќеркичката, но сфаќа дека залудно поминува време оддалечен од сопругата. Додека е на одмор со ќеркичката кај својот дедо, т.е. таткото на сопругата се случува несреќа за која тој ја превзема вината. После тој случај нему сопругата му се враќа и повторно се семејство, се до еден ден кога дознава ужасна вистина, дека тој не е тој што ќе умре, туку неговата сопруга, а тој е станува Гласник и ја предвидува нејзината смрт.
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Joined:
    May 17, 2010
    Messages:
    4,573
    Likes Received:
    11,135
    Gender:
    Female
    Игра во р'жта или Ловец во р'жта - Селинџер. :)
    Ми остави голем впечаток. Топло ја препорачувам.

    Станува збор за момче на 16 години, Холден Колфилд, кој се разликува од многумина на своја возраст. Интелигентен, но постојано бркан од секое можно училиште во кое се запишува поради својата пасивност кон учењето. Всушност, нему му пречи глупавоста на општеството кое живее, идиотското однесување на постарите и помладите луѓе кои живеат околу него. Холден всушност не знае што токму сака од животот меѓутоа сосема е свесен што е она што не го сака.
    Книгата ми помогна да го сфатам типичното адолесцентно однесување и да откријам дека не само јас сум чудна, да не кажам биполарна во тие години.
     
    Acka22 likes this.
  10. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    718
    Likes Received:
    391
    Кралскиот читател-Алан Бенет

    Мала книга од стотина страници во која што се раскажува за британската кралица како се впушта во светот на читањето.
    Кои предности а кои негативности ги добива благодарение на читањето.
    Еве ви една статија преземена од sakamknigi.mk која што многу многу ми се допадна а воедно и го доловува она што сакав да го кажам за книгава :)
    Читањето никогаш не ја интересирало многу. Да, таа читала... но сепак, вистинската љубов кон книгите ја препуштала на други. Таа е сепак кралица. Таа е Елизабета Втора. А една кралица има многу поважни и поитни работи од читањето и восхитувањето на некои имагинарни ликови и настани, автобиографии, тажни и романтични стории, весели и иронични стихови. Па ајде размислете...читањето е хоби. А таа како Кралица не смее да биде како обичниот човек и да има хоби, таа има функција!
    А секако и да не заборавиме дека хобито значи да се има склоност кон нешто, а тоа само по себе значи исклучување на нешто друго. Но... таа мора да биде еднаква кон сè и сите.
    Замислете си го сепак денот кога Елизабета Втора случајно пресретнува една подвижна библиотека, чудејќи се на сите тие наслови и стари книги.
    Да, таа имала сопствена библиотека но верувале или не... таа била повеќе од украс, речиси музеј во нејзиниот дворец. И одеднаш... ете ја Кралицата пред едно комби кои разнесува книги, прилечена од книгите и чудното момче кое изнајмувало неколку книги и кое работело во кујната во нејзиниот дворец. Норман, момчето кое работело во кујна но било доволно интелигентно самоволно да чита книги (иако, за волја на вистината секогаш ги одбирал книгите од автори - хомосексуалци).
    Така Кралицата започнува да се дружи со книгата. Отпрвин, ова хоби за неа е потешкотија, па младиот Норман ѝ помага во изборот на наслови и е секогаш тука за неа кога таа сака да разговара за некое дело.
    Но...
    За кратко време Кралицата станува зависна од книгите. Чита сè и сешто, од разводнети љубовни приказни до делата на Пруст. Едноставно, таа не може да се насити на книгите. Самата Кралица како да станува нова личност.
    Можат ли книгите да нè сменат и натераат да дејствуваме. Или она кое го читаме во книгите може да биде само потврда на она што, можеби и несвесно, веќе сме решиле да го направиме.
    Дали страста кон книгите некои ја толкуваат како растројство?
    Морам да признаам дека иако не сум воодушевена од делово, ми се допаднаа пораките кои ги носи. Кратко и едноставно четиво, во кое верувам, во одредени сегменти, барем малку ќе се препознаете сите вие вљубеници во книгата.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    James Rollins - Sandstorm
    Книгава има се, мистерија, акција, љубовна романса, авантура... Иако е обемна се чита во еден здив, секоја страница открива нешто ново и ве тера да ја свртите наредната.
    Голема експлозија во Британскиот музеј во Лондон ќе поттикне опасна трка за откривање на извор на енергија која може да го уништи целиот свет.
    Пеинтер Кроу, дел од Sigma силите е здолжен за зачувување на опасни научни откритија од непријателските раце. Но кои се тие? Кој е всушност непријателот?
    Древен артефакт покажува кон одамна загубен пат, патот кон древниот град Убар. Какви тајни и каква моќ крие тој?
    Античката историја се испреплетува со науката, додека целиот свет е во опасност. Нормално, романсата меѓу ликовите додека го спасуваат светот е неизбежна, но тука е додатно зачинета. :)
    Препорачувам за љубителите на мистеријата и авантурата. :)
     
  12. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Joined:
    Aug 27, 2010
    Messages:
    176
    Likes Received:
    107
    Gender:
    Female
    „Понори во срцето“ од Методи Манев. Студент на летен распуст се заљубува во една од циганките во неговото село, а има и девојка... Крајот навистина ме потресе, не очекував таква завршница! Стилот на писателот беше како истовремено да ја опишува и сцената, како и звуците одоколу неповрзани со содржината, премногу убаво го беше опишал селото, како истовремено да гледам и слушам се што опишал, како да сум таму.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    [​IMG]
    Into the darkest corner
    Книгава за еден ден ја прочитав. Тоа кажува нешто. :) Одлична книга, ми се допадна структурата, начинот на раскажување и развојот на ликовите.
    Приказната е прикажана паралено, ја следиме пред четири години и во сегашноста. Раскажана е преку очите на Кетрин, лик кој долго ќе ми остане во сеќавањето.
    Пред четири години, Кетрин е наивна, лекомислена, сака само да се забавува со своите пријатели до раните утрински часови, со многу алкохол и потоа не знаејќи каде, во чиј кревет ќе заврши. Но потоа го сретнува Ли, маж каков што секоја жена посакува, згоден, шармантен, паметен и добар во кревет.
    Звучи предобро за да биде вистинито нели? Да, токму така. Но кога ќе започнат да се случуваат некои работи, Кетрин почнува да се сомнева во врската, во него, но едноставно тој е премногу добар за нејзините сомнежи да бидат вистинити. За жал и нејзините пријатели го мислат истото, мислат дека таа почнува да го губи разумот. Ли е едноставно фантастичен за тоа што Кетрин им го кажува да биде вистина... Се додека целиот живот не и се претвори во пекол...

    По четири години Кетрин е сосема друга личност. Има опсесивно-компулсивно нарушување, страшни панични напади, нема веќе пријатели и се бори со самата себе и своите стравови.
    А тој... Уште ја демне од некоја страна, сакајќи да го доврши започнатото.

    Многу напната книга, ми се допадна како се развива ликот на Кетрин, како се бори со своите стравови и се обидува да стане посилна личност.
    Топло препорачувам. :)
     
  14. Elina

    Elina Истакнат член

    Joined:
    Apr 4, 2011
    Messages:
    164
    Likes Received:
    65
    [​IMG]
    Coffee to go - Jean MacIntyre

    По првата катастофална средба,Melanie и Russ стануваат пријатели но нивната приказна не завршува на ова ниво.Интересна лесна романса и корисни рецепти од кујната која покажува колку мажите знаат да бидат внимателни а жените нестрпливи :D
     
  15. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2011
    Messages:
    246
    Likes Received:
    207
    Мажи, пари и чоколада - Мена ван Праг
    Се работи за една девојка, која е разочарана од својот живот и се обидува својата тага да ја покрие со чоколадо. Но по неколку средби со некои луѓе кои и даваат мудри совети, таа ја сфаќа суштината на животот и има се што посакува, па дури и повеќе од тоа.
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,263
    Likes Received:
    43,991
    Министерство на болката = Дубравка Угрешиќ.

    Мини автопатепис за една жена номад, во азил после распадот на Југославија, го наоѓа своето уточиште во Амстедрам, Холандија. Приказна покриена во превезот на немоќ, југоносталгија, гадоста на војната, положбата на жената писател во тоа време и сеопшто, положбата на еден бивш Југословен пред портите на новото време.

    Многу поучна и потресителна книга, но ја препорачувам за чиста свест.
     
    Jeny likes this.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    752
    Likes Received:
    1,912
    Исповедта на една акушерка - негативни критики немам.

    Задоволна од секоја страна која сум ја прочитала. А и од книгата како целина.
    Уживав додека ја читав.

    Препорачувам без сомение.
    Ете ви добар предлог за зимските денови. :)
     
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    433
    Likes Received:
    135
    Gender:
    Female
    Оркански височини- Емили Бронте

    Само ќе кажам дека ми беше страв да ја оставам книгата и да ја дочитам бидејќи не сакав да заврши!
    Прекрасна книга, со детални описи кои ќе ве воведат во еден свет кој ви буди чувства додека читате!
     
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    Оваа книга ја прочитав последно. Убава, лесна, интересна книгичка за опуштање.

    [​IMG]
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    3,196
    Likes Received:
    8,926
    Gender:
    Female
    Девојката со портокали - Јустен Гордер
    [​IMG]
    Емотивна, прекрасна љубовна книга во која е опишана прекрасна љубовна приказна, љубов која се случува сосема случајно, а потоа прераснува во вистинска. Всушност целата книга е едно писмо кое го чита петнаесетгодишно момче кое му е оставено од татко му, кој умрел кога момчето имало четири години. Девојката со портокали (Вероника) во случајов е мајката на момчето. Да не ви откривам повеќе.
    За љубиелите на романтични книги, оваа е идеална. :)
     
    LittleFairy and Lux like this.