1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Ти не знаеш да сакаш-Сузан Елизабет Филипс
    Ке ве насмее до солзи,многу е интересна ...
    Договорен брак во 21 век?Апсурд.Младата богаташка Дејзи Девру е приморана да се омажи со дечко што татко и и го наога,или ке изгуби се што има ..
     
    На xoxo.Martina и Anouk им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Книгава ја почнав во 2012 и прочитав едно 10 страни, а во 2013 ја почнав одново и за една вечер ја завршив, нејзиното височество - Последниот чај - Винка Саздова.
    Кратка кртиика: една жена која има 3 деца и среќен брак поради нејзини внтарешни стравови одлучува да појде на пат во непознатото и да ги победи сите нејзини стравови и пречки. Заминува во Иднија каде што престојува во место(не ми текнува индискиот збор) нешто како собиралиште кај што има учител и кај што се пеат баџани? ашрам ли се викаше местото, не е ни битно. Опишан е целиот нејзин престој таму, после тоа како се сретнува со други луѓе и се спријателува со 3 жени кои и ги раскажуваат нивните приказни, после тоа се појавува болест и не откривам повеќе. Има врска насловот на книгата со чајот што нема да го испие еден старец, со татко е што не го испил чајот пред смртта и со нејзиниот чај што го пие во Индија пред да се врати дома.
    Антихрист - Фридрих Ниче
    Многу тешко и комплексно дело дефинитвно. Најважното е тоа што го критикува Христијанството како најотровна, најподла и најрасипана религија според него.
    Чекорам кон исполнување на мојот предизвик. :)
     
  3. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    “Сосема нов пријател“ - Мајк Гејли
    [​IMG]

    Забавна и интересна приказна за љубовта и пријателството. Така лесна книга, се чита во еден здив. :)

    Ешли и Роб се пар, тие живеат во различни градови и за да ја задржат нивната врска и љубов Ешли предлага Роб да се пресели кај неа во Манчестер. За Роб тоа претставува нешто невозможно, затоа што со неговото заминување тоа би значело напуштање на целиот негов живот, неговите пријатели..... Но, Роб не сака да ја изгуби Ешли, па затоа го прифаќа нејзниниот предлог. Тој се сели во Манчестер, но веќе подолго време не може да си најде друштво, пријатели. На една забава Роб случајно ќе ја запознае Џо и таа ќе стане неговата најдобра пријателка. Секако овде сите би си го поставиле прашањето - “Дали е возможно да постои пријателство помеѓу маж и жена без било какви чувства и симпатии ? “
    Прочитајте и открјте што ќе се случува понатаму, крајот не ви го откривам. :)
     
  4. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Харуки Мураками
    -Спутник љубов
    -Јужно од границата,западно од сонцето
    -Длабоко во ноќта
    Првпат ми го препорачаа пред неколку недели...Јас сум воодушевена,.Стилот како се напишани е толку освежувачки за разлика од сите оние љубовни патетични романи :puke:
    Романи за пријателство,љубов,илузии,сенките и сеќавањата од минатото,зачинето со многу надреални елементи на границата меѓу сонот и јавето,стварноста и привидот...Книгите(романи) ми се толку реални што иако не се со среќен крај,тоа како да се очекува од нив..Мрачни,некои викаат и меланхолични ама реални!
     
  5. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    „Ангелот чувар“ од Пауло Коејло.
    Прекрасна автобиографска приказна на големиот мајстор. Имено, откако Пауло ја објавува неговата книга „Алхемичарот“ неговито пријател Ж. кој е учител на Пауло за магиските обреди, му го кажува единствениот начин како да го види својот ангел чувар. Така следејќи ги зборовите на својот учител и поведен од големата желба да го види својот ангел Пауло и неговата жена Крис заминуваат на 40 дневно патување во пустината Мохаве. На патот ќе ги сретне Тук и Валкирите кои му помагаат на Коејло во својот процес. Уште една прекрасна книга на големиот мајстор која топло им ја препорачувам на сите љубители на психолошката литература и делата на Коејло.
     
  6. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Книгата се вика ,,Анастазија'', а книга која ми е во тек на читање е ,,Покрај реката Педра, седев и плачев''

    Во Анастазија се работи за вистинит настан. Барем така е наведено во книгата. Анастазија е горска вила со неверојатно убави моќи. Всушност еден човек трга во експедиција за да истаржува за кедарот. Кедар е дрво На таа експедиција тој ја запознава неа. Таа му го променува целиот живот. На лик е преубава девојка, девица, нежна и беспрекорна, која шета скоро гола и јаде билки. Но интересно е тоа што таа е премногу паметна. Повеќе од било кој гениј познат на денешницата. Таа живее во Кедерова шума и затоа има беспрекорно зравје. Ги обожува растенијата, просто ги сака, и Анастазија вложува многу љубов во нив. Исто така таа раководи и со животните во шумата. Просто целата шума ја сака Анастазија, но и Анастазија целосно се вложува во неа. Важен момент е тоа што таа буквално оди без никаква долна облека на неа, по обично фустанче, а тоа кај мажот се пободува никакви еротки чувства. Но сепак тука ќе се одвие тој чин, знаете веќе кој, но само затоа што и двајцата добиваат желба да имаат заеднички син.
    Книгава има 13 продолженија. Повеќе не откривам ;) :)

    За ,,Покрај реката Педра, седев и плачев''
    Ова е преубава љубовна книга. Книагат ја пишува Пилар која подоцна многу страда и пати заради една навидум забратена љубов. Тие двајца се пријатели од детството. Заедно израснале, се до 18 годишна возраст на Пилар, а тој е неколку години постар од неа. Тој заминува во градот како и сите други момчиња од селото. И тука таа љубов која не била покажана и тоа прекрасно пријателство се прекинува. Тие контактираат само преку писма. По 9 години тој неа повторно ја кани да оди во градот и да се видат повторно, но до тој момент неговиот живот е целосно променет од тоа што таа го замислува. Затоа што се работи за католици, а тој сака да стане свештени, значи се одлучил за тој пат, не треба да се ожени. Тука настапува борба против неговите две најголеми љубови. Овде има и еден детал кој не би сакал да го кажам, ако некој ја зеде книгава в раце нека си ѕирне што како. На крај незнам како завршува, ја немам допрочитано имам уште некои 20 страни
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Чевлите на другата жена - Адел Паркс

    Интересна книга која се чита во еден здив,еве нешто накратко :



    Елиза и Марта се сестри,и секоја од нив го посакува животот на другата.Марта е мажена со Мајкл и во брак се веќе 10 години,и имаат прекрасен свој дом и две деца Метју и Мејзи.а Елиза живее со нејзиниот дечко Грег во стан изнајмен под ќирија,во нивниот дом владее многу музика,топлина и љубов.Елиза го напушта Грег,со тоа што ќе му каже дека сака живот како што живее нејзината сестра,дека сака семејство.А истиот ден и Мајкл е напушта Марта без да и каже причина поради неговото заминување од дома.Марта неколку пати ќе се обиде да го врати Мајкл дома,но залудно. Елиза по раскинувањето со Грег,излегува со други мажи и е во потрага по совршениот.И Марта почнува да флертува со други мажи,во едно кафуле го запознава Џек.Дечко со кој ќе ја помине вечерта,и ќе биде нејзиниот секс пријател.Тие двајца се постојано заедно.И во меѓувреме се заљубуваат.Токму тогаш кога ќе си ја признаат својата љубов,денот кога Марта треба да се разведе од Мајкл.Мајкл од неа побарува прошка побарува шанса,за повторно да бидат среќни,а Џек е заминат на работа во Њујорк.Незаминува таму,од аеродромот истиот ден се враќа назад и оди кај Марта дома :D
     
  8. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    ,,Дваесет илјади милји под морето ,, - Жил Верн ( ваљда вака се викаше писателот ).
    Имам дома доста добри книги, но ете ми текна таа од школо што ни ја дадоа.
    ''Книгата'' многу ми се допадна, посебно зашто се работи за авантури..
    Критика немам, но многу се зачудив кога на крај прочитав дека писателот никогаш не пловел во светот а во целата ''книга'' се работи за тоа. :)
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо - книга која ја прочитав во рок од 5 часа, не ја оставив додека не ја завршив, приказната не ме оставаше да ја затворам книгата.
    Еве што пишува на задната страна од корицата, нешто што ме привлече да земам да ја читам книгава која се наоѓаше на мојата полица што ја добив на поклон.
    Во метежот на најголемиот њујоршки аеродром двајца деловни луѓе, буквално, ќе налетаат еден на друг. Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе од десет илајди километри - тој е сопственик на рестора во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница.
    И понатака не пишувам, ова е доволно за да ја разгори љубопитноста за некој да седне и да ја чита. За тој што ќе се одлучи да ја чита мојата критика е дека како што се очекува - не е чиста љубовна приказна, туку е многу повеќе од тоа, книгата е трилер, во која не се раскажува баш за идеална љубовна приказна, напротив во книгава се испреплетени многу животни ситуации и тешкотии. Накратко со по еден збор се ова може да се сретне во книгава: развод, дете, убиства, полицајка, киднапирање, проституција, ФБИ, кучиња и многу други поими.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Хаклбери Фин-Марк Твен :)
    Една од највозбудливите приказни за детството и за растењето. Ода за потрагата по слобода и за тоа дека вистинските човечки вредности постојат во сите нас, без разлика на класната припадност и на нашата боја на кожата. Нејзин главен лик и раскажувач е Хаклбери Фин, палаво момче кое многу повеќе сака да скита отколку да ѝ дозволи на вдовицата Даглас да го воспита и да го одгледа како свој син. Растргнат меѓу желбата да биде „примерно“ дете и да ужива во слободата, Хаклбери Фин ќе проживее многу тешки моменти со својот татко, пијаница. На крајот, ќе го испланира своето „убиство“ и ќе успее да се ослободи од него. Дури тогаш започнуваат неговите вистински авантури по реката Мисисипи. Патувајќи со недели со избеганиот црн роб Џим, во Хак почнуваат да се борат чувствата на приврзаност и пријателство со општоприфатените ставови на општеството. На крајот, Хак и Том Соер го ослободуваат заробениот Џим со една спектакуларна акција...
    :P
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ерих Фром - Уметноста на љубовта
    (Пред се филозофска книга која зборува за љубовта, но и за многу актулени теми кои се случуваат во светов. Опишани се повеќе видови на љубов и секако не дава конкретен одговор како да се љуби зошто тоа не се учи. Поделена е на теориски дел на љубовта кој е подолг и опфаќа 80% од книгата и практичен дел на љубовта кој повеќе ми се допадна)
     
  12. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Последна книга што ја прочитав е Перфектна хемија од Симон Елкелс Лесна, тинејџерска драма, а бидејќи и јас сум во тие години мнг ми се допадна посебно карактерот на Алекс. Мекциканец, членува во банда за да ги заштити браќата и мајка му, главен фраер во школо. На изглед bad boy , а всушност едно мило `момче` кое чека да ја покаже нег. добра страна. Тука е и Британи, плавуша,која сите ја знаат по тоа дека има `перфектен живот`, перфектен дечко и секако не е се` како што изгледа. Нејзиниот живот е далеку од перфектен. Нив ги спојува еден проект по хемија.. и дали животот може да се смени?
    Одлична книга според мене :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    • hemija.jpg
      hemija.jpg
      Големина на фајлот:
      104,2 KB
      Прегледи:
      262
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    3те дела од 50 нијанси. Сите делови ми се допаднаа. Малце последниот дел Анастасија Стил знаеше да го тупи со својата ХРАБРОСТ, но без тоа немаше да е интересно. Кристијан Греј е буквално маж каков што би посакала секоја девојка. Барем јас така мислам. Мило ми е што ке се снима и филм по книгиве,а уште помило ми е што Ана ќе ја глуми Мила Кунис. Полн погодок !!! Препорачувам да читнете. :)
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Брида-Пауло Коелјо
    Како и сите книги на Коелјо така и оваа е со слична содржина,барем според мене.Не ме имресионира нешто многу многу.Се работи за девојката Брида која сака да стане вештерка.
     
  15. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Пламен сјај-Трејси Шевалие

    Сопствените мислења ми се поделени/.... една недела помина откако ја завршив, но се уште немам формирано мислење. најпрво ќе ја оценам со 6-7/10. Интересна приказна е за прилагодувањето на нова околина и зачетокот на една љубов и нејзиниот развој.
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    „Полиња со дово нарциси“ - Винка Саздова

    Приказната е за Сара, девојка изневерена од своето момче, која решава да замине што подалеку од него и од сите со цел да заборави на се’ што и се случило. Без одредена конечна дестинација за нејзиното бегство, Сара се качува на воз за Љубљана и заминува. На возот сретнува една старица која многу наликува на Сара - ги има истите сини очи, истиот израз на лицето, истиот ракопис, дури го носи и истото име - Сара. Како што се развива приказната (која истовремено го опфаќа текот на животот на повеќе личности во тој период и која ги испреплетува настаните што се случуваат во сегашноста со идентични случки кои што се случиле пред половина век), се откриваат многу идентични работи, повторувања на случки, имиња, ликови, настани од минатото, па се разоткрива и една цела мистериозна приказна што се крие зад сето тоа.

    Книгата лесно се чита, приказната не е некоја тешка и несфатлива, некаде дури е и интересна, но на моменти е досадна бидејќи на некои места како да тапкаат в место работите - како непотребно да се одолговлекуваат, развлекуваат, па го опаѓаат и интересот за читање и доаѓа да помислиш дека целта на е делото да наброи што повеќе страници.
    Мене и начинот на раскажување некако ми беше неприроден, чудно ми е кога читам нешто напишано во сегашно време. Повеќе ми се допаѓа раскажување во минато време, повеќе можам да се внесам во приказната.
    Немам негативна критика, но ја почнав со многу голема заинтересираност и можеби големи очекувања, за по некое време да се борам со страниците што побрзо да ја завршам, па да ја оставам некое време во мирување и на крајот во еден ден да ја дочитам.

    Прочитајте ја, можеби вам повеќе ќе ви се допадне :) .
     
  17. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Оркански височини

    Книгата е преубава. Дури ни двата филма снимани според неа не ми беа интерсни колку книгата. Брзо се чита. Не е филозофска. Готска е и мрачна.
    Љубовна, одмаздлива, непредвидлива, тмурна приказна за Катерин и Хитклиф.

    Прочитајте ја. Нема да погрешите. Преубав роман.
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    22.308
    Пол:
    Женски
    The Scarlet Letter by Nathaniel Hawthorne - ја имам за на факултет, и веднаш да кажам дека е напишана на стар англиски јазик. Тоа значи дека скоро секој трет збор ми беше непознат, и го барав во речник. Мислам дека да беше книгава напишана на модерен англиски, би имала многу побројна читателска публика. Вака е ограничена.
    Инаку, интересна е книгата. Се работи за жена која го изневерува сопругот, и има дете од швалерот. Затоа е осудена од општеството. На кој начин, видете сами, да не ви откривам. :) Во секој случај, препорачувам. Ем за зголемување на вокабуларот, ем за одмарање на мозокот од секојдневито.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Rose Petal Beach - Dorothy Koomson
    Книгава ја прочитав во еден здив. Преубава.
    Целиот свет на Тами се руши во моментот кога полицијата доаѓа на нејзината врата и го апси мажот и пред очите на нејзините две малечки ќерки. Оттука натаму се расплетува приказната на нејзиниот живот, приказна на лаги, измами...
    Ми се допадна тоа што ништо не е како што изгледа во книгава. Едниот момент си убеден дека е така, дека тоа се случило, во другиот веќе се премислуваш и си убеден дека тоа не е можно. Страниците се чини дека се вртат сами од себе.
    Топло препорачувам. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Goodnight, Beautiful - Dorothy Koomson
    Уште сум под импресии. Само што ја завршив и уште солзите ми стојат свежи на лицето.
    Дефинитивно најдобрата книга од неа до сега што ја имам прочитано. Ликовите се изградени до совршенство, дури и оние најспоредните, не верувам дека некогаш ќе ги заборавам. Страшно трогателна приказна, трогателна е благ збор, приказна за една безвременска љубов која никако да се оствари.
    Нова и Малволио се пријатели од секогаш, растат заедно, плачат заедно, се радуваат заедно... Мајката на Мал е биполарна, па родителите на Нова се грижат и за неа и за нејзините две деца. Мал уште од дете ја сноси одговорноста за неговата мајка, се грижи за неа, скеој пат кога таа ќе проба да си го одземе животот тој се надева дека тоа е последниот пат. Кога доаѓа времето за колеџ Мал останува дома, а Нова оди да студира во Лондон, но тоа не ги спречува да се гледаат и слушаат постојано... Нова во еден момент сфаќа дека е заљубена во Мал, дека тој е оној на кој сака да му ја даде невиноста и својата љубов... Но Мал на 18 години не може да се сноси со тој тоа, па и вели дека сака да бидат пријатели, пријателството е поважно и подолго опстојува. Таа мисли дека тој не ја гледа на тој начин, ниту пак дека некогаш ќе биде така и ја потиснува својата љубов. Она се мажи за Кит, Малволио за Стефани. Која е исто така биполарна, како мајка му. И не може да има деца. Но откако запаѓа во депресија и сфаќа дека сака да има дете, Мал и Стефани ја замолуваат Нова да им биде сурогат.
    Од тука се оди надолу... Парот се премислува за детето, ја оставаат Нова сама и трудна, Мал не може да ја остави жена му која му дава ултиматум, или Нова и детето или она...
    Мал го прави својот избор, но по осум години, кога Лео е во кома, се се менува, се станува една бура...
    Дали ќе успеат да ги одржат браковите, дали Лео, детето кое го отфли еден пар, но го израсна една прекрасна мајка ќе успее да излезе од неа?
    Страшно добра книга, дефинитивно на врвот на мојата листа.