1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Сара Дунант-Раѓањето на Венера
    Оваа книга е од оние книги кои не ви даваат да престанете со читање. И кога ќе ја завршите, чувствувате како тукушто да сте излегле од некој друг, поинаков и нереален свет на бои, нијанси и материјали.
    Одличен почеток, и уште подобар завршеток. :)

    Ме наежи целиот опис на раѓањето, болката која ја чувствува и на крајот
    кога кажува дека робинката ќе и помогне во самоубиството, се расплакав. Сето тоа не беше толку тажно, ама мене ме допре.
    Кажува и за љубовта, онаа вистинската и дека колку и да ја потиснуваме, пак испливува на површината.
    Топло препорачувам :hai:
     
    На Jeny и Salome им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Жена во црвено- Eјлин Гоуџ
    Две приказни споени во едно, минатото и иднината.
    Големата љубов помеѓу внуците на поранешните љубовници.

    Интересна приказна за една жена која ќе биде сведок на убиството на нејзиниот син.
    Таа завршува во затвор поради обид за убиство на убиецот на нејзиниот син.
    Но по 9 години се ќе се измени, Овен(убиецот на нејзиниот син ) станува градоначалник на нејзиното родно место.
    Тука е и нјезинот син Џереми кој ќе биде лажно обвинет за силување.
    Не ме бива за објаснување

    Лесна, интересна книга, на моменти малку досадна.
    Доколку немате друг избор слободно прочитајте ја. Инаку не ја препорачувам, дефинитвно не е мој тип на книга.
     
  3. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Баш отворив да пишувам за оваа книга. Каква коинциденција ;) Синоќа ја дочитав и морам да признаам дека многу позитивно ме изненади оваа книга. Ја препорачувам на сите, особено на оние кои сакаат историски книги и уметност :)
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    гијом мисо-врати ми се

    споменав и претходно во една од темите како на пола така и до самиот крај не ми се допадна воопшто, прво преводот беше ужасно лош и фрустрирачки за мене, што мислам дека ми ја уништи секоја желба да добијам позитивна слика за романот. не ми се допаднаа ликовите ниту самата приказна некако премногу површно веќе видено но и на еден начин хаотично. ништо посебно ни стилот на пишување но ајде да не осудувам бидејќи преводот е лош...

    али решив да му дадам уште една шанса и ја почнав ангелски повик па да видиме...
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^Читај ја Затоа што те љубам(ако не си ја читала), најдобра е од него, според мене. :)

    Јас ја завршив The woman he loved before од Дороти Кумсон, последната книга што ја имам од неа, а од се што има објавено досега ми останаа уште две да ги прочитам, ама не можам да ги најдам.

    Уште една прекрасна книга од неа, женава навистина знае да пишува. Уживав во секој прочитан збор, ми се допаѓа што речиси секоја книга e со различна структура, ликовите се секогаш перфектно изградени, не можеш а да не се поврзеш со нив.
    Кога Либи го здогледува Џек смета дека е сноб и вообрзен, но тој е фасциниран од нејзината појава. Затоа му треба малку време додека ја убеди да излезе со него. Откако го запознава подобро Либи сфаќа дека не е таков како што мислеше на почетокот и се вљубува во него. Но не е се така едноставно... Џек веќе има една покојна жена која починала под сомнителни околности. А по сообраќајката која Либи едвај ја преживува копчето почнува да се одмотува. Која е всушност Ив, првата жена на Џек? Дали тој се уште ја сака или можеби е одговрен за нејзината смрт?

    Навистина преубава книга, жал ми е што немам веќе ништо од Дороти за читање, ама се надевам дека ќе најдам наскоро.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    10.354
    Пол:
    Женски
    Исчекуваната - Кејтлин Мекгован

    Се испоставува сознанието дека сепак постои свиток напишан од Марија Магдалена, во кој таа ги раскажува, поточно ја запишува својата верзија на настаните од Новиот Завет.

    Тоа го открива Морин Паскал, новинарка, фасцинирана од жени како Марија Антоанета и Марија Магдалена.

    Во нејзиното истражување во Ерусалим, следејќи го патот на Исус до неговото распнување ја добива првата визија, на која нема да ѝ обрне посебно внимание сè додека не почнат тие визии да зачестуваат и започнува потрага.
    Оваа е прва од серијалот, треба да излезат и други делови за да се добие целосна слика.Топло ја препорачувам. :)
     
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Конечно во моите раце падна „Заточеник на небото“.
    По не знам кој пат му се поклонувам на Зафон, кога е во прашање овај автор нема што да се кажува.
    „Заточеник на небото“ е дел од циклусот на романи за „Гробиштата на заборавните книги“. Во Заточеникот продолжува приказната за Барселона од 20 век, за мрачната Барселона и сите тајни кои ги крие, а добро познатите ликови се трудат да ги откријат. Овој пат во книжарницата на Семпере се појавува еден странец кој купува еден скап примерок и во него пишува посвета и го замолува Даниел да ја достави книгата до оној за кој е купена. Кога Даниел прашува за адреса, тој му кажува дека книгата е на вистинското место, посветата е за неговиот пријател Фермин Ромеро де Торес. Кој е странецот? Каква врска има Фермин со Давид Мартин (од „Играта на анѓелот“) и каква тајна ќе дознае Даниел за своето семејство ве оставам сами да прочитате и да откриете бидејќи вреди секој збор напишан во книгава, а и во останатите две кои најтопло ги препорачувам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Таблета против стравот - Андреј Курпатов[​IMG]
    Одлична, лесна книга која се чита во еден здив исполента со совети. Ги содржи речиси сите видови на стравови и на некој начин чекори и совети како би требало стравовите да се совладаат. Преку стории од неговите пациенти ги претставува стравовите и начините на пребродување на истите и неговиот начин на лекување. Андреј Курпатов е познат руски психолог.
    Можеш ако веруваш дека можеш - Норман Винсент Пил
    Книга исто така исполнета со совети и начини како да се живее подобро животот. 369 страници кои се читаат брзо. Преку писма и разговори со негови познаници, пријатели, обични луѓе кои ги среќавал на различни места(писателот) ја опишува моќта на надежта, верата и разумот. Можеш ако веруваш дека можеш е мислата која го води писателот низ целата книга и од петни жили се обидува да им помогне на сите кои ја читаат книгата да веруваат во себе, да се исполнат со позитивни мисли, да не сфаќаат се сериозно, а воедно и самите себе да не се сфаќаат сериозно, да се употребува хуморот. Ја покажува моќта на позитивното размислување покажувајќи дека секоја болест може да се излекува со помош на силната моќ која ја поседува нашиот ум. И уште многу други работи. Воедно Норман е свештеник мислам кој држел говори насекаде низ светот, на многу значајни настани, исто така насекаде ја истакнува и вербата во Бог и неговата голема помош ако му веруваме цврсто и му се молиме.
    Немора да се согласувате со се што е напишано во книгата, неморате да ги прифатите сите гледишта на писателот, но не е лошо да се извлече барем една мудра поука. А највредните нешта кои ги научив од книгава се:
    - Животот продолжува понатаму и е премногу краток за да размислуваме за минатото.
    - Можеме многу да постигнеме со моќта на нашиот ум, цврсто потпирајќи се на нашиот разум и рационално размисување можеме да поместиме и планини.
    - "Секојдневно да се миеме со ментален сапун"- мисла на некоја докторка на која не ми текнува името во моментов која се среќава во 2 наврати.
    И уште многу други поуки.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Актерот од Братислав Ташковски

    Уште од насловната се наѕира делото. Роман за Ристо Шишков, на чија корица се препорачува да се погледне сликата Час по анатомија на Рембрант, додека уживате во звуците на Моцартовиот Реквием.

    Морам да признаам дека Шишков ми е симпатија, :$ со оглед на тоа како добро изгледал во младоста.
    Ми бил познат по неколку македонски филмови (Македонска крвава свадба, Кенгурски скок, Црно семе), но никогаш не сум се заинтересирала подлабоко за неговата животна сага.
    А требало.
    Треба сите да го сторите тоа. :!:
    Можеби стилот не е најсовршен, тече едноставно, народски и непретенциозно, да не кажам - лагано.
    Низ приказната се запознаваме со Вампирот, кој е на смртна постела, и си ги исповедува своите гревови, како главен удбаш и кодош, а претпоставен на ситните кодоши во времето на Југославија - т.н. вампирчиња во книгава.
    Она што ја издвојува книгата е неверојатната ВИСТИНА, соголена до гола кожа.
    Напорите на Шишков да се издвои Македонија, македонското, своето, наместо да биде последното дупче од шупелката, биле толкувани како национализам, ширење омраза, етикетиран како гласноговорник против Федерацијата и непријател на Маршалот.
    Несфатен, погрешно обвинет, премногу талентиран, прегорделив и инаетлив, голем актер и голем човек.
    Во тоа време срам и трепет воедно, а денес - херој.
    Скришум обожаван, јавно плукан, тајно - кодошен.
    Никогаш недоволно ценет во своето време.

    Неговата тажна животна сторија ме натера да се замислам.
    Ја поздравувам идејата за овој уникатен роман.
     
  10. angelina1

    angelina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Летни лаги- Бернхард Шлинк,исто така автор на Читачот,воодушевуваат и двете,ако ви дојде при рака негова книга,не ја испуштајте.
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Ангелски повик -Гијом мисо

    Нијанса подобра од "' дали ме чекаш" но сепак не ме одушеви нешто. Стилот тој па тој нема некоја посебна убавина, приказната беше ок на некои делови тешко клише а на некои делови интересна . Значи да не ве замарам со детали и критики за работи кои ми паднаа во око ќе кажам просечно, лимунатка за брзо да се напише и брзо да се продаде. Површна.
     
  12. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Крпен живот - Стале Попов

    По вторпат ја читав.
    Запознаена сум со селските работи колку-толку од раскажувањата на родителите, бабите и дедовците, па можев да си замислам како отприлика изгледале работите опишани во книгата.
    Незнам колку од вас ја имате прочитано, ама за оние кои сеуште ја немаат, се работи за еден вдовец и вдовица кои на стари години се земаат. Доста Рожденката 16 години била слугинка во Солун и по смртта на сопругот се враќа во Мариово каде веднаш се мажи со вдовецот од Витолиште, Илко.
    И покрај љубомората и лицемерието од јатрва и успева да создаде домаќинска фамилија и да воведе нови моди во селото.
    Прва почнува да ткае шарени ќебиња и алишта, носи нови рецепти, прва ја праќа ќерка си на училиште.
    Книгата завршува happily ever after со мажењето на ќерка и Неда со поповиот син Кире.
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Гијом почнав да го читам со Ангелски повик и сега уште малку ќе ја имам цела негова колекција. Во рок од 2 дена ги прочитав поседниве книги, а вечерва ја започнувам и третата што ја одбрав, и после тоа да го докомплетемирам.
    Што би правел јас без тебе - Гијом Мисо
    Љубовна приказна која започнува на нејзини 20, а на негови 21(мислам) години, Габриел и Мартен се запознаваат, поминуваат прекрасно лето заедно, но тој заминува во Франција од каде што е и дојден. После 13 години тој е успешен полицаец кој ги брка крадците, а всушност нејзиниот татко за кој мислела Габриел дека е мртов е најголемиот и најбараниот крадец кој ќе се соочи со Мартен. Низ цела книга има неизвеснот и книгата беше возбудлива, се фрлаат и крадецот и Мартен од мост, а после тоа, кој сака да го знае крајот - откријте сами.
    Мене многу ми се допадна
    Затоа што те љубам - Гијом Мисо
    Извонредна приказна, т.е сплет на приказни кои на некој начин се поврзани, цела книга е неизвесна и дури на последните 20 страни е расплетот. Накратко се започнува со едно девојче Лајла кое се изгубило, а татко и Маркес кој е психолог и неговиот другар од детство, колега и најдобар пријател Крег(мислам дека вака се викаше) се главни ликови исто се појавува и Иви со нејзината трогателна приказна и богатата наследничка Алисон Харисон со нејзината приказна која всушност го убива "момченцето", а тоа е Лајла. Преку хипнозата која ја спроведува Крег на крај се доаѓа до расплетот, а Маркес, Иви и Алисон возејќи се со авион се соочуват со нивниот најголем проблем и на крај се помируваат со тоа. Извонредна книга која ми остави најголем впечаток до сега од сите негови книги, а воедно и моја омилена книга.
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Јужно од границата, западно од Сонцето-Харуки Мураками.

    Прекрасна книга.
    Додека ја читав нонстоп имав чувство дека авторот ја напишал книгата за многу кратко време, дека зборовите едноставно извирале од неговите раце, дека е напишана со таква леснотија со каква што и ја прочитав.
    Раскажува за првата, никогаш незаборавена љубов, за која Хајиме не ни помислува дека ќе му остави таков белег и дека е причината за неговата несреќа, дека токму таа личност недостига во неговата бајка за да се биде совршено.
    Хајиме малку ми наликуваше на ликот на Драшко во Парадоксот на Диоген на Томе Арсовски бидејќи и двајцата имаат се што многу луѓе би посакале, но сепак, не се среќни, нешто им недостига и го бараат тоа и човекот во себе. Проблемот е што Хајиме и неговата жена се совршено среќни, што се им тече премногу мазно.
    Хајиме како лик исто ми е многу реално претставен, човекот како суштество кое може да нанесе болка, понекогаш и несвесно, но дека ја има способноста да остави траен белег врз нечие срце и склоноста на човекот да греши. Од страна сите знаеме да кажеме што е правилно, но во нас ја имаме склоноста да правиме грешки, тоа што мислиме дека е правилно. И најлошото е што, одново да бидеме во истата ситуација пак би постапиле така. Дека има различни видови на љубов.
    Желбата на човекот да се измени и да стане подобра личност, што е неизбежно и посилно од нас самите понекогаш бидејќи постапуваме крајно злобно и егоистички.
    Една од книгите кои ќе ги паметам. Премногу е добра за да се чита двапати. :bow:
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    А потоа - Гијом Mисо
    (Мислам дека ја имам сега цела негова колекција од 6 книги, ако има уште некоја известете ме)
    Oд сите негови што до сега ги прочитав оваа не дека не ме трогна, ама некако како да се заситив од неговиот начин на пишување. Станува збор за мало сиромашно момче Нејтан и едно девојче од Mелори од богата семејство каде мајка му на Нејтан е куќна помошничка т.е чистачка. Eден ден кога имаат 8 години таа се фрла по змејот кој и оди в река и почнува да се дави и тука е Нејтан кој ја спасува, но белите дробови му се полнат со вода и доживува клиинчка смрт. 3а истата случка ќе прчита во досието на доктор Герет Г. кој ќе се појави после 30год. како Гласник кој ја предвидува смртта. Нејтан и Mелори од нивната 13 год. кога им се случува првиот бакнеж се во врска, на 18 год водат љубов и еден ден стануваат брачни партнери. Им се раѓа ќерката Бони, а нивното дете Шон умира на 3 месеци. Нејтан за да и докаже на Мелори дека е достоен за неа(нејзините не и дозволувале првично да биде со него) станува познат и најдбар адвокат во неговиот град. И потоа, се случуваат многу работи, накратко се случува смртта насекаде, Нејтан е опкружен, но и опседнат од смртта. Кого го интересира слободно може да земе да ја чита.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Книги на компјутер јас не читам, а библиотекава е сиромашна со англиски книги. Ама случајно, ја најдов оваа If tomorrow comes од Синди Шелдон.
    Искрено, ја имам слушнато женава ама појма немав што пишува. Книгата во секој случај пријатно ме изненади, затоа што очекував некоја комерцијална глупост. Раскажана е приказната на Трејси, најобична девојка која поради склоп на околности иако невина завршува во затвор. Откако ќе излезе, решава да се одмазди, но потоа започнува да работи како измамник. Ама од оние интересните.
    Многу интересно се опишани нејзините измами, некои ми беа онака просветлувачки (а 90% ги знам заради блага зависност од криминалистички книги и серии и тука има неколку доста креативни). И има и момак, не дека нема. :D

    Најдов и мини-серија дека снимиле во 80-тите, па сега ја симнувам да ја видам. Иако е 400 страни, јас за два дена прочитав книгава (маана ми е ова, кога ќе се навлечам на книга, не можам да ја оставам). Препорачувам.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    ^ Еве ја жената. :rofl:
    [​IMG]
    Сидни Шелдон е. :)
     
    На Buttterfly, Hipica, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    " Бојата на златото"- Роуз Тремејн.
    И сега затоа што кога ја читав " Музика и тишина" останав подзината, воодушевена, со пеперутки во стомакот што ги добиваш откако ќе прочиташ јако " книжуле", си викам што ти знам јас може да е и оваа барем приближно добра. А памтам дека кога ја дочитав "Музика и тишина" пишав во некоја од темиве и баш, мислам Реинбоу беше, ми спомна дека "Боја на златото" разочарала.

    Ама ај си викам не може да биде толку лоша. Ја прочитав и ништо. Ни пеперутки, ни гасеници, ни С од прекрасниот стил во оваа другава.

    Се работи за еден пар Џозеф и Хариет, кои заедно со мајката на Џозеф, решаваат да се преселат од Англија во Нов Зеланд. Паров не се нешто многу многу заљубени, станале маж и жена само од склоп на околности, таа сакала да види нешто повеќе од тоа да биде гувернанта, тој бега од грев што го направил во Англија. Не им тргнува нешто нај, нај, и кога ќе стигнат во Нов Зеланд. Еден ден додека Џозеф се обидува да копа место за езеро, наоѓа прав од злато. Се опседнува со тоа, ги остава Сопругата и мајка си заминува во потрага по златото. Мајката на Џозеф умира, па Хариет оди да го извести. И се несреќа по несреќа. Хариет наоѓа злато, па го остава велејќи му да дојде по неа по еден месец. Настанува поплава таа останува отцепена во една куќа со еден Кинез. Забременува од него, наоѓаат злато, тој се враќа кај сопругата и детето, таа назад во местото каде живееше, за да изгради фарма. А Џозеф наоѓа дел од златото што Хариет го имаше ископано и се враќа во Англија за да се искупи за гревот што го направил , но не успева.

    И така двајцата некако безврска завршуваат, како и останатите во книгава. Шта да ти причам, што знам, дали дека многу очекував. Не знам, разочара, тој е зборот.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Момент да отидам јас да се удрам од ѕид два-три пати. Абе како маж е, па женска слика имаше позади на книгата :o :o :o Леле му читам биографија сега и елегантно тонам во столицава. :$ А немаше биографија ви книгата, они на мене.

    Е да ви кажам, ако е маж уште поизненадена сум. Мислам какви сочни детали имаше напишано, бре бре бре.
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
    Уште една прекрасна љубовна приказна која за жал има тажен крај. Накратко Елиан е доктор кој му го спасува животот на неговиот најдобар пријател Мет уште пред да стане доктор и од тој момент кога Мет му станува должник се најверни пријатели.Во животот на докторот ќе се појават различни личности меѓу кои и неговата ќерка Енџи и лабрадорот на буквата Р.(не ми текнува на името). Неговата најголема љубов Илијана која ја сретнува на многу судбоносен начин од тој ден знае дека му е пишана, за после тоа судбината да мора да ги раздели, за повторно пак со игра на магичните пилулу повторно да ги спои. Во кратки црти е ова, а за целосно да се доживе, мора да се прочита. За сите реалисти и оние кои веруваат дека некогаш во животот мораш да направиш некоја жртва за да спасиш нешто друто.