1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Добро де, зарем ќе треба да си пишам два поста еден под друг?
    Сега најубаво ќе беше да ја избегнев темава, ама ради тоа што многу слабо паметам критики практикувам после секоја прочитана книга одма критиката овде да ја напишам и темава ми стои како потсетник на тоа што сум го прочитала и сеа ќе морам да си признаам на самата себе дека станав рекордер во читање книги што докажува и темава. :lol: Шејм он ми. :tmi:
    Врати се - Гијом Мисо
    Изобилува со малку фантазија, повеќе приказна за животот и за шансите кои ни ги пружа истиот наместо за некоја љубовна приказна иако се прикажани и други области од животот. Доста поучна книга за тоа како треба да се искористи секоја прилика од животот т.е сите моменти кои ни ги пружа денот треба добро да се искористат за да не жалиме за пропуштената шанса.
    Но, овде главниот јунак Итан добива шанса за повторно да го проживее животот и да ги поправи сите грешки кои што ги направил. Добива 3 шанси, во сите тие шанси не успева целосно да ја промени судбината, но во последната шанса успева да си поигра со судбината, го сменува нејзиниот правец, но сепак таа е посилна од него. Не би да навлегувам во детали, само на кратко ќе направам план за кога ќе го читам да ми текне за што се работи.
    Напуштање на свршеницата и неговиот пријател Џими, кои нема да ги види долго време и после долго време ќе дознае дека всушност таа била трудна, ја носела неговата ќерка Џеси.
    Станува експерт во својата професија, пишува книги, оддржува семинари, учествува во најпознати емисии, го има во весници, но сепак е сам и не ужува во славата и богатството, сфаќа дека ништо не е поважно од пријателите и љубовта.
    Средбите, девојката во неговиот кревет, стјуардесата Селин која станува љубовта на неговиот живот, Лизи неговата помошничка, клубот, платениот убиец, мајката со двете деца кои ќе ја турне со автомобил Џеси, но нема да ја убие бидејќи Итан ја спасува, трите куршуми, Кармата и Судбината(таксистот и лекарот.
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    1Q84 - Харуки Мураками

    Од каде да почнам . . .
    Секогаш се водам по правилото дека премногу зборуваното и отупуваното да не го чепкам, да не го почнувам оти фамата ме нервира, или пак ќе чекам да стивне па тогаш ќе видам што е.
    Можеби требаше за трилогијава повеќе детали и критики да барам на интернет пред да ја добијам на поклон. :D
    Критики имам неколку. Никогаш не сум била заинтересирана нешто посебно за источно азиската култура, ретки се книгите кои сум ги читала а се поврзани со настани во тие земји, да не зборам порниќите ги одбивам веднаш, одбивност ми ствараат само како сликичка, не па како акт. :rofl:
    Во оваа книга си имаше доста моменти на еротика (некогаш и порно), а јас си сакам такви делчиња од книга што опуштаат и скокоткаат. Во овој случај замислата на две жени напати спомнато ме одвраќаше од помислата на нешто секси. Не ми се допаднаа ни малку тие делови. :| Стварно не знам од каде стана инвазија на овие луѓе се живо да поврзуваат со секс. :^) А мене ни малку не ми се привлечни во тој sexual way.


    Единствено добро е што кон крајот на делов односно првава книга се откриваат неколку коцки околу мистеријата заради која што и ме привлече на прв поглед.
    Влегува малку и во паранормални светови, човековата свест и замисла, дали навистина живеевме во сегашноста и сл.
    Ми се допаѓа главната женска улога, очекувам нејзината личност да дојде уште повеќе до израз во вториов дел кој сепак ќе си оставам време за да го прочитам.
     
  3. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Моќта на потсвеста
    Најмногу ја читав поради моето песимистичко размислување.Еднаш во животов не сум размислувала позитивно,никогаш.Искрено не ме промени како личност, но ми го промени погледот кон поимот оптимистичко размислување-верба дека ќе успееме во она што го сакаме.Ја купив книгава да ја имам и да ја читам секогаш кога ми е тешко,кога размислувам да се откажам од нешто или не.Се на се од мене има :up: книгава
     
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Раскази- Едгар Алан По

    Книгава си ја купив затоа што сум фанатик на Едгар Алан По. Толку бев трогната од неговиот живот и дело, што мораше да биде љубов ! :lol: :inlove: Книгава содржи 11 раскази (Падот на куќата Ушер, Морела, Елеонора, Украденото писмо, Порака пронајдена во шише.......) И сите раскази (подразбирливо со неговиот стил) се нераскинлива врска на реалното и надприродното. Книгава избегнував да ја читам навечер :lol: затоа што толку се мајсторски напишани расказиве, што веднаш се внесуваш и сите грозоморни работи како пред тебе да се случуваат. Извонреден Мајстор на јанѕата како што го нарече Аполон Гилевски ,кој сигурно страста на своето пишување ќе ви ја долови толку сликовито што ќе ви е страв да мрднете. :lol: За Едгар Алан По би дробеладо утре, но кој е фан на мистеријата, детективскиот расказ, притисокот и мистиката обавезно да ја прочита
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Рингишпил - Јелена Бачиќ-Алимпиќ


    Со еден збор опишана - трагедија.
    За мене најболната тема за сфаќање, читање и слушање - смртта, ја имаше прекумерно во книгава речиси на секоја втора страна некој умираше. Зошто жено си ја напишала најдепресивната книга? ;(
    Ана Балинт од толку луѓе покрај себе, остана жена самотник. Си реков белким со малата Исидора и Ѓорѓе сепак ќе ја остане, и нив ги умре во авионска несреќа. :@
    Пишувана е на наједноставен начин дури и премногу едноставна за мој вкус, а подепресивна и од Спаркс.

    Не знам ни дали би ја препорачала оти може некој ќе си стекне впечаток дека е љубовна, не луѓе, трагична е премногу. Земете ја за плачење што да кажам, ама се осеќам празно после книгава.

    Фала и на авторкава што на речиси секоја страна ми ја тупнува најголемата болка на свет - загубата на најблиските.
     
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Госпоѓа Бовари - Густав Флобер

    Франција - 19 век - реализам. Има потреба да кажам повеќе?
    Ги обожавам француските романи од овој литературен правец.
    Приказната и судбините на ликовите пробиваат до срж.
    Ако ве интересира содржината на книгата - Го следиме животот на Ема Бовари, жена на еден селски „лекар“ во француското фиктивно село Јонвил во кое се доселуваат после животот во Тост. Ема копнее по страста и љубовта од романите додека нејзиниот сопруг, неквалификуван да биде лекар по некоја игра на случајот спасува неколку пациенти меѓу кој е таткото на Ема. По смртта на неговата прва сопруга со која стапува во брак поради пари ја бара раката на оваа убавица и ја добива. Таа најпрво мисли дека го сака. Ама премногу слободно време и самите знаете удира во глава. Ема е егоцентрична жена која дефинитивно се преценува себеси. Негрижлива мајка и сопруга, поради тоа што е несреќна со нејзиниот сопруг.
    Верувам и вие би биле, но нејзините постапки сонови и мечти се многу поголеми од нејзините можности што води до нејзин пропаст. Не откривам повеќе. Човекот е големо име во литературата, романот е проценет како ремек-дело, тема на дискусија на доста познати филозофи.
    Како теми се обработени: неадеквантноста на јазикот, немоќта на жените, опшествената положба...
    Единствено што многу ми пречеше во преводот е прекумерената употреба на зборот најсетне. Значи преку 60-70 пати е употребен, без претерување. Сигурна сум дека имало посоодветен збор од овој синоним на најпосле. Мора да има!

    Како и да е, книгата вреди да се прочита и топло ја препорачувам на сите љубители на класици!
     
    На Buttterfly, Monroe и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    13.029
    Пол:
    Женски
    Јулија од Ен Фортие

    За да не ја расипам книгата за некој што не ја прочитал, прво ќе ви раскажам што е напишано позади на корицата: главен лик е девојка што се вика Јулија која по смртта на нејзината тетка дознава дека Шекспировата Јулија е нејзин предок и тргнува за Италија да дознае повеќе за богатството кое останало по трагичната смрт на средновековните љубовници.
    (повеќе во спојлер)

    Книгата паралелно раскажува што се случува со денешната Јулија, нашата хероина, и оригиналната Јулија на која е базирана драмата на Шекспир, ама всушност била сосема друга приказна сместена во Сиена, мал историски град во Италија. Релативно рано во книгата се дознава дека по смртта на Ромео и Јулија, нивниот најголем поддржувач калуѓерот Лоренцо им ставил клетва на фамилиите се додека не се покаат за нивните гревови врз младите заљубени. Целата приказна се состои од откривањето на точната клетва и како таа може да се поништи, правилната приказна за Ромео и Јулија, и секако романсата меѓу соодветните ликови во модерно време. Иако на крајот на книгата има белешка од авторот во која се вели дека, иако базирано на вистински историски факти, оваа цела приказна е измислена, навистина посакувам да ова била вистинската романса; и споредено со Шекспир оваа многу повеќе ми се допаѓа. Расплетот на приказната е премногу драматичен и нереален, додека остатокот од книгата кој ја отсликуваше релативната денешница го сметав за прилично разумен и реален, како да навистина и можеби се случил (се до разочарувањето во белешката на авторот каде се вели дека не е вистина ;( ). И секако по фантастичното откривање на богатството од 14тиот век, т.н. Очи на Јулија, следува венчавка и нормално си живеат среќно до крајот на животот (ептен мој стил на книга :inlove: )
    Се на се, топло ја препорачувам на секоја Феминка, особено на оние со меко срце за романтика, па макар и да ја имате прочитано Ромео и Јулија и сте си рекле: будали тинејџери се убиваат за љубов... :lol:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Hypnotist - Lars Kepler
    Конечно ја дочитав книгата. Се измачив да ви кажам право. Прво, не знам дали беше до преводот, ама речениците беа ужасно склопени, иритирачки. Премногу поглавја временски ограничени, се повторуваат некои сцени од различна перспектива што само ја одолговлекува приказната, на половина од книгата се чувствував како да сум земала да читам друга приказна кога се префрла дејството, некои работи се многу нелогични, некои не се ни разјаснуваат, ликовите се многу матни.
    Се на се, не знам како книгава е толку продавана.
     
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Body Double-Tess Gerritsen
    Мене многу ми се допадна книгата! Имала уште две-три поврзани изданија пред неа ама јас не ни забележав.
    Одличен трилер. Интересен заплет и доволен број ликови.
    Ногу трудници се насобраа али ОК,тоа беше дел од заплетот! :D
     
  10. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Ѓаволот на перверзноста-Едгар Алан По

    Колку и да коментираам за оваа изузетна личност малку ќе ми е....само ќе речам дека уште еднаш јас да купам книга од Ѓурѓа нема да се случи ! Катастрофален превод и многу неразбирливо :devil:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Интересна чиклитка, се чита во еден здив. Ми се свиѓа хуморот и сарказмот на Џули Џејмс, добро си се посмеав. Иако морам да кажам дека Само најсекси маж е за нијанса подобра од оваа.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Мене омилена ми е Џули Џејмс ја обожавам има своја уникатна саркастична смисла за хумор. Ако не си ја прочитала оваа книга би ти ја препорачала да ја прочиташ, ова е нешто најново од Џули Џемјс. Ја има во сите книжарници јас ја зедов од Топер 390 денари. :$
    [​IMG]
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Никаде без ќерка ми


    Книгава за рекордно време ја прочитав, а има 460 страни.

    Ме потсети уште еднаш на суровите и бесмислени обичаи на Исламот. Една Американка заедно со нејзината ќеркичка и мажот Иранец одат во посета на Иран која наместо да трае 2 недели како што е договорено, трае со години затоа што жена му се претвора во заложник.
    Не е прва книга која сум ја читала, а во која вака експлицитно се опишани сцените. Нормално дека од страна гледано, го впиваме ко сунѓер секоја навреда, шлаканица, омаловажување, но да знаеш дека за некого таму некаде тоа е нормално, единствено фанатизмот ме убива. Верата ко вера не можеш да ја побиеш, ама заблуденоста?

    Грозна и болна работа.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ја имам книгата, ама е дел од серијал, FBI / US Attorney Series, а таа е втора книга, првата е [​IMG], па ќе ги читам по ред кога ќе имам време. :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Опасно блиску - Линвуд Баркли

    Конечно ја дочитав, не дека не беше интересна, туку дека имав многу обврски, па не можев да постигнам. Инаку се чита за два-три дена, книга која што не сакаш да ја оставиш. Возбудлива, убаво напишана, јасна. Мистерија, трилер, драма. Тоа што најмалку го очекуваш, тоа се случува, интересен сплет на околности, голем број на личности испреплетени, многу тајни... Ја препорачувам! Дефинитивно книга која не тера да размислуваме, што може поинаку да направиме секој ден.
     
  16. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Вештицата од Портобело-Пауло Коељо
    Некаде до седумдесеттата страна сум-па добро интересна,биографија за една девојка која има некои натприродни моќи......не е нешто да не можеш да ја оставиш али во секој случај така...... :?: :?:
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Мојот дедо Луј Витон
    [​IMG]
    Исидора со нејзиниот маж Н. и двете деца тргнуваат на крстарење по Атлантикот, а крајна цел се Каналските острови. Но, се чини таа патува во светот на Луј Витон, во тој свет на чанти, куфери со магичното лого ЛВ, т.е. таа зависник од ташните на Луј Витон.
    Исидора ги класифицира градовите по:-има продавница Луј Витон-нема.
    На тоа патување таа се простува од својата омилена ташна, бидејќи ја крадат во Барселона, па ја наоѓа за да повторно се прости од неа. Но, не е тоа највозбудливата работа што се случува на тоа крстарење.
    Таму помеѓу кабините на бродот таа се запознава со една необична французинка, Жана, која поседува многу интересни и скапи парчиња со логото на Луј Витон.
    Жана ја поканува Исидора кај нејзината баба Полет која е на смртна постела, таа прифаќа да оди само затоа што Полет има голема колекција на Луј Витон ташни и куфери.
    Ја прочитав во еден здив, оти сум обожавател на Луј Витон :inlove:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Do they wear high heels in heaven?
    Корицата на книгава дефинитивно не го подготвува читателот за тоа што го очекува откако ќе ја отвори.
    Јас очекував некоја интересна, лесна приказна со емоции, ама и те како сум се излажала. Ја прочитав за неколку саати, до толку не можев да ја оставам. А и да не ви кажувам колку солзи пролеав. Одамна не сум прочитала толку топла приказна, приказна која промени нешто длабоко во мене.

    Настаните се прикажани преку очите на Лили и Мајкл, најдобри пријатели веќе дваесет години. Приказната започнува со Лили која го прославува својот 35 годишен роденден, ако се лажеме, ако не, го прославува четириесетиот. Разведена жена со две деца, Тара и Ноа и најдобриот геј пријател Мајкл Енџело(да, Мајкл Енџело :lol: ). Јас ја доживеав како една брилијантна жена која знае да ги избере своите битки, знае да го живее животот со хумор иако животот и поделил доволно лимони. Го работи тоа што го сака, новинарка која пишува колумни за Хералд Трибјун. Така добива задача да напише колумна Борбата со ракот на дојка и оди да направи мамограм за да го опише искуството и да ги охрабри читателките. Но наместо тоа открива дека има агресивен рак. Животот и се менува, но силна и тврдоглава, не дозволува ова да ја порази, напротив, сфаќа што е важно, нејзината сила ме трогна до солзи...

    Мајкл е со неа низ целиот овој процес, толку долго време се најдобри пријатели, Лили секогаш е со него, за време на сите негови тешки моменти. Додека бил на колеџ во безбол екипата, неговиот најдобар пријател Чарли открил дека Мајкл е геј и дека е заљубен во него. Заедно со другите го чекаат во соблекувалната и го претепуваат, го оставаат да лежи целиот крвав и едвај жив. Тренерот му вели дека ќе викне брза помош само ако рече дека нема да каже кој му го направил тоа бидејќи си го заслужил. Си го заслужил. :x Каква суровост... Како тоа да не е доволно татко му во болницата му вели дека дознал што е работата и не сака да има веќе никаков контакт со него, дека се откажува од него. Па како не го здоболе срцето да го види син му целиот претепан, без разлика на што е? Не можам да ви опишам колку не можев да се помирам со овој дел, со целата таа суровост...

    И до крајот на книгата
    се надевав дека Лили ќе преживее, дека ќе се случи чудо, ама за жал не ја преживеа борбата, ја победи ракот... Успеа пред да почине да ги среди сите работи, децата останаа со Мајкл, продолжија заедно да се борат во животот без неа...

    Топла приказна за нераскинливото пријателство, за борбите во животот, ама пред се за љубовта. Љубовта е таа која треба да не води низ животот, најважното нешто за кое треба да се бориме и да сме среќни што го имаме.
     
  19. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Dorothy Koomson - The woman he loved before
    Многу ја сакам писателкава но од сите книги кои што сум ги прочитала од неа оваа ми остави најслаб впечаток.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Illuminated - Erica Orloff
    Хммм... За разлика од претходната книга оваа е многу разочарувачка. Не ме излажаа коментарите кои ги прочитав. Многу е некако плитка книгава, треба да биде приказна во приказна, да има толку чувства и емоции, се работи за откривање на љубов која е запишана во ѕвездите... Ама ништо од тоа, некако се е премногу површно, фали длабочина. Не ми се допадна, да не беше толку мала не ми се верува дека ќе ја дочитав.