1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    „Вртелешка“

    Многу ми се допадна книгата иако е малку тажна .. :(
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Љубов во ранетата земја - Џин Сасон
    Едвај чекав да ја завршам.Приказната многу ми наликува на една друга книга но никако да ми текне на која.
     
  3. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Портата од кафезот-Кејти Хикмен

    Пред малку ја дочитав и можам да кажам дека не сум баш под импресии и покрај тоа што слушнав многу пофалби. Некои делови од книгата се навистина инетересни посебно деловите каде ги опишува односите меѓу жените во харемот и што само не прават за да се искачат на повисока позиција, меѓутоа онаа што мене не е ми се допадна е при самиот крај на книгата т.е кога сплетките во харемот излеваат на виделина, бидејќи имав чувство како да и фалат страни и покрај тоа што има 480, како да нема доволно објаснение особено за ликовите и нивните дела во харемот за кои расправа во целата книга и ја прави на моменти многу возбудлива, како да се губе целата тематика и имаш чувство дека воопшто не знаеш ни што е целата разрешница во книгата. мислам дека за една недела воопшто нема ни да ми текнува подетално за книгата.
     
  4. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Не знам зошто ама сега ми текна да ја читам Втората Смена. :lol:
    Ја најдов на полица во мојата соба и си реков да ја прочитам уште еднаш да се потсетам на случувањата на Николче. :D Супер книгичка морам да признаам,и мнгоу би сакала да беше поголема,бидејќи почнав вчера вечер да ја читам и еве денес ми останаа уште 20-ина страни. :$
     
  5. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Исчезнат - Даниела Стил
    Ја имав дома веќе подолго време и решив да ја прочитам.Ми доаѓаше да плачам на некои делови, многу ми беше жал за Мериел.На крајот не ми се допадна што остана со адвокатот бидејки тие едвај се знаеја.
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Подмолна убавина - Ребека Џејмс

    Прочитана во еден здив. Лесна со мала доза крими моменти.
    Кетрин Патерсон откако ја губи сестра си, решава да почне нов живот. На тој пат и се појавува Алис, една шизофреничарска распуштеница т.н attention whore која ќе и го упропасти животот.
    Потајно си се надевав дека сепак со Роби ќе има нешто уште како тинејџерка, но ете судбината ги спои подоцна, кога веќе и ќеркичка има.

    Нема многу тупење, ми се допадна. :)
     
    На MarcheloGirl и RainBow им се допаѓа ова.
  7. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Мансфилд Парк - Џејн Остин .. се решив за книгите на Џејн Остин па ајде оваа прва..
    Мене ретко се наоѓа книга што не ми се допаѓа па така и оваа. Во секоја има што да се прочита. Според мене некако брзо се заврши. За секој лик имам што да кажам и секој ми остави одделен впечаток
    освен дека сите беа скриено или отворено себични на свој начин
    , но некако не ми се пишува.
    Воглавно ми се допадна :)
     
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Aко го дочекам утрото - Сидни Шелдон

    Јас немам многу книги прочитано ама оваа е засега најдобрата книга што ја имам прочитано!
    Од заплет до совршено оформените ликови,до секој детаљ кој те носи во некоја друга димензија,нов свет на богатите и на подлиот криминал.
    Уште сум под импресии и планирам да ги прочитам сите книги од Шелдон,една по една. :)
     
    На 1209, WarriorAngel, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Исчезната без трага - Шеви Стивенс
    Многу добра книга.Поразлична од сите трилери што сум ги прочитала и затоа ме завлече.Сакам да прочитам и други книги од авторкава.
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Значи колку се радувам кога во билблиотека,зафрлено меѓу многуте ,,Го сакам Њујорк,Мажите сакаат едно,жените друго итн" |( ,ќе ископам некое мастерписче,тоа ми е нешто неописливо.

    Последно ја пронајдов Скитникот од Калил Џибран.Мало книжуле,али бесценето.
    Целата некаде шеесетина страни,е збирка на многу мали раскази кои преку алегорија пренесуваат универзални пораки.Ама не на вулгарно пропагаторски тон,како небаре некој те убедува да ти продаде компири на пазар,туку фино имплицитно си ги нафрла поентите,па кој има акал нека сфати,кој не не мора.Ги обработува вечната борба на доброто и злото,хармонијата на духовното и материјалното,суетата...

    Пример,прв расказ кој ми остави голем впечаток(воедно е и почетен,па сега видете :) ) се вика Облека.Се раскажува за Убавината и Грдотијата кои се сретнале на некоја плажа,па едната дала предлог да се искапат во морето.Си ги соблекле облеките и си пливале,а потоа кога излегле си ги замениле облеките,Убавината ја облекла облеката на Грдотијата и обратно.До ден денес луѓето ги мешаат.Но,секој кој го запознал вистинското лице на Убавината,може да ја препознае и покрај облеката.А секој кој го запознал лицето на Грдотијата,не можат да го залажат нејзините убави облеки.

    Не знам за вас,ама многу сакам вакви книги,кои ме тераат да се навратам назад,да го препрочитам некој дел и да размислам.И најсериозно денешниов ден (денес ја најдов :) ) си го сметам за среќен ден. 8)
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Смртта на Иван Илич-Лев Николаевич Толстој

    книџево :lol: го прочитав за два саати и ептен ме бендиса :D Книга за алтруизмот, себедавањето и удоволувањето на другите, фобијата од смрт и прашањето Како е најправилно да се живее ?
     
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Шепнувачот-Донато Каризи
    Ова ми е прво дело од овој тип.
    Ме потрсе и уште сум под импресии. На моменти конфузно и психолошко но се е поврзано ако седнеш и размислиш. Се на се,ме воодушеви,ме наежа и ме држеше во неизвесност до самиот крај...
     
    На sweet-cherry и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    само што ја завршив
    го делам истото мислење со JoxyTheFreak
    ми се иде уште еднаш да ја читам и да правам забелешки
    секоја чест на авторот за бујната машта,незнам како тој самиот не се збунил при пишување :lol:
    не не,морам да ја прочитам уште еднаш,ме остави без зборови книгата,а како само си мислев на почетокот дека е глупава а таа... :x
     
  14. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Дојдов да ја пофалам книгава и видов дека многу други го направиле тоа пред мене.
    Шепнувачот - Донато Каризи

    Книга која буквално ме остави без здив, од прва до последна страница немав поим како ќе заврши. Всушност јас не знаев што ќе се случи на секоја наредна страница, а не па подоцна. Книгава ми остави одличен впечаток, многу добро трилерче е и за секој кој сака добра книга му препорачувам да ја прочита :)
     
  15. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Малечката Фадета-Жорж Санд
    Досега најинтересна книга што сум ја читала.Пораката е дека не треба да се суди по изгледот тој често знае да излаже.
     
  16. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Опасно блиску - Линвуд Баркли
    Добра книга на моменти ми беше досадна бидејки имаше многу непотребни работи според мене.Како и да е, ми се свиѓаше и сакам и другата да ја прочитам "Без збогување".
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Ќерката на чуварот на спомените...Очекував можи премногу оти беше бестселер во 2010 мислам и на крајот ми испадна катастрофа...Не е толку лоша приказната колку што е лошо напишана во книгата...Се разочарав и за инает 1 месец ич книга нема да фатам да прочитам..Е! :@
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    The Picture of Dorian Gray
    Конечно ја дочитав, после којзнае колку време :tmi: Мене ми се допадна. Обично ми се допаѓа стилот на истовремениците на Оскар Вајлд.
    Со еден релативно надприроден елемент, со многу интриги што дури на моменти ваква :o останував. Останав ПРЕизненадена до самиот крај :bow:
    [​IMG]
     
    На Tenna и green.eyes им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    41.440
    Пол:
    Женски
    1Q84 - Харуки Мураками
    Првиот дел.Ме заскокотка да ја дочитам целата трилогија.Не ми се допадна како Норвешка шума, ама сепак беше добра.Мене за разлика од критиките на некои феминки ми се допаднаа сцените и средбите што беа опишани меѓу двете жени...мене впрочем и одсекогаш ме интересирло како функционира врска меѓу две жени, па интересно ми е кога читам, не ми беа гадливи сцените.Ми се допаѓа тој негов стил на пишување што од време на време има нецензурирани делчиња.Како и да е ме заинтересира да видам како завршува приказната, сепак е доста добро осмислена за почеток.Ќе напишам подолга критика кога ќе ги прочитам и другите два дела, најверојатно за недела дена ќе ги спастрам, ненаситна сум.
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Се гледаме на врвот-Коста Петров.

    Одамна ја меркав ама никако да се дадеше време да ја набавам и прочитам отпосле.
    Ја прочитав во два здива, бидејки овие книги сакам потемелно да ги доживеам и внимателно го протолкувам секој ред, зошто според мене, несомнено најправилно сведоштво и совет е личното искуство.
    Книгава е одлична, типична за многумина, а јас се пронајдов во 95%.
    Поделена е во два дела, во првиот зборува за неговиот живот, успеси, падови, школување, се до овој момент, а во вториот дел ги објаснува нештата кои ги извадил како поука до сега.
    Ја препорачувам.
    Секоја чест за Коста и отпорот против неговите турбуленции кои го донесоаа до ова ниво сега. :)