1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Shoe Addicts Anonymous - Beth Harbison
    Приказна за четири жени - љубители на чевли кои формираат таен клуб на обожавателки на чевли и стануваат најдобри пријателки.Лесна, интересна книга.Читав на интернет дека ќе имало и филм, едвај чекам да излезе :)
     
  2. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    Девојчињата се од Сатурн, момчињата се од Јуптер - Кетрин Ламб
    Mногу убава книга, многу добро што самата авторка Кетрин ги разбира тинејџерите, нивните љубовни проблеми емоции, односот на девојчињата и момчињата, чувства, разделби.
    Bи ја препорачувам многу е добра :)
    [​IMG]
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    [​IMG]

    Конечно се `докопав` до некои дела на авторов, познат и популарен и кај нас.
    А се мислев да купам нешто од него, кога во библиотека стигнале нови книги. Ете го чика Мисо. :D

    Ме изненади човеков/книгава.
    Океј, премногу заврзлами и нови ликови, ама добро спакувано книгуле, ова формава и корицава ме изедоа од што се преслатки.
    Крими романче испреплетено со многу ликови кои сепак се сведуваат на 3 позначајни, и нивната поврзаност на чуден начин ме привлекоа да ја прочитам во еден здив.

    Ептен симпатично. :)
     
    На AwesomeGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Готово ! Крај ! Книгава ја завршив пред 20 минути и уште се тресам од возбуда ! Готово ! Омилена книга ќе ми е до крајов на животот !

    Марина-К.Р.Зафон !!!

    Михаил едноставно беше човек што мислеше дека неговата судбина е да ја измами смртта пред да го измами таа него !
     
    На crazylady, Ketrin.Moon, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Freudian Slip - Erica Orloff
    Книгава не беше баш добра како првата, ама сепак беше интересна, само со малку повеќе фантазија. :)
    Ликовите се добро изградени, има хумористични моменти, ама мислам дека не е за сечиј вкус. Рај, пекол, она што е измеѓу, ни овде ни таму. Господ е уствари жена, па ѓаволи, па ангели, се има во книгава. Затоа велам дека не е за сечиј вкус. Ама ми се допаѓа стилот на авторката, опуштен, разбирлив, добро склопени реченици, нема непотребни делови... Задоволна сум, ќе ставам уште некоја книга од неа на списокот дефинитивно.
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Марина - Зафон. Ова ми е прва книга од авторот, но и покрај тоа што не бев премногу воодушевена од книгата (премногу е фантастична- "од фантастика" за мој вкус :tmi: ) се заљубив во неговиот начин на пишување.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Julie James - Something about you
    Многу забавно книгиче. Иако речиси немаше никаква мистерија имаше доста хумор, а богами и добри секс сцени. Ми се свиѓа опуштениот стил. Ќе ги прочитам и другите делови дефинитивно. :)
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Одлична книга! На моменти дури и ми се згади од што имаше опишано се до детал.. како и да е, многу добра приказна, неизвесен расплет до самиот крај.Одамна не бев читала толку добар трилер, ме воодушеви.
     
    На MarcheloGirl и Neytiri им се допаѓа ова.
  9. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    После прочитаната фамозна“ Затоа што те љубам“ од Гијом Мисо,, ја земав и Ангелски повик.. Викам,чекај одма да ја спомнам кога гледам една феминка погоре ја пишала :hai: Стварно добри романи,чии што завршници никого нема да остават рамнодушен.. Препорачувам ;)
     
    На MarcheloGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Николас Спаркс - Прибежиште
    Воодушевена сум.Дефинитивно мојата омилена книга од Спаркс.Поразлична беше и приказната и многу ми се допадна.Едвај чекам да излезе филмот со добра снимка.
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Опасно блиску-Линвуд Баркли

    Мене лично ми се допадна, ја прочитав заради Без збогување која е страшно добра кника..можеби оваа е едно скалило подолу , но мислам дека не треба да ја пропуштите. Темата е интересна многу и се одвива во правец кој на крајот ќе се сврти и ќе се случи она најмалку што сте го очекувале. препорачувам ! ;)
     
    На MarcheloGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Жената на патникот низ времето - Одри Нифенегер :)

    Што ќе случи кога ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот кога имате само шест години а тој е триесет и шест?!...

    одлична одлична , полна со емоции , книга што нема да ја испуштите од рака :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Јас ке наведам две книги.
    1. "Јас те сакам повеќе' од Лиса Гарднер
    Прекрасна книга, прекрасен трилер ми остави голем впечаток не можев да ја испуштам од рака.Книга на пресврти, и прекрасно изграден лик на Теса Леони. Во фокусот е ставена мајчинската љубов, и до каде може да се стиге за своето дете.

    2. "Шепнувачот"- Донатано Каризи
    Исто така трилер, убава книга, убави крими сцени. и доста екцентричен крај.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Zarko Lausevic - Godina prodje, dan nikad
    Не се излажав за книгава... Што да кажам, уште сум под импресии некако. Не сум прочитала до сега ваква исповед, искрена до срж. Авторот ги открива своите најинтимни чувства, најскриени мисли. Навлегуваме во неговата психа, живееме во неговиот пекол, ја чувствуваме неговата болка. Едноставно се преселуваме во неговиот свет. И се надевам дека ќе има втор дел. Не сакам да барам по нет, да видам што се случува сега, сакам да прочитам, да го видам тоа преку неговите очи.
    Многу интересни мисли, метафори, споредувања.. Еве ќе издвојам неколку:

    Da li muka kriv – nevin ostaje i posle presude, ili se čovek pomiri sa nekom kaznom, pa onda jednostavno broji mesece i godine, ne tražeći od života i vremena koje prolazi neki zanimljiviji izlaz? Kao kad se voziš liftom, pa onako glupo čekaš, buljeći u nepoznatog, koji oseća istu neprijatnost. Ti tada ne živiš, samo čekaš da stigneš do nekog drugog nivoa, gde će se tek nastaviti život. Držiš smerno ruke ispred sebe, preko šlica, možda zviždućeš, pevušiš nešto. Za to vreme oči kao da ispituju krov lifta koji je obično jako zanimljiv. Možda ćeš se priglupo osmehnuti, ako ti se oči sretnu sa nepoznatim, pa čak i vrlo bistro i bitno konstatovati: Vruće danas.
    Da li je moguće tako provesti i više godina u takvom, zaglavljenom liftu?

    Sumorno jutro. Kiša. Po prvi put. Trčim svakog jutra. Ukrug. Svakog jutra povećavam broj krugova. Krug ne mogu povećati. Sačekuje te svakog puta istovetan. Krug. Zašto ga krugom zovu kad je pravouganog oblika? Valjda zbog bezizlaza koju ta forma nameće.
    Pametno. Inventivno. Kao i sve ovde. Stimulativno. Ne smem se ljutiti na krug, jer mi je taj bezizlaz - jedini izlaz. Ne dirajte u moje krugove! , preklinjem nedeljom kao Arhimed.

    Jednom mi je, u rano jutro, iguman nikšićkog manastira, stari Koprivica nazdravio rečima:
    “Dabogda se cijeli život penjao uz brdo i da Bog da jaki da NIKAD na vrh ne izađeš!
    U prvom trenu beh zatečen, kao da čuh kletvu, a onda shvatih plemenitost želje. Sa vrha se nema kud više, može samo nadole.

    Ovo je zemlja gde se u svemu kasni.
    Samo se umire pre vremena.

    Čim su poslednji nazvali Drugim, znali su da će biti i Trećeg. Što Drugi nisu nazvali Poslednji svetski rat? Hladno, racionalno, globalno promišljanje svetske politike. Kao o tuđem filmu.
     
  15. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Моментално читам...

    Штотуку ги дочитав "Кројцеровата соната" и "Отец Сергиј." Кројцеровата соната - многу добра! Отец Сергиј - не баш. :)
     
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Во името на предците-Тес Геритсен
    Незнам зошто ми беше потребно толку многу време за да ја прочитам книгата...феноменална е! Геритсен ми станува една од најомилените писателки. Генијална жена.
    Приказната малку ми беше неатрактивна чисто ради тоа што самураи,кинези не се баш my cup of tea,ама целокупно како роман со се заплети расплети се е перфектно вклопено. И крајот е одличен! :)
    09/10
     
    На MarcheloGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Рингишпил-Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Долго време се мислев дали да ја купам книгава е знаејќи дека ќе ми зафати место на 4та омилена книга.

    Под силни импресии сум !

    Ана Балинт-врна балерина на која никој не може да и го заземе тоа место кое и е судбински припишано .
    Убава , паметна ,најсакана, успешна ....совшенство од жена ! Зар нешто и недостига ? ДА ! И недостига среќа, и недостига нечија присутност, машка љубов, весело утре. Просто да се чудиш колку мртвило може да поднесе една кревака душа како Ана .

    Втора книга која успеа да ме расплаче. Јелено свака ти част !
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Без збогување - Линвуд Баркли
    Многу добра книга уште сум под импресии.Дефинитивно многу подобра од Опасно блиску.Неизвесна приказна, сами се вртат страните.
     
  19. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Tолку необична љубов - Анна Багрјана

    Ја купив по случаен избор и ми се допадна .
    Надја е млада девојка ,сликарка.Во книгава е опишан патот од нејзиното детство до нејзиното созревање .Како десет годишно девојче се загубува во огромниот студен град и го запознава го Нестор - нејзината необична љубов ,и благодарение на него го открива својот талент за сликање.Како созрева така се повеќе и повеќе ја открива и запознава својата дарба за сликање ,воздигнувајки го талентот на завидно ниво ,претворајки го сликарството во нејзино секојдневие ,единствен начин на изразување ,всушност за неа сликарството станува нејзиниот ЖИВОТ.Го напушта својот дом и успева да ја прегрне пола Европа.престолнините ,градовите,градчињата изложувајки ги своите дела ,на кои многумина им се восхитуваат .
    Доколку ви ја кажам суштината на книгата ,нема да биде интересно ,така да доволно е
    Роман во кој е прикажано созревањето на главниот лик ,емоционално ,љубовно,сексуално .Од мало беззабо девојче станува жена ,девојка достојна да го грабне животот со двете раце ,зошто тоа и го заслужува.Ја прочитав за два дена ,не е голема некои стотина страници но секој момент успеваше да ми го задржи вниманието .Книгата е како некоја весела заразна мелодија која те тера љубопитно да ја следиш.
    Надија иако опишувајки се како црнокосо девојче ,јас ја замислував како девојче со џинџер шашава косичка и килибарни очи .

    И за крај една убава мисла

    Зошто без љубов убавина нема на светов ... и музика не бидува ...
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Враќање дома од Даниела Стил.

    Пред да ја прочитам книгава мислев дека сите книги оваа писателка ги прави по ист терк. Едноставен стил на пишување, романса, љубов, разделба и среќен крај.

    Така очекував да биде и со оваа книга, ама се излажав. :) Се работи за млада стилистка од Њу Јорк, нејзиниот живот е во центарот на вниманието од почетокот до крајот на книгата. Таа има 5годишна ќерка од пропаднатиот брак, доживува голема љубов со млад филмаџија од Сан Франциско, останува бремена од него. Но тој не може да поднесе толкава одговорност во тој момент, и таа е принудена да се врати во Њу Јорк и да започне се одново. Таман ќе се снајде во работата, ќе се смести удобно во својата школка, ќе запознае друг маж - бааааам!!! Филмаџијата ја запросува, и таа пак со ќерка си се враќа во Сан Франциско. Се чини дека се е како што треба, и дека ќе имаат среќен крај. Но токму тогаш се случуваат најголемите турбуленции во животот на Џилиен... Тогаш всушност почнува сето страдање...

    Ја препорачувам на оние кои не ја прочитале, едноставно книгата одмара, брзо се чита и лесно се разбира.