1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Хипнотизер – Ларс Кеплер
    [​IMG]
    Шведски трилер роман, пишуван под псевдонимот наведен на корицата, од страна на сопружниците Алексадар и Александра Андорил.
    Во фокусот на приказната се сместени хипнотизерот Ерик Марија Барка, кој е замолен од страна на познатиот детектив Џон Лин да помогне во едно насилно и свирепо убиство.
    Едно семејство е насилно убиено и морбидно искасапено. Единствениот преживеан е момчето Џусеф, а хипнозата на Ерик е начинот преку кој може да се расветли злосторството.
    Приказната одеднаш добива неочекуван пресврт и развој на настаните.
    Возбудлива, интригантна и многу напната на моменти.

    Ми се допадна книгата, иако ѝ недостасуваа неколку суштински елементи. Обемна е, дури 670 страници. Некои работи се чувствуваат одвишни, а некои пак недоработени.
    Стилот е лесно разбирлив, ненакитен, незаморувачки. Едноставен, без некои посебни поетски описи или метафори. Романот се чита брзо и лесно.
    Преводот е малку лош. Се наоѓаат и замерки со лектурата, но сепак...

    Ми недостасуваа повеќе информации за детективот, кои поблиску би го претставиле, оформиле и заокружиле неговиот уникатен лик. Малку беше запоставен во целата книга.
    Недостасува поубав финиш и атмосферата при крајот спласнува, наместо да триумфира уште посилно.
    Сепак, ова е интересна книга која го задржува вниманието.
    Би сакала да прочитам уште книги од овој жанр, некако сум ги запоставила во изминативе години.
     
    На JoxyTheFreak и MarcheloGirl им се допаѓа ова.
  2. HollyCombs

    HollyCombs Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Последната книга која ја читав беше Црнила од Коле Чашуле. Верувам дека ви е позната. Сакам да читам книги од историјата на македонскиот народ,но секогаш кога ги читам ме фаќа силен бес за тоа какво тешко минато сме имале и како сме дозволувале да не' понижуваат. Книгата е кратка драма, во неа се зборува за едно младо момче,член на револуционерна организација, со чесно и храбро срце,подготвен да направи се за доброто на својата татковина. За жал лукавите околу него го искористуваат тоа и го наговараат на убиство. Го измамиле младото момче дека треба да изврши убиство на човекот кој е опасност за организацијата,штетник за Македонија. Всушнот го убива Ѓорче Петров, истиот човек кој го спасил од сигурна смрт и го научил како со цело срце и душа се сака татковината Македонија. Дознавајќи го тоа наместо да ја спроведе правдата,да ги предаде злобниците кои го натерале на тоа момчето се убива. Тоа е уште една тажна страница напишана во историјата на македонскиот народ.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. saraaz

    saraaz Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Последната книга што ја читав, поточно ја завршив денеска е Whispers од Rosie Goodwin.
    Се зборува за една куќа што со векови и припаѓала на семејството Фентон, се додека последниот од нив умрел. Меѓутоа, скоро сите мажите од ова семејство биле многу злобни, силувачи, насилници кои кон своите слуги се однесувале како кон робови, особено кон жените. Еден од мажите на овоа семејство било убиено од страна на една млада слугинка, која он претходно ја силувал и која скоро секој ден гледала како тој (господарот) ја силува нејзината сестра. Млада слугинка се викала Марта, и таа скоро секој ден пишувала во својот дневник за тоа што се случувало во куќата, се до последниот ден кога ќе фрли клетва врз сите машки потомци на Фентонови.
    После долги години, и покрај противењето на нејзиното семејство куќата ја купува Џес Бедовс. Средувајќи ја куќата еден ден во поткровјето го наоѓа дневникот на слугинката Марта. Како што Џес се задлабочува во приказната за Марта и мизерниот живот на слугите од пред 200 години, започнува шепотењето. Многу тајни ќе бидат откриени, Џес ќе биде соочена со разочарување, предавство, загуба на саканите, надеж и на крај љубов.
    Ептен убава книга, уживав додека ја читав, особено ми се допадна тоа како се испрплетуваше сегашноста со минатото.
     
  4. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Мислам...WOOOOOOOOOOOOOOOOOOW. Оваа книга ме натера да не излезам од соба. Лично мене мн ми се допадна(како и сите од Џули Џејмс) но имаше нешто посебно во оваа. Можам дури и екранизацијата да ја замислам :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      13 KB
      Прегледи:
      295
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Белата светлина во Париз-Тереза Ревај.
    Многу убава.Јас сакам историски романи.
    Книгата започнува со Октомвриската Револуција во Санкт Петерсбург,го следи животот на една девојка,преку Русија,а потоа во Париз и Берлин.Се раскажува за борбата за преживување,за најблиските,љубовта,за тоа колку животот може да биде суров,а човекот станува уште посуров.
    Во тие тешки времиња и за време на Втората Светска Војна,животот си поигрува со судбините на двајцата главни ликови.

    Има и продолжение ,Сите соништа на светот,која сега ја започнав.
     
  6. Nevena.Smilevska

    Nevena.Smilevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Последно што прочитав беа Fated и Echo (книга 1 и 2 од серијата Soul Seekers) од Алисон Ноел. Како и претходната серија на Ноел, и ова е фантастика. Книгите се интересни и пријатни за читање, особено ако ви се допаѓаат книги во кои ликовите работат на пронаоѓање на себеси и својата судбина. Нетрпеливо го чекам третиот дел да излезе (некаде во втората половина на годината) :)

    Инаку, до половина прочитана веќе некое време стои Танц со змејови (5-та книга од серијата Песна за мразот и огнот) од Џорџ Р.Р. Мартин. Доколку сакате да читате фантастика, секако ви ја препорачувам целата серија. Сепак, за мој вкус содржи премногу насилство и на моменти станува по малку досадно поради премногу детали - би сакала малку повеќе да е оставено на имагинацијата на читателот. Сепак, ја препорачувам.

    Тековно ја читам The Casual Vacancy од J.K. Rowling. Морам да кажам дека го ангажира вниманието на читателот, но сеуште не сум сигурна дали ми се допаѓа... После Хари Потер (едни од моите најомилени книги) имам мошне високи очекувања од авторката.
     
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Без збогување - Линвуд Баркли
    Одличен!
    Не очекував ништо помалку. Секое нејасно прашање и случка се се совпадна перфектно...
    Downside?
    Незнам некако штуро ми беше напишано. Немаше стилски фигури немаше некои скриени метафори. Се беше дирекно. Ама тоа и не е некоја пречка. Зависи кој како сака да чита.
     
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Последниот чај - Винка Саздова

    Винке, фала ти што не почастуваш со твои дела!
    Решив да ја купам книгата, пред да одам на одмор летово. Си реков, нема да влезам во вода додека не ја прочитам.
    Па и не ми требаше долго. Првиот ден на плажа го посветив на книгава.
    Со восхит ја читав. Цело време подвлекував со моливче. Толку добри метафори и компарации има женава. Толку добри мисли.

    Книжуле во кое се склопени неколку приказни. Жена, која покажува како треба да се живее!
    Колку жената може да биде храбра и спремна за предизвици!
    До каде ли може да одиме за да се пронајдиме себеси...Винка не носи во Индија! Толку живописно и блиску ни ја носи таа далечна земја.
    Толку соживувачи е тој последен чај. Топло препорачувам...

    И, дека темава е последна прочитана книга- Да не помислите дека од летото немам прочитано ништо друго :D
    Туку, останав без нова книга деновиве, па оваа земав да ја читам по втор пат. :!:
    Па се сетив, да ви препорачам... :)
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    "Скриена во најмрачниот агол"
    Убава книга, оргинална приказна.
     
  10. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Делириум. Прекрасна книга, вреди секој да ја прочита. :)
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Последната книга ја прочитав утринава што си ја купив од саем Атентат од Јасмина Кадра.Всушност Јасмина Кадра е псевдоним кој го користи писателот,тоа е името на неговата жена.Добра книга вреди да се прочита но крајот м
    е разочара,баш и не замислував дека и тој би умрел на сличен начин ко неговата жена...се надевав дека ќе остане да живее и ќе си оформи семејство...но се на се ова е навистина добра книга :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Девојката од хартија - Гијом Мисо
    Ја прочитав во еден здив. Морам најпрво да кажам дека ми се допадна книгата, приказната е интригантна, крајот како и секогаш изненадува. Ликовите се изградени совршено, имам кажано дека за мене тоа е неговата јака страна. Ми се допаѓа како течат речениците, нема прекин во приказната... Иако преводот на моменти не ми се свиѓаше, премногу заменки лошо употребени, ама добро, можеше да биде па и полошо. :)

    Станува збор за Том Бојд, автор на издадени два дела од трилогија која станува светски позната. Тој влегува во врска со Аурора, позната пијанистка, која му го крши срцето на милион парчиња. По неа веќе ништо не е исто за него. Пропаѓа целосно, се навлекува на секакви апчиња и престанува со пишување, едноставно се блокира. Неговиот најдобар пријател и агент Мило му открива дека лошо ги изменаџирал парите и се во огромни долгови, Доколку не го издаде третиот дел целосно ќе пропаднат. Но Том едноствано ја нема магијата во себе повеќе, леснотијата со која ги напишал првите два дела е изгубена... Се додека една девојка не се појавува на неговата тераса. И тврди дека е лик од неговиот роман, Били. Том не може да поверува. А и кој би? Но таа со цврсти докази го уверува дека тоа е вистина. Оттука натаму приказната зема навистина интересен замав, го држи вниманието се до самиот крај, кога повторно не чека изненадување.

    Затоа го сакам Мисо, не може човек да знае што го очекува кога ќе ја отвори неговата книга и ќе заплива низ зборовите...
     
    На Lella, Monna.Monna, AwesomeGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе

    Топла збирка од раскази, поезија, цитати и извадоци за љубовта, за она чувство кое што никого не го одминува во животот.
    Во истата Хесе најмногу ја воздигнува невозвратената љубов, љубовта исполнета со страдања, бидејќи според него и само таа љубов е онаа вистинската.
    Можеби и не премногу визионерски став во врска со ова чувство кое би требало да биде водечко кај секој човек, меѓутоа и не е така лошо што некој се потрудил да ја прикаже и другата страна на паричката, дека не секогаш оној кој што љуби може да биде благословен да биде љубен и среќен заради чувството кое го обзема.
     
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    1Q84 - Харуки Мураками

    Конечно стигнав до неа и го прочитав првиот дел. Мураками ко Мураками неговиот стил ече низ целиот роман. И тие ликови, типични за него. Тенго, срамежливиот херој, тајното жарче наспроти некои блесави растроени девојки. Таа сексуална страст кон нешто чудно, малку психички извртено, па тие фетиши, па таа педофилија. Мада педофилијата не може да ја направи не-до-толку-неприфатлива као Маркез, ама Муарами стар другар ми е, си се прифативме такви ко што сме.

    Отприлика претпоставувам како ќе течат настаните, а се надевам дека ќе ме изнедади, а и веројатно. Пошо и не е баш автор кој алармира со симболи, па постапките единствено можеме да ги предвидеме преку анализата на ликовите. А реално ликовите се ветрушки!

    Во што се вљубувам кога го читам Мураками?
    - Самотија, алхохол и скапи вечери!
     
    На 1209, AwesomeGirl и Mayyya им се допаѓа ова.
  15. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    [​IMG]
    Драг Џон - Николас Спаркс
    Дефинитивно мојата омилена книга од Николас Спаркс.Го гледав филмот пред да ја читам книгата и очекував дека ќе ми биде досадна бидејки веќе знам за што станува збор но напротив.Многу различно ја доживеав книгата.Ептен ретко се случувало да заплачам на книга но на оваа сами ми течеа солзите.Особено на деловите со татко му и последните страници.Уште еден доказ дека книгите се многу, многу подобри од филмовите.Секоја чест за Спаркс, си извадив многу цитати од книгата.Многу брзо ја прочитав и ми беше жал сакав уште да читам за приказната на Џон и Саманта.
    [​IMG] :l:
     
  16. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Луна- Роберт Напрта
    Луна Херцог е 16 годишно девојче кое останува без родители кои умираат во сообраќајна несреќа. Оттргната од познатата средина, односно од нејзината куќа во Дубровник, се обидува да најде засолниште во семејството на Ванеса и Карло Волфхарт во Загреб.
    Но, таму открива мрачни тајни кои можат да ја чинат живот.
    Ги дознава од нејзината луда баба Мона која ѝ кажува дека нејзиното семејство е составено од волци и вештерки. Лагите и интригите ја туркаат Луна во прегратките на единствената личност во која има потполна доверба, а тоа е вампирот Алекс.Тука исто така се испреплетени животните приказни на злобната вештерка или црната вдовица Мелита и нејзината ќерка Ивона
     
  17. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Сум се расчитала во последно време ,појма немам што е работава .. Да спомнам некои:

    Годината минува,денот никогаш - Жарко Лаушевич Запис за сите негови мисли додека бил во притвор година дена,..во очекување на вториот дел..
    Ледената принцеза -Камила Лекберг Значи ова швеѓаниве до коска ме потресуваат..одличен трилер..како и секогаш убиства,интриги,тајни ...напнато до сам крај.
    Ловци на глави-Ју Несбе Уште еден одличен крими роман ..како и секогаш,ништо не е како што изгледа..Интересни ликови,заплет и секако неочекуван крај !

    :clap:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    7 години подоцна - Гијом Мисо
    Имав многу големи очекувања од книгава. Ама тоа што го добив е едно евтино трилерче. Не можам да речам дека книгава не го задржува вниманието или дека ликовите се плитки и површни. Ама на приказната и фали нешто карактеристично за Мисо - возбудливост.
    Себастијан и Ники се разведени веќе седум години, имаат две деца, близнаци, Џереми и Камила. Џереми по разводот живее со мајка му, а Камила со татко и. Двајцата се сосема спротивно воспитани, со оглед на тоа што Себастијан и Ники се сосема спротивни карактери. По разводот нивната комуникација се сведува на минимум, децата ретко се гледаат и одделно си ги живеат своите животи. Се додека еден ден Џереми не исчезне и Ники мора да побара помош од својот поранешен сопруг. Заедно тргнуваат во потрага која ќе им ги смени животите.
    Тоа е, ништо посебно, јас сум си благо разочарана. Но, тоа не ме спречува да продолжам и понатаму со Мисо, само поради тоа што знам дека може да пропуштам некоја одлична книга. :)
     
  19. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    63
    Последниот воз за Истанбул - Ајше Кулин
    Младата Турчинка Селва се заљубува во Рафаел(Рафо),кој е Евреин,и притоа се соочува со многу немили настани кои ги носи животот во тој период.Нивните семејства не ја прифаќаат оваа љубов и се откажуваат од нив,па така препуштени сами на себе решаваат да заминат во Франција.
    Започнуваат нов живот но среќата им трае кратко.Започнува и Втората Светска Војна а идеологијата на Хитлер се спроведува безмилосно.Започнува и борбата за живот во секоја смисла...
    Во глобала фина книга,добра идеа ама не и реализација.Или книгава е на брзинка пишувана или преводот е многу лош.Ова ми е прва книга од авторкава и не сум многу запознаена со нејзиниот стил на пишување.Многу ликови,навидум битни,а нејасни и недообработени приказни за нив.
    Како и да е,ми се допаѓа тоа што преку важен историски момент е прикажана суштината на животот - секојдневна борба и истрајност за многу љубов,среќа и надеж да се задржи истото.
     
  20. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Јулија - Ен Фортие
    [​IMG]
    По смртта на тетка и, Роуз, Јулија сѐ повеќе и повеќе е изненадена, затоа што тетка и, жената која и била како мајка, го остава целиот свој имот на сестрата близначка на Јулија. Единственото нешто што таа го добива е еден клуч, кој го носела нејзината мајка на денот кога таа починала. Клучот е од сеф во Сиена, Италија!
    Тој клуч ја носи Јулија во Италија, патување кое засекогаш ќе и го промени животот, патување во проблематичното минато на Јулија Толомеи, патување во 1340тата година. Проблемот е забранетата љубов на Јулија и Ромео!
    Но минатото си има свој удел во иднината, поточно во времето во кое е Јулија Јакобс и таа, против својата волја, открива дека во тој град, Сиена, минатото и сегашноста е тешко да се одвојат еден од друг. Колку подлабоко навлегува во историјата на Ромео и Јулија, и колку и да се приближува до богатството кое тие го оставиле, толку поголема опасност ја опкружува.
    Таа открива дека нејзиниот живот е неповратно поврзан со најпознатата приказна во книжевноста - за несреќната љубов помеѓу Ромео и Јулија!!!