1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    399 - Фредерик Бегбеде
    Не ми се допадна,не толку книгата туку стилот на пишување.Премногу нападен цинизам и изобилство на експлицитни перверзии од кои нагони за повраќање добивав,многу солење памет :doh: ...одвај ја дочитав.

    Инаку станува збор за врвен креатор на реклами,кој е премногу хедонстички ориентиран кон современиот начин на живот па запаѓа во вртлогот на пороците,депресијата и баш во најубавиот период,сосема изненадно запаѓа во амбисот на сопствените грешки и завршува в затвор.
    Ништо импресивно или интересно.
     
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Гијом Мисо - Врати ми се
    Овој човек постојано ме изненадува, секоја нова книга што ја читам е подобра од претходната.Многу добра книга со неочекуван крај.

    Melissa Hill - Please Forgive Me
    Лони се сели во друг град и во куќата што ја изнајмува наоѓа писма кои што завршуваа со Те молам прости ми.Заедно со Алекс - новата пријателка, започнуваат потрага по сопственикот на тие писма.Ми се допадна приказната, поразлична од сите книги кои што сум ги читала.Ликот на Алекс го сакам многу а и Сет.
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.750
    Пол:
    Женски
    Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен

    Damn, I love this woman! Ми се допаѓа стилот, начинот на пишување, ми се допаѓа тоа што со таква леснотија им припишува емоции на настаните. Ниеден лик не е тотално лош, или тотално добар. Ги опишува човековите маани како што се среќаваме со нив во секојдневниот живот, толку се реални.
    Пред се, ја сакам оваа книга бидејќи е книга на пријателството и на тоа колку малку можеме да знаеме за нашиот соговорник.
    Не е ни потребно да нагласам дека ме расплака книгава. Уште пред да почнам да ја читам знаев дека ќе предизвика длабоки емоции кај мене. Од една страна сочувствував со Ноел и се ставав на нејзино место, а од друга, знаев како се чувствуваат Тара и Емерсон, после предавството.
    Обично не сум по толку емотивни книги, но од време на време ми треба нешто вакво, да ме протресе.
    Препорачувам. :)
     
    На Butterfly14 и Neytiri им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    I feel bad about my neck: and other thoughts on being a woman - Nora Eprhon

    Случајно налетав на книгава во AmericanCorner и не можев а да не ја земам. Нора ја обожавам, секој нејзин филм е полн со двосмислени но неверојатно јасни дијалози и навистина ми падна жал кога почина лани. Оваа и е предпоследната книга и е всушност збирка на есеи. Кратко и слатко, се дружев во книгичево во автобус и си се смешкав. Што значи да се биде жена, сите глупави и нетолку глупави проблеми, разводи и превари, поуки и грешки. Одлично склопено и мене ми даде инспирација. На македонски се сомневам дека е преведена но морам да си ја купам книгава на англиски и да ми пополни полица. Како што нејзините филмови ми се во посебен фолдер во лаптоп и на книгите би им отстапила посебна полица.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Врати ми се - Гијом Мисо
    Уште една на списокот од Мисо. Оваа ја ставам некаде на средината. Во претходната можеби немаше воопшто фантазија, но затоа во оваа ја има во изобилство. Малку нереално, во негов стил, но се на се ми се допадна пораката. Ме замисли за тоа колку всушност не го цениме животот и колку сме егоисти.
    Ликот на Итан некако не ми беше сфатлив, не знам како некој може да се осуди да остави се и да почне од нула. Ама сепак, интересен лик.
    Ми остана уште една книга од него, но изгледа Мисо не успеал да ја надмине Затоа што те љубам. Во моите очи барем.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Марина - Карлос Руиз Зафон
    Долго време ми беше на листата за читање и конечно и дојде редот.Без зборови сум.Предобра приказна, не очекував вакво нешто.Браво за Зафон, дефинитивно ќе барам и други книги од него.
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ѓавол во телото - Рејмон Радиге

    Емотивна исповед на едно шеснаесетогодишно момче, за неговата љубов и врска со нешто постара мажена жена, во периодот на повоена Франција.

    Да бидам искрена, авторот не ми беше познат па затоа прво најдов некои информации за неговиот живот. Навистина ме изненади фактот дека книгава ја напишал на осамнаесетгодишна возраст. Многу зрело, интроспективно, лирско, емотивно, но не и патетично. Претпоставувам има внесено и автобиографски елементи. Кој знае до каде ќе стигнел во литературата, но за жал починал на дваесет години.

    Фина книга за сончеви денови и читање во дворче.
     
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    И јас денеска ја прочитав,буквално за еден ден.Многу убава книга,интересна приказна и лесна за читање,единствено крајот не го очекував таков. :)
     
    На Butterfly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Пустинска зора - Варис Дирие
    Вториот дел од Пустински цвет.Варис оди во родното место Сомалија и се среќава со своите родители.Интересна книга, лесно се чита.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо
    Па, завршив со Мисо, ми останаа две што не се преведени.
    Книгава беше добра, интересна, ама мислам дека веќе толку очекував од него што ништо не може да ме изненади, па се некако ми е малку. Почнува како чик лит, двајца странци на аеродром се судруваат случајно и ги заменуваат телефоните. Нешто како во I got your number од Софи Кинсела. И нормално победува човечката љубопитност и почнуваат да чепкаат во телефонот на другиот и тука веќе книгата преминува во мистериозен трилер. Ликовите се супер изградени, имаат добри транзиции.
    Сепак, Затоа што те љубам ми останува непоразен победник. :)

    Еве како ги рангирам книгите на Мисo:
    1. Затоа што те љубам
    2. Девојката од хартија
    3. Ангелски повик
    4. А потоа
    5. Како без тебе
    6. Врати ми се
    7. Дали ме чекаш?
    8. 7 години подоцна
     
  11. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Храна на љубовта - Ентони Капела

    Мнооогу убаво четиво. Релаксирачко, гурманско, љубовно...
    Препорачувам!
     
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Марина-Карлос Руиз Зафон

    Само што ја завршив.
    Очите ми отекоа од плачење.
    Не очекував дека ваква книга ке ми остави толку добар впечаток.
    Генијално! Мојата омилена...
    Прекрасен заплет. Морничав до коска.
     
    На De-lovely и hristina979 им се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Исчезната без трага-Шеви Стивенс

    Книгата ја прочитав за нешто помалку од два дена.
    Ја однесов на училиште и така задлабочен иде една типка и ми вели: "Eеееееее читана ми е оваа!"
    И ми го кажа крајот!!!
    Сакав училницата да ја сметам со неа,ѓубре...
    Се на се,добра книга. Морничава.
    Колку само ми се гади од самата помисла на психопатот и неговиот искривен поглед на светот... И ме потсети на еден тип на познаници кои ги имам кои одвратно потсетуваат на него.
    Книгата уште на почетокот почнува бомбастично. Не можев да се одделам од неа...
     
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Се чувствувам...осамено.
    ДаклеМ,дефинитивно имам проблем. 2 книги за помалку од 3 дена.


    Подмолна убавина-Ребека Џејмс

    Морничава,психолошка,потресна...
    Те тера да седнеш и да размислиш зошто така се оснесувала Алис и почнуваш да бараш потенцијални социопати во твоето опкружување.
    Or maybe it's just me? :lol:
    Освен тоа се пронајдов во ликот на Роби кој е затрскан во личност на која не и значи ништо...
    Се на се и давам 10/10
    Делот во кој раскажува за сестра и. Со книгата околу соба шетав.
    Ме потресе скроз. И верувам ќе го потресе секој кој има помал брат или сестра... ;(
     
    На Libera и hristina979 им се допаѓа ова.
  15. bojana26

    bojana26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Алхемичарот од Пауло Коелјо. Прекрасна книга која вреди да се прочита.Не ми се допадна толку содржината колку што ми се допаднаа сите мудрости,мислења,поговорки и ставови на Коелјо.Некои силно ми оставија впечаток што дури ми сменија некои погледи кон животот.Топло ја препорачувам на секој.
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hristina979

    hristina979 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    [​IMG]
    Точка на измама од Ден Браун!
    За сите што ги сакаат неговите романи,според мене негова најдобро смислена приказна!
    http://en.wikipedia.org/wiki/Deception_Point
     
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Алхемичарот-Пауло К.
    Мислам дека им е позната на сите.Јас ја земав оти сака да почнам да читам и ај да биде некоја позната и мала книга.
    Цело време мислев дека на крајот ќе има некој голем пресврт ама не,си го најде богатството и тоа е тоа
    Продадена-Патриша МекКормик
    Бидејќи лаптопот ми беше на поправка ја прочитав во еден здив.Лесна е за читање,разбирлива и со интересна приказна.
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Продадена-МекКормик
    Многу лесно се чита книгата. Ја препорачувам.
    Приказна за Лакшими тринаесетгодишно девојче кое живее во Непал со мајка и, очувот и малото братче во тешка сиромаштија.Еден ден мајка и и соопштува дека очувот и нашол работа во градот, како слугинка во богаташка куќа. Лакшими е среќна и горда што и таа ќе заработува за да и овозможи на мајка си подобар живот и нов покрив за куќата да не им се распаѓа кога врне дожд. Но, каде всушност оди Лакшими и зошто тетката од градот му плаќа толкава сума на пари на нејзиниот очув, а таа сеуште не почнала да работи? Одговорот на ова прашање ќе го дознае многу наскоро и ќе биде разочарана, но ова храбро девојче ќе успее да преживее и да се извлечи од кашата.
     
  19. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Го сакам Холивуд :) Книга за релаксација,бозичка :)
     
  20. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    „Играта на ангелот“- Карлос Руиз Зафон
    Прекрасна книга. Страници исполнети со зборови кои се претвораат во реалност додека читаш. Ти ги будат сетилата, ти ја скокоткаат имагинацијата. Кориците како суперлепак да имаат, едноставно не можеш од раце да ја пуштиш.

    Во кратки црти книгата е за еден писател, кој во сплетот на околностите во кои живее и несреќите кои му се нафрлуваат една по една, добива понуда од еден мистериозен издавач да напише книга... Писателот уште повеќе се заплеткува во некои мистериозни настани чија што поврзаност не се гледа до самиот крај. Крајот ми беше вистинско изненадување и не го кажувам, не за друго ми е страв Џокси да не ме нашиба :D ;) . Топло ја препорачувам.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.