1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    The Lost Art of Keeping Secrets - Eva Rice
    Многу, многу досадна книга.Со мака ја завршив.
     
  2. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Мојот личен ФБИ агент - Џули Џејмс
    Книгава е одлична 350 страни за 3 дена ги прочитав. Многу убава содржина, на моменти книгата те остава :o а потоа се смееш на глас. Книгата е криминалистичко - љубовна. Интересно е како двајца луѓе кои не сакат да се видат, морат да работат на ист случај, а кога се заедно не можат да размислуваат баш добро. :D
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Mercy - David Kessler
    Феноменално дело каде цело дејство се случува во рок од нецел ден.

    Обвинетиот е осуден на смртна казна и на неколку часа пред да биде егзекутиран добива уште една шанса за да живее, под услов да открие каде се наоѓа телото на неговата жртва.
    Неговиот адвокат со својот тим напорно работат на откривање на бројни нови докази кои од никаде долетуваат пред нивните очи. Но часовникот отчукува...

    Пренапнато е цело време и никако не можев да ја пуштам од раце книгава. Ја препорачувам претопло за љубители на трилери и криминалистика.
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ako docekam sutra,од Сидни Шелдон.Книгава е на српски ама ми се здосади уште сеа распустов и почнав да ја читам,и онака ги обожавам книгите на Сидни.Книгава е доста оддамна затоа што уште мајка ми кога била дете ја читала но никогаш книгата не ја загубила вистинската вредност.Вреди да се прочита иако малку се намачив со читањето српски но се исплати.
    Прекрасна книга која изобилува со женска итрина,надмудрување,суровост,всушност борба за опстанок на Трејси која по игра на судбината отиде во затвор.Книга која го доловува секој значаен момент кој можеби еден ден ќе ни се најде во животот.
    Моја забелешка во врска со книгава е тоа што секој лик е многу детално опишан,дури човек ќе го замисли пред себе ама тоа што јас сум нестрплива да видам што понатака се случува мрзам да читам описи...
    се надевам нема да сретнам уште такви во други книги :tmi:
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Во последните месец дена ги прочитав сите книги на Ден Браун- "Ангели и демони", "Кодот на Да Винчи", "Дигитална тврдина", "Загубениот симбол", освен последната "Инферно". Можам да ви ги препорачам бидејќи многу ми се допадна неговиот стил на пишување и темите. Меѓутоа изборот на темите е специфичен, пишува за масоните и илуминатите, има интересни теории на заговори, па кој не е љубител на такви дела нема да го интересија овој писател.
     
  6. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Само најсекси маж што постои - Џули Џејмс
    Ја завршив за два дена.Интересна приказна за Тејлор која што работи како адвокат во ЛА и Џејсон кој што е прогласен за најсекси маж што постои но само таа може да му одолее па поради тоа му е и интересна.За сите кои што сакаат чик литература, препорачувам. :)
     
  7. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    The time traveler`s wife
    Незнам дали е до мене, но книгава ми се допадна но не до оној степен што очекував. Мислам дека i got all my hopes in this book, па затоа. http://sakamknigi.mk/index.php/filmovis ... -niffenger
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    „Платно“-Бенјамин Штајн

    Уште кога ги прочитав критиките за книгава, се потепав по книжарите да ја побарам. :) Поради одредени причини, бегам од категоријата „Литература“ како ѓавол од крст (бидејќи ме прогласија за еретик ]:) :D ), ама книгава морам да ја прокоментирам.

    Напишана е во два дела, односно се работи за два одделни романи. Постојат повеќе варијанти за читање на книгата-прво од почеток до крај да се прочита секој дел одделно, или пак напоредно да се чита по една глава од секој дел поединечно. Јас го одбрав вториот начин, и не згрешив, подобро е кога паралелно се следат настаните во двете книги. Ликовите и настаните во двете книги на почетокот се сосема неповрзани, но како поминуваат страниците, се' повеќе се поврзуваат и испреплетуваат во една приказна, која секако има две страни. Не би ја коментирала детално содржината, бидејќи навистина вреди да се прочита. На кратко, станува збор за животот на двајца Евреи, случајното судбинско вкрстување на нивните животни патишта, убаво опишано и доловено од аспект на двата ликови. Книгата изобилува со многу детални описи од еврејската култура, традиција и обичаи, мене лично интересно ми беше да го прочитам сето тоа. Би ја препорачала на љубителите на добра книга.
     
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.378
    Допаѓања:
    33.273
    Пол:
    Женски
    И јас штотуку ја завршив, но македонската верзија и мноооогу мноооогу сум задоволна од книгава... Не можев да престанам да ја читам, бидејќи секоја нова страница е приказна за себе, и те остава во искушение... Прекрасна книга!
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    И планините одекнаа - Халед Хосеини
    На страната на Матица на фејсбук само книгава се врти, секој пост за тоа им е. И нормално мора да се прочита. :lol: Не очекував дека ќе ја најдам за симнувања толку брзо по објавувањето, ама ете, ми се посреќи.
    Халед Хосеини си е мајстор за раскажување, едноставно е така. Приказната тече толку глатко, не може да осети човек како се вртат страниците. Ми се допадна во оваа книга што ликовите се многу човечки прикажани, не се опишани без маани, совршени... Ги гледаме и нивните грешки, нивните тешки избори и одлуки кои ги прават, а потоа мора да се научат да живеат со истите. Цела приказна е проследена со една топлина, но и со едно чувство на меланхолија, има една нишка на тага што се провлекува, за времето изгубено што не може да се врати...
    Супер е книгава, не разочарува Халед Хосеини и топло ви ја препорачувам. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Мојот господин совршен - Александра Потер
    навистина книгата е многу убава, од сите ми е пофалена и одлучив и јас да ја прочитам, и ептен ми се допадна содржината :)
     
  12. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Лето во Тоскана-Елизабет Адлер

    Крајно патетична љубовна приказна како од фантазија на некоја незрела тинејџека.
    Описите на Италија и Тоскана (патем тоа и беше главната причина заради која ја купив книгава) не се посебно убедливи. Има фини описи на храната и тоа е делот кој единствено ми остави впечаток.

    Книга која се чита брзо, на плажа под чадор, која не бара никаков ментален напор и после која не останува ништо...
     
  14. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
  15. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    50 нијанси сива
    50 нијанси потемно
    50 нијанси ослободени
    Коментар и критика???????....
    WOOOOOOOOOOW :)
    Е.Л. Џејмс фантастично ја има опишано целата трансформација која некој човек може да ја направи во име на љубовта, и колку да е некоја личност и нејзиното однесување едноставно не можете да ја мразите.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Подарок за роденден - Сузан Елизабет Филипс
    Преубава книга. Од сè срце се изнасмеав. Лесна приказна полна со хумор и емоции.

    Џејн е стегната физичарка, води прилично досаден и монотон живот. Вереникот ја остава за многу помлада девојка. Таа сфаќа дека и фали нешто во животот. Не, тоа не е маж. Сфаќа дека сака бебе. Ама проблемот е што нема маж. А и друга работа е што не сака да биде некој од нејзиниот круг на познаници, бидејќи сите се препаметни. Како неа. Џејн сака нејзиното дете да биде просечно, за да не биде изрод каков што била таа и сите деца да го закачаат. Затоа решава да најде глупав маж само со цел да и го даде тоа што го посакува и да не го види повеќе. За таков го смета Кал Бонер, рагбист, напумпан со мускули така што очигледно му фали мозок. Тука веќе се испреплетуваат работите, ништо не е така едноставно како што си планираше Џејн...
    Сузан Елизабет Филипс ми е прекрасна авторка на вакви лесни книгички, не се некако досадни, баш напротив, целосно го задржуваат вниманието и страниците си летаат.
    Препорачувам. :)
     
  17. Srcenceto1

    Srcenceto1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Моментално читам...

    Последна книга што ја прочитав ми беше Прибежиште од Спаркс, човекот е врв за љубовни романи го обожавам...инаку претходно ја читав Светецот, сурферот и директорот многу поучна книга што вреди да се прочита како и Алхемичарот, Врвови и долини и Кој го изеде моето сиренце (мислам дека така се викаше) :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Првиот последен бакнеж - Али Харис
    Си ги исплакав очите на книгава. Страшно ме погоди приказната. Уште сум под импресии, не можам ни да ги склопам речениците.
    Знам само дека веднаш станав и му се фрлив околу вратот на маж ми и го бакнував до бескрај, а тој ме гледаше како да сум полудела.
    Промени книгава нешто во мене, ме натера да си ги отворам очите за љубовта која ја имам, колку сум среќна што секој ден е до мене, што можам бескрајно да го бакнувам, што можам да создавам нови спомени...
    Книгава заслужено влегува во моите топ 5, не ми се верува дека некогаш ќе ја заборавам крајно потресната приказна, баш напротив. Мислам дека ќе ми служи за потсетник, да си го чувам и негувам ова што го имам, да не го трошам времето на безвезни работи и бесмислени расправии...
    Ви советувам да го направите истото. И да ја прочитате книгава, едноставно не ја пропуштајте.
     
    На Libera, Unique.chick и IloveBooks им се допаѓа ова.
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие

    Ја препорачувам. Популарна е. Не верувам дека на некого не му се допаднала. :) Прекрасна е книгата.

    Накратко

    Поради финансиската состојба , 16 годишната Грит работи во куќа на еден сликар. Таа е протестанка, луѓето каде што работи се католици. Тие имаат 4 девојчиња, 1 момче ( чинам беше ) , а уште едно дете е на пат. Жената на сликарот е често бремена :) Најмногу на неа личи ќерката Корнелија. Уште првиот ден, Грит и’ удрила шлаканица на Корнелија поради нејзиното подло однесување. Грит чисти во куќата, пегла, пери, оди по риба и месо ( го запознава месарот Питер и се омажила со него подоцна). Напорно и е. Една од главните работи е тоа што го чисти ателјето на сликарот ( цело време се спомнува како тој ). Потоа прави бои за него, се искрадува за да му помогне околу сликањето . Тој е доста постар од неа. Таа на некој начин е заљубена во него. По порачка на човекот кој ги купува најчесто неговите слики прави слика од Грит, слугинката со големите очи. Всушност Ревејн ( тој што ги купува сликите ) ја посакувал речиси секоја жена и сакал да биде негова. Грит го одбила , но тој бил упорен. Бил заљубен во неа и му рекол на сликарот да ги наслика заедно. Но , некако Грит се извлекала од таа каша. Ниту Грит, ниту сликарот не го сакале тоа. Па, тој ја насликал Грит сама. Прочитајте зошто се вика девојката со бисерна обетка. Тоа не ви го откривам :) Нешто што ми се допадна е тоа што после смртта на сликарот, тој и’ ги остава во наследство обетките на Грит која е веќе омажена и има семејство со месарот Питер. И после 10 години , ја вика Катарина ( жената на сликарот со која воопшто не се сложува ) и и ги дава обетките. Подлата Корнелија и’ вели на Грит откако излегла да и’ ги даде нејзе, а таа повторно и’ удира шлаканица. Има повеќе личности, слугинка , сестра и’ на Грит која умира малечка, татко и кој е слеп, нејзината мајка, нивната сиромашност , но и чесност. Прекрасна книга напати со тажни моменти .
     
  20. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Внимавај што посакуваш - Александра Поттер

    Уште едно прочитано дело од Потер, и уште една убава книга која ќе ми остане во сеќавање. Книгата е многу убава.